Koga covek napravil nekoj adet so radost te izvestuva deka go napravil adetot,mislam deka treba da kazes airlia neka vi bide a ne da mi kukas nad glava ama za nareden pat ke si se raduvame samo nie bidejki takvite luge kako tebe znat samo da prekolnat ic ne mi e gajle dali ke recis ne sme kazele nareden pat Airlia da ni bide denot,adet i pravevme so tatence denes na princezata mama podgotvi se za nea i airlia da ni bide zdrava i ziva i za mazacka da docekame sonce mamino
Нешто ме фаќа новогодишна еуфорија за разлика од лани, кога ми беше сеедно дали е нова година или не, не знам ќе паса
Кога ќе ми текне на обврските што ме чекаат утре... а толку беше убаво ова кратко безделничење во коешто не ми е гајле за ништо...
Многу ми е криво кога ќе видам раја што бара проектни/семинарски, па дури и дипломски, итн итн. И тоа зборуваме за работи напишани од А до Ш, кои подоцна би ги презентирале ко свои и оценките би ги земале ко свое достигнување. Сфаќам јас да се побара материјал и помош од поискусен, ама да не ја знаеш основата на темата, а да бараш убаво и детално објаснети тези и анализи кои нема да ги разбереш пошто друг ги истурил душата и паметот за тебе, ми е криминал. И најкриво ми е што нема да дознаат колку знае да биде мачно истражувањето некогаш, но колку е послатка наградата на крај и колку се корисни научените информации. Жал ми е за сите оние неразработени тези за кои можеби би имале нови идеи. Жал ми е за сите оние прекрасни и поучни, а необработени, занемарени ликови од книгите. Жал ми е за површноста на побарувачите што во тоа гледаат само досадна обврска што може да се заврши за пари или со помош на непознат, интернет јунак.
Сакам да кажам дека утре официјално ако не добијам барем тројка математика цел распуст ќе се затворам дома. Спојлер Лажам Иначее,држете ми среќа, да не си ја расипам тројкава.Глупа сум, не можам да извадам 4ка, а камоли пак 5ка, али скромна си сум, едно 3че и јас ќе бидам најсреќната девојка на универзумот. Ајде отидов јас да си го испијам нескафето, ме чека долга ноќ,и прва смена на училиште после тоа. Креветот ќе си почека.Ќе ми недостигаш љубов,едвај чекам утре после часови да си се дружиме.
Многу мислат дека песната е за наутро... Јас можам да кажам само дека јас сум будна, а вие??? Сакам да можев да живеам во свет каде што се е позитивно, но не е, за жал, реалноста премногу шамари удира... Затоа сум будна... Се тешам само, со упорноста и борбата се добива она што се посакува.
Едноставно не ми е јасно, како може на одредени луѓе, да им се поважни парите, од самите себе си, како одеднаш во трката за пари, се губат себе си, својот карактер, достоинство, почит према себе си и други.Како можат парите, се тоа да надокнадат некому? Како само со парите, се чувствуваат исполнето? Не разбирам. Човекот, кога доаѓа на овој свет, доаѓа во мир, тишина, од која подоцна, се плаши, заборавајки дека му е својствена, но низ целиот живот, се преоптоварува со работи кои смета дека треба да ги реализира, толку цврсто се држи до нив, не попушта, како ете пример, што кажав за парите.Тоа што останува, а и што треба човекот да го задржи е духовното, а не материјалното, за да си дозволи, глава да изгуби заради истото. Премногу се лажат луѓето, мислејки дека се е во парите, дури не може тоа да се опише со зборови.Треба човек да ги има, но онолку колку што смета дека му се потребни, а не премногу за да не знае што да прави со истите. Кога би знаеле луѓето колку вреди животот, со прст нема да мрднат, да одат против себе си, а не пак да си ризикуваат живот, не дека не знаат, само не прогледале доволно.
„Грев е да се жалам дека немам леб да јадам. Не е дека јас овде не можам да живеам, туку немам на што да се надевам." Ете тој човек, со кој сме се дружеле многу години од кои имам само убави спомени, денес го испративме и му посакавме добар пат. Лежам во кревет и не можам да заспијам, зашто во глава ми поминуваат сите интересни случки што сме ги имале, сите новогодишни прослави, родендени, излегувања, куќни слави, дружења, сите ноќи поминати во играње карти до сабајле, сите частења по повод возачка, дипломирање, магистрирање, вработување... Си се сеќавам само на убавите моменти. А во меѓувреме си помислувам на тоа каде ми отиде генерацијата, каде отиде друштвото, на кој крај од светов заминаа сите да си ја побараат среќата. Тешко е, зашто тука си израснал, тука те врзуваат многу работи, тука ти е сѐ. Ама каде и да се свртиш, гледаш само ѕидови. Си вложил во себе, и труд, и време, и пари. За на крајот единственото решение да ти биде карта во еден правец онаму каде ќе почнеш од нула да градиш нов живот. Веќе е 3 по полноќ, доцна е за вакви тешки мисли...
Ако понеделник ви е најомразен ден поради почеток на нова недела образовни/работни обврски, не заборавајте дека има луѓе на кои секој ден им е понеделник. На пример, работникот во спојлерот. You've been warned. Спојлер
Кога некого сакам, сакам. Се вложувам премногу и го очекувам истото и од другата страна. Не сакам да давам без да очекувам ништо па колку сакало тоа било себично. Го сакав многу, премногу. Ги проголтав сите понижувања, ги проголтав сите лаги, неисполнети ветувања. За по речиси две години после сите лаги го фатам како "пријателски" се дружи со друга, лажам други и тоа не знам колку се другите. И немаше да ми биде криво да беше таа се нај, нај, ќе му ја посакав цела среќа иако ме лажеше, ама криво ми е што ме лажеше дека тоа што она е во брак е доволно да не се грижам и да ја гледам само како соработничка, која е прилично грда ама многу мила. Очигледно не била така грда, а и била премногу мила, а и бракот што значи денес? И немаше да ми биде криво ако си ја послушав интуицијата и уште првиот пат кога видов како го гледа, а како тој се прави као блесав на тоа да се свртев и да си отидев засекогаш. Ама сега ми е криво, криво ми е за сите ноќи што сум ги поминала сама додека тој некаде се пијачел, шврљал вадејќи се дека работи. Криво ми е што толку вложив во неговата верба дека ќе успее, а само западнавме во долг. Криво ми е што најверојатно со тоа што јас сум двоела од себе тој им плаќал кафиња на други. Криво ми е што му верував. Но, најкриво ми е што ми ја уби вербата дека може човек искрено да сака. А во глобала пред сите беше срце, пред сите бев неговата мала и неговото се. Криво ми е што покрај таа лажна слика за љубов, среќа и надеж за иднина не видов што всушност прави и дека се губам себе. Криво ми е што ми ја уби вербата. Како сега да верувам на некој друг? Времето лечи се? Можеби и ќе залечи нешто, но како сега да се почне од почеток, да се пронајдам повторно себе? И тенка е линијата меѓу љубовта и омразата, ама во моментов се мразам себе што тој сеуште стои на линијата и не ја преминува границата. Барем можеби ќе ми биде полесно ако го мразам.
Долги се ноќите кога очекуваш нешто да се случи, уште подолги кога не знаеш што се случува. Утрово исто, ненаспана и пак во чекална. Го молам оптимизмот мој да се врати, потребен ми е.
Сеќавањата за детството имаат посебно место во мојот живот. Сместени во еден долап и обвиткани со убава панделка се чуваат нежно како кршливи играчки од непроценлива вредност. Пристапот до нив е индивидуален, посебен, со доза на сериозност и почит и само така можам да насетам колку носталгија всушност е присутна во тој недопирлив простор кој ќе ме следи до крајот на патеката. Запечатен е како генетски код од кој нема бегање. Незимерно ме исполнуваат деновите кога насмевката беше природно исцртана линија на лицето, кога срдечноста и ракувањето искрено ја затоплуваа душата, кога низ погледот бликаше неизмерна среќа и кога секој на секому беше пријател. Признавам дека дел од мене припаѓа на таа замрена епоха во која многу научив за човечките вредности и животната егзистенција. Горда сум на моите претци. Честопати се фаќам себе си во костец како еден дел од мене е носител на емотивниот вирус соочувајќи се со копнеж за минатото кое навистина ми значи. Потребата од прелистување на приказни и спомени е духовна храна што недостасува во сивата сегашност и бледата иднина. Времето кога изборот се сведуваше само на неколку работи, па уште од почетокот беше сè поедноставно одамна е завршено. Малите, но едноставни работи кои ми го исполнуваа детството веројатно ќе им бидат патетично смешни на моите деца, на истиот оној начин на кој јас не ги сфаќав солзите на моите покојни баба и дедо. Сега знам зошто порано имавме пари, но немаше што да се купи, а денес има се за купување, но парите скоро и да ги нема.
