Оваа година ми мина речиси безначајно. Ништо битно не се случи, и искрено нема да ја паметам по некои вредни настани. Така да, кога би ми рекле да земам некоја дрвена кошница, и истата да ја исполнам со слики врежани во мојата меморија, прво што ќе направам е да ги претставам грижите како криволинија облеани со некои бљантави сиво тегет нијанси. Би создала фотографии од ироничните лица на моите пријатели, и би ја претставила грутката која ми тлее во душава како талог кафе. За на крај со радост и без колебање во следнава 2015 кошницата да ја џитнам некаде далеку ако можам...Во првата корпа, река или каде и да може да замине за никогаш повеќе да не погледнам кон неа. Но, што е тука е. Пустата сеуште ми тежи под прстите дур се препелка де лево де десно во ритамот на моето турболентно чекорење. Така да не ми преостанува ништо освен да си посакам исфрлање на товарот и повеќе среќа во годинава која што следи.
Лани со стомак до заби, а ова со бебенце, се спремаме за празници. И што, малово ништо не разбира, само покажува со прстето накај елката и ќе се испотепа да ги фати сијаличките. И купиле Дедо Мраз што пее и свети, а таа до вечерта го направи како за на хирургија. Без две раце, искинати пантолони и рачиња полни со брада и коса. Гајле ми е нека си се радува.
Сега ја слушам песнава,и ми текна, како мала едвај чекав да дојде сабота и се цртав пред МТВ, кога пропуштав ќе се убиев од плачење, или Бушава азбука, Светот има 8 страни, Опстанок, Волшебното самарче.Сега ништо од ова нема, се затруја и деца и стари од турскиве и циганскиве серии
СДК ... Закон на привлекување?! Не верував, си мислев ма амерички болшити! Иако потсвесно некое црвче го поткопуваше она што го мислев. Пред извесен краток период во разговор со блиска пријателка и спомнав дека сакам да си го запишам на лист хартија она што ми е битно и посакувам да ми се случува, ми даде информација дека сл нешто направила ... Истиот ден мислам, седнав и си запишав неколку желби и си ги ставив во за мене само познато местенце, на сигурно. Случајност или не, една по една почнаа да се исполнуваат ... Ама, едно да си знаете, бидете со позитива и верба дека се тоа можно е да ви се случи во иднина ... иии без многу мислење и анализирање. And just let it go, let it flow!
Здравје кога ќе имам свое семејство никогаш нема да дозволам за празници да бидеме разделени, секогаш на своите деца ќе им ја пружам онаа радост да си најдат подарок под елката, да ја почувствуваат семејната топлина, љубовта, да имаат празнична атмосфера, семеен ручек и безброј насмевки и бакнежи.. Ќе им го пружам се она што јас го немав како дете..
Колку пати како мали сме си фантазирале за "љубов како во бајките"?Доаѓа принцот ја бакнува заспаната Снежана во ковчег(?!), се заљубуваат на прв поглед и заедно јаваат кон зајдисонцето...Бел го претвара агресивниот ѕвер во прекрасен дечко, Принцезата Јасмин се заљубува во бездомникот Аладин... Но пораснавме и реалноста не удри по глава, дека принцот на Снежана е некрофил, Бел според некои денешни норми е спонзоруша, ѕверот е посесивен манијак. Аладин е паталошки лажго,a принц Ерик веројатно е педофил со оглед на тоа што Ариел е петнаесет години. Реалноста не е бајка.А и убаво е да си дете, барем не размислуваш вака.
Не знам дали до сега сум ви спомнала, но многу непријатен момент ми е кога некој ќе ме праша што сум во хороскоп и јас ќе одговарам девица, ама морам да го додадам и тоа девица У ХОРОСКОП, зашто одма асоцира на нешто друго. Сите што се девици во хороскоп ме разбираат...
