Луѓе, мало дете не ми е рамно кога се работи за Нова година и Божиќ. Едвај чекам мајка ми да се смилува и да ми даде да ја украсам елката. На неа уште ѝ било рано. Како бе рано? За елка никогаш не е рано! Па да ставам сијалички на прозорите, низ цела куќа Дедо Мразовци. Не можам да дочекам И да ви кажам, ме фати некоја носталгија за оние филмовите кога на празниците не збираа цела фамилија пред телевизор. Оние филмови како Зоне, Ивкова слава, Жикина династија, Тесна кожа... Јас денес не сум на школо Ме стегна некој стомечен вирус цела вечер од ВЦ не излегов А надвор дува, врне, времето плаче за спиење
Празници се ближат Ќе китиме елка Нервози се нижат Без нив нема зделка. Петарди си купив Од Бит-пазар се снабдив Чекајте ме на Студентски Ќе ве пукам за Бадник! Бенг! Бенг!
сакам да кажам , да објаснам депресија деца што се сечат на раце дека имаат депресија или проблеми во животот. Дали мислите дека со тоа ќе ги решите проблемите? Дали мислите дека ако го повредувате здравото тело што бог ви го дарил ќе се чувствувате подобро? Што ви придонесува тоа? интернетот ви го меле мозокот, страни како Tumblr што ви покажуваат како да се замразите себеси повеќе , ви покажуваат како да се сечете или незнам што.. одам на ваквии страни и јас , но кога ќе видам 1000+ слики од некои глупи пораки кои ги тераат тинејџерите да се повредуваат физички и психички, дојдено ми е преку глава .. не разбирам и никогаш нема да разберам зошто некој би се повредувал себеси додека не крвари.. имам запознато многу деца што го прават ова , имам слушнато многу приказни.. сите разкажуваат како родетелите не им давале грижа , како имале депресија голема, како плачеле секоја ноќ.. знам , знам тешко е .. животот е тежок во некој период, посебно во тинејџерските години , ве разбирам , знам дека се се чини дека ќе падне , се чини дека никогаш повеќе нема да има светлина, мислите дека никој не ве разбира знам се , и јас сум се чувтвувала така во некои моменти ама сакам да кажам дека во тие моменти , треба да застанете и да размислите разумно.. имате уште многу години останати , видете ги вашите родители, видете ги постарите луѓе во иднина ќе имате потешки проблеми , и ако сега се сечете , или незнам што правите .. Како ќе одите низ потешките фрази на животот Не е крај на светот , уште многу среќни и тажни моменти ве чекаат, и нема да го решите ова ако продолжите да се омалажувате себеси. и јас , и јас сум од оние тинејџери кои поминале низ тежок период , но никогаш не сум помислила да правам некои глупи работи ... овие се првите години кога почнувате да разбирате проблемите на луѓето околу вас, овие се првите години кога психички пораснавте и свативте некои работи од животот.. и ве молам ве молам за ваше добро, да престанете да се омалажувате себеси во секоја смисла .. РАЗМИСЛЕТЕ РАЗУМНО уште многу години ве чекаат напред , уште многу муви треба да јадете и уште со многу потешки проблеми да се соочувате.. незнам што да кажам повеќе.....
Конечно после 4 месеци ќе те гушнам, ми недостигаш тато дојди си побрзо едноставно сакам да си дома овој период..... Не можам да дочекам.. те сакам
Седната до прозор,внимателно ги слушам капките од дожд како го ,,удираат''. Шоља топло чоколадо и добра книга в рака... морам да признаам, многу добра е книгава по Историја. Ќао.
Постојат членови кои веќе подолго се овде а не ги почитуваат основните правила на форумот. Добро ние останатите кои го правиме тоа и се придржуваме на тие правила глупи сме ? Какви сме ние во вашите очи ? Не се осеќате некако неубаво кога грешите упорно и кога истата работа ја повторувате по 100ти пат ??? Па добро бе некои работи треба да ги знаеме па океј еве има и мали и нови членови кои сеуште немаат врска со форумот кои можеби не разбираат ама останатите сме доволно возрасни ...
