Го знаете она чувство кога има еден ден и ништо не ви оди од рака ? Мене денес ми е таков денот. Гледав на јутуб рецепт за палачинки со јајца и со банани и си реков ќе си го направам. Одвај бананите ги издробив и му ги додадов јајцата, арно ама едното ми прсна надвор од смесата на плочките. Се загреа маслото и си правам палачинки ама не ми испаѓаат некако... ајде првиот пат не вториот не третиот пат почнаа да личат на палачинки. Три ми паднаа кога пробував да ги свртам и изедов четири. Ми дојде да повратам. Но најмногу ме погодија зборовите на брат ми кога ми рече дека му смрдело на изгорено масло... Па после таа реченица видов и дека масло ми капнало на ринглата. Фатив да чистам нели од многу добро зготвениот десерт и кога влегов во собата каде што спијам сфатив дека ми смрди косата и тренерките. Ги отворив прозорците и испрскав со освежувач за воздух. Кога прскав рокерски ја мафтав косата за да почне да мириса добро... ете така сега мрзнам и смрдам, а преѓе се капев
Пишувањето поезија или проза е како нижење ѓердан. Зборовите се монистри, а од умешноста во дланките ќе зависи убавината на нашето дело. Хартијата пак, е како свилен конец на кој нижејќи збор по збор, правиме сплет од разнобојни камчиња. А книгите... книгите се шаренолики тезги каде постојано откриваме нови украсни парчиња.
Само кога ќе се сецнам по грешка и кога ме боли глава ми текнува дека дома би требало секогаш да чувам ханзапласт и аналгин резерви. Шта чеш, промаја имам во тиквава изгледа.
Сакам да ви кажам дека сум горда на мојата хонорарна работичка. Знаете што работам во слободно време!? Инспектор. Се чувствувам како полицаецот Добромир.
Наградно прашање, што работи @Daleron во тек на работно време ако во слободно време е инспектор? Прашање бр2. Колкава моќ треба да има за да работи 2 работи, плус дома, плус тука да биде постојано активна. Зато од денес на нејзиниот ник треба да се додате Супер, и да биде Супер Далерон. Се шалам Далерон, се надевам не ми замеруваш, инаку ти завидувам на твојата моќ да ги изкординираш сите работи и пак да бидеш насмеана и весела и да не се почувствува ни тронка замор. А, има жени кои нон стоп дрват газ, дома и за ништо немаат време и се уморни.
Едно од најлошите чувства e грижа на совест.Постојано ќе те нагризува и нема да ти даде мира.Посакувам барем на момент да бев една од оние личности кои никогаш немаат грижа на совест.
Чувството кога конечно ќе стапите во контакт со некој што го свиѓате, ќе се изврзете ко 7мо одделенка и се ќе оплескате... Епа баш сум легенда! Ајт пиши пропало
Од премногу overthinking си патиме. Од доцни часови поминати во длабоки анализи и грижи за се` и сешто, замислување на секакви непостоечки, но можни проблеми и пречки кои би ни се испречиле на патот. Од оние „требаше/не требаше“ и „што ако“ без кои светот би бил многу поубаво место. Зошто да дозволиме потрошени часови на анализирање некоја наша грешка или некој слушнат лош збор да ни прават конфузни шкртаници во глава кога треба да донесеме одлука? И зошто минатите грешки и ситуации кои не` засрамиле да ги складираме некаде на ќошето на нашите спомени, и во секоја ситуација кога највеќе ни е потребна самодоверба да ни текнува токму на нив? Секој може да има лош ден, да потфрли и во она во што е најсигурен, но тоа не ги намалува нашите вредности и способности. На нас останува да ја претвориме таквата ситуација во лекција која дополнително ќе не` мотивира. Разбистрете си го умот оставајќи ги ваквите моменти во минатото и продолжете да чекорите напред, затоа што ако можете да го замислите вашиот успех, веќе сте на половина пат. И запомнете...
Деца, абе од каде го смисливте овој збор „го свиѓам“ или „ме свиѓа“ а што убав збор имаме во замена за овие одвратни „ми се допага“ или „му се допаѓам“
Значи како секој нормален човек си одев за правец дома.Бев излезена и сега на враќање,тука некаде кај стоковната Јавор,близу чаршијата...една жена цела расплакана му кажуваше на некој човек...сега тој човек не знам што и’ беше нејзе,ама му кажуваше на човекот како маж и’ ја тепал,ја удирал по главата,не знам што уште не изнакажа.Јас вака останав.Абре викаше жената...добро,си велам...како можат некои мажи да дигнат рака на жена?Тоа не е маж.Тоа е кукавица никаква.На жена ли ќе се силиш бре?За ваквите и затворот малку ќе му биде...ц ц ц..срамота.
