Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Судбина било да се вратиш...судбина било да се врати се како што беше,сега ти..си позаинтересиран..Подобар и повнимателен,но...дали е ова една од твоите маски или? :?:
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Убав е животот да, ама не на сите.
    Некој се мачат секојдневно работат, се убиваат од работа за некои мали плати, само колку да се преживее. А некои што мрднат со прстот се збогатуваат, успех ли е што ли е.
    И после некој ќе ми каже „лесно е“.
    Па не е лесно. Не е ни малку лесно. Ова доаѓа како снајди се па живеј. И така е, тоа е и поентата на се.

    Ташко време е. За мали плати се работи по цели денови. Колку само мали деца немаат татко дома, да ги советуваат да поминуваат време со нив, се затоа што мора да одат во други држави да заработат. За јадење да се има само...

    Животе..
     
    На Elennaa, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Girl-50 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    По ѓаволите!!! Цркнав. Еднаш. Но бидејќи е февруари, во чест на мачките ќе имам девет животи.
    Решив да одам на карате денес наместо на кошарка. Баш денес, како го погодив денот. Невозможно.
    На почетокот се беше во ред. Ме ставија во појаките да вежбаме за полагање (следната недела полагам за нов појас). Пред да заврши тренингот почнаа проблемите. Онаа досадното дете кое не знае што тренира седна до мене. Ме исцеди буквално. Сета енергија, расположение, живост, се извади од мене.
    Но тоа не е се!(топ шоп) Таман си излегов од салата среќна што се откачив од оној досадниот, еве ја мајка ми.
    Пред да одам на тренинг и реков да мајка ми да го праша тренерот ошарка кога, конечно ќе имаме пријателски натпревар со Ролинг и погодете што: ДЕНЕС. И тоа веќе почнале.
    Отидов, тие веќе пола час играле. И тоа повеќето беа слаби од нашата група. Катастофално играа.
    Ајде конечно ми дојде и мене ред. Играв пола минута и толку. Сега не знам дали сме победиле или изгубиле. Ништо не знам. Иако, веројатно сме изгубиле, ако судам по тоа како нашите играа.
    Чао, сајонара, догледање, дуг бај, whatever. :*
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.101
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден во смеење ми помина. Само на арно нека е :D , одамна не ми било вака, од срце да се изнасмеам, солзи од смеење да ми потечат.

    На убаво ми тргна годинава, дај Боже вака да остане.
     
    На Elennaa, hermosa, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    90.524
    Пол:
    Женски
    Со мали деца времето секогаш минува брзо !
    Помина роденденот се беше преубаво ,20 мали деца околу тебе и по некоја несвесна мајка околу нив.
    Е луѓе значи многу се нервирам кога мајките не си ги гледаат своите деца кога се излезени надовор од дома.Еве пример во овој случај е роденденот. Она си седнала си ужива си мезе смоки и чипсче а детето жние позади бее,сите ги тема,тортата уште несечена он брца со раката во неа,се качува кај шо не му е местото а мајка му не се завртува да го види ]:)
    Леле никогаш нема да си дозволам така позади грб да ме одговараат дека не си го гледам и не си го воспитувам детето уште од мало ,па срамота е бее |(
    Секогаш секаде има по некое такво дете и таква мајка ама баш секогаш :D
    Ај да не навратам на убавите моменти

