Банирањето отсекогаш постоело како опција, и не се прави врз основа на проценка на карактер, туку кога правилата на форумот не се почитуваат. Има посебна тема за споделување на статуси и за туѓи литературни дела. Се што треба е само да се пишуваат мислењата во соодветната тема и да не се навредува. Мене тоа не ми изгледа нешто посебно комплицирано. Сакам да кажам дека на мојата среќа и нема крај кога капутот го заменувам со потенко палто и чизмите со чевли. План за дневно кафе во убаво друштво и прогноза за сончево време со 16 стептени. Што може човек да посака повеќе?!? А, да.... свет без алергии
Хејтери. Некој си нов збор. Ако сакаш да искритикуваш - ти си хејтер. Ако не ти се допаѓа - ти си хејтер. Ако не го сакаш - ти си хејтер. Ако не го прочиташ - ти го хејташ. За се што одговорот ти е НЕ - ти си хејтер и хејташ. И ти не смееш да имаш свој став, свое јас, свое мислење. Ти не смееш да бидеш ти. Или има да ти се допаѓа !!! Или ти си безобразен хејтер. А, јас....ги хејтам оние кои ги измислија хејтерите. Мислам, стварно ја отупевте бе, човек А да не може да каже, зошто одма му се лепи етикета: Хејтер !
Ариел кај живееш ма ти, на Хаваи? Вчера можеби беше добро и пролетно времето, ама денес се надвиснале некои темни облаци, во секое време се чини како да ќе почне да истура. А почнав и да кивам, нешто није ми добро, па и кога ќе погледнам низ прозор какво е тмурно времето, паѓам во депресија и посакувам да сум си во кревет и да се тркалам со мажето мое. А како по обичај, овде сите како да се родени на брод или си ги штедат рацете па не затвораат врата.
Луѓе,абе не е лесно да се биде пубертлија Денес ваков,утре онаков! Вчера бев во „вечерна депресија“.Негативна енеригија се беше собрала во мене,и тоа многу негатива.Денеска зрачам од позитивна енергија и се кикотам пред компјутеров како луда И сега се борам против тмурниот ден,нема да успее да ми го уништи расположението. Моментално ми само треба еден убав доручек притготвен од страна на рацете што моментално го пишуваат ова и една шолја млеко.Хм....среќата е во малите,едноставни стварчики! Moodositive
Зашто се расипа временцево..Таман се навикнавме.. Ми се спие ептен,не ми се оди никаде на вакво тмурно време
Ајде, ајде, малку оптимизам не е на одмет . И вчера сабајле беше облачно, да му дадеме и денес шанса . Треба да биде 16 степени и ништо под тоа не прифаќам . Веќе неколку години временските промени не ми влијаат ни најмалку на расположение. Порано кога беше облачно бев утепана, а сега не ми пречи. Не знам дали е знак на старост, зрелост или свеједноќа, ама ми се допаѓа Туку, ме мачи несоница. Никогаш не сум имала ваков проблем. Порано заспивав уште пред да ја ставам главата на перница. Изгледа не сум доволно уморна, треба да си родам уште едно дете, па да заспивам без никаков проблем
Море тоа индех горе е пострашно. Всушност, не е за смеење...озбилно е на незавидно ниво писменоста и страшно е да помисли човек дека некој го преспал основниот правопис. Посебно пак ми се вришти од неписменост во комбинација со изигравање некаква јака, остроумна фаца „ “...знаете де.
Ги мразам индискиве и турскиве серии!!! Не, сериозно, не можам органски да ги поднесам ми се лоши кога ќе видам на тв, само тоа го даваат. Глупости во боја! Убаво се сеќавам јас кога бев малечка даваа американски серии, после беше добата на шпанските, па потоа српските и хрватските, па индискиве и турскиве.. се прашувам што е следно, корејските драми изгледа
А што се криви тие луѓе што ги бројат парите? Они не ги ставаат тие 2800 во џеб.. Мислиш на нив песна им е да бројат туѓи пари? Одржување на сметка е нормално да се наплаќа, само што во странство има машини за префрлање на пари од сметка на сметка, и сето плаќање се врши преку машини. А тие луѓе што бројат пари се само тука за уплата на кеш сума на пари на сметка или отворање на нова сметка. Така што не сфаќам што тие луѓе сега се криви кога и на нив им е смачено да прават работи за клиенти кои секој човек може да си ги сработи сам на машина и да нема потреба да ги гледа во очи и да ги пцуе у себе. А тоа што кај нас банките наместо да им олеснат им трупаат нови работи со секакви неписмени и нетолерантни луѓе не се вработените на шалтер криви. И искрено многу прост народ сме, што попрво ќе чека редица и ќе пцуе како споро работат вработените, наместо да си заврши работата на банкомат.
Сакам да кажам како може на човек да му пишеш дваесе пати да ти прати два пара патики два различни броја и да ти прати само едни. Значи не ми се веруваааааааа
Браво! Секоја чест за организаторот на Бубамара. Наградите дефинитивно отидоа заслужено во рацете на најголемите ѕвезди на денешницава.Прекрасни настапи и прекрасни емоции.До лани го гледав на ТВ ама оваа година имав можност да отидам и би сакала да им порачам на сите што се љубители на хуморот, сите оние кои го ценат трудот од секој човек кој дал дел од своето знаење,талент за себе а пред се за Македонија. Верувајте не е исто чувството пред малите екрани и во живо. И секако, каде без Сашко Коцев? Човекот е легенда, се виткав од смеење, неможев да се соземам. Гледам на нет си добив нова слика за да ја урамам од моите идоли. Спојлер Кога поминав пред универзална: Сакам пакк!!
Многу се нервирам што неверојатно добро памтам некои работи, како на пример бројки што ништо не ми значат. Памтам различни датуми, родендени, слави, годишнини, не само мои и на мои блиски, туку на еден куп луѓе. И не можам да ги заборавам, едноставно ги памтам. А не сакам на тоа да трошам дел од меморијата, може да се употреби за нешто попаметно. На денешен ден, на пример, во моето училиште беше патронат. Речиси 16 години како имам завршено - мора ли да го памтам уште датумов?
Чекај, чекај, чекај ќе ме убие неизвесност.. Го знаете тоа чувство кога сте во очекување да дознаете нешто, а треба да чекате цела недела? Дојдете кај мене, да ви опишам како се чувствувам. Како само преживувам овие денови.. Секој час, минута, секунда минуваат бавно. Кога ќе дознаам? Неизвесност- буквално најлошо нешто! Одам да спијам јас, времето така побрзо ќе ми помине. А ако некој ви ја посвети оваа песна, е тој го чувајте бре лепотици! http://www.youtube.com/watch?v=-yGPasZ6Dek
Какви ти беа оценките за полугодие? -Сите петки, само 2 четворки, 5 тројки, 6 двојки и една единица. Па каков одговор...Важно да се каже дека се сите петки.
Кое олеснување што не сум на работа уживам значи во слободата,колку е убаво чуството кога е човек без обврски,ајде нека е за арно само.