Лоши луѓе имало и секогаш ќе има но барем ние да не бидеме дел од нив туку да се трудиме да бидеме подобри од вчера Имајте убаво попладне
Некогаш кога ќе почнам да распрашувам некого, како детективка некоја, милион прашања , само арно велам, ко ќе прашам, поарно да си каже, отколку да ми сокрие оти и онака, сакам или не, ќе дознаам без да ми каже некој нешто
Девојки мои како сте денес? Јас се тегнам цел ден, па на femina, facebook и така си тепам време . Моето нескафе е готово па ајде повелете да се напиеме... Имајте убав ден, не се замарајте, уживајте, игнорирајте ги небитните ...
Драги "пријатели", тоа што јас живеам (за моја несреќа) во близина на некои ваши познаници не ви дава за право без најава да ми се истопорите пред врата со коментарот "Абе Стојко не беше дома, па си реков да те видам, оддамна не сме се слушнале". Јас не сум за еднократна употреба употреба. Фала многу, Пријатно! *** @lovemme на здравје кафенцето женска!
И како сега у СДК да кажам дека уста не ми се отвора? Ми лежи нешто на градиве, од здравствени или психички причини, ама битно лежи и повремено ме боцнува за да каже дека и од константна мака има и инстант мака, остра и јака. Како и да е, да не бидам депримирана, се борам со денови, а знам дека најлошо доаѓа кога се трудам да не покажам дека е депресија на прагу. Еве ја. Многу е чудно како една мала ситница успева да ми го уништи денот, да направи да се испотам од страв и од бес и од мака, да ме раздрма психички, а јас ништо не можам да направам за тоа и против тоа. Се чувтвувам како да имам сунѓер, чија основна дејност му е да собира вода, да сум го држела во рацете и на крај сум го спуштила во бунар. И после сакам да не се натопи. Невозможно. Тоа му е работа, задовоство, за тоа постои и нормално дека ќе ја исцица цела вода што ке може. А мене ке ме болат рацете од цедење после тоа.
Дечко ми најголемиот необожавател на современиве технологии(вклучуваќи го и интернетот) денес намести интернет да сум можела да си дремам на фемина одкако ќе се преселам кај негознае колку ми значи фемина и колку сум среќна читаќи ја.
ебе и врмево незнае кај тере.. утрово ставам и облеков подебел дуксер и дебело палто, ладно ми беше.. од кога стигнав на школото умрев од жештина, цел ден се пафкам со тетратките..
Мене вчера ми беше ладно, сум се облекла толку топло што пак ми беше ладно си седев со јакна. А денеска со тенки блузички мене жешко ли жешко ми е бре човек. Отварај прозор.
Дружењето е потреба што ја има секој од нас. Иако сакаме да се сретнеме со најдобриот пријател и низ голтката кафе да поразговараме за проблемите и успесите, да споделиме искуства и совети, да се насмееме за некоја шега, постојат моменти кога самотијата е предност.
Девојчици и дечаци Излегов од болница. Сеуште ќе одам на дневна за инфузиички да си примам,ама важно домче сум си. Ми рекоа дека сум се опоравила малце и си се подмочкав во гаќи од среќа. Има триста случки кои сакав да ви ги раскажам,ама затоа што после десет минути седење на компјутер се осеќам како да сум жонглирала со Цацко трчајќи и решавајќи три теста на интелигенција одеднаш ќе ги оставам за друг пат.
Додека трае кампањата за семејно насилство,се случија две трикратни убиства,а насилниците веќе беа и претходно пријавени. О моја чудесна земјо.
Каде да потрошам енергија кога сум болнаааа? Извинете што ќе спамам со глупости у темава ама не знам што да правам,цела недела како умрена бев со падната енергија само инфузии во живот ме држеа а денеска сум равр ПИТ БУЛ ТЕРИЕЕЕЕЕРРРР ме маваат три антибиотика на психа а можда и ми ставиле некоја опојна супстанца тие сестритеее си играат играчки со мене Оро играм по дома,ем болна ем размрдана. Како аждер некој сум мислам огин дека ќе почнам да пљукам,како гуска да ми се испрдела у мозокот и ми дала некоја аеродинамика и исто осеќам како ајфеловата кула во стомак да ми расте. Плус се потам како путенце. Кога ќе одам во болница следен пат обавезно инфузијата пред мене да ја составуваат или по можност во лименка - не е само за во кафичи правилово!
Жентурачи, знаете ли што???? Епа вака ми се глеа Платена Политичка Програма на Телевижн, или ППП како што милуваат да ја наречат нашиве телевизиички! Ааа и како врло радо би посетила нечиј митинг! Ама па зашто нема избори? заштоо? Ехх, да имаше па комшијава да ја рокнеше од Тарчуловска - “Со душман ортак се фати, затоа Господ ќе ти плати“ ! - Песнетина! Хитиште! Тугоо Бошкеее, сакам избориии!!!!!!
Дојдов само да си кажам дека во моментов се чувствувам како да чекорам кон голема животна раскрсница и не знам по кој пат да фатам. Сакам да кажам дека ми треба доверба, почит и љубов. Сакам да кажам дека не сум сигурна дека го добивам она што го сакам, а секогаш раскрстувам со врските во кои се гушам. Не, не се гушам.Едноставно не знам.И не би можела да знам. Ми треба доверлив пријател, ми треба совет.
Вистина-та да постои мора да има две лица , едното е она што ја нуди а другото што ја добива . Се друго би било лага,и лажна илузија ако не се сооединат во прав момент на вистински начин за да се препознаат и спојат .