Да знаев дека Сорос плаќал за постирање на форум ќе се пријавев веднаш, барем ќе си земав плата, како што ``логиката`` на некои инсинуира. Можеби некој знае каква е тарифата, дали плаќа според број на постови или според мегабајти? Вака испаѓа дека попусто сум пишувал на темата за екстерно, pro-bono
Делумно се сложувам со Lunicka. Но за жал опшеството во кое живееме има огромно влијание врз нашите деца.Тие практично се под негово влијание.Повеќето од своето време тие го поминуваат надвор од дома.На училиште, со врсниците,...Дури и дома со новите технологии како интернетот,мобилните телефони,неможеме да им се приближиме онолку колку што е навистина потребно. Се сеќавам колку квалитетен разговор имав еден ден со моите девојчиња.За среќа немаше струја. Може делува смешно, но не е воопшто.Посакувам почесто да ја нема.Навистина. За да малку бидам појасна ќе ви посочам еден пример и ако е одамна. Недела навечер, ја спремам мојата помала ќеркичка за првиот училишен ден, како забаваче. Онака ми текна да ја прашам која песничка ќе ја каже утре кога ќе ја праша наставничката. Таа без двумење ми одговара Џингрлака Џикица. Се сеќавате на вашите пет минути, на Пламенка...Ни на крај памет не ми текнало дека таа ја знае целата песна.Сакам да кажам дека сум можела да сменам канал како сега .Ама како ? Кога сите гледаат турски серии.Мене на пример не ми се воопшто интересни ,од една единствена причина.Се сеќавам на нашите македонски серии како Курирот на Гоце,Илинденско востание, и сега ова ми нема смисла Медиумите имаат огромно влијание.Образовните институции.Сите ние. Јас околку себе гледам претерано спортски обложувалници,а библиотеки речиси и да нема.Место приредби по училиштата , рок концерти по стадионите. Мотори по улиците , без регистерски таблици и дозволи.Несоодветно облечени ученици, па и професорки.Се за пари. Кога се ќе сеобере се добива младина каква што гледаме. За да нашите деца бидат она што посакуваме , потребно е понапредно опшество, кое ќе ни помогне во грижата, а не обратно. Се додека децата зависат само од грижата на родителите,нема да имаме квалитетна младина. Кај е грижата на образовните работници? Кај е грижата на Социјалните работници? Кај е грижата на здравствените работници? На Мвр,на медиумите........ Може ја има ,но не е доволна,и не е благовремена.
Сабајле додека чекав во лабораторија да ми земаат крв, ми се случи една смешна ситуација и се сетив на муабетот од пред некое време на @AnaKarenina кога некој ја нарекол дама. Е мене денес ме нарекоја сопруга на еден и не така лош дечко. Кога стигнав си седнав до него ( тоа беше единственото слободно место ) и чекав да дојдам на ред. И една повозрасна госпоѓа го прашува дечкото (кој патем го познавала) за што чека, тој ѝ кажува дека чека резултати. Таман дојдов на ред и оди таа госпоѓата пред мене, јас само се насмеав и од чиста култура ја пуштив. А дечкото превртува очи и ми вели: ,,Вие бевте на ред, зошто ја пуштивте?'', после тоа ѝ се обраќа неа: ,,Овде има ред, затоа сите чекаме - девојката до мене беше следна.'', а таа одговара: ,,Па зарем Вие и Вашата сопруга не чекавте резултати?'' Јас ѝ кажав дека не сме заедно, па кога почна да се извинува и да објаснува како не видела млади и убави, сме ѝ изгледале како пар, и на крај додаде: ,,Можеби девојката не Ви е сопруга, ама Вие Димитар сте прав џентлмен.'' Ете сеуште имало и такви. Јас како јас - малку се усрамив но ми беше симпатично и смешно, барем ми го одвлече вниманието и стравот од иглите и убаво ми почна денот сабајлечки. И речено - сторено! Отидов кај снегот. Се изнадишав неколку часа ладен, но чист воздух и се вратив како нова. Ги земав и резултатите - здрава сум како дрен! Сега на ред е китењето на елката.
Можеби ретко, но сепак се случува да ги зачуваме само убавите спомени кои ни ги оставиле некои личности. Како на пример, мојата наставничка по Математика. Мила, кротка жена, во своите триесети години. Секогаш овде да помогне, секогаш овде да расположи и да осветли нечиј мрачен ден. Една од единствените личности кои ќе ги паметам до последниот здив, една од ретките личности кои ги чувствувам блиски. Знам дека некогаш се случуваше да ја разочарам, имаше моменти кога не знаев некои важни задачи, но таа никогаш не изгуби верба. Ниту во мене, ниту во останатите ученици кои ми беа како семејство до пред неколку месеци. Таа ни беше мајка, а ние бевме нејзините палави, но полни љубов и почит дечиња. Сеуште нема свои, но зарем е важно тоа? Има некој кој ја смета за мајка. Има некој кој од време на време ќе се присети на неа, ќе посака пак да ја сретне, да ја гушне, да и подари цвет. Сите ние со радост би седнале пак на нејзин час. Знам дека не сум единствена. Знам дека на сите нив им недостига таа, исто колку и мене. Добро, мене ми недостига повеќе затоа што имав невообичаена врска со неа. Таа ми беше, а и сеуште ми е втора мајка.
Какви лутки, какви насловни, за мене савршенство без мане е свежо исцеден сок од портокал. И кинеска храна, без месо само, затоа што месо не јадам. И време поминато со моите, онака лабаво, претпразнично.
