Некои работи во животот, се менуваат, текот на животот се менува, веројатно можеби заради тоа што одредени ситуации го достигнале својот максимум, па немаат потреба од реприза.Животот продолжува понатаму, минатото е минато се до оној момент, кога во сегашноста на некој начин се повторно се оживее, иако и тоа е релевантно, токму заради постигнувањето на тој максимум.Секогаш постојат, нешта кои имаат почеток и крај, кои се минливи, пропратни.
Мислам дека повеќе се зезаше Црешичка, не си земајте се така при срце. Нормално е дека е убаво свежа крв кога ќе има, кога некои стари теми ќе се разгорат со нов жар... Туку, дојдов тука да кажам дека си ги обожавам другарките. Се имаме скарано многу пати во овие многу долги години, имало недоразбирања, ама никогаш не сме кренале раце една од друга. Било која од нив да ми се јавела во ниедно време да ми рече дека и треба помош сум/би отишла, без никакви прашања. Доволно е само да слушнам дека некоја е растревожена. Ништо друго не е важно. Знаат каков пријател имаат во мене, исто како што и јас знам за нив. Имало моменти кога сум била сосем сама, затоа знам да го ценам се ова што го имам денес, не можам да ви опишам колку сум благодарна за истото.
Јас знам дека медиумиве не прават поглупи одошто реално сме, со тоа што за интересно и ексклузивно ни пласираат голи газови и фуфи без гаќички, ама и од тоа ниско ниво, имало пониско. Ниско ниво: Случајно фатена лепојка што со комбинацијата или устата (да, устата) го сопрела сообраќајот Ултимејт ниско ниво: И македонските средношколки се разголуваат Да го оставиме настрана она „Сами си го барале, јас ко родител нема да дозволам детето така да ми се слика, бла бла“, ами што правиме со фактот што тоа сепак се претежно малолетнички чии слики се украдени и шљапнати на шкљ порталче за бедни кликови? Дно дна: Ќе се погоди некој зачурен ерген со вулгарни и неписмени коментари за дете што уште малце и внуче може да му биде. Олеснителна смешка: Бар 80% врска немаа од Македонки...апла се познаваше дека се лажни/украдени. Кај да најдеш крај? Абе, бедо новинарска.
Филингот кога идеш на забар мислејќи дека нема да се вратиш потечена, а уствари доаѓаш дома и само се гледаш во огледало ...и да има што да се види,...бетер бумбар сум, не ми е рамен ни бумбарот!
Sakam da kazam deka ne mi se ide na fakultet i deka sakam da sedam doma na ova dosadno nikakvo vreme ofc so soljja kafe vo krevet i nekoja dobra serija
Неизвесноста ја убива душата,нечујно,бавно.болно.Толку болно,што дури и поројни солзи не ја олеснуваат болката.Плачам тивко,но внатрешноста ми ечи.Тој вресок и немир, сепак нешто го сопира.На видум мало,но толку силно што никој и ништо не може да му пркоси, Наспроти неа е надежта.Можеби мала, но сепак радоста е поголема за малите нешта. Вербата во човечката душа. Знае да биде студена и да замрзнува се пред себе. Да биде сурова,себична,немилосрдна, но и нема пред лицето на вистината. Непроспиени ноќи,воздишки,грутка во гради,залутан поглед,насолзени очи,живеете во име на вистината. А таа не мора да биде кажана ,ни слушната, туку да се посее и да се остави да рти.
Сношти ќерка ми ми постави прашање.Каков би требало да биде мојот идеален партнер. Се зачуди што не го ставам на прво место физичкиот изглед,не дека не е битен тоа ви е спектар од 1000 нијанси... ама...сакам ексклузивност,да имам неограничена доверба во него и тој во мене,Свесен,мудар.Да секогаш може да се потрпе на мене и јас на него.Да бидеме мафија од два члена.Никогаш да не оладиме еден од друг.Битно да ме погаѓа тука. И секој ден одново и одново.. Ме гледа и ми вели дека за мене само емисија како на Јанко„Јади бурек“ да си зборувам и зборувам и зборувам...
последниве 3 дена ми се имаат толку лоши работи што на некој/а му се немаат толку случено во последните 3 години
Не дозволувајте времето да влијае на вас,какво и да е се си има своја убавина. Искористете го секој момент и уживајте максимално во убавините кои ни ги нуди овој денешен ден па и секој нареден. Ви посакувам убаво попладне на сите
Денес западњациве го слават Денот на Благодарноста. И мегу нас треба да постои ваков ден, еден квази-празник, едноставно да не потсети на најголемата човекова доблест- благодарноста. Ретко кој наутро ќе сети блаженство, чувствувајќи го раѓањето на новиот ден, новото полнење на белите дробови, новиот оттчук на срцето... Забораваме често дека за среќа луксузи не ни се потребни. Да не дозволиме еден ден да зажалиме за ова.
Замислете излезени сте со некое машко и тоа гледа цртани на youtube и тоа Garfield. Само замислете... Колатерална штета денов.
Како голем љубител на рачни часовници секој фрлен поглед кон нив не ме остава рамнодушна. Колку и да имам не згаснува желбата за да ја збогатувам колекцијата. И по некоја случајност, сите ми се подарок за некој повод. Моментот кој беше пресуден за да создадам пасија кон нив се случи во детството. За деветиот роденден добив подарок од мајка ми мал детски часовник кој толку ме обзема што грижата кон него премина во рутина за периодично нагодување на механизмот за точен тек на времето. Тоа беа оние стари часовници чие отчукување беше проследено од човечката рака и механичкиот запчаник. Низ годините со развојот на технологијата иако беше истиснат од употреба, си зазема место прв меѓу останатите примероци во колекцијата кој се уште го чувам како убав спомен што ме врзува за минатото. Гестот што секој од нив успел да ми измами мигови на насмевка и воодушевеност го занемаруваат поводот за кој е наменет. И ништо друго не може така силно да ме трогне од среќа кога станува збор за предмет како што е часовникот. Има некоја неопислива магична енергија за да го чувствувам како неизбежен дел на мене без кој не можам да се движам во просторот. Ако некогаш бојата беше предизвик за да ми го задржи внманието, денес секое следно тик-так е драгоцено време кое остава трага од чекорењето низ универзумот. П.С. Ориентацијата за време е знак дека се движите некаде.
Не сте свесни колку пати низ шала ви ја кажале вистината! Понекогаш мораш да прифатиш дека некои луѓе можат да останат во твоето срце, но не и во твојот живот. Понекогаш се прашуваш дали на некого да му ги симнеш ѕвездите од небо или да му залепиш една и сам да ги види! Убаво е да знаеш дека покрај тебе има некој кој се плаши да не те изгуби.
Не знам што е финтата, пред некој ден имав дежа ву, сеа па ај луѓе што ми делуваат познато, иако сефте ги гледам, ама и ситуации, ретко се дешаваше, ама нешто почна често да се дешава во последно време но се ќе паса...