Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    3.546
    Пол:
    Женски
    Ми викаат од дома дека сум седела до многу касно на компјутер, а кој ќе им носит вода во 4 сатот ко ќе ожеднат на сред спиење? :?: :D
     
    На SV1911, eliesaab, Mahidevranfan и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Онаа кога несвесно ќе се запеш на некоја песна што одамна ја немаш чуено. И сама се чудам како сеуште се сеќавам на тие текстови, а на текстовите од лекците од пред неколку дена не се сеќавам. Уште вака да ги пеам лекците по историја..:lol:

    Еве а песничката
    ..:music:
     
    На eliesaab, Mahidevranfan, love11111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Сношти ме дрмаше несоница до степен да го гледам Јоце Панов на некаква емисија на Алфа во 4 сабајле.
    Не збореше, ама преку пеењето ширеше сељачизам, што сум сонувала дека панично пакувам куфери да бегам од него. :D

    Кога сме кај сељачизам, колку е *внеси соодветна придавка овде* кога, од сите можни зборови, некој се нафаќа да ти даде комплимент дека си „пи4ка“ (со четворче ради веќи шмек), и чека на рамо да му паднеш во занес. Кој си помислил „Е, да, ова е правиот израз за ловење плен“?!
    И идеш во „Како се запознавте“: - Па тој ми кажа дека сум јака пи4ка и јас се воодушевив.
    За некоја година детето ти иде на форум во „Како се запознале вашите родители“: - Тато ја кажал мама пи4ка уз пролаз, таа се завртела и го видела најјакиот фраер како и ш'цка низ заби, па така увидела дека постои љубов на прво дундосување.
    И така се родила легендата за Pi4koman/The Incredible Pi4/Captain Pi4konia/како сакате - мушкарац со супер моќ да ги натопи и распара гаќите на секоја жена со тој еден збор..:inlove:
     
    На bittersweet, De-lovely, cresa-jagoda и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Во принцип, потеклото на горенаведениот супер-4етвор4е-збор можеш да го најдеш кај нашите ни источни соседи, кои и натаму на „велико“ го употребуваат.
    Што е интересно, пи4 е нешто ко брат, dude, bro, многу секојдневен израз и надимак за прилично секое (машко) суштество ever...
    Али, ние ко ние, мали модификации сме направиле. :D

    Case in point -

    -Добър ден пи4.
    -Ооо, пи4, не съм те виждал отдавна. *пријателска конверзација*

    -Си за пиво, пи4?
    -Само да измие съдовете, пи4, и идвам. *паѓа договорка за дружба*

    -Не мога да те понасям, пи4!
    -Ма ти ли се наричаш българин, пи4? *општа тепачка настанува тука*

    And so on, and so forth. :D
     
    Последна измена: 8 декември 2014
    На BurstBerry и calliope им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Ее, и кај нас беше актуелно тоа на Мирц. Се знаеше дека кул кидс беа оние со !@#$%^&* во никот и 4 и 6. Додуша, и сега се користат, посебно при дефицит на кирилица која "na mojof kompiuter ja nema" (facepalm)
    Плус, да те пише некој пи**а (цензура ради децава), може ќе се фати навредливо, дека можеби си никаква и слабак, а вака со четворче се знае дека си д шит и sexsi.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.472
    Допаѓања:
    68.879
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да го разберам коментирањево по статиите.
    -Оваа е грда
    -Не, ти си грда и љубоморна

    Добро. А на друга статија оваа втората од дијалогот погоре искоментирала дека таа за којашто е статијата е грда. Што значи дека она е во случајот љубоморната и грдата.

    И заклучокот е дека сите се грди и љубоморни.
    Е така.
     
    На k.i.m, cresa-jagoda, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.778
    Пол:
    Женски
    Сакате по најкратка можна постапка да ви се обои во розево перцепцијата на секакви најбанални нешта што ве опкружуваат во секојдневието? Само препуштете се на магичното дејство на учебник по предмет за кој ви треба инка за да ви влезат лекциите во глава, и тоа ден пред тест/испрашување - и веднаш ќе ги забележите резултатите! :D

    Ма тоа ви е невидена чаролија људи. :D Најпрвин, додека да ја избркаш мрзата и да собереш храброст да се запознаеш со учебникот, седиш као хипнотизирана и се восхитуваш на домашниот ентериер, па одеднаш заклучуваш дека не си го приметила смирувачкото фенг - шуи дејство на бојата на ѕидовите у соба. :lol:
    Стануваш љубител на уметноста, па преминуваш и на уметничка анализа на сликите што датираат по ѕидови низ дома од девеес друга. Ако евентуално на тв програмата во овој период се најдат вести, од најголем политикомрзец можеш станеш внимателен слушател, па и да се задлабочиш во барање решение за спорот со името. :rofl:

    Па после неколку прочитани страници од материјалот, го земаш мобилниот (којшто бај д уеј обавезно стои до тебе за пауза на секои 5-6 страни), чепкаш и здогледуваш некоја игра постара од тебе и од нокиа 3310 којашто ти се здосадила пред неколку години, повторно ти станува интересна и одново ги учиш правилата. :rofl:
    И тоа не е се, драги мои! :shake: Зимаш книгата, конечно се радуваш дека нешто почнало да ти влегува во некој ќош од тиквата... и одеднаш те посетуваат еднорози на инспирација, некои рандом филозофии да ти го избркаат тоа што демек си запамтила - аааnd it's gone. :D

    А за доказ колку ме држат мрзелавењето од продолжениот викенд и (не)концентрацијата, да ви го приложам фактот дека у лекцииве по бизнис двапати по ред зборот „кредит“ го читам „кревет“, и со цел одвеан памет си ја повторувам во себе реченицата со горенаведениот кикс... need I say more, please? :wasntme:
    Aj aриведерчи, и прилагодувајте се побрзо на вторничкиот понеделник утре. :D
     
    На bittersweet, Flower27, SparkyAngel и 16 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Жените не биле доволно женствени, мужите не биле доволно мужи, луѓето се` почесто го губат човечното во нив... what's with the world...
     
    На hermosa, WarriorAngel, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    i mazite se mazi i zenite zeni..i covekot so onolku covecnost kolku sto sme spremni da dademe i uvidime.svetot e nas zatoa sto nie si go gradime.
     
    На SV1911 и tessie им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.807
    Пол:
    Женски
    Moжеби финтата е во тоа што половично гледаме на работите, задржувајќи се на она што другите може да станат, а занемарувајќи го она што повеќе може да стане од нас самите. :)
     
    На SV1911 и galapce им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    И‘ испраќам бакнежи и прегратки колку што не може да се идржи, да се стркаламе двете од што не можеме рамнотежа да одржиме. И‘ испраќам кафе со една лажичка шеќер и чоколада млечна.
    Ќе беше во деветтата деценија од животот. И пак ќе беше млада.
    Мојата Бабе :*
    tumblr_mo97pyl8Vb1qfaioqo1_500.jpg
     
    На Lella, Annath, Daydream и 15 други им се допаѓа ова.
  12. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Посакувам никогаш да не ни бев родена...
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Абе ајде! Нова генерација, нов свет, нова технологија, нова младина. Што е ново тука? Снобизмот? Новите луѓе-роботи? Која е новата вредност тука?

    Не го сакам новиот тип на луѓе.
    Сакам да се врати времето кога се ширел мирот.
    Љубовта.
    Слогата.

    Кога сме биле соединети, сојузни, либерални.
    Хипици. Со цветови на колите и фармерките.

    Ако се дружиш - само корист бараш.
    Кажуваш што добро си направил - се фалиш.
    Искрен си е еднакво на арогантен.
    Со чувства си папучар, без нив си скот.


    Порано најголем успех во животот било формирањето семејство. Се мажеле и женеле многу рано. Бегале од дома, се земале од љубов. Раѓале еден куп дечиња. Работеле по дома, живееле од земјоделие, сточарство, занаетчиство...

    Што мислите, дека денес се на повисоко ниво целите и успесите? Дека денес кариерата, насловните страници, милионите во банка, раскошниот имот и богатотот си-ви се на врвот на желбите? Не е така, само цената е превисока, начините се скоро невозможни, а не вредат воопшто. Знаете зошто? Поради истата онаа причина од нашите баби и дедовци. Да, оние истите со еден тим дечиња и прераната мажачка и женачка.

    Поради причината наречена семејство.

    Она семејство составено и од нероднинска врска.
    Без него не вреди ништо.
    Во раскошна куќа не се живее сам.
    Колата не вреди ако не е разнишана од дечињата и разлигавена од домашниот пес.
    Насловната страница исто како да не била ако не ти ја покажат дома и не се подмочаат од радост пред гостите.:lol:

    Милионите пак се трошат на семејството.
    Што поквалитетна храна, овозможено школство, патување, одмори.
    Бидејќи треба да гушнеш некого на фотографијата.
    Некој тебе треба да те слика.
    Кој ќе се грижи најмногу за тебе ако изгориш на сонцето или ти се лоши по патот?

    Семејството.:inlove:

    Навечер, пред легнување, не се гушка аплаузот, напишаната книга, снимениот албум, завршените статистики или добиениот случај.

    Некој треба да те слушне ако ти е тешко или да ти се израдува ако си сработил.
    Не да ти помогне, само да те ислуша.
    Денес, за некого, е дури најголемо богатство тоа едно детенце.

    Колкава ли е сега разликата со дамнешниот тим?

    Новата генерација не го сфаќа тоа.

    Мене семејството ми е важно.
    Љубовта ме крева.
    Со чувства знам дека сум жива и се нарекувам човек.
    Ги повикувам пријателите поради единствената корист - смеата.
    Ги повикувам оние за кои знам дека не ми се лутат кога сум искрена.

    Не и оние за кои споделувањето среќа е луксуз.
    Не сум ни папучар ни скот.
    Така ми рекле луѓето што ги сакам.
    Така ме научиле луѓето што им требам.:)
     
    На SparkyAngel, Someonespecial, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.277
    На една личност која ми е многу драга ја навредив (преку порака, така испадна).
    И напишав тешки зборови, кои за право ги мислев !

    Немаше да ги напишам, ако не предизвика толкав револт и лутина во мене. Напишав се што ми тежеше во една долга реченица.

    И сега таа ми го заврти грбот, не сака во очи да ме види.

    И се извинив неколку пати, дури и во живо и се извинив. И објаснав неколкупати зошто ја напишав таа глупава порака !
    Но, ни под разно не сака да ми прости !
    Едноставно не сака !

    И сега се прашувам кој е крив ?

    Јас на истава личност и имам простено многу навреди (таа е склона кон навредување). Сега за прв пат јас се турив и таа ме избриша начисто.

    ЗОШТО ???

    Може некој да ми ја објасни таа психологија (може по ЛП, би ми значело!). (facepalm)
     
    На SparkyAngel, Lella и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.925
    Пол:
    Женски
    Реалност!

    [​IMG]
     
    На anina, SparkyAngel, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Melita-te-saka

    Melita-te-saka Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Ми рече "ти посакувам се најубаво" и замина. Ни за крај не беше искрена, да ми поскауваше се најубаво немаше да ме остови и да замини.:(
    Мојата постара сестра. Од целото семејство само со мене се поздрави и замина. Замина вчера и засекогаш. А јас, јас останав да бирам помеѓу сестрата и останатите од семејството кое ја избрка ќерката која после една година собра храброст да се врати. Никогаш нема да му простам на целото семејство, каде спаѓа и мојата сестра иако некој не признава. На мајка ми и татко ми затоа што ја оставија сестра ми да оди, а на сестра ми затоа што не остави и замина..

    love you sister.. i don't believe you miss me but i really miss you.. :u:
    rfrvtr.jpg
     
    На Lella, green.eyes, Mahidevranfan и 5 други им се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    Чувството кога стоеш во дискотека, и наеднаш ти ја пуштаат омилената песна. :smirk::dance:

    large.gif
     
    На Elena69221, SparkyAngel, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    10.497
    Пол:
    Женски
    Салатата не ми е салата ако нема маслиново масло во неа.И лимонче!:mm::l:
     
    На SparkyAngel, Lella, Mahidevranfan и 3 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Преѓе ја отворив кутијата со парфеми, која си ја чувам од пред неколку години. На некого можеби му е чудно што наоѓам толку интересно во тоа да ги зачувувам употребените шишенца од парфемите... Но, тие ги претставуваат моите спомени и мирисот ме води во пролетта, летото, есента, зимата, средношколските денови, екскурзиите и патувањата, среќните и тажните мигови... Баш како да се враќам тогаш и таму.
     
    На Tumblr, Elena69221, Lella и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Хедонист

    Хедонист Нов член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    *Запрепастена сум од фактот што мислите дека нивната поезија е со навредлива содржина само поради тие изрази. Очигледно немате прочитано доволно од нив. Апсолутно имате право да не Ви се допадне но да кажете дека поезијата на Лешоски и Таневски се глупости е смешно. И навистина не сфаќам како може да мислите дека нивните стилови наликуваат само затоа што и двајцата користат зборови од типот на ма и мори. А за површноста да не коментирам. Површно во случајов е да кажеш дека поезијата на Лешоски и Таневски е простотилак.
    П.С. Од една девојка која премногу ја сака поезијата на Лешоски и Таневски. (Зарем стварно помисливте дека авторот ќе се оптеретува со нечие мислење? Да не сте се прецениле случајно?) ;)