Ги обожавам Новогодишните празници,уживам во убавините кои ги носи Декември. Тоа што сакам зима веќе знаете ама па и едвај чекам да заврне снег. Долга прошетка со него рака под рака облечени во топли палтенца и носчиња црвени како Були да одиме без да разговараме,да се разбираме со поглед и да се смешкам секогаш кога ќе ме погледне Елката веќе е накитена,секое делче од домот е убаво украсено а во дневната во средина на собата ја поставивме елката. Мајка ми се радува повеќе од мало дете. Секоја година јас и таа украсуваме низ дома се, сестра ми не се замара ич а оваа година ни помогна и татко ми.Незнам што му е ама ме изненадува се повеќе и повеќе во последно време и тоа во позитивна смисла. Ги гледам и се радувам, како мали деца се смеат и си дофрлаат некои зборови еден со друг,подаваат лампиони,вклучуваат сијалички ах нема ништо поубаво од сложно семејство Дајбоже секогаш да ми се вакви насмеани,да си се почитуваат еден со друг. Чуствувам како повторно да се вљубуваат еден во друг Спојлер: еве да видете како изгледа елката :D
СКД сестрa ми е oпседнaтa сo "Сoлзи и смеa" Им ги знaе скечoвите нaпaмет, нoн стoп им ги гледa видеaтa и дури имa некoи песни нa телефoнoт. Викендoв нештo бевме вo Битoлa и oнa им се јaвувa нa другaрките и им кaжувa, гo видoв мaркетoт Свети Тoмa, ги видoв грoбиштaтa кaде штo јa снимaa епизoдaтa "Кoлaче", a јaс седaм и зaчуденo јa гледaм. А дo душa и мене ми фaлaт времињaтa кoгa oд тaкви ситници се рaдувaв и вoзбудувaв.
Во оваа магловита ноќ, додека повеќето со мислите се насочени кон претстојните празници и посакуваат да се најдат покрај некој камин, во планинска куќичка опколена со снег- јас ја слушам песнава и со мислите сум на некоја грчка плажа, се сончам, го слушам звукот на брановите и уживам.
Љубете ја личноста која ве засакала тогаш кога сте биле невидливи за останатиот свет. Среќен е оној кој има таква љубов. Искрена е.
Денес присуствував на последниот час по одреден предмет во семестаров и можам да кажам дека Професорката ни е професорка во секоја смисла на зборот. Како награда за најдобро напишаните есеи додели на секого по една книга и пакетче кондоми. Сите се изненадивме,во позитивна смисла. Зборот ми беше дека таа воопшто не е должна на некого да му купи книги и кондоми, меѓутоа свеста за луѓето, за младите, за нивната иднина и е крената многу, многу повеќе од останатите професори.Го цени нашиот труд.Додека некои професори ќе дојдат на час и ке ти ја предадат темата (читај : прочитаат) од power point, таа се труди на секој полесен начин, преку примери да ти ја долови суштината. Во еден момент дури истакна дека за еден колега, барала специјално пакетче кондоми, што ни' укажува на нејзината посветеност кон студентите. И знам дека ќе се бори со сите сили за нас, за подобра иднина. Како јаготка на шлагот, на часот дојде со Новогодишна капа. Не верувам дека постои студент што не и' се восхитуваше. Пример за Жена. Да беа барем половината од професорите како неа, образованието ќе ни' цветаше.
Ја дочекувам новата година, надеваќи се дека ќе се случат многу нови работи, ќе дознаам нови нешта ќе слушам нова музика, нови луѓе, дека ќе бидам подобро од она што сум сега до следната година или барем поинаков.
Каков би бил животот без вода??? Хух ?.... Би бил лош живот без кафе Утрото јас кафето и овесот…. Најбољи другари
Знаете, сакам после долго време пријатно да се изненадам... Онака од нигде никаде во целото сивило и тага кое што ме опкружува, да слушнам нешто или да ми се случи нешто кое што ќе ми ги протресе колената од радост, ќе ми забие срцето силно, ама не од паника како што знае да бие веќе долго време, туку од радост која што го изместува монотониот живот од мрачниот колосек кон подобро утре со насмевки и сонце во моите и очите на моите најмили.