Многу пати сакам да кажам нешто, ама на крајот секогаш решавам да го премолчам. Не знам, го мразам тоа што за да добиеш нешто често пати мораш да се откажеш од нешто друго. Добив многу, ама за таа цена скренав од патот на изградување на себеси по мој терк и западнав пак во оној шаблон. Нејсе, сакам да кажам дека технологијава ми ја гази способноста за говор, за изразување став и мислење без да се задткам и да ми затрепери гласот. Освен тоа, во средина во која што побегнав од ограничени мозоци, наидов на три пати полошо.Нема простор за дискусија, за размена на мислења, на квалитетна дебата. Академски граѓани жими таквото. Трилион пати полошо од средно, дофрлувања на предавања, смеење.. Плитки, плитки разговори. Се осеќам како да отупавувам во срединава наместо да се издигам и тоа ме боли. Не дека порано имав многу поразличен калибар на луѓе околу мене, ама барем имав простор виртуелно да се изразам, да се пренесам преку пишување.. барем да размислувам имав простор. Се осеќам како растение без светлина и венам. Душевно.
СДК...значи... Не ми треба на мене,на тебе,на мајка ти да пробам марихуана,да се начукам или да се дружам со маса безвезњаковичи да знам дека е слабак секој маж (а богами и девојка)која ќе се надува на секој проблем во животот. Исто како и оние што се начукуваат секој викенд. Се се тоа лузери и слабаци,грубо и просто кажано. Не може да биде пророден,успешен,интересен,вреден и јак маж...маж кој е надуван.Тие две работи не одат заедно. Да се има за партнер ваков човек,кој е зависен од било што,дрога,алкохол, не е препорачливо. Животот и онака е тежок не отежнувајте си го уште повеќе.
Леле дали ова озбилно си го пишал?! Мислам се во ред, разбирам дека секој може да си пише што си сака, па дури и кога тотално нема потреба, ама некогаш стварно ме фрапирате бе луѓе. Може на девојчето не и се по кејф: „ми се допага“ / „му се допаѓам“. Не мора во секоја манџа, пипер да се става, али ајде...
Некои болки никогаш не згаснуваат, туку со текот на времето само малку од малку се намалуваат. Секогаш кога ќе си дозволам малку повеќе да размислувам на темата, грутката во грло ми се враќа и ме растревожува. Обично можам да си ги сопрам солзите, да се утешам дека таков е животот, но кога ќе ги видам на туѓо лице, на некое што најмалку сакам да го видам расплакано, тогаш не ми преостанува ништо друго освен тоа да се придружам и за момент заедно да ја споделиме тагата, макар за кратко, макар и без збор да си прозбориме, затоа што знам дека само ние точно се разбираме. Не бев свесна дека толку ќе боли и до ден денешен. Ми недостасуваш...
Три години дружење со вас, малку години а многу сеќавања благодарение на позитивни феминки, кои ми даваа знаење, мислење, критики... Едноставно Фемина ми стана секојдневие. Виртуелни пријателчиња ви благодарам за прекрасните три години поминати тука.
Леле колку ни бил убав форумов. А колку долго ме нема... )) Има некој овде од старото друштво, или новите ни го зазедоа форумов?
Кога престануваме да се бориме за нашите соништа? Колку е човек подготвен да се откаже од нив? И дали ако некогаш престане тоа значи дека тие воопшто како и да не постоеле? Зошто дозволуваме една мала препрека на патот да не натера да престанеме да сонуваме и едноставно да се помириме со тоа што ни го сервирал животот? Мислам дека додека е човек жив, независно од тоа колку неуспеси доживеал на својот пат, никогаш не треба да се откаже. Не можам да разберам како луѓето можат така лесно да се откажат од работи кои ги посакувале и за кои сонувале цел живот.
Знаете ли колку невкусно звучи кога ова ќе го каже некој? Како ние поновите да ви правиме гужва тука. Како форумот само на старите да е? Ние мислиш на гости сме дојдени.