Многумина ќе кажат дека не постојат правила во меѓучовечката корелација,а посебно кога тоа се однесува на машко-женските односи.Меѓутоа,постојат некои постапки кои никогаш не претставуваат стереотип во комуникацијата и оставаат добар впечаток.Неформално правило е дека секоја девојка очекува внимание од посилниот пол.Тоа е позната приказна.Колку повеќе внимание и се посветува,толку повеќе е посреќна и позадоволна.Жените ги сакаат комплиментите,дури и во друштво,а тоа е знак дека се забележливи.Мажите пак не остануваат рамнодушни на нивната убавина. Несомнено,секој сака да слушне убав збор за себе. П.С Кога зборувате со жена,слушајте што таа ви зборува со очите.
Денес уште еден прекрасен ден за мене,се беше како што треба...во најдобар ред . Со саканиот денес си бевме заедно цел ден.Бевме на прошетка,пешачевме 2 часа и се изморив убаво Морам да се навикнам да одам повеќе,само седам во последно време ...целулитот позади пак се зголемува Вежбањето ми имало резултат,стварно беше краток период ама ете ме пофали саканиот дека убаво сум изгледала,се гледало дека сум вежбала. Среќна сум,многу ми значи тоа за да продолжам понатаму. Сега одмарам со вас и чајче од шипки (еден од омилените) и како и секогаш кројам планови за изненадувања и поклони за саканите. Имајте пријатна вечер сите.
Тука и да сакаш не ти дава амбиентот и менталниот склоп кај народот. Јас во една светска метропола посакав да си испијам кафе сама со себе, едноставно да го имам тој филинг, седнат сам со себе на еден секојдневен ритуал ... Влегов си нарачав и си седнав, верувај уживав. Тие 30ина минути може беа, едноставно осетив колку е потребно таков ритуал, такви моменти за да се осетиш цврст во секој поглед. И вистински ќе ја почувствуваш слободата во твоето постоење ...
Гледам сите се израдувале на убавото сонце.. јас не се израдував, не го сакам, сакам снег! СНЕГ! Многу го сакам, можеби дека прикрива се, бидејќи сакам да видам нешто бело во сета црнила, темнина, да почувствувам друго студенило на телото освен срберениот бакнеж и црвеното мастило...Сакам да го почувстувам крцкањето на снегот кога бавно чекорам, сакам кога снегулките паѓаат на моето лице и коса, сакам да ги видам малите дечиња како си играат со санките, сакам да им ги видам поцрвенетите обравчиња и водените ракавици, сакам да седам крај прозорецот кога ќе врне снегот со шоља чај и добра книга... едноставно сакам да ја почувствувам магијата на зиматa. Па зима ли е или што. Февруар месец сме а има сонце како во мај. Некои дрвца веќе пуштија пупки, а прееска во еден двор забележав неколку кокичиња. Каде исчезна магијата на зимата, каде?! Но изгледа не е исчезната само магијата на зимата, полека се` почна да исчезнува, да избледува.... или јас дури сега почнав уште пореално да ги гледам работите такви какви што се.. којзнае...
Во хороскопот ми пишува дека среќен ден ми е петок...ај да видиме П.С.Денес навистина се изненадив од една личност која порано ми значеше многу
Памелче ме натера да ја извадам и мојата кутија од под кревет уживав додека ги разгледував и редев пак во кутијата
Некои луѓе си имаат посебен талент за извртување туѓи зборови и секогаш се подготвени обичен разговор што не им одговара, да го претворат во кавга. Е со такви влегување во дискусија и објаснување став - ноу уеј, едноставно не дозволувајте да ве изнервираат и да ви го расипат денот...
Ништо не ми е. Се лажам. Се плашам се она во себе,се она во себе таложено и скриено,врзано во некое мало парче свила, потонато, да го ставам на маса ,да го одврзам пред мене,на виделина сите чувства, надежи желби,врвови и дно,она во секој од нас она кое понекогаш го допираме. А јас го врзувам секој ден се по црвсто и мислам тоне тоа,а кога тогаш ќе ме порази. А градов е како некоја бајка заробена во времето,замрзната.Сеќавања,а такви се и луѓето и оние кои случајно минуваат низ неговите улици.Некогаш читам книга на една дрвена клупа, за момент го кревам погледот барам приказни се прашувам кого чека девојката до мене, и за што сонува парот на клупата позади мене,ни што се минал старецот кој седна на мојата клупа и дали некогаш силно љубел и некого загубил. Сенки и заспани чувства,закачени мириси на кожата. А таква сум знаеш,зад затворени очи сонувам. Се кријам,долго. Вчера ,денес. Утре?
