Понекогаш ( како на пример денес ) си мислам дека мајка ми му е мајка само на брат ми, а мене маќеа. Дали дека помал, дали дека машко - не очекува многу од него и се му е дозволено. Ми се јавува и успеа за секунда да ме изнервира, што очекува од мене - да се затворам дома и неа да ја чувам и дружам, додека брат ми не се прибира? Не, рано ѝ е уште! Сега ја чекам да ми дојди од работа па да се разбериме.
Значи има толку тврдоглави луѓе страшно,секој човек греши и треба да добие втора шанса...сите тоа го заслужуваме посебно кога искрено ќе се покаеме и извиниме за таа грешка.
Демократија ти е кога педерите и лезбејките можат да ти речат дека си заостанат, затуцан, глуп, неандерталец, глупо македонче оти не ја сфаќаш нивната потреба за секс со истоветниот пол, ама ако ти речеш дека педерите се ненормални оти сакаат секс со мажи и лезбејките со жени, одна они имаат право да те тужат. Бидејќи нивната нежна душа е лесно повредлива, а ние стрејтот сме дебелокожци и не ни е проблем кога ке речат дека ние сме глупи, а они се на повисоко емоционално рамниште бидејќи се фалат со кој и како имаат секс. Можеби стареам, ама не сфаќам. Можда јас ги гледам поинаку работите, можда они. За да сме рамноправни, треба и јас да излегувам со стрејт луѓе на протести, каде ке го промовираме нашиот секс. Ќе бараме да не не бркаат од работа, колку и да сме лоши, поради начинот на секс. Кога никој нема да не праша, ке им кажеме каков секс имаме. Кога ке не гледаат чудно со фаца - од кај сеа муабетов за твојота пи*ка у среде состанок, ке викаме, глупи, неандерталци, не сфаќате вие дека се е нормално. НЕ Е. Ич не ми е гајле каков секс и со кој имате. Имајте си, живејте како сакате, ама не ми го пукајте вашиот сексуален живот во моја дневна агенда. По дома сексот, надвор, НЕ МИ Е ГАЈЛЕ. И не сум јас неурамнотежена ако не ми е гајле за ваквиот секс, они се, оти на сите има кажуваат што прават во интимните моменти. Тоа беше прво што сакав да кажам. Второ, ја имав најубавата година во животов. Си правам спомени. Следната може ќе ми е поубава. Од каде моите амбиции на дневно ниво, не знам. Трето - страшно сакам да се облечам дебело, со капа со топки на краевите, со сјај за уста и да ставам една насмевка од осмица до осмица. Да, сите ми пораснаа. И да има снег, јас да шетам по планините, да газам и да разглобувам животни филозофии за настанокот на светот и сличноста на универзумот со човекот. Четврто - мислите дека е можно, три години, секој ден да се вљубуваш во истиот маж?
Никогаш не сум имала некој баланс во текот на денот, на пример да ми се случи некоја лоша работа, а потоа некоја добра и така да имам хармонија.Некои денови ми се апсолутно прекрасни, се ми оди од рака и целата сум таква насмеана и подарувам насмевки и на луѓето што ќе ги сретнам на улица, но имам и денови кога ми оди се наопаку што треба да се пазам да не ми падне некој клавир од небото врз главата. Како денес на пример. Толку глупости ми се изнаслучија што треба да ги набројувам: Mи се скрши штиклата од чизмата. Го испуштив автобусот за накај дома од градот кадешто студирам Чекав цел саат, со скршена штикла Кага се вратив ме наврна како маче оти јас паметната не си земав чадор. Кога се вратив дома: Се лизнав на мокри плочки Се полив со жешко кафе.(ништо страшно) Така да, ако универзумот ми готви нешто интересно, денес е право време да ми падне лустерот врз главата.
Дали само мене не ми се излегува навечер ? Порано ќе се дотерував со саати, мрзнеев по улициве, одев во најголемите гужви... Сега сакам да си се топлам по ќебенце, да си уживам пред тв со интересна емисија, да си читам книга, да си играм со кученцето, да си пијам салеп или чај...
Ај на здравје шишање, во буквална смисла отиде повеќе од пола коса Уште од кога престана мајка ми да има власт над мојата фризура не сум ја носела со оваа должина, ама ете бидна и се решив, да пробам и нешто друго...и онака ми расте брзо ко да ја ѓубрам Многу сум си убава, вака директно и нескромно да си кажам и цел ден збирам комплименти Да не правам муабет колку лесно се осеќам, просто летам низ просторот. Што ти прави една посета на фризер, цел свет ми доби нова боја...само да се надевам дека малку подолго ќе потрае позитивата од вообичаено. Прогнозата за утре на работа фала богу е доста поволна, конечно еден петок да помине полабаво и да ми почне викендот како што треба. Сепак додека не видам не верувам ама и надевањето ми е доволно за да се радувам. Имајте убава вечер, јас одам малку да се издувам меѓу народ и да си го прошетам фризот додека не сум го фатила со моиве фини рачиња
Незнаев дека Двоумењето било одличен начин да држиш диета. Имам нова тактика ... А ми пројде низ глава некое јадење (вкус), отварам Фемина Инстаграм и автоматски го збунувам мозокот. И почнувам ...ова ми се јаде,ова ми се јаде,....и така ќе си разгледам едно три четири страници и на крајот, затоа што се од понуденото ми се јаде, неможам да се одлучам што да си зготвам. И си останувам гладна со 500 вкусови во глава
Денеска ми е еден од оние денови каде мозоков ми е на пасење и делувам ко најглупавото суштество што некогаш газело на планетава. За да биде бељата, баш денеска се погоди триста работи да треба да завршам. Се избрукав пред асистентката, се избрукав на автобуска, ќе се зачукав во толкав знак на улица...па дури и сега по форумиве не читам ко што треба. Листам низ најновиве мислења и... Совети за бебиња ја читам Совети за бегање Проодување кај детето - Породување кај детето На ТВ се појавува она „Родителски надзор“, мене ми се чита „Родители надвор“ WTF BRAIN?! Страв ми е утре да не се разбудам и пак да сум исто глупа ко сега.
Животот мој не е можно да биди се погрд и погрд, неможи погрдо и понеубо да се чувствувам. Девојче на 20 години со толку нерви не можи да биди. Се чувствувам истоштено се ми е преку глава дојдено..
Нема нешто поубаво од заокружување на напорен, но истовремено продуктивен ден во кој конечно ти се исполнил некој долгоочекуван успех - со мала самонаграда во вид на долг релаксирачки туш. Едноставно целиот претходен стрес и напнатост како со магично стапче да испаруваат, а благата горда насмевка уште повеќе ти се разлева на лицето. И таква мека и разнежнета, само ти треба ќебе и една лесна книга или филмче во празничен дух и ништо повеќе. А кога опојниот мирис на чисто ќе се измеша со оној од кујната, на омилениот колач - изненадување од мама... поголема милина? И ај сеа да не те фати предвикендско комфорт расположение! Ви посакувам убава вечер со релаксирачко музиче!
Значи, не ми е јасно, како некои луѓе не го исфрлат од речник „ јас“ , јас, јас, јас, јас, јас, јас и никој друг работава и притоа си присвојуваат комплименти, секако позитивни и кога ќе скокне егото до небо, коса да ти се крене, четка фризура А и мислам дека и хакерка ќе треба да станам, а ми се чини сум тргнала у тој правец а и детектив, истовремено.Тоа е кога некој ќе ти крене притисок, па и министер/ка ќе станеш ако треба.
Уште ваков ден немав доживеано женски, во 6 сатот станав со тешки маки решив сама без колешки да одам на факс и да бидам редовна на сите предавања ташната ја наполнав со пакетчиња за пуштање во глопко , и така сама со такси си заминав на факс ташната ќе ми пукнеше... хахах во 7,30 ми се пријаде ненормално и тоа геврек како ненормална одам по пат и јадам како невидена ма тоа ученици ме гледаат јас си цапам цапам ... почна првото предавање во 8 си заврши во 10 ... цело време мислев кога ќе има пауза за да се спасам од пакетчињата дојде и тоа време , во 11 ми се пријаде пак геврек ауу мајко мила и пак си купив јас така си јадам седната и кога зад мене познат глас ауу си викам кој ли е, и станав се вртам да ја земам ташната кога оп бившиот се судри со мене аууу си викам во глава добро бе аман бе хахахха како да речам извини си викам хахах кога ете тој извини девојко, нема зошто да ми се извинуваш дечко беше мојот коментар (јас не сум јас ако не се побрукам бе ) си платив сметки во банка бичам на факс ... чекав цели два часа за да ми почне другото предавање кога ме фати некоја досада брее селфи , сликање на чизми фармерки се изнасликав, гњаважа невидена сум бе на фб на сите им се распишав. досадна им бев знам ама што да правам па и мене ми беше досадноо.. конечно ми заврши и последното предавање кога на крај мајками алоо мајкина вград сум ќе дојдиш со мене , ако ми купиш нешто мами идам беше мојот одговор па така си купив материјал и однесов да ми сошијат сукна... мајками си купи тоа што сакаше кога оп ете го пак бившиот цел завиткан како во сибир да оди дечкото хахахах ме гледа ме гледа мајками го примети и ми вика овај е тој за кој одпосле дознав хахахха море море те испи со поглед хахаххаа
Имам невообичаена љубов кон опрема за спиење. Се подновив со пижами и постелнина, дури и сум убедена дека повеќе и се радувам на нив отколку на нови чевли (што се случува со мене ). Си посветив третман на себе под долг туш и злоупотреба на сите можни креми Укотвена у кревет покрај фемина си бирам некое лесно книгиче за читкање онака да го пуштам мозокот на пасење и оп ми текна дека си донесов работа дома. Ете така изгледа постелнината и пижамките оваа вечер ќе останат неискористени.
СДК вчера вечерта си поминав многу убаво. Бевме со една другарка на кафе, се изназборавме, се смеевме за ситници, а потоа не ни беше ладно, па шетавме мноогу. Баш добро ми дојде прошетката, ми се избистрија мислите. Не си заминав со такси, сакав да слушам музика како порано. Пресреќна бев, се насмевнував без никоја причина, душата ми беше исполнета само со позитивни чувства. И баш кога помислив дека мачето кое се вртка низ маалото го немам видено неколку месеци, излезе од некаде и почна да трча по мене Душиче мило... Ме испрати до зградата, знае до каде, а потоа остана надвор и ме гледаше тажно. Веднаш би го зела дома, само моите проблеми да не ми правеа...
СДК...доста веќе доста ми е, од татини и мамини инови, од пријатели на министри, внуци на директори и слично. ДОСТА веќе со митото, ДОСТА страдаат невини луѓе, зарем нема ни грам правда на овој нечист свет?
Прашај некого дали слуша турбофолк..и автоматски одговор е НЕ, никако тоа!!! А доаѓа Нова Година, само оваква фаца праем ..шо ќе видам, тие што викаа дека "не слушаат" такви песни, зеле се распеале, разиграле.. абе партал се праат...мислиш вени сечат..