Им растат цицињата пребрзо па од што неможат соодветно беби-дол-че да најдат, најлесно е во депресија да се пуштат.
Вака кога читам ми е чудно, ко вие да не сте биле на нивни години. Тогаш е баш најчувствителен период, телото се менува, треба да се прифатиш, имаш потреба да бидеш сфатен, сакан, неретко се случуваат невозвратени љубови, несигурност во себе, страв да не се посрамотиш пред целото одделение, желба да бидеш прифатен и да не набројувам. И дете од прво одделение има грижи, иако нам ни изгледаат минорни, а не пак тинејџерки во најосетливите години, во преминот од дете во младинец. Затоа имајте малце повеќе разбирање.
Пошто ова е најфреквентната тема, овде еден апел. Отворив со надеж дека ќе прочитам хумористичен цитат, ама.... Побогу, средете ги оф топицине во Смешни Мислења пошто отупевме, готово!
Абе во ред е се тоа, имам разбирање. Само мора да признаеме дека има огромна разлика меѓу овие млади и ние што сме биле, секако и тие што ќе бидат. Самите случувања во денешницава се доказ за тоа. )
I'm back, конечно. Ми недостигавте феминки. Ех, уште еднаш си докажав дека без компјутер не се може. Времево баш погодено, како за мене. Темата Фемина Инстаграм неколку денови не сум ја посетила и сега ја отворив. Машала, колку сте вредни. Поздравчиња до сите.
Скопје се швркнува кога врне, побогу, не сте од шеќер и нема да ве стопи ако ве капне некоја капка. Или некој око ќе ти истера со чадорот кога се разминувате (дури еден единствен џентлмен денеска го подигна неговиот чадор над мојот, валјда дека бев свежо нацрвена) или ќе ти го испрска грбот на пешачки, ако немаш среќа и ќе те потчукне, или така фино лепо ќе те истушира од страна, што нема да ти текне да испаднеш од дома два дена. Аман заман, стварно е само дожд. Колку побргу се помириш дека не можеш да останеш сув, дека косата нема да ти личи на ништо во рок од 5 минути, до коленици ќе бидеш испрскан и во кал, стварно толку подобро за тебе. Ова без најмала иронија кажано, ме има врнето за врнење, се сушиш и готово, да беше потопло ќе шлапкав со апостолки, најбрзо се сушат. Работава е чекаме лето да дојде, барем потопол дожд паѓа. Друг проблем ми е што не знам како некои луѓе ја сфаќаат дружбата ама очигледно имаме различни перцепции на истиот поим. Проблемот со ненормалните како мене е колку повеќе ме притискаш и ми досаѓаш толку повеќе ме буткаш од тебе. Затоа што стварно немам навика да замарам други, ич ама ич нејќам ни мене кога ме замараат. Непотребни заеднички активности кои ги нагласив минатиот пат. Фактот што со 80% од луѓето се дружам веќе по минимум 5-6 па и повеќе години, ми кажува дека теоријава ми е успешна и дека луѓето нејќат некој што ги замара и гуши. Телефонот, ѓоамити смартфон, наместо да ми олесни, ми отежнува да ви кажам право, само ми цивка, свирка, ми стои на сајлент поголем дел од денот за да не слушам џавкање, оти отиде притисокот. Трета работа е што веќе со некој чијшто најголем проблем бил досега која боја да си ги излакира ноктите или што да облече вечер, начукал којзнае колку години и уште се однесува како основец, некако ми се разминуваат патиштата. Срамота е да му се смеам оти идел во исти алишта, мамето ваше, може неговите одат госи и боли за он да носи нешто. Не викам дека сите треба да патат и да минат низ којзнае какви периоди во животот, на никој не му посакувам лошо... Ама треба малце свесно да правиш некои работи, со осет, дека некој во просторијата кај што седиш (можеби) моментално мине низ пекол и дома нема што да јаде, а ти како будала му се цериш во фаца дека месечно 300 евра не те оправале. Па пара ли било тоа, пфф, вака така... Треба да ве пратат тоа родителите на некоја нива да покопате малце, за 300 денари дневница, па да видиш дали и што е пара или не... Бре бре бре..... Стварно неубаво ми влијаат луѓево, станувам позитивна и насмеана насабајле, со мерак си се спремам, си се дотерувам, шминкам и до вечер, така ќе те напукаат и наполнат со негативна енергија, што можам да легнам и да не претнам, е па не знам како успеваат. И јас будала, како сунѓер впивам секакви емоции, после оди чукај си ја главата. Ќе одам да си ставам млекце и да си пишувам домашни и чуда.