Уф , бее... Зошто се нервирам за глупости,зошто?! Секогаш сум ЈАС таа која се нервира за СЕ, и Да сака се да е под контрола , но не може така Г-це Сезнајка!
Колку ми е исполнет денот денеска Утре им е роденден на 2 принцези ,4 години разлика а родени во исти ден е тие мајка и татко се мајстори бееее имаат и поголема сестричка (Н-9години,Т-6години и А2години ) 3 женски деца велат биле среќа и бериќет за родителите епа нивните родители се навистина среќни луѓе Јас сум им кума живеат спроти нас и ги доживувам како мои помали сестрички.Значи повеќе се кај нас отколку што се дома ,имаат фиока со нивни алишта,пелени за малото,а за играчки да не праам муабет една соба мајками има средено за нив. Секогај година јас сум мајсторот за декорацијата на тортата, а денес дружбата богами и ни траеше многу,прво купувавме што е потребно за да изгледа најубаво ... потоа заедно матевме бе леле на 1 миксер 4ца држевме,сите сакааат да помагаат.Насмевки, среќни лица - целите беа со шампа Тортата навистина излезе многу убаво,слика со барбики ,и целата е со цветови во разна боја И ај средивме се и да тргнам да си идам дома нее бе не ме пуштаат да си дојдам дома.Неее и јас да сум спиела кај нив,ме испратија и Т ми вели; Леле бе Вики сеа тортата ќе си ја сонувам од шо ми е многу убава ајде добра ноќ се гледаме утре Значи ги обожавааааам и правам се за нивната среќа на секое мое излегување им купувам по нешто и да е бомбонче тие скокат од радост и се фалат на сите дека јас најмногу ги сакам А за подарокот па што им гo спремаме со моите лелее колку ќе бидат среќни, утре едвај чекам да им ги видам лицата кои ќе бликаат од насмевка,а колку уживам во таков момент и колку се радувам и јас со нив не сте свесни Ама за тој момент ќе ви раскажам утре Имајте убава вечер феминки ве поздравувам сите!
Доаѓав на форумов,ама не пишував.. Повторно се чувствуваше таа тензија,повторно тие навреди упатени кон неа. Цело време ставам на срце,молчам со надеж дека утре ќе е подобро но се лажев. Решив да прозборам,решив да кажам се. Да кажам дека си ми одвратен,дека те мразам. Само се прашувам дали тоа допре до тебе,до твоето срце? Дали и како се почувствува кога слушна дека твоето дете кажа се што знае пред дел од роднините? Како се почувствува кога слушна дека твоето дете знае за твоите афери, за твоите навреди упатени кон мојата најмила личност,за твоите малтретирања,твоето насилство? Пред неколку години имав пишано по темите...Но синоќа бев толку силна што кажав се! Сите се зачудија.Мислеа дека во семејството се е во ред.Мислеа дека имаме супер односи а не знаеа дека ни гори под нозе... До сега беше толку силен, беше толку уверен во себе дека имаш се во свои раце.Но не! Повеќе не! Ме интересира какво е чувството сопствената ќерка да ти каже дека те мразе,дека се сраме од тебе? Дека и доколку има развод ќе заминат со мајка им? До сега сум неможела збор да кажам.Молчев,молчев.Се чудам на мојата храброст од сношти? Од каде добив таква сила? Роднините знаат. Плачеа,велеа со ова им се скарил животот за 10 год. Ти не изусти ниту еден збор. Те преколнував сто пати да кажеш каде греши таа? Доколку греши во нешто да ја искараме и нејзе. Ти не изусти ниту еден збор.Ниту еден ! Многупати кажав ,,Страв ми е да си дојдам дома,ве молам вечерва јавете се дома се и сешто може да се случи,,. Денес си идам,иако храбра со страв во срце. Како ништо да не се случило. Тој молчеше..Цело време ја прашував мајка ми да не се случи нешто?Да не ти презборува пак лоши работи? Не! Ниту збор не изустувал. Хаха..Како ќе изусти? Како? Јас се чудам како имаше лице да ме погледни денес.Се чудам со кое лице ме погледна!!!!!! Се чудам едноставно! Уште еднаш навреди ја, јас лично ќе си заминам од дома. Ти кажав и сношти,јас лично тоа ќе го направам! Како ќе се чувствуваш твое дете некој да тепа?Да навредува? Како??????? Како ли му беше на дедо ми...Како?????? Се прашувам зошто такви личности постоат на овој свет.Родени да ти го уништат животот.Родени да ти го загорчат секој еден нов ден. Од сношти виде дека таа не е сама.Дека има уште две личности со неа.Две, кои се надевам дека барем малку ги гледаш како души а не како статуети. Ќе бидам храбра! Морам,за моите два ангели морам! А ти? Ти знај дека мојата уста сношти се одврза и неможеш ништо да направиш. Те сожалувам. Ќе нема следен пат. Следен пат ќе има спакувани куфери..
