'Кога девојката ќе те праша колку си висок, значи дека и се допаѓаш. Кога бесно ќе си отиде од тебе, прати ја. Кога те гледа во уста, бакни ја. Кога те турне или удри, прегрни ја. Кога ќе те испцуе, бакни ја и кажи и дека ја сакаш. Кога е тивка, прашај ја што се случило. Кога те ингнорира, поклони и го целото свое внимание. Кога ќе те повлече, повлечи ја и ти неа но нежно. Кога ќе ја видиш несредена, кажи и дека е убава. Кога ќе ја видиш како плаче, прегрни ја и не кажувај ништо. Кога е исплашена, брани ја. Кога ќе ти го земе тоа што најмногу го сакаш, кажи и да го задржи. Кога ќе те фати за рака, играј си со нејзините прсти. Кога те гледа во очи, не го тргнувај погледот се додека таа не го направи тоа. Кога ќе ти каже дека и недостигаш, чуствува болка. Кога ќе и го скршиш срцето, болката никогаш нема да си оди. Кога ти вели дека е готово, уште сака да бидеш нејзин.. аи аии..
Сите почнаа да се мажат, а мене ме фаќа паника. Знаете како се осеќам? Кога на испит од амфитеатар остануваш сам и се мачиш на едно прашање, јал беше вака ил не беше. А мене прашањето ми е одговорено у слушајов. Пф... сакам да си седам да си ги проверам убаво одговорите и да ги нервирам сите што се задржав толку,а од друга страна па ме фаќа паника што побогу се случува надвор. Принцот битно ми е одбран...уште он да сака и за едно 10 години ќе го решиме прашањето које всушност му доаѓа текстуална задачка.
Кога нема ди ги фермам два посто сите оние на кој не можам да и угодам,мислам дка ќе се родам поново. Што тресене народ ќе беше?И незнам до кога ќе си го губам времето на скиснани самобендисани фаци? Да не испадне дека мрчам,ама стварно не е до мене.Да не можеш една насмевка да им украдеш,па и јас имам проблеми а не сум 24 со 24 скисната. Дигнатата муцка и озбилна фаца не те прави паметна цура!Кој ти земал парите што те убедувал во спротивното под итно да си ги бараш Друго,почнав на големо да се спремам за пролет со диети да не ми се плаче потоа кога ќе го симнам палтото.Арно сега ме закрива малце, а потоа?За да нема стегање и слабо дишење,да си ја фатам на време
Добив желба да ги направам познатите кинески fortune cookies, па денес седнав и читав рецепти и техники на правење. Гледав клипчиња на јутјуб, запишав рецепти, запишав забелешки и совети и ми остана само уште пораката. Најважната работа. Се мислев која порака да ја испечатам, па да ја исечам и да ја вметнам во колачињава. Бидејќи целта ми беше секое колаче да го завиткам во целофан со машничка и да го подарам на некој близок, сакав пораката да биде иста за сите. И најдов еден многу убав извадок од поема од Veronica A. Shoffstall: “Plant your own gardens and decorate your own soul, instead of waiting for someone to bring you flowers.” Некако, имам чувство дека луѓево околу мене постојано ја чекаат среќата од некој друг. А кога твојата среќа зависи од нечие присуство во твојот живот, многу е веројатно дека никогаш нема да бидеш задоволен. Секој ден правете нешто кое вам ќе ве направи среќни. Колку и да делува банално и неважно на прв поглед. Јас на пример денес направив колач по нов рецепт
Многу ми е глупаво кога се трудам да му помогнам на некој, да му дадам добар совет зошто ми значи, а добивам отфрлување. Не вреди ни да се трудам повеќе. Се лутат луѓето кога пробуваш да им кажеш дека свесно грешат и дека не им се во ред некои постапки. Немам енергија, се си викам до времето е, а ми се шета некаде... уште да имав со кој. Никогаш не го ставам дечкото ( кога сум во врска) на прво место, како некои што прават. Глупаво ми е така мене. Прво јас си гледам да си излезам да си прошетам Немам желба ни да отворам книга, да научам нешто. Си слушам песни и си мислам каде ќе одам на одмор ова лето... и ми текнува абее испити имам за полагање
Се држиме и двајцата за рака.. Се гледаме молкум,со подотворена уста чекајќи некој прв да изусти нешто. Да го изусти тој збор,кој ни ја распара душата. Но немаме храброст.Немаме.Немаме и двајцата. Ја преферираме сигурноста која си ја нудиме,а не сме исполнети. Гневна сум,знаеш. Знам,знам дека сакам нешто повеќе,нешто подобро од тебе.Но во подоброто нешто сакам и ти да си таму... Кој пат да го одберам,разултатот ќе е ист-болката ќе е еднаква. Не ќе можам да се носам со истата.Но и сегашнава тешко ја поднесува. Моите плешки се толку мали за да го носат овој товар..