Знам дека сум под ропство на сопствените хормони (читај - ПМС), кога буквално почнувам да плачам и од среќа. Ај каде душата ми се собира од мака и жал за некои работи и што сум преемотивна тоа е друго и не го сместувам во овој лигавежлук, ама тоа ... навистина се надминав себе си. Врвот без сомнеж беше во гардероба додека пробував фустанче. Прво поминав низ пеколот и сменив милион и двесте илјади пози ко фатена од промаја при закопчувањето на глупавиот патент, а потоа откако си удрив блиц-анализа и видов дека и не ми стои воопшто лошо како што замислив, удрив на липање! И за што? Па затоа што прв пат онака случајно си наоѓам модел во кој не изгледам како да имам улога на закачалка. И тука следуваше уште многу липање и среќа моја што немав шминка, инаку немам појма како ќе се појавев таму на касата со очите на Кунг-фу панда. Толку брзав да завршам и да наплатам, што дури заборавив да се фотографирам за мајка ми да види како ми стои. Значи ништо без одобрението на Генерал Мајка, небаре сум седмо за осмо и морам да добијам позитивен коментар од неа. Ма се сомневам дека некој освен мене уште ја прашува мајка си дали навистина добро му стои и некое парче и вреди ли да се купи, сè е тоа дива лига кон повикот на дивината или како и да е, не е важно, сè додека имам нов фустан и се фрцкам со новите дебели и меки хулахопки во топлите чизми. ... а ме прекрстија во подвижен облак, иако ете не секогаш сум од оние тмурните. Па, често знае да заврне топол дожд и при ведро небо, зар не ?!
Ќе збеснам каде го има оваа каде?!! Слушам по автобуси некои училишта ги затворале децата во училници за да не одат на протести,некои си кажуваат како директори се шетале и кажувале да не се оди бидејќи ќе бидат казнети или избркани од работа Како може да им забранат на децата што сакаат да одат,уште неможам да разберам..во диктатура или демократија живееме
Сдк- Ако бараш некоја личност која ќе ти го смени денот па и животот (погледни во огледалото). Да, ти си.
Денес со татко ми, сретнавме старец како стопира, човекот одел до град да си заврши некои работи, небитно. тоа,застанавме , се качи.... туку почнаа муабет со татко ми ( бидејќи наидовме на непрооден пат од врнеживе) како било порано а како сега. Јасно ни е на сите дека времињата се менуваат, ама јасно ни е и дека одат на полошо, Дека секој старец ќе ти каже : Еее во наше време го немаше ова, ама имаше повеќе слога, луѓето беа скоро па еднакви. Вистина е. Ништо не реков цел пат, ги слушав, и го запазив она "eхх" кога старецот воздивна на неколку пати... Времиња .....
Среќни поради сопствената ситост. Спокојни поради сопствената подмиреност. Дури и тогаш кога таа чини нечии неспокој и глад. Животов е море од избори, меѓу кои најважниот е, кој од двајцава опишани погоре ќе избереме да бидеме. Дали ќе ги плаќаме ситоста и подмиреноста на другите, или ќе бидеме ко волкот со дебелиот врат. Ах, а толку сме несовршени и мали што, кое и од двете да го избереме, би било претешко да бидеме добри во тоа што ќе избереме да бидеме.
Едно од најлошите чувства ми е кога ќе ми ги скратат крилјата. Јас сум научена да сум слободна, а не затворена и ограничена. Јас имам неискористена сила во мене, која мора да излезе. Бесна сум на она што ми се случува, сама си создавам отров, сама се трујам. Уште форумов ми остана мое место моја слобода, барем метафорички да се искажувам и да се празнам за се што сакам. Се надевам дека ќе остане тоа така и нема да ми се скрати некој крилјата и тука. Не сум во добар, балансиран период, не сум целосна, ми никнат проблеми од сите страни, ми се чини дека ќе заглавам ептен, ќе се мрднам. Би сакала да го чекам почетокот на Новата година, како некој нов почеток, ама во мојата глава не се делат работите на такви временски интервали - од 12 месеци, па сето тоа не ми значи ништо посебно. Баш сега не ми оди во прилог да си поминува времево чекајќи нешто, зашто очајно се обидувам да го зграпчам секој ден, а сепак ништо не постигнувам. Не се ни радувам ко порано на целта таа предновогодишна атмосфера, се мислам како ќе ја поминам со разочараност во мене. Се плашам дека сама си се повредувам себеси, а со тоа повредувам и други. Пробувам да си се радувам со некои ситници, и успевам, но краткорочно е тоа. Одамна не сум била вака песимист да речам и се мразам кога се читам вака, ама баш и олеснува малку.
И јас имав една таква книга. Само во подоцнежните години, не толку малечка. Од толку што ми влијаеше на мене, ја препрочитав неколку пати тој период и дури страв ме фаќа oд помислата пак да седнам да ја читам. Не ни кажувам која е. Ех, толкава е моќта на пишаниот збор некогаш...
Ај Кимке, ќе преживееш, шо се мислиш, ја имаш силата Туку, ова глушецов од компјутеров, не сакат да работи ко што треба, ќе го сменам за бел глушец, овој ќе оди у пензија, така ми изгледа мене.
Депресијата и тагата се само туристи. Изнесете ги на една прошетка на есенското сонце, купете им чоколадо и поделете го со нив, прочитајте заедно некоја добра книга, а пред спиење, вечерта купете им карта во еден правец, испратете ги и насмевнете се... Добра ноќ.
Значи каков трол е другар ми, вика еве ти рецепта од нешто благичко и ми праќа линк од blue waffles.Изгубив апетит за цел месец. Прогуглајте and thank me later.