Многу сум уморна. Спиев кај баба ми ја чував цела ноќ, дедо ми почина и да не ја оставам сама. Спиев само два саати, затоа што станува рано и ме разбуди. Ручек и правев, средив цела куќа и дојдов дома еден куп работа. Вклучив машина за перење и чај си варам малку да се стоплам.
Среќна сум без некоја причина. Денов баш ми е убав иако надвор е тмурно и ладно. А среќата не е среќа ако не е споделена. Си најдов книга која сум ја забутала во шкаф, па добро ќе ми дојде ко занимација. П.с пред некој ден пробав салеп и ептен ми се допадна. Досега некако немав желба да го пробам иако ми го фалеа.
Long time no talk. Си помислив дека имам нешто да кажам, па потоа помислив - на кого да го кажам и сфатив дека најубаво е тука. Денес слушнав дека починал Игор Исаковски. Познат поет, уметник, човек полн сирова искреност...На офнет го прочитав неговото интервју од поодамна и како да му го слушав гласот во главава. Луѓе кои имаат што да кажат најчесто се тивки. Тишината ги голта некако, што би рекол тој, премногу „шум и вакуум“, за да бидат слушнати неговите зборови. И не знам зошто ама СТРАШНО ме иритира вулгаризацијата на неговата смрт на фејсбук, како да е ТРЕНДИНГ луѓето да стават статус со негова песна, а пола од нив првпат го читаат во животот. ДОстоинството го изгубивме некако, човечкото се продава за пет-шест лајкови, сировото не е на цена зошто се е шунд а остатокот е добар себе-маркетинг. Некако како да не можеме да се воздржиме, егава ко гладни кучиња за парче внимание. Се надевам барем дека се искрени, дека вистински им недостига, зошто ко што би рекол тој, „не бара отвореност, само искреност“. Збогум Игор. Би сакала да те познавав.
Не може да останеш рамнодушен на некои мали ситници. Денес оној мојот покажа зошто е дел од мојот живот и не планирам да го испуштам,барем не во скоро време Ми се појави на врата со 3 вида чаеви,и еден куп овошје,ќе праел овошна салата.Во другото раче,усб со филмчиња и цвеќе Јас како што сум антиромантичар го гледам и се смеам,му викам не умирам бре човеку,само воспаление e Колку и да сум таква,сепак такви ситници ти оставаат насмевка на лицето и љубов во срцето. И ене го сега прави некоја супа во кујна,па после и вечера ќе направел Срце е бре,срце!
Многу ми е интересно тоа што за сопствената неагилност и неангажираност да ја китам елката и да почнам новогодишно да украсувам по дома, потсвесно си се тешам со теоријата: што им текнало на другиве сега да украсат се`, само прашина ќе фаќа, има време, да си почекам. Чисто ако ви речам така некад, да си ја знаете вистинската позадина на таа изјава уште отсега.
Денес не отидов на факултет, добив и цел ден ми е мутав.Умрев од болки,од сабајле имам испиено цела рака аналгетици,па мрдам некако. Битно се изнаспав,спиев до 12 ипол,убаво си појадував,пиев кафе,дури ситигнав и да го научам материјалот што ми беше во план за денес. Сега стигнав до тоа да ми е досадно и да се чудам што ќе правам цела вечер дома,ако имате предлози слободно кажувајте. Инаку валјда до хормоните е ама сакам да добијам некое изненадување во форма на цвеќе,чоколатца,со љубов зготвена вечера, сакам внимание и чувство на посебност.
Admit it, без разлика дали сме пушачи или непушачи, барем еднаш во животот, зимоска на студ како моменталниов, сме се правеле важни глумејќи у некој страхотен like a boss фазон како пареата од здивот да ни е чад од цигари. ...#childhoodmemories (за оние позрелите кои веќе не го прават тоа, де).