    Јас нели главна сум со нив така е и навистина се разбира после славеничките[​IMG]+ они ми се како помали сестрички навистина сме многу преврзани едни со други.
    Прво бев кај нив со мајка им ги дотерувавме фустанчиња па прцлички шнолки од се до се најново затоа што ова е важен момент за нив [​IMG]
    Ги испратив заминаа па дојдов да си се спремам јас и да го земам подарокот со мене.
    Леле кога влегов кај што славеа роденден абе убавиниии ,дечиња,маски, роденденски капи, свирки нивните омилени песнички атмосвера на ново [​IMG]
    Изненадувањето уствари подарокот беше велосипед и за 2те по еден соодветен за нивните години,па тоа и им беше желбата бее ај оваа малово 2 години не разбира многу али оваа големата принцеза занеме кога виде што и носам ,душата ми се наполни за цел живот ,тоа смеење нејзино задоволство,па и важна дека нема никој како нејзиниот велосипед абее радостии.
    Мајка ми шо вели: знам дека оваа ќе им остане во сеќавање ќе се радуваат бескрајно и затоа ќе им ја остварам желбичката и мамичка е срцка :tmi:
    Си седнав и само гледав се смеев како нив на глас нема поубаво нешто да гледаш и да слушаш детски насмевки ахх едно време добив желба и почнав да си размислувам дека сакам и јас да бидам мама за скоро време [​IMG]
    Си се изнасликавме си се изнапеевме ... ова е уште еден од деновите кога се смеев без престан за мали работи,од задоволство ,од убавината што ја осеќав внатре во мене .[​IMG] Нека ви е среќен роденденот лепотици мои да растете големи и цел живот да се смеете вака како денес :*

    А јас феминки имам и друг повод за радост,заминувам утре кај љубениот со нетрпение го очекувам моментот кога конечно ќе си го видам и гушнам најсилно[​IMG]

    Имајте сите убава вечер и не заборавајте дека малите работи во животот носат голема среќа секогаш!!!
     
    На Elennaa, Lella, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Вадење петка кај најстрогата,најегоцентричната и нај гордата професорка!
    ФАК ЈЕА. :rock:
     
    На Girl-50, sweet-star, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Јас навистина сум поласкана со вниманието кое ми го посветуваат одредени личности. Не знаев дека сум ви оставила толку силен впечаток, камоли да станете како мене, можеби тогаш нема друго да ве интересира. Значи секоја ви чест, како наоѓате врски, канали, ортоми, преку конзерви ли се довикувате, галаби, лебеди, пилиња, гугутки, не знам. Знам дека бившите ми дечковци не ме копале и не се замарале толку со мене, како што можат ЖЕНИ и само ЖЕНИ да се замараат и да те копаат и да те откопаат, и да мислат дека те знаат и познаваат ако знаат некои работи за тебе.

    Уште не ми е јасно како се дрзнуваат тоа да го кажат апла јавно дека ги интересира нешто за мене, да разговараат за мене во мое име како да ме познаваат, како да пијат кафе со мене секој ден, да прашуваат каква сум по карактер, дали сум во врска или не, дали ќе одам некаде или не, дали сум се излечила од состојбата во која што сум била или не. Прашајте ме ако не што боја гаќи носам во петок, или од која чинија јадам житарици во недела сабајле. Не знам, не ми е јасно, од каде копате, од некаде тече каналот, од овде ли тече, од моите луѓе ли тече, не ми е јасно, нешто тече, а сиротиња жедна за информации, па стојат и пијат од тоа што тече! Добро, нормални ли се луѓево, пак ќе прашам. А па напанак па, не се ни кријат бе дека и интересираш, бесрамно те следат и лечат некои нивни фрустрации, проблеми, се самопронаоѓаат ли, учат ли од мене и моиве постапки, барем да знам дека луѓе правам со тоа што се информирани за мене и мојата маленкост.

    Никогаш не сум се замарала со вакви глупости од типот на кој што рекол за мене, кој се распрашувал, кој коментирал, да, битно ми е мислењето на другите, ама на тие што ми значат, на некои безвезални будали не. И не знам зошто го пишувам постов ама морам некаде да се искажам. Ама не можам веќе да си поверувам од колку страни ме сардисуваат сите, па уште да ми ги прислушкувате разговорите на телефон, да ми читате пораки на фејсбук, да земете микрофонче да ми подметнете во палтото и камера по дома, не знам, ајде да се пријавам во некое реалити шоу или да гостувам во некоја емисија, па да одговарам на прашања, ол деј, ол најт, ќе вадиме и ќе переме прљав веш, ќе плачеме, ќе се смееме, само нека се намират и нека ми се мавнат.

