Слушајте да ви кажам, ако ме снема после Божиќ знајте дека красам нечија трпеза со јабука во уста и морков во г*з. Усул да се немало во јадењето.
Денов, типична недела. Средување туто комплето, психофизички, овој пат има разлика - Мерси 400 грамско. Едниот ред се испразни, сеа си ги местам горе под боја. Добро е, барем почнав на чо‘ек да заличувам.
Селото од кое потекнува татко ми го посетувам многу ретко. Мислам дека на прсти можам да избројам колку пати сум била ама па секое сеќавање ми буди топлина на душата. Една година се јави дедо ми, мерак му било да отидеме да ја средиме куќата. Се собравме ние трите, а тој се јавил и кај вујковците, па отидовме еден куп. Неколку дена уживање, иако прилично имаше работа, атмосферата во куќата беше многу пријатна. Дедо ми за да се одмориме секој ден, ќе не земеше со себе и ќе не однесеше во собата во која имаше машина за шиење. Стара можеби повеќе од 100 години ама сеуште беше функционална. Ќе земеше крпчиња и не учеше како да шиеме. Кога ќе завршевме ќе не фатеше за рака и ќе не однесеше во едно импровизирано продавниче да не награди со чоколади или бомбони. Пред неколку години додека беше во Скопје ме виде како крпам нешто на рака и наредно доаѓање ми ја донесе машината за шиење. Ние ја сместивме во гаража и стоеше таму до денес. Мерак му беше да биде моја и да работам на неа. Колку ние двајца го сакавме тоа, толку мајка ми се спротивставуваше. Денес таа ми ја остави во ходник и ми предложи да си ја наместам во соба. Ете ја пред мене, постара од 100 години, пренесувана од генерација на генерација и конечно моја. Треба да се среди, да се исчисти и исфарба ама меракот е голем.
Ами тоа од што многу е по мерак, затоа Ако тоа е некакво дело на Лешоски, што останува за друго, а и не можеш да пресудиш некому дали прочитал или не, подобро дело од неговото, има причина зошто некому не му се допаѓа делото негово.Инаку, мене воопшто не ми се допаѓа тоа што го пишува Лешоски, прашање е и дали воопшто би се ставило во поезија.
Замислете само колку пати се имаме сретнато една со друга тука од форумов низ ДМ (најверојатно, го земам за пример пошто моментално е најактуелна тема на форумот). Од сега па натаму ДМ, ќе ме постетува на сите вас тука фанатици по декоративна и препаративна козметика што ве следам низ темите. П.С И Космо да се придруже и доближе до Фемина и да земат пример од ДМ!
Кога ја читам Шеќерлеме на твитер добивам шеќерна болест и ми се чини прстите ми се лепат од слаткотии по тачот. Нереално убави мекотии што ми создаваат соништа за прекрасната стварност, а не одвратната само преку границата од неа. Убаво ми е да ја читам.
Има нешто посебно во ова време од ноќта, макар и кога истото е преточено во дремење пред компјутер... Колку и да сум изморен, и независно што и да правам, мозокот ми е во некој турбо-графички мод и ми исфрла спомени, слики, фантазии, мечти и желби за во иднина... Истото во комбинација со добра музика, пригушено светло, и отворен прозор (за да го осетам студениот воздух во срж, што би се рекло) and the sky is the limit!
Само едно да ви кажам она Македонија ке добие нов грб јас на прв поглед го читам ....нов гроб остаре темата јас уште така па така ц ц ц. Не сум толку стара да неможам убаво да видам, ама се случува очите гледаат но мозокот не работи Ај добра ви ноќ и секако дека ве сакам. Не сите . Само тие што ме сакате.
Народот во Македонија е болен, болно искомплексиран, невоспитан, себичен. Запрепастена сум. Зошто се родив тука, зошто?
Кога мислам на државава поарно да немислам,незнам дали е заостанат народот или ...туку зборот ми беше гледав една емисија во неа беше фифи (Филип)тој е роден кака машко а има чувство дека е женско само тој знае како му па сака да го промени полот,некои го подржуваат некои не а повеќето не ,се прашувам како би им било нив да се доживуваат како жена а заробени во машко тело ,па дајтему права и на ови луѓе секој си има право на живот! овие лица неможат против себе .Абе што зборам и јас менталитетот е нула уште ке те осудуваат зошто не си сеуште мажена а имаш 30 год а самисли да му кажеш дека си транверсист тогаш со камење ке почнат да фрлат по тебе ...не бе ние најпаметни сме во Македонија а и најневидливи на планетава како што тераме вејке до точка на губење ке дојдеме ,тоа сакав да кажам ај чао.
Едвај дојде долгоочекуваниот понделник. Наставничката за тестот по биологија го стави до мене да седне мојата симпатија. Ќе си кажвиме, не знам како ќе издржам на часот од лупањето на срцето. УФ УФ УФ...
Добро утро девојки . Како сте денес ? Јас денеска сум некако многу добро расположена . Не знам која е причината поради тоа , но среќна сум . Се надевам дека денот ќе ми биде убав и посакувам само убави работи да ми се случуваат денес . Затоа што денес треба да се случат многу значајни работи па јас не би сакала да ја оплескам работата . Иако имам вроден талент да го правам тоа . Но тоа е , што е . Само се надевам дека овојпат ќе успеам да го остварам сето она што сум го замислила . Јас само дојдов да ви кажам да ми држите среќа бидејќи ќе ми треба . И имајте убав ден .
Ти држиме среќа, а и јас сум многу убаво расположена, многу убаво, се надевам дека на сите форумџики ќе им се случи некое добро. Поздрав.
Не разбирам луѓе што не им се радуваат на празниците или луѓе што не китат елка. Мене китењето елка ми е најубавиот дел. Секогаш сакам да ги купам најубавите ламприони, сијалици, ѕвездички и разни ситници. Под елката да стојат кутии во форма на подароци и целата куќа да биде украсена во духот на празниците. Иииии на радоста и нема крај
Совршено утро за лимонада, ракија и psytrance. Чуден спој, исто како и оној, емотивниот. Уште почудно е што емоции нема. Или вешто се кријат некаде длабоко во мене за секоја вечер, да излегуваат на површина и да не ми даваат сон. Којзнае. Сепак, најчудното нешто е тоа колку празнината може да биде тешка. И колку интензивно чувство будат во тебе сивите утра во кои не чувствуваш, ама баш ништо.
И на мојата среќа, и дојде крајот. Повторно денови исполнети со умор, разочарување, надеж за подобро утре.. Деновиве, ја сфатив вредноста на среќата и спокојот. Не е важно колку имаш пари, факултетски дипломи, недвижнини, ако немаш некој кој вистински те сака. Нема ништо поубаво од тоа, на крајот од денот, една прегратка да ти ја успокои душата!
Безброј пати го имам помислено ова. Си шеткам низ ДМ, гледам, разгледувам и од време на време нешто ме тера да се завртам околу мене, да ѕирнам во рафтот отспротива и се' си мислам што ако оваа девојка е некоја од Фемина? А многу е возможно, верувам дека сите сме се сретнале некогаш со некоја феминка. Скопје е многу мало, а овде не' има прилично многу.