Значи, пиво не се пие со сламка! Се пие од чаша или пак, ако сакаш ѕидарски да го фрлиш, директива од шише.. Шо мајка бараш сламката у шишето да ја буташ? Ако веќе ти е до препичавање, пиј нешто друго, не ми го малтретирај пивото.. Не го расипувајте пивото, ве молам! Жалосно е па, криво ми е.. Пивценцеее, елај си кај мама, јас ќе ми те чувам и пијам како што заслужуваш
Најискрено,едвај чекам да поминат уште овие две недели и после да се наспијам ко човек-мислам, како мечка во зимски сон!
Периодов си го проаѓам the time of my life! Преубаво ми е, што мислам дека сонувам и страв ми е дека се некако брзо ќе заврши дека наеднаш ќе ја снема магијата. Ужасно ми е страв што пребрзо се приврзувам(В) за едно човече, страв ми е дека јас прва ќе го показам она моето дека не ми одговара casual врска. Колку сакам да сум без емоции и да си газам напред, no matter what...:/ Од старт знаев на што се согласувам и каде одиме. Од друга страна другарките мои наместо да се радуваат со мене чудни испади имаат и немаат време кога мене највеќе ми требаат и кога сакам да им раскажам нешто... хм?! И така се се сведува на старите пријателства што до вчера се колнеле на другарки засекогаш одеднаш да снемат рутина, и да не им одговараат твоите принципи и размислувања. А јас пак во меѓувреме сретнав нови со исти, слични сфакања... и така времето поминува.
Ххахахахаха мор Кимке, ме изнасмеа е ако де, уште еднаш добредојде ќе му посакаме, што имат врска Ме расположи, да ти кажам
Kitenje elka,dobivanje baknez za sekoj staven lampion,neizmernata srekj vo ocinjata na vnuk mi...neprocenlivo cuvstvo! <3
Си ги спакував најважните работи,најнеопходните,колку да имам за првите денови после веридбата,па останатите покасно ќе си ги земам.Најнеопходни а полни куфери,а само кукам немам што да облечам.Рано е мајками вика сакаш пред време да ни заминиш.А времето ме гази.Следува недела на слави,чистење средување,работни обврски,си помина времето така набрзина.Како вчера да беше кога му кажав ДА,ајде реков има време уште 2 месеци за психички да се подготвам,времето помина а јас неподготвена.Незнам што да земам што да оставам,се е мое и потребно.Како во кома сум,како ништо да не се случува,а за една недела го напуштам својот дом.Не за џабе рекле,порано подобро е,не мислиш мала си се ти е мед и млеко,ехххх...............само здравје Господ,за убаво нека е...
Спојлер: мисла СДК ... Пред извесно време добив интересен став од машка личност ... " За другите ќе бидеш посебна се дури си таква, а не станеш обична. Биди задоволна што е тоа така."
Денеска си земав книга ... да да книга , секој роденден роднината ми доаѓа и ме носи во некој трговски центар и ми вика земи што сакаш ќе ти купам. И така земав книга наместо тоа што обично си зимам Се разбира не некоја романтична или длабока книга што ќе заспијам после 5 мин читање туку од авторот Stephen King , наречена "Skeleton Crew" 700 страни , толку ни на факултет не сум имал книги , барем ќе има сега што да се чита и ужива Колачите ги нема , кока колата ја има , гостите се пред врата , така да ќе биде убава вечерта , убав начин да се започне 23ката или ѓаволската бројка (според Џим Кери филмот)
Има луѓе кои во некои ситуации на некој начин бараат помош. И кога ќе дадеш свое мислење, значи само мислење како би постапиле да сте на нивно место. Не им се допаѓа. Можеби повеќе ќе им се допадне тоа што сакаат да го слушнат. Епа што прашуваш кога не прифаќаш друго мислење. Отплеткај се како што се заплетка. Не, не е злобно ниту нехумано,кога веќе се бара нешто нека биде реално. Нема послеп човек од оној кој намерно не сака да гледа. Почит кон оние луѓе што прифаќаат критика, знаат да се извинат и знаат да ја применат таа критика и да се надоградат. Сдк - 2 постојт личности кои знаат, умеат да ти се завлечат пикнат под кожа, течат по твојот крвоток. И, едноставно не можеш да не ги сакаш Сдк - 3 пријатна вечер
