Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    А ни јас не сум наспан,ама не се давам :lol: ,мене побитна ми е слободата.
    Пс легнав во 4часот станав во 6 ај сега,навика што да правиш.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Ми тргнало со цитирање од сабајле, ама нели се зборгуваше бе, друже? :wasntme:
     
    На LittlePinky и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК се чудам зошто vitomir ставил таков аватар :x
     
    На lana.del-rey и Abeja им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Годините минуваат а мудроста доаѓа со нив. Мудроста и зависта. Неможам да си поверувам колку се променив во само една година. Неверојатно е.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.722
    Пол:
    Женски
    Праша некој за мене овде,за моето здравје,ха???
    :D
    Не е ни битно,да си кажам дека не сум си арна.Ниту во мозокот ниту во телово.Хормоните ми скокаат,
    депресијата ми е најверна другарка.И почнав да тресам и зборувам глупости.Замислете пред некој ден,
    почна така фино да ми се повраќа и да ми се јаде кисело,што дури се припотресов и бев готова да отворам секакви форуми,да си ги барам симптомите.Дури и маж ми фино го клоцнав в кревет кога му кажав од што се плашам а тој ќе паднеше од креветот од смеење.Почнав и да ги тестирам децава во стил што би било кога би било,а тие само превртуваат со очите.Се прашувам од кого ли го научиле тоа?
    Не се плашете нема да станам мама во доцнежни години ова да ти било уште еден неоткриен симптон на пмс.
    Толку добро се поткренав со шетање и ги посетив сите можни доктори.Е не,зарем попусто да одам од еден крај на градот па на друг,па да ме вратат во аптека не бил правилно напишан рецептот,па чекај резултати....и на крај се е ок а јас пак сум болна.
    Си ја гледам комшивката низ прозорец,инаку таа посетува само елитни фризери кои ја бричат на голо.Е овој пат добивам желба да и кажам,дека јас ќе сум ја унакажала за таа цена.Море и за половина цена да пуштам срце.Значи стварно кога народов има пари,не знае каде да ги плесне.
    Туку ако си умрам од срце да знаете дека децава се криви.Си играат со мене ,ми скокаат од ќошеви,си фрлаат со топка во играта „да ја промашиме мама за 2 сантиметри“,ме гмечат и гушкаат дури не изгубам здив,патем керка ми ја потрошила новата пудра за лице и сега намааааааааам пудра.На сето ова се надоврзува немањето пари и празниот новчаник,кој ми предизвикува поголемо цунами од она на Јапонија...
    Живеам некој крпен живот.
    Открпи,закрпи,од едно две прави уметник сум станала за преживување и тоа со неподнослива леснотија.Да се изразам стручно.Не дека ми оди се од рака,туку така сакам да си мислам :D .
    Патем што му е на форумов?
     
    На mal.ecka, Elennaa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 15 други им се допаѓа ова.
  6. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    ... Кога ќе видам излупен, иструган лак на нокти кај женско, мене ми доаѓа да земам јас да и донирам памук и ацетон па да си ги избрише, и не, не зборувам за случајно излупен малкуцка неприметно, туку она кога на средина од ноктот има нешто што потсетува на лак, некогаш давно налакирано пред две недели или не знам веќе колку, ова слободна проценка давам :lol: и се чека само од себе да го снема. |(
    Разбирам немање на време или куп други работи побитни за правење ама подобро средени нокти и без лак, отколку со точка лак на средина на ноктот, не личи на ништо, а битно се прават госпоЖи.
    Ова што успеав да го најдам е дури и подобро од тоа што го гледам низ секојдневието :D [​IMG]
     
    На Elennaa, marama, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    29.151
    Пол:
    Женски
    ^
    Сестра ми е иста, замисли сега како ми е мене. :D

    Времето тмурно - јас тмурна. Сакам само сонце, ништо друго! Ни снег, ни ова ни она. Само сонце! :sun:
    Туку ај велат утре ќе било деветнаесет степени.
    [​IMG]

    Знаете што? Некако сите други форуми ми се монотони, едноставни, затворени, глупави. Фемина ми е како катче на кое има прекрасни луѓе. Како некое мало гратче... :D Преубаво ми е тука!

    Обожавам салати. Обожавам марули! :inlove: Нема нешто поубаво на светот.
    Мислам:
    - Сонце
    - Мачињата
    - Марула

    Совршен живот. :D
    Ајт со здравје. Имам да правам презентација со над 20 слајда, а се чудам уште што да измислам. Четри саат летна. Ц ц ц... :emo:
     
    На LittlePinky, hermosa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    39.609
    СДК...одлуката да се замине во странство,се покажа како вистинска..
     
    На eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.465
    Ти благодарам што ми објасни по кој принцип работат банките, да не беше ти, немаше навистина да знам. Искуствено знам како работат и знам што точно се случува, а и калибарот на луѓе кои опслужуваат, иако ако малку подобро ме прочиташе ќе видеше дека не зборував за луѓето кои работат дека ги зимаат парите, туку за банките. А луѓето кои се таму нивни е изборот за тоа што го работат, не мој или на било кој и должни се да ти ја извршат услугата со насмевка, а не со простотулук и дофрлање како што мене ми се случи.
    А друга работа е што очигледно не знаеш работен опис и дека освен отварање сметки имаат и задача да исплаќаат кеш. Еве на пример баба ми има само трансакциска, но не и картичка, ради тоа што е баба и има голем ризик да ја зезне работата, кој неа ќе и ја изврши работата?
    Чекај сега индиректно да те навредам и да се запрашам, како може да постојат толку прости и игнорантни луѓе? :(

    А исто така ти благодарам што се потруди индиректно да ми наречеш прво проста, а потоа неписмена и нетолерантна. За да не ти вратам со иста мера, оти можеби работиш во банка, ќе се воздржам да цитирам принцип на селекција на луѓе кои би требало да работат на шалтер директно од HR служба со изготвен прашалник и објаснување зошто треба да е таков каков што е, ќе си смалиш од самодовербата. ;)

    Трето, дали се запраша колкава сума на пари сум сакала да извадам и зошто истата не сум можела да ја извадам од банкомат? А баш мислев дека си мислела на се додека си ме цитирала... а можеби и веројатно не знаеш дека не може да се вади поголема сума од х на банкомат? Веројатно тука треба да стои некој збор со кој би сакала да те навредам, ама еве ќе се воздржам.
    Секако претпочитам да си ја завршам работата на автомат или да извршам уплата од сметка на сметка, но ситуацијата беше поинаква, не ти должам објаснување, но чисто да ти искристализирам за да видиш како безпотребно се искрши да пишеш некој коментар од некои твои причини.

    Да заклучам, прво од мојот пост си добила половични информации за кои се осуди да дадеш брдо коментари и навреди, што кажува многу за тебе, а второ, ако работиш во банка, не си ја познаваш работата, но живееш со идејата дека ја познаваш и дека владееш со истата и дека ти си таа која ја одржува банката во живот и дека извршуваш кој знае колку важна работа, не баре е прашање на човечки живот. Побарај уште еднаш да ти дадат попис и опис на работни обврски да видиш што ти влага во нив, а не фрустрацијата да ја лечиш на мојата фрустрација зошто финансиски ме опељушиле, ок?
    Ама затоа ете таквите работат на шалтер, оти треба да се такви од одредени причини.
    ( А ако не работиш, се извинувам, тогаш ќе гледам на постот како ете некоја обична потреба некому да се истуриш, навредиш или не знам што..._

    Ајт.
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Утрово кога станав буквално не ми се живееше. Грлото ми беше за никаде, не го чувствував. Целото тело ме болеше. Па и бонус, тмурното време.
    Но, среќна сум што решив да одам на училиште. Супер си поминав.
    А мислев да го поминам денот во креветот, нервозна, болна и нерасположена. :D
     
  11. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Среќата не ни ја носат нештата што ги гледаме и допираме, нити она што другите го прават за нас, туку она за коешто мислиме дека можеме да го почувствуваме и да го направиме за другите и тогаш тоа го правиме и за себеси.
     
    На love93, Handy, something.nice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Човекот учи додека е жив...Учи колку сака,а не колку може.Нашата волја е чуден феномен.Секој од нас ја има,само треба да ја активира функцијата за да ја сфати нејзината големина.Доволно е само да веруваме во себе и да ја спрегнеме сета сила.Таа ни дава моќ да чекориме убедливо напред и да откриеме нешто непознато.И се додека имаме волја да учиме,во се што ќе прочитаме ќе најдеме можност да го унапредиме своето размислување и да го прошириме знењето.Впрочем,тоа е и богатство на човекот...
    П.С.Читајте книги! Добрата книга може да ви биде адут за вашата сигурност.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    СДК, СВЕТОТ е место во кое се настанува и се исчезнува. Секој од нас има свое место во него. Има денови кога ползиме по земјата, но има и такви кога летаме во небесите. Единствените губитници и победници сме ние луѓето. Одговорни за доброто и лошото што ни се случува секојдневно. :)
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Да изгубиш самодоверба е исто како да си се изгубил некаде далеку, сама и збунета!
     
    На Elennaa, crazylady, Jenniffer и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СДК си добив 5 по БИОЛОГИЈА. :!: СЕ ОТЕПАВ САБАЈЛЕТО УЧЕЊЕ :rofl: :rofl: :rofl: 8) :lol: :lol:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Досегашните аватари на витомир, од обид да најде соодветен шармантен, паметен, искрен, згоден и што ти знам тип, сите до еден ми изгледале како некои педерчиња, дали од манекени ги бира, ама сите се кој од кој. Никако да најде аватар кој би го отсликал него во целост. Јас мислам дека е редно да стави негова слика, по можност големина за пасош, да видиме зошто толку го фалат и викаат дека е шармантен. :lol:

    :rofl: Па не може да не остави, не моооже тој без нас а и тоа му е дел од имиџот, мора да има периоди кога ќе си ја испразни душичката и да упеца нешто, како што веќе го употребија тој термин.
    Ете гледате дека до 4 сабајле бил на фемина, гарант на чет или се допишувал со цури преку лп. :rofl: ;)
     
    На Lella, mimiiiii, Edie.S и 8 други им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    34.017
    Пол:
    Женски
    Пролетта полека ни доаѓа.Абе од милина!Најубавото годишно време.
    Со мерак да испаднеш,да прошеташ,да се напиеш кафенце :lol:
     
  18. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Уф,што ми е погоден денот!
    Камо сите денови да ми се вакви.Насмевки,насмевки,насмевки!Јеј.

    Mood:Woooooohooooooooo :drunk: :D
     
  19. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека имам најлуда другарка :l: :rofl:
     
  20. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ден-катастрофа,побаксузен ден во својот живот досега не сум имала.Станувам,си ја изгубив нараквицата,можеби не е материјално вредна но сепак има многу големо значење кај мене,бев на „натпревар“ за знаење,имав најмалку поени,и уште неколку баксузни ситници ми се случуваа денес.
    Па знам јас вчера имав некое лошо предчуство за денес,уште еднаш сватив дека моите предчуства се 100% точни,вистинити....... :^)