Неретко ми се дешава да кажам дека ако нешто мразам, тогаш тоа е лагата. Посебно кога иде од блиски особи со кои се имаш договорено дека ке имаш чист однос без лаги и премолчувања. Ама проблемот е драги луѓенца, дека такво нешто не постои колку и да го форсираме истото. Еден кога дава, премалку е. Неможе само земај, мора нешто и да дадеш за возврат. Постојано се прашувам, зарем барам многу ако се што барам е искреност? Секогаш ке постои она фамозното "ама", епа преку ми е од тоа.. морало се да биди комплицирано кога може да биде едноставно. А зошто едноставно не се потрудиме да си го разубавиме и својот, а и животот на другите? Ич нејќам да мрчам на темава ама има многу луѓе кои ми даваат инспирација за тоа.. Јас коа ке размислам, баш сум си хипи во душава ,сакам мир и слога меѓу луѓево, разбирање и виножита и пеперутки итн, итн.. Ама светов некако нејќе.
Вчера ќе пишев пост за тоа како речиси скоро се си дошло на своето место, како се си легнало на брашненцето, ама дури и не напишано, ете, се упропасти... А постот ќе го заклучев со испаѓањето на палентата Чато. Сега за сега само ќе кажам дека едвај чекам да дојде пролет. Мразам кога ќе испаднам од дома, и по неколку минути пешачење, ми се поте челото и ме фаќа нерва, па ајде соблечи го палтото, и во рака носи го. А ако облечам само џемперче или подебела блуза, па ете ти некој си ветер или ќе заглавам некаде па темно ќе ме најде, ех зошто не си го земав палтото... Златна пролет моја, фармерки/панталони, со блузичка и мантилче, или најкомотните џемперчиња на свет, со разиграни и весели марами, мераци. Дури и си купив нов новчаник, абе попролетен здравје - да знае дека со нетрпение ја очекувам. Омилен дел од денот ми стана делот кога сонцето заоѓа, некаде после 17 или 18h, кога скоро сите обврски ми се завршени, и времето е најпогодно за прошетка, па каишката во рака, кутрето скока од среќа и одиме на пешачење. Последнава недела, речиси се во исто време, си пешачиме, по час и пол накај два, и дома си идеме и двете среќни и уморни, таа се мава во нејзиното креветче да спие, мир и тишина во куќата , а јас на раат си гледам серија или па ќе си испаднам на кафе или винце. Синоќа си легнав во 21.30h, и се разбудив во 3 и пол, па демек пак ќе заспијам, се превртував се превртував, се измачив само, и си станав, си исцедив сок, си направив топло јако горко кафе, ме ококори и денот може да почне. Прво еден жешок туш, па тинтрање, фенирање, шминкање. Имајте убав ден и без разлика што не ви се сите коцки на место, тоа не значи да немате насмевка на лице и да му се радувате и на најмалото нешто што во моментот ве прави среќни. Пошто верувајте мене моментално толку многу лоши работи ми се случија, за кои не сакам и не можам да пишам, и пак се обидов и успеав да постот го свртам во позитивна смисла, и да го започнам денот со позитивни мисли.
