Во Македонија најубаво е да си пензионер. Многу си привилегиран, а ако си имал среќа и си земал солидна плата и некој роднина во странство може ќе се прошеташ еден месец или повеќе. Студенти кои не студираат во Скопје, а се запишале на некои факултети колку да завршат нешто се исто така среќни суштества, зошто си ги полагаат сите колоквиуми, а на лето се знае Америка, Германија или во Грција на работа и на шетање. Најлоша комбинација е кога имаш роднини во странство, сите пари ги даваш за факултет и за кирија и секогаш имаш нешто за полагање во Август и Септември. Најлоша од најлошите кога твоите родители се поканети на свадба во странство, во земја во која ќе одат втор пат по две години, а ти дома ќе тепаш муви со книгите, ќе плачиш и ќе се жалиш дека е жешко, ако имаш дома некој, ако не сам со себе ќе си зборуваш. За Нова Година и Божиќ дома се сите. Седнуваш да учиш и татко ти пушта музика, не тивко, најгласно што може ти ги обвунуваш сите други и се закануваш дека ќе си одиш во СК... најтрагично е што никој не ти вика да останеш дома, зошто со учењето им сметаш во прославата. На Божиќ ми е роденден, изгледа вака ќе си го поминам...
Кога нешто не сака да биде-нема да биде, колку и да туркаш, да се молиш, ќе остане така како проколнато. Просто некои работи не зависат од тебе
@SwanMay , вака јавно ти се извинувам за моите два навредливи поста во кои беше означена ти. Крајно невнимателно од моја страна ама тоа е кога ќе се спојат жичките. Знам да навредам ама знам и да се извинам. Види колкава чест ти правам само да не си лута Ај сега одам да ја посетам и темата за психијатрија т.е. психологија и да се соземам после галамата на веќе познатата тема. Една гушка од мене до тебе
Добро луѓе, до кај стигна државата наша??? Од една страна онаа овца т.н министерка ала БРката Јанкулоска вработува по 400 полицајци на секои 6 месеци, а од друга страна му ја дере кожичка тенка на народот прост. Сведоци сме на високите казни и строги контроли на секое ќоше кој директно удираат по грбчето пак на сиромавиот граѓанин, кој за жал нема врски кој ќе му ја замижат пред прекршокот и на тој начин ќе остане неказнет. Како што е случајот со спротивните на нив. Усул да се немало еј, за лична карта се наплатува 700 денари. Ало, алоооооо.... Ова е чиста срамота, пред 5 години беше 250 денари, а сега 700. Кај го има другде ова? За 5 години плус 500 денари. Мизеријо македонска, мизерна си била и вечно мизерна ќе останеш. Да ми е срам да кажам во која мирезерија живеем. За еден обичен мочан документ во полиција морам лекарско прво да вадам, след тоа да платам одредена сума и на крај да го добијам мочаното ливче. Значи отишле 50 евра. СРАМОТАААААААА! Овци за стрижење кога ќе најде Груевски, ќе стриже. Ми се гади веќе Треба Грујче да воведе некоја давачка (дај Боже, што поскоро) бел ден да не види овој народ. Веројатно тогаш ќе се освести. Се пропаѓа, се тони, а пак народот вели амин, убаво ни е. Мирезрија.
@anina Драго ми е што поразговаравме и го решивме недоразбирањето. Те поздравувам и ти посакувам убав ден.
Јас повеќе не се замарам за ниту една моја колешка. Ај па више. Ниту една не дошла на предавање, не може да стане да си заврши работа. Јас сум била крива што она трчала насабајле до банки, по пријави, што е ненаспана, што е нејадена зошто јас не сум сакала да и завршам работа. Маа немој молим ти се, а ти ќе си спиеш. Е нема,више не ме интересира дали треба да купите пријави, дали треба да уплатите. И јас незнам ништо што сакате правете. Ај па на секому правиш добро ти враќа со лошо. Ајде уште оваа година и кој ве врти више, небитни сте.
Го знаете она чувство кога одите до продавница со еден куп железни десетки а помеѓу нив се нашло по некое денарче и на каса од сите можни десетки ти го вадиш денарот?
Зошто пишат и тоа сто треба и тоа што не треба некои личности на фб ,попамедно би било некои мислења да си ги задржат за себе
Морав да те цитирам. Добро бе, чоек, абе остај ги на луѓето да прават што сакаат. Мислиш сега ако ти кажеш „аај, глупости, писменца до дедо мраз“ сите што пишуваат во темата одма ќе престанат само поради тебе? Разбери дека форумов не е твој само, а ако не ти се свиѓа, вратата ти е широко отворено. Та мене ако ми се смешни и глупави некои теми скролам и ќутам, а не се карам таму да им го докажам спротивното бидејќи тоа едноставно не е возможно. Никој од нас не е никаков фактор тука кој ќе кажува што да се пишува, а што не, па така не си ни ти. И ако ти личи форумов на гламсик, догаш чао, пријатно, и се’ најубаво. Не знам од каде, ама во последно време ептен изникнаа форумџики што кукаат по старите членови и стариот форум како по Југославија. Де смирете живци малку, а тоа што не можеш да се помириш што другите пишуваат писма до Дедо Мраз, е лично твој проблем. И немој да викаш дека не ти било гајле, да не ти беше немаше ништо да напишеш. Ми се чини како години да имаш, ама се наоѓаш во некоја фаза на „Еееј, Дедо Мраз, пфф, детски работи.“ Како пубертетлиите што мислат дека пораснале.
Конечно звршив голема работа. Но ме чека уште поголема. По се изгледа вистина било кога ќе ти речат работи, кога ќе умреш ќе одмараш.
Кој го измислил тоа да не може да се маневрира со Времето? Зашто не е природен ресурс да си го набереш од некаде? Имаше еден филм, убаво го имаа смислено тоа со прешалтување време навака-натака. Кога ние така?! Уплав ме фаќа кога сфаќам дека се нема време . Па и оваа 2014 се пакува да замине . Чекај мори? Каде брзаш? Времево лета пре-пребрзо. Па не се договоривме така! Згора на се, уште чекам Виле Вало, средношколската љубов, да ми пише или барем да ме заследи на инстрагам, но ни од тоа ништо. Па нека му даде времево шанса додека е релативно млад, па и јас сум душичка . Се соочувам со уште една страшна вистина. Лошо е вака постепено кога ми се трупаат обавези за понатака. Викаат: кого можеш да сработиш денес, не оставај го за утре. Годинава не бидна што не бидна, значи нареднава му е мајката ама па кога него да го згрижам, кога другите новозапознаени љубови од малите екрани ? И после чудно било што алкохолизмот зема се поголем и поголем замав.. #летаВреме #celebritycrushes Спојлер: лалалала Ваша М,
Четврти Њутнов закон: дури и кога најуредно ќе ги наместиш слушалките и триумфално ќе ги ставиш во џеб, некоја виша сила ќе се погрижи да го направи најзаплетканото уметничко дело од нив. A најризична ситуација е кога ќе ти се најдат ставени во џеб, мала ташна или некоја мала преграда од ташна, а после нивниот краток престој таму по дифолт се заплеткале околу сите останати предмети. И најголемиот страв е дека обидувајќи се да ги извадиш - ќе повлечеш и мобилен, и некоја ситна пара, и клучеви и дека се` ќе ти испопаѓа... ...true story!
Шо му е финтава на машкиве? Зна воопшто шо сака? Нејчеле лесни женски, после сакале некоја така разголена со големи атрибути за една вечер, нејчеле обврзување ама сакале некоја да си најда.. Не знам дали само јас на вакви налетувам, или кај сите е така на денешницава ама како и да е ме живцира ко че се почни нешто со некој и после ти дроби срања, или се прај ко ништо да не било..
Еден јавен поздрав до Марфи,очигледно за него само јас постојам,да ми руши и планови и се по ред. Прво,се одлучиле забиве сите да болат во иста недела(колоквиумска) и си викам заради еден е цела работа.Одам на заболекар,ми кажува пола заби ти се за поправање,и тоа што ти било пломбирано,отишло од рака И лицето ми е отечено како топче. Ама ајде,ќе поминам од тоа,ами со ПМС што праиме? Решила и теткава со Ферарито порано да дојде,па освен горниот дел од телото,сега и долниот ме боли,знаете каква болка е,онаа озбилната. Трета работа,таман да си земам една убава колекција од маркетов до мојата зграда,дека на попуст,и завршила акцијата А пак онаа фамозна новогодишна вечер,за таа не знам веќе Ќе одлучам некаде да одам,ќе ми стигнат триста подобри понуди,ќе одлучам дома да седам и дома ќе останам И ми се скинаа омилените фармерки. И сите пара чевли ми се за на чевлар. И треба да испаднам на битен настан вечерва,а косата ми е како слама(ко заинает,а кога седам дома со лаптопот и храната ми е како на принцеза) Фала ти Марфи,ајде оди тормози некој друг сега.
Living on the edge ти е уствари спремање испит и колоквиумска во еден ден или пак 2 теста + 2 испрашувања во еден ден.
И одиш по улица и си отплеткуваш по пат па и така се заплеткуваат, да ги заплеткуваш, нема да испаднат такви, какви што самите се прават
Имам само една единствена желба за Новата што следи. И од дното на душата посакувам да ми се оствари. Иако сум се поубедена дека и од тоа ништо, остана само да се надевам и да ги раширам сите позитивни клетки низ мојов мозокАјде бе Дедо Мраз, баш бев добра девојка годинава
Има и бетер од вакви. Ѝмав јас две кои уплатница не знаат да напишат. Уште пак ти викаат дојди до кај мене,земи ги уплатниците, оди до кај другата за истото и оди до пошта да ни уплатиш. Извини цела населба немам намера да ја шетам за вас. Уште на крај ми викаат како смеам да ги одбијам, што се замислувам. Среќа не ги држам и подалеку од мене се.
Сакам да кажам дека периодов за славење Нова Година не е како изминатите години. Сакав да си заминам негде да се прошетам, или барем да бидам на планина негде со снег и да си се излежавам да се гушкам да си пијам винце или чајче. Ете така сакам.