Значит, арно велам, кога ќе чујам, некој ќе рече за некого, се преправа, се сменил, причината за промената не е во тоа, туку едноставно, едниот не го запознал доволно добро, другиот.Мислам и нема човек што е сигурен во тоа дека доволно добро ги познава другите, за да прецизира какви се, како луѓе.Настрана егото кое знае да се замеша, мислејки дека се знае, а уствари појма нема.
Значи кога ќе ме изиритира некој инсект не знам да прснам нормално со пипсот туку го користам наместо освежувач
Мислам дека некогаш впечатокот за луѓето околу нас е само состојба на нашиот ум и расположение во моментот,затоа не верувам во „на прв поглед“.
За најубаво да го доловам тоа што сакам да го кажам морам да позајмам стих од ЕКВ Како да останем исти ,како да сачувам себе од промене...само путем промене ... Време за промени . Почнав со косата ,ја скратив скроз. И ми олесна еден тон ,на секој можен начин.
Изгледа и на влошките почна да им поминува рокот или јас не сум добра со здравјето.. Вчера ми беше вториот ден од менструацијата и утрото ставам и нормално ставам нова влошка се облекувам, се мијам и нашколо. Ама кога стигнав 2 часа не поминаа целата бев во крв. Па за да биде уште потрагедично жолти пантални носев со цел памет ама (сваки муто носи жуто нели) и така цело школо ми се изнасмеја денес и наставниците ме видоа и ајде ме пратија дома - јас си одам ајде и крвавата и посремена Мерита.. по пат сите како одат во газот ме зјапат, во лице ми се смееат па некои почнаа и да се потсмеваат таму ми викаа нешто јас уште попосрамена и на ладново го соблеков палтото си го врзав околу струк и си одам сега крвава, замрзната ама најважно помалку засреамена.. Абе НИШТО НЕ Е ТОА ТОА ШТО БЕШЕ.. си купив нови влошки и старите заминаа засекогаш во историјата (каната) заедно со новите жолто- црвени панталони..
Како е можно да знам кога треба да станам пред да заѕвони алармот?? Си посакувам среќа сама на себе за утрешниот ден и апелирам до тие таму да биде нешто на мое ниво со господ напред.
СДК кога читам во онаа темата за Брак, брачни проблеми, брачни неверства и слично не знам дали посакувам да се омажам некогаш.
Знам дека овде пишав дека станав тетка т.е дада сум била по правило . Како и да е . Од тогаш па досега поминале пет месеци . Пет месеци ! Многу работи се смениа до сега . Но денес истото тоа петмесечно , мало , слатко девојченце е многу подпорасното и посилно . Да видите само како ми го стискаше прстот . Сакам се таква да биде . Таа сега е невино суштество . Не знае што ја очекува понатаму . Какви се потешкотии и препреки ја очекуваат во животот . Само сакам секогаш да ја има таа сила со која до пред малку ми го стискаше показалецот . Да не дозволуваа ништо да ја повреди . Посакувам да биде најсреќна на овој свет . А јас ќе гледам да бидам до неа секогаш кога ќе и бидам потребна . Иако сум сигурна дека и нејзините блиски ќе можат да го сторат тоа наместо мене . Знаете дека по точно еден месец ми е роденден ? Да . На оваа дата , во декември ќе наполнам точно 15 години . Времето лета . А и животот исто . Се сеќавам на деновите во моето детство . Се сеќавам на безгрижното девојче кое беше навистина среќно . Се сеќавам на сите рани на колениците , на болката од нив , на игрите со децата од маало , на летувањата , на новите познанства со тогашните нови другарчиња , на првиот училишен ден ... А сега ? Сега сум во многу поразлично издание . Сега сум тинејџерка со подочЊаци до коленици која се труди да си обезбеди подобро утре . И на себе и на своите родители . Се труди да биде подобра личност и не толку голема плачка . Но салбо ми оди . Знам дека сега сето тоа што сега ме повредува не е ништо во споредба на тоа што допрва ќе доаѓа . Дека ќе имам уште поголеми грижи . Но и сега има многу работи кои можат да не повредат . Како што растам , така и ми се зголемуваат и одговорностите . И сништата . Секој нов ден е нов предизвик и носи нова лекција . Со секој нов ден станувам се повеќе свесна за тоа што се може да ти донесе животот . Затоа што од лошото има и полошо . За неправдните што се секојдневие . За борбата за опстанок . За интригите на луѓето . И се така до недоглед . Но има уште многу што да се научи и види . Така да , нема откажување .
Луѓенца мои драги! Ме нема активно овде одамна, можеби временски не толку многу но овде баш доста работи се промениле исто како и во мојот живот па ми се чини дека години поминаа откако активно пишував овде. Убаво кажале постарите дека што може да ти донесе ден неможе ни цела година. Тие денови мене животот ми го променија од корен и ме направија една нова личност, многу поразлична од онаа што бев. Кога прв пат се зачленив овде бев една преплашена девојка која што се имаше помирено со тоа дека животот е црн и дека нема светла иднина за неа. После 3 години можам да кажам дека конечно созреав, направив големи чекори со кои си го олеснив секојдневието и се повеќе станувам независна девојка која што е спремна храбро да ги прифати сите предизвици што ќе се најдат пред неа. Анксиозноста е далечно минато, речиси и да не се сеќавам што беше тоа, сите непотребни луѓе ги исфрлив од мојот живот, дипломирав и си ја исполнив една од поголемите цели што ги имав зацртано, но најбитното од се е што јас сум среќна! Станав активист за згрижување на улични животни, успешно волонтирам во една институција, и конечно се чувствувам среќна со сингл статус. Сфатив дека се што треба да се случи ќе се случи без оглед на се, легнувам и станувам мирно и спремна сум да поминам уште многу тестови низ животецов убав...
СДК VIP очигледно многу ме љубат. Секој пат кога ќе ми снема кредит ми праќаат пораки за бесплатно активирање интернет, бесплатни минути и пораки. Јас како и да е ќе ја надополнам сметката, ама вака ми е ептен економично. Три во едно
СДК ... Никогаш не треба да се соголувате пред било кого, никогаш не треба да верувате целосно во било кого, никогаш не треба да вложувате голем процент од сопствената енергија во било кого ... Затоа што тој било кој, никогаш не сте сигурни дека е вистинскиот човек од целосна доверба. Чувајте добар дел од сопствениот живот за себе, така и функционирајте ... сами за себе.
Jaс сум смирен човек. Но ја сакам динамичноста и еуфоријата. Во периоди кога не се вклопувам во истата, убаво ми е да најдам едно смирено ќоше од коешто ќе ја следам. Е затоа Скопје, а не некој друг голем град.
Како што има Track ID, Shazam и сл. за препознавање песна, убаво би била да има и таква апликација за препознавање лица, кај што ќе добиеш детален одговор како кај песниве Мене ова стварно би ми било од корист ко што не се сеќавам на луѓево. Па нема веќе: Кој/а беше сега овој/оваа, или си гледаш некое типче и му правиш таму Human ID и ете ти одма инфорамции Ах, што ќе правам јас со овие брилијантни идеи
Ветувам јас пред Олга и пред себе,кога ќе ми пројде ова ангинава,има да се направам ѓон пијана. Знам дека не звучи паметно,ама ете,баш тоа ми треба у моментов.