Самото сивило надвор ме депримира. Едвај чекам да дојде лето. Со мерак да поминам по улица Македонија, плоштадот, трговскиот. Оти не можам веќе да ги гледам бездомнициве што просат. Душава ми се стега. Голи, боси на ладново седнати на земја, чекаат некој минувач да им фрли некоја ситна пара вишок што им тропка во џебот. Баш денеска бев сведок на ова... поминува еден чичко, постар троа, скромно облечен пензионер, со бастунот во едната и весникот во другата рака. Поминува покрај едно детенце (циганче). Го виде оддалеку и почна да минува крај него пополека. Таман си помислив ќе му фрли некоја железна, дедово го одмина. Направи неколку чекори,се сврте назад со раката во џеб, ко да мисли дал да се врати или не. На лик му се виде дека му падна жал, се врати, извади 100ка од џебот и му ја даде. Чудно. Чудно ми е кога ќе викам дека некои луѓе така посиромашни пружаат на бездомници, а некои дотерани изгланцани од глава до пети поминуваат крај нив без трошка жал. Имаат пари за цигари, маникир,ташна од 1500, мобилен од 10.000, а немаат 5, 10 ден. ситно во џебот за да издвојат на сиромашни.
Одличен ден,конечно викенд,времето малку залади,добро сепак февруари е,а треба да бидеме среќни што изминатите денови не ,,почести‘‘ со сонце и со пролетни температури. Јас сепак не го сакам ова тмурно време,ме тера на спиење,а јас сакам да сум будна,па со сите сили се борам против таа желба за спиење. Нели брат ми е 1во одделение и во исто школо учиме и насабајле јас го носам.Го разбудив,се изми,се облече и 15 до 8 беше,излеговме од дома.Ама одма тука ми е школото,за 5мин сум таму,таман 5-10мин пред 8,имам време. Излеговме и одиме сега по улица,нели на сабајле сите брзаат,кој за на работа,кој за на училиште,кој до супермаркет итн.На секој чекор автомобил,не се поминува и брат ми од многу гледање цртани на Минимакс,на српски се таму цртаните,го слушнал зборот,најверојатно и само како од пушка,па сега сите се во журба. Сабајлечки ми го развесели денот и таков ми беше цел ден и после се изнасмеавме и двајцата. Вчера па кога земав да го гушкам,не го пуштам и мама ми вика,педофилка на мали деца. Многу сакам кога ќе пораснам да имам едно мало слатко детенце,нема да го пуштам од гушкање и бацување,многу ги сакам малите бебчиња и дечиња,најслатки,невини душички. А да ми текна всушност што сакав да кажам. Љубовта и другарството,не познаваат,ниту вера,ниту нација,ниту години,ниту боја на кожа... Феминки имајте убав ден како мојот!
Хаха со што си го почнав петокот,ама баш е секси музикава http://www.youtube.com/watch?v=8nW1zjUJKT0 Си пробав и некоја јога поза дур нема никој подома Се надевам ќе бидам подобра,бидејќи сабалје во 4 и пол бев над мијалник поради чоколадната коцка што ја каснав сношти-премногу ми се собрало и не сум аслоно спиена..... Да знаете сите ( тие што се од Прилеп) дека шемата за на кафе се бркала 2 пати во денот...ах суисајд...ко ќе слушнам вакви муабети..цц..па дур и зоошто сме шетале ние другаркиве низ чаршија ( а што беше убаво времето,зошто да не шетам?)..ако некоја госпожа има пари да пие кафе 2 пати во денот и да седи со скрстени раце,да не работи ништо и од дома да му бара пари за кафенце...нека пие....нека им улагодува на другите....ЛУЃЕ ДО КОГА ЌЕ ГЛЕДАТЕ ШТО ВЕЛАТ ДРУГИТЕ И ЌЕ ГИ СЛЕДИТЕ НЕПИШАНИТЕ ПРАВИЛА? Што сакам тоа правам... Глупав прилепски менталитет..... Како и да е...ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН !
Ми се оженила првата „љубов“. Онаа најдетската, смешната, најчудната, недефинираната, можеби најискрената. Пред некое време, ама јас сега дознавам. Абе, ко вчера имав 4 години, а тој, големиот момак со цели 5, ми ја држеше раката и ми дуваше песок од раце дури ми ги чистеа раните од коленото, и ме тешеше дека хеланчињата ми биле убави. А јас уште повеќе фатив да ровам зашто ми се беа скинале. Way to go со комплиментот. И не ми е тоа муабетот, споменот си е чист и убав. Туку...како бре жени им успева на девојчишта така лесно да наведат некого да ги жени? „Мојов момак“ беше малку дигнат за женидба, сакаше да проживее, неговите очи превртуваа од невестата зашто му ги грицкала ушите пред нив ...кога оп, ми го оженила на 23 години. Мејби итс лав, мејби итс Мејбилајн. И те ја мајка ми ко даскал од минатиот век, фаќа да ми ги открива тајните на универзумот, небаре јас треба одма да се мажам за да му вратам. Он мене. Што ме враќа на една мисла - кога ќе чујам каква подмуклост се крие зад „Си го фатив јас, нема кај да ми побегне“, ми иде со стол да ги гаѓам, само што не знам дали попрво невестуљкине, или издресиранине шупци што душа и бела гаќа даваат за да угодат на некоја ненаситна. Мажине биле вакви, онакви...а ние па - нежните, кршливи цвеќиња, што само се служиме со подигање его у стил „Од жена поопасна нема“ и „Што жена може со смеење, маж не може со плачење“. Ахам, лалиња од кралскиот дворец.
Кој рекол дека ако сакаш слободното време да го искористиш сама, за релаксација и одмор, значи дека не ти е денот и не си добро расположена? Понекогаш кога конечно доаѓа опуштен период, без многу обврски и рокови е потребна и доволна само една прошетка во природа со слушалки на уши, или дружење и убав муабет со најблиската пријателка на кафе, без многу бучава, кафичи и дискотеки. И највеќе ги сакам таквите периоди... Само уште времево не ми се погоди денеска... ама секако, тука сме ние да грееме со насмевки, со позитивна енергија да си го разубавиме денот себеси и на драгите луѓенца околу нас. И така јас во вакво сончево расположение, уште да можев да се телепортирам во некое идилично, сончево мирно селце, или пак на некоја плажа со чилаут музиче и книга... Си се занесувам јас така понекогаш... А да, штом веќе спомнав книги, решив денот да го искористам уживајќи во една книга за која слушнав многу пофалби, а сега конечно си ја ставив во домашната библиотека и најдов убаво време да се опуштам со неа. Нема подобра релаксација од музика и нурнување во содржината на некоја книга. Ај сега ве гушкам и поздравувам со една убава песничка, уживајте и вие во денов и во викендот. http://www.youtube.com/watch?v=ukeRe0cyyv8
Чекорејќи по животниот пат,наидуваме на низа препреки.Се соочуваме со три можности за кои ние одлучуваме како ќе постапиме Ако ги занемариме и продолжиме понатаму,ќе ни се вратат како бумеранг. Ако се повлечеме чекор назад,значи не сме доволно храбри да се спротивставиме. Ако се потрудиме да ги совладаме,сме ја откриле пречката што ни го успорува темпото на напредување. Ние сме во континуирана борба со предизвикот.Нашата одлука е нашето јас...
Ако некој неможе да оди понатаму во животот не значи дека ти треба да се враќаш за нив. Живеј го животот. Купи си нов фустан, пушти гласна музика и забавувај се. Ако пак не можеш без таа личност врати се по неа и повлечи ја напред. Да бидеш осамен не е убаво, а ниту пак е убаво да го оставиш оној за кого се грижиш назад.
Mалите нешта ги прават големите. Kако капките дождот,зраците сонцето , sвездите ноќта. Не мислете дека залудно ви минал денот, ако не се случило нешто големо.
Леле....девојкиве кога ке ги испакнат (напрчат) усните за сликање на фб-јао као, јас лепотица модерна-а изгледаат како видете ме чудете се.....боже, боже дај ми трпение за да не им искоментирам дека се ужасни и неприродно, посебно со сликите од тоалет во позадина Oд цела слика битно е устата да е испакната и големааааааааааа, друго не........ Девојки ако сакате да имате големи усни, постои поефикасно решение-не глумете нешто што не сте.
http://www.youtube.com/watch?v=rgmkjFoWGrg Сдк... Големо браво за девојчево наше убаво...мелем за душа...