Дожд. Првиот ден те зафаќа она есенско чувство, па сакаш да читаш книга завиткана со ќебе покрај прозорец, гледајќи како паѓаат капките и се лизгаат по замагленото стакло. Потоа и другиот ден дожд. Пак решаваш да бидеш позитивна, готвиш нешто, па уживаш во шоља топол чај или некој друг топол напиток. Дури и ти е убаво кога врне надвор, и веќе е длабока ноќ, а ти се буткаш во прегратките на саканиот, уживајќи во звукот на мокрите стреи помешан со неговото дишење. Ама колку и да се обидуваш да уживаш во дождот, доаѓаш до моментот кога сакаш да престане. Сакаш да излезеш, а да не си ги уништиш новите чизми стапнувајќи во вирчињата со вода. Сакаш косата да ти остане како кога си изглегла од дома, а не да се растури од влагата, ти досади да влечкаш со себе чадор. Сакаш да престане, затоа што веќе не можеш да ја најдеш убавината во него, ти буди некои депресии, ти носи мисли за луѓе кои веќе не се тука, за нешта кои не се како што сакаш да бидат... Дожд.
Сакаам да кажам едвај чекам да ни заврне снегче.Во некој други градови низ мк гледам веќе заврнал но во ск сеуште го нема
Не знам за вас, ама за мене во категоријата невозможни мисии - првото место припаѓа на ситуациите кога се обидуваш да ја убедиш мајка ти дека ако нејзе ѝ студи, не мора да значи дека истото важи и за тебе.
Ајде да шкртнам т.е. да пријавам присутност на фемина. Продолжениов викенд преубаво си поминав, избегав од градов за кратко. Она што се жалев во предходните постови избегав од досадната рутина која полека ама сигурно ме гушеше. Друг битен момент е што конечно после 100 години искочив сред недела на свирка лабаво без да се остручувам колку е сааат, и дали утредента ке можам да станам у 7ипол. За момент заборавив на проблемите и обавезите што ме чекаат назад. Да се множат ваквите (продолжени)викенди!
Полошо од цицки на мегдан на ФБ се цицки на мегдан кои ги силно ги влече гравитација и линијата на силиконската долина не може да се одлучи дал' тера лево ил' десно. Купи си поквалитетен градник ако сакаш со тоа цицките да се расфрлаш. Иако не препорачувам. Грди ти се. Ебати тоа д***ите самоуверени! Ми се згади.
Моментите се составен дел од животот, дел од секојдневието. Доаѓаат кога најмалку очекуваме, се случуваат кога не сме подготвени, не обземаат до последен здив и заминуваат некаде во просторот. Кога во целата конфузија од дејства што не преплавуваат ќе собереме сила да бидеме несериозни, всушност сме сфатиле дека ништо не е повредно од насмевката.
Денеска одам во сендвичара да јадам нешто набрзинка, и околу мене девојчиња на возраст од 14-15 години. За времето додека чекав тостот да ми биде готов, бев сведок на неверојатни животни изјави од предходно споменатите. Се замислив дали мојот живот е премногу убав и нормален, затоа што во моите уши навлезе една реченица "неможам да продолжам веќе, животот ми се распаѓа, не сум иста како порано..." Си поставив прашање: што е тоа што ги демотивира младиве денес, што е тоа што прави да им биде тешок животот веќе на 14 години, за повеќе да не сакаат да живеат??! Добро бе, девојчиња, до вас е или до вашите дома што се трудат да ве воспитаат модерно и современо, м? Кој е виновен за вашето лабилно однесување и паѓање во трансови? Кои тешкотии ги имате? Кои тешки обврски, освен единствената - да идете во школо. Признавам, страв ми е да имам дете во иднина. Признавам, ми се одјаде.
^ Oно кутрите во нив се дешава процес на трансформација од девојче во жена, па се чудат зашто не се осеќаат исти како порано.