Мамичке овој ден е само твој,среќен роденден и се што посакуваш на овој свет да ти се исполни Да знаеш дека многу те сакам,ти си мојата единствена подршка и си секогаш овде до мене. Не се жалиш за ништо,секоја работа ја извршував со леснотија и секогаш ја носиш таа прекрасна насмевка. Кога ќе пораснам сакам да бидам личност како тебе,цврста,решителна,храбра и искрена личност. И да се налутиме нешто,знај дека тоа е минливо,јас никогаш не би те повредила,а знам дека и ти не би ме повредила.Ти си мојот ангел чувар,кој ме чува од секакво зло. Ти благодарам за се,за сите среќни мигови што ми ги пружеше и сеуште ми ги пружиш. Биди секогаш насмеана,моја најмила
Ако нешто ме нервира,тоа кога некој ми стои над глава кога седам на лаптоп.Без разлика што да правам,и семинарска да пишувам,ме напнува и се осеќам како да ме демне некој Не дај боже да седнеш на скајп со некого,кога ќе почнат,кој е овој,што ти е? Уште поглупа ситуација,кога треба да завршиш некоја работа на твоите и си работиш на лаптопот,они чекаат и тогаш излегуваат глупавите реклами со голи женски и други тракатанци.И твоите мислат дека гледаш порнич секојдневно и дека си скриена нимфоманка,додека ти се трудиш да ја исклучиш страната и како заинает се ти заглавува. Решение:Црна дупка во ѕидот,да се протнеш и да си поседиш таму додека не експлодира лаптопот
ДЕДО! Да ме викаш "мајка" кога ќе се вратам од училиште,да ми раскажуваш за Либија,да ми укажеш колку лукот е здрав,да ме браниш од сите,да ме чекаш во зима пред училиште..... Колку само дедо,нели.Дедо и внука,никој не ни може,помниш нели. Биди ми дедо и ден денес подршка,оваа што ја добивам не е таа.Твојата ми треба.Помниш дедо. Горе високо,земјата те повикува-недостигаш......
Mi nedostigaat lektirite od osnovno...Knigite so ednostavna, detska sodrzhina : Zoki Poki, Pajazhinata na Klimentina, Ulavite godini, Bojan, Vtorata smena, Marta... Koga mislevme deka se` e tolku lesno i dobro vo zhivotot i gledavme so naivni, detski ochi... E, togash knigite mi bea kako nekoe neprocenlivo bogatstvo. Nostalgichno... Se izvinuvam za latinicata
Знаете ли што? Јас вложив многу погрешни инвестиции.Ете така,погрешни. Вложив премногу инвестиции то ест емоции кај погрешни личности. Ама што е тука е....што да се прави
Не за џабе рекле: Curiosity killed the cat. Вчера гледав едно видео на јутуб и го споменаа филмот Human Centipede. Прочитав во коментарите на видеото дека е премногу гаден и да не го отворам на гугл и оти јас така, љубопитна, пишав името на филмот, и се мислам да кликнам search или не. И јас, како јас, кликнав и се покајав. Е, не ви препорачувам сега и вие да пребарувате што е тоа, немојте. Исто како ништо да не сте слушнале, упс, прочитале.