Тешко е кога животот ќе ти удри шамар, дотолку ќе те зашемети што не знаеш дали сонуваш или тоа што се случува е вистина. Чудно е чувството кога си верувал во една слатка лага, и си ги градел сите свои соништа, чувства, дури и погледи на светот со месеци врз истата. Не можам да се помирам со фактот дека постојат такви личности, дволични ли, расипани..? Не знам со каков збор да ги опишам. И зошто, побогу, откако малку си дојдов на себе си пак се враќаш со зборовите дека никогаш не можеш да си простиш, да сме разговарале? Не можам ни јас. И не сакам да ти верувам. Проклет да биде тој ден кога те запознав, и тој град, и сите пороци што ги донесе со себе. Очајно сакам да свртам нов лист, но ќе успеам ли? За почеток го пополнувам листот со нови личности што за кратко време ми прираснаа за срце, и верувам ќе испишуваме уште многу, нови стории. Една личност засекогаш прешкртувам, оти ете не заслужила да ми зафаќа место. Уште малку одмор, и планирам и овде полека да се вратам... Се ќе биде добро
@ozbilnazena Секој од нас во такви ситуации бара совет, но сака да го слушне она што е негова одлука за тој проблем, а нешето мислење да му дојде само како охрабрување. Според мене тоа е сосема нормално и скоро сите така реагираме. Одбиваме да ја прифатиме вистината и вината ја префрламе на тој што сака да не соочи со неа без оглед што знаеме дека таа личност е во право. Симпатични ни се оние луге кои прават и кажуваат она што ние сакаме да го слушнеме а не оние кои ни мислат добро и ја зборуваат вистината. Затоа и нај убаво во животот поминуваат оние кои се улизуваат за разлика од оние со свој став, улизувачите сите ги сакаат. Тргнувајки од себе и нешто што е поврзано со форумов, дали се случило да ти се пикне под кожа некоја феминка која има различен став од твојот, која е во право, која те корегира кога грешиш... Дефинитивно не, туку само оние кои ти го креваат егото, стискаат лајкови и викаат браво. Ова не го сваѓај лично туку ми даде добар повод за да и јас прокоментирам на оваа тема.
Исполнета сум со неочекувана, смирувачка позитива и имам чувство дека конечно го постигнав мирот кој толку долго го барав, за да се утешам во неговата прегратка кога ќе ми здодее од хаосот, и да го фрлам како стара крпа кога повторно ќе сакам да се дружам со него. Како и да е, сите тие чувства можам да ги сместам во само една реченица: Во маглив и студен зимски ден чувствувам мирис на лаванди помилувани од августовско сонце.
Недела. Ден за одмор или подготвување за почетокот на седмицата? Второ би рекла. Утрово видов нешто кое ми го разубави целиот ден. Не кажувам што е. Друго, дефинитивно имам повеќе самодоверба од порано и успевам во она што ќе го посакам. Ај, да не досадувам многу. Имајте убава вечер и новата работна недела да ви почне онака како што сакате.
Дека денес сум мамурен, понекогаш дури и сакам да бидам, на тие мамурни денови мерак ми прави музика да слушам некако поубаво ми звучи. Исто така на тие денови лежам и размислувам и не ми се прави ништо друго.
Нешто што најмногу боли, а не можеш да си помогнеш... Срамот од самиот себе. Глупостите што си ги правиме, најмногу печат. Само кој да размисли убаво пред да направи нешто или пред да каже нешто! Има толку нешта што сакам да ги заборавам, ама ни времето ги лекува, ни ништо друго не ги брише....
Strumka22, мојот пост нема никаква врска со ниту една форумџика Твои погледи мои погледи, не би додала ништо повеќе од она што сум го напишала погоре. Што се однесува на членовите... Лајковите ги немаше кога се зачленив на форумот, има лица кои ги почитувам и ми се драги, а има и такви кои иако ги нема знам да ги поздравам. Не због лајкот или некакво си подигање на его... Да, имаше една феминка која така добро ме искара, нешто подоцна и бев многу благодарна. Штета што ја нема. Нека душо, поздрав до тебе
Порано често пати чувствував срам за доста работи дури и често запаѓав во депрасија поради тоа, но како што помина времето сфатив дека иако жалам за некои работи сепак чувството на вина и срам не помага, туку напротив.
Сите штедат пари за да си приуштат некое парче облека, некоја шминка или слично, само јас собирам ситнурии за да си купам шише Коњак Е, неколку пати имам собирано железни парички за да ги спискам во шише Коњак. Празници се ближат, па шо