Добро утро радни народе. Јас сум станата од 7, испив едно кафе на раат. Сега малку на фемина ( да не пропуштам нешто ), и после да си ги почнам обврските за денес.Имајте убава недела.
Зима не е зима без убав нов капут, без нов шал долг еден километар, без старата добра мека баретка и смрзнати прсти на рацете. Во принцип мразам зима, ладно, магливо и тажно, не е за мене тоа, јас сакам сонце, сакам да ми биде топло, да не бидам стуткана ко еже. Но сакам снег, убави снежни утра и топли чоколадо во омилените чаши, врел чај кој го гори грлото и го покачува либидото, ѓумбир, мммм.... Конечно заврши инквизацијата наречена 50 нијанси. Мило ми е затоа што буквално преовладуваше со мене извесен период. На моменти сфаќам дека нешто недостига, но потоа ќе го погледнам него и знам, ќе дојде, ќе биде тука со нас, можеби следната зима, да се грееме под топло ќебенце. Е така просветлувачки влијае на мене оваа книга
Понеделник, а мене ми е сеедно. Иако тој ден ми је најомразен од сите, денес не го чувствувам ми изгледа како нареден ден како и да се вика. Барем мене ми е сеедно иаока постојано на работа без ниту еден ден пауза. Уште 2 недели до Нова Година.Ѕиркам низ прозорецот можеби ќе видам некое расположено лице, а таму стуткани подгрбавени фигури како целото бреме да го носат на својот грб. Гледајќи кон спомениците се чувствувам како во музејот на восочни фигури само што таму некои ликови ги препознавам, а за овие се прашувам од каде излегоа, колку и што направија за нашава Македонија па засдлужија овде да се перчат и тоа високо над маглата која што овие денови не обвитка нас обичните смртници. Не, не кукам едноставно сакам да кажам дека се е монотоно безлично и многу сиво. Дефинитивно стареам.
Кога и бар на момент да помислам дека конечно сум среќна, ќе се најде некој и ќе ми ја украде таа среќа. Дури и кога не му е потребна. Кога и бар на момент да помислам дека конечно сум мирна, ќе се најде нешто кое што нема да ми дозволи око да склопам. Кога и бар на момент да помислам дека не морам утрешниот ден да го поминам глумејќи дека немам извитоперени мисли, горчина во душава и страв проткаен во секое мало ковче од телово и да се воздржувам од тоа да бидам тоа кое што навистина сум, ќе дојде нешто кое што ќе ме предупреди дека светот е исполнет со зли, мрачни, железни срца и психи. Да бевме малку потопли одвнатре, можеби немаше да биде толку ладно надвор. Сакав да признаам само, многу сум несреќна во моментов. Очајна сум. Ми лежеше на душа. По не знам кој пат во животов, среќата ми го сврте грбот. Нема проблем, се навикнав на тоа. Навистина ме заболе токму тоа што една друга личност исто така ми го сврте грбот. Е, тоа не го очекував.
Не знам кој е за Гламстик на форумот, ама не сум јас Барем сум реална и се понашам како што ми доликува за годините. Знам кога да бидам вицкаста, кога да фантазирам, кога да сум сериозна. Форумот отиде во неповрат. Еве да не им ја уништувам темата пошто си пишат писменца до Дедо Мраз, пишам што имам да кажам овде. Тие дека многу фини сите ќе ги сакаат, а мене готово, ме мразат Им се вмешав во замислениот свет... Ко тогаш бандата на Величествениот ко беше... Арен е само тој што се лижи, ако кажиш нешто против готово, на клада ќе те стават. Јас трол сум била, хахах одамна се немав насмеано ради вакви коментари . Како и да е, кажав што имав да кажам, од мене убав ден
Каде е бре овој снегов да не треба со покана да го викаме, аман хахах . Едвај чекам да дојдит па ќе играме со друштвото