Да се пофалам, си купив сијалички и се осеќам ко мало дете. Со мерак си ги ставив на врата одма,а елката е наместена една недела веќе и доста е китење. И мачката нема да е мачка ако не ја бутне елката и тоа два пати до сега. И нормално јас како "најмала" треба да ја наместам. Јас отидов да си направам кафе, Вас не ве нудам скржава сум денес
Колку само точна била пресметката за брзината на светлината, кога велат : старец во автобус кој брза да седне... Ц.. Ц... Цц Ке те утепа, истурка да седне, а ако седиш ќе те гледа попреку и мрчи како да си му ја украл пензијата Денес решив да си седам, ненаспана, уморна, ме гледа са стране... Уф баш ми прија
Има книги при чие читање истовремено паѓаш во искушение во секој момент да свртиш некоја од последните страници (мојата „сама-си-го-барала“ љубопитна за спојлери страна ), а во исто време, иако радо би можела да посветиш цела ноќ во голтање на страниците - сепак намерно го забавуваш читањето. Го оддолжуваш сиот тој процес на ненаситно уживање во магичните зборови, мисли, редови. Опишаните пејзажи ги замислуваш околу себе. Физички уживаш под ќебенце во домашната топлина, но локацијата на твојот ум не е адресата на твојот стан, туку оние од книгата, совршено насликани со твојата имагинација. Се чувствуваш како лично да си запознаена со ликовите и нивните ситуации, размислуваш и чувствуваш заедно со нив, посакуваш да имаш улога на пријател и советник во нивните проблеми. Едноставно, за време на читањето на некои книги не трепнуваш што би се рекло, до тој степен те пренесуваат во некој друг микрокосмос што благодарение на нив често може да ти се случи задоцнето и отсутно да одговориш на некој повик од домашните од другата соба. И еве ја онаа what am I gonna do with my life now реакција кога сепак ќе ја поклопиш задната корица на таква книга... Спојлер Заклучок: кoга ќе ме видите со книга отворена околу последните страници, со по некоја солза на очите, не мора да значи дека истата има тажен крај, туку едноставно е одраз на тоа колку ми се допаднала и на непобитниот факт - дека има крај.
Додека бев средно, со другарка ми бевме тандем во еден куп ликовни активности. Небројани пакетчиња темперни боици, креди, хамери, блокови, картони и што ли уште не сме потрошиле заедно. Цртежи, паравани, макети... веќе не се ни сеќавам што сé имаме изработено. За жал, денес ништо немам дома, освен фотографии во компјутер. Ама преубаво е чувството кога после скоро 6 години ќе зачекориш во школото, и ќе си ги препознаеш своите дела кои сé уште ги красат ходниците Порано знаев многу трикови кои ги користевме при цртањето, сега повеќето го имам заборавено. Ама вчера кога бев кај маливе, им покажував како да направат хартијата да изгледа стара. Направивме кафе, го премачкавме листот со четка, го ставивме во рерна да се исуши, па го извадивме талогот. Цело време се врткаа околу мене, им беше интересно да видат што ќе добиеме. На крај им викам: Дајте сега боиците, да нацртаме нешто Како некое мало дете си седнав со боичките, башка што имаа koh-i-noor темперни, омилени ми беа, само со такви работев. Ме потсетија на средношколските денови кога немав долги нокти, затоа што често работев со лепак, дрвофикс, елатон, гипс и слично Крајниот резултат решив да го искористам за некоја vintage честитка. Веќе имам некои идеи во глава, само уште да ги реализирам, да ја потпишам и да ја испратам на нечија адреса
Уморна сум од се и од сите.Сакам животот да ми заврти потполно,да почнам еден потполно нов живот,на потполно ново место и со потполно нови луѓе и да бидам потполно нова јас...да го променам идентитетот и заминам некаде и да почнам се од почеток-јас да бидам кројач на својот живот и судбина а не другите.Да правам она што јас сакам и ме прави среќна-без некој да се чувствува лошо поради тоа и да се правдам на некого за тоа. Не сум среќна ..ете се плашам на глас да го изговорам тоа,зашто за име господово-од каде имам право јас да бидам среќна - кога објективни и видливи причини за тоа немам.Се вртам во круг.Не сум нормално и обично човечко суштество па со самото тоа среќата не е за мене обична и нормална работа.Не знам веќе ни што сакам,ама знам што не сакам...и ме дрма некој задоцнет пубертет,толкава е количината на натрупананиот бес,агресија бунт во мене-се прашувам уште колку ќе издржам.Не сакам никој повеќе да ме вкалапува во некои свои замислени обрасци.А како да очекуваш другите да се однесуваат поинаку кога и твоите дома не те познаваат.Потребно е некогаш да се загребе под површината -не е се така како што се чини и како што се нуди на чинија. Криза на средни години?О да...
абе и нема конкуренција на мојава тастатура, од солено до благо, се е најадена дури и напоена чат-пат. и да се придружам со новогодишните китенки, ќе го издвојам само ова има нешто магично и исполнувачки во искрите од прскалките
Шо имам еден мачор, којзнае како ги шармира мачкиве со неговите 8 месеци, секое утро и вечер ми носи по една различна на тераса, и си мјаукаат пред врата заедно Сабајле дури и си ја покани со грчење крррру-мррру внатре, си седнаа и двајцата на рерна(тука иначе редовно се печи) и око не им трепна оти јас се дерев ко улава. Ене ги сега четири пред гаража седат Прав бордел сме, а тек Февруари месец кај е
sakam da kazam deka imam premnogu obvrski na fakultet do samiot kraj na mesecov i sum premorena i sakam sto pobrzo