Пред да ме банираат сакам да им се заблагодарам на миоте цените пријателки SEKERLEMA,HERMOSA,POENTA,ELISSA,ANOUK,VINOZITO,PURIN,SILVER,ANTONINAA и многу други,ми беше многу мило што се дружевме,си споделувавме мислења,си помагавме со разни совети,ви благодарам што ме дружевте ми беше задоволство и да знаете никогаш нема да ве заборавам. Ве сака и почитува Вито. Пс РАИН СЕГА СЛОБОДНО БАНИРАЈ МЕ.ПОЗДРАВ.
СДК кога на некого премногу ке се навлечеш и навикнеш неможеш еден час да поминеш без него а не еден месец. Ама што е тоа морам да издржам за нашата подобра идинина. Нашата ДРЖААВААААА кога неможе да обезбеди работа за сите мора да си тагуваме по нашите сакани во туѓина но ај што се жалам кога никој неможе да ми помогне. И овие бугарските пасошти што ти ги блокираа па уништија милиони надежи и сиромашни семејства ама тоа е што да се прави. И најмногу ме нервира кога некој ке почне да вика по оние кои што аплицирале или веке земале пасошт ПАРДОН !!!!!! - Ако вие сте имале среќа и стте се вработиле во животот некој не го успеал тоа затоа стоп за сите оние кои викаат по оние заа бугарските пасоши. Можеби некој и да е најголем патриот на оваа земја но ако единствен излез е тоа САМО НАПРЕД НЕСРЕЌНИ НАШИ МАКЕДОНЧИЊА барајте си ја секаде среќата и не обрнувјте внимание на оние кои плукаат по вас затоа што само вие знаете како вие , а оние кои што ве напаѓаат поради тие бг. пасоши нема да дојдат дома и да ве прашат дали имате и дали ви треба помош. Многу сум револтирана од оваа моја да не речам ЧУДЕСНА ЗЕМЈА што морам со мојот сакан да се разделувам секој месец ама нема тоа е што да се прави. Во еден пост опватив се и за бг. пасоши и за разделба но што да правам не ми е лесно а јас кога сум беснна тогаш знам најдобар пост да напишам. Дури можам и романи да напишам. КОГА СУМ ТАЖНА ЈАС ИМАМ НАЈМНОГУ ИНСПИРАЦИЈА. САМО ТОГАШ МОЖАМ ДА КАЖАМ ШТО ТОЧНО МИ ЛЕЖИ НА СРЦЕТО И МИ ЈА МАЧИ ДУШИЧКАТА... ајде доста беше ке се идржи све. Душо моја среќен пат. Овој пат нема да ти велам ајде врати се ова она бидејки прошлиот пат навистина можеше кобно да завршат работите. Ти посакувам а и за сеебе , времето побргу да ни мине и конечно пак да си бидеме заедно. ЗНАМ ДЕКА ОВА НАШЕТО ВРЕДИ ДА ИЗДРЖИ СЕ АМА АПСОЛУТНО СВЕ. ЈАС И ТИ СМЕ ОНИЕ КОИ ШТО СЕ КЕ ИЗЗДРЖАТ И ЕДЕН ДЕН ДРЖЕЈКИ СЕ ЗА РАКА КЕ СИ ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ОВИЕ МИГОВИ
Добро е ..значи постоела опцијата БАНИРАЊЕ на форумов..Само очигледно секогаш се банирани погрешните луѓе. Поздрав до РАИНБОУ и нејзината перфекција за проценување на карактери и нивните намери на форумов.Ниту бранам ниту осудувам некого,ама не гледам што има лошо ако некој постира "ТУЃИ" мислења.И искрено попрво тоа би прочитала, одошто коментари за X Фактор Адриа (Сител)..
Не шири муабети сега, никој не рекол дека ќе те банира, само ти укажаа на некои твои грешки. Ако беше толку шармантен како што велиш дека ти викале често, , ќе ја прифатеше критиката и повеќе ќе работеше на своите мисли и начинот како да ги искажеш без да користиш туѓи фрази. Значи машките сте биле бетер од женските (барем имате такво мислење за нас), ќе ви каже човек нешто малку построго и одма се себесожалувате, се тешите, се фалите, па проштални говори по повод вашето повлекување од форумов, бла бла ти реков ми рече. Ти паѓаат во вода досегашните мислења колку си бил цврст, искрен, паметен кога не знаеш да прифатиш една добронамерна критика, а во животот ќе се сретнеш со многу такви, нема сите да ти се улизуваат и да ја пофалуваат твојата "шармантност и неодоливост".