    И затоа, за инат, веќе на никого не му го давам задоволството, ни овде, ни на фејсбук, ни во реалниот живот, да види колку добро или лошо ми оди мене во животот, дали денот ми бил прекрасен или ужасен, дали се смеев или плачев пред да заспијам и на прашањето ,,Како си,, почнав да одговарам само со СУПЕР сум. Изгледа се пукнаа од ситење што испуштив некои конци од рака, кикснав на некои моменти, како тоа, една средена, дотерана и успешна студентка, која е окружена со огромно друштво, нашетана и најадена и напиена, имаше навидум совршена врска, совршен изглед, совршен живот, се слизна и покажа слабост. Да да, многу е интересно што сум и јас обичен смртник и човек, имам чувства, емоции, чувствувам и негативни емоции, видиш, способна сум била и за тоа. За жал или за среќа, зависи кој од каде и од кој агол посматра, тие денови на слабост одамна завршија. Сега сум мртва ладна, не потреперувам ни на разминувањето на улица со сопствениот татко, не ни трепнав кога помина до мене, нема ни да трепнам, барем да потреперев како знак на емоција, макар и негативна, ама не. Немам веќе ништо што да изгубам, и ништо не може веќе да ме потресе, тоа е тоа, можам само да добијам.

    Паа сега само би требало да се плашат од мене, дека ваквите од мојот вид, се најопасни, знаете, тие што изоделе низ пеколот и испаднале од него. Сега, сега е времето кога се прават нови, големи работи во животот. Никакви промени, никакви радикални глупости, никакви втори и трети пубертети, само големи, убави, одлични работи.

    И пак нека копаат, и нека ги копка, која сум, каде сум и што правам.
    Не дека можат нешто друго да направат.
    |(
     
    На ilipili, thinkerbell, Libera и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Сакам да кажам дека ова беше навистина напорна недела... а само кога ќе помислам дека наредните неколку ќе бидат уште повеќе...
    Како што се ближат полагањава ме фаќа некоја паника дека нема да постигнам се да научам :^) а луѓево околу мене толку веруваат во мене, убедени се дека се можам, па повеќе паникава ми е нив да не ги разочарам...
    Ама ај... се тешам што оваа и прошлата недела со љубовта добро ми оди (ќе видиме до кога) :D
    Денеска освен моето променливо расположение, се чувствувам и како да не сум спиена со денови затоа најпаметно ми да си легнам уште сега и конечно дообро да се наспијам |-)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.465
    http://corba.mk/?p=10420

    Екшли, супер идеја за Борка и АјСтор.
    Косата за перики за жени кои ја изгубиле косата во хемотерапија, АјСтор, општествена одговорност и даночиња помалце.

    Овај друг ми беше муабетот.
    Од секогаш ме импресионирало како маживе се соочуваат пријателски со својата конкуренција или со својот не толку пријатен лик да не речам непријател, та дури и се ракуваат и прегрнуваат братски.
    Дали тоа значи дека се поголеми лицемери или имаат повисока точка на толеранција од жените илиии уште еден факт дека се порационални жените кои се способни да се мразат само затоа што имаат исти чевли? :^)
     
    На Nevermore и Ariel им се допаѓа ова.
  10. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Види ја чашата како полу полна потоа дополни ја до крај.
    Живот.

    Mood: Mhm :nod:
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Who remembers this? :)Времиња убави,времиња мирни и незаборавни.
    Детство! :hug:
    Секој период од животот си има своја посебна убавина,ама детството е посебно.Особено детството кога немаше фејсбук,а собиравме салфети и миризливи ливчиња,и пишувавме споменари.
    Безценето!
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled6.png
      Untitled6.png
      Големина на фајлот:
      1,1 MB
      Прегледи:
      599
    На Elennaa, Lella, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    13.615
    Пол:
    Женски
    Значи лошото со лошо се враќа.Стигнува кога тогаш кармата.
    Можете да замислете буквално иста сцена како и во филмовите, другите постојано се малтретирани,навредувани и понижувани за на крај како бумеранг се‘ да и се врати.
    Ама тоа е кој како ќе си постела,така ќе си легне , не за џабе е кажана :wasntme:

    ****
    Вчера си купив едно чоколадо, ајде си велам да си се почастам за оценките :angel:
    Како се израдував целото наеднаш си го изедов :tmi: Но, и најслатко ми беше,за мерак, може не беше којзнае што ама нема поголемо задоволство кога сам ќе си се почастиш за некоја работа :)

    Едвај чекам да заврши неделата,да си се одморам и наспијам убаво.Да си посветам целосен ден за одмор.



    Пријатна вечер на сите :hai:
     
    На EMoonlight и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.476
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога на некои луѓе можеш да им се јавиш после неколку години и без проблем да договориш средба. Уште поубаво е кога во тој час, два гледаш дека ништо не се променило, можеби сме малку посозреани ама пријателството меѓу нас, разговорот не се сменил. Уште кога после тоа ќе чуеш - И после 15 години да се видиме пак, за мене ти си пријател. Ме стопи.

    Деновиве имавме прилика со Него да се дружиме со многу луѓе. Од сите добивме - Чувајте се, ваква љубов и хемија одамна не сме имале прилика да видиме кај некој пар.
    Очите ни блескаат се посилно, а љубовта од ден на ден се зголемува.
    Убаво е, да не не подречам :lol:
     
    На sanja.burgundy, Silver.E, julie77 и 33 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.721
    Пол:
    Женски
    Времево облачно но топло.Ама не мириса на пролет.
    Како да сум застанала некаде,во некоја зимска градина,во некое утро кое потсетува на вечер,во некои чудни денови помеѓу.Помеѓу младоста и староста,помеѓу среќата и недостасувањето,помеѓу минатото и себе,која се уште не може да се пронајдам.
    Си велам треба да ги засакам овие денови кои не личат ни на февруари ни на март ни на април,зорите кои не личат на зимски и мирисите кои не ги носи ни развигорчето ни снегулките.Треба да ги засакам моментите кога не знам баш што чувствувам,не знам баш ми која сум.Ама зар е важно на сенешто да залепам име,ознака или значење.
    Нека биде само добро.
    Имињата и ознаките не се живот.Туку тоа што го проживееме помеѓу.
    Убав ден.
    [​IMG]
     
    На julie77, calliope, danichap и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.268
    Допаѓања:
    140.866
    На работа морав да сменам локација затоа што користев место на оправдано отсутна колешка која ќе се врати. Новото место ич не ми легна, ама ќе се навикнам. Кога си уште гуштер, нема многу бирање.
     
  16. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    "Кога бев мала не ми беше гајле во што сум облечена,родителите ме облекуваа.А сега кога ги гледам сликите гледам дека и на нив не им било гајле ." :lol:
     
    На Decapitated.Hanna и kala21 им се допаѓа ова.
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Некои песни ти носат посебни чувства.
    Некои песни те враќаат во времето,а некои песни ти носат спомени.
    Убави и лоши спомени..
    Многу е лошо кога си среќен,а во наредниот момент тажен.
    Незнаеш зошто си тажен,измешани ти се чувствата.
    Во дилема си,што да правиш и како да постапиш?
    Дали е во ред тоа што го мислиш и го правиш?
    Дали грешиш.. ? Дали правиш некоја грешка за која подоцна можеби ќе се покаеш?
    Но кој да ти одговори.. кого да прашаш? ..
     
    На Elennaa, hermosa, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Знаете што е среќа?
    Среќа е кога на петок треба да имате седум часа, а ги губите тие 3-те најтешки. :rock:

    Среќата е во малите работи. Убав почеток на денот. :sun:
    Прекрасен викенд е на повидок.
     
    На Someonespecial, Maria.Vampire и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Одам на школо без желба ..Ај да си се спремам инаку ќе закаснам !
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    бобоо за прв пат во живото неможам да дочекам да одам на школо..незнам оти..можеби бидејќи сакам да си видам некој..ии да му се смеам малце на новиот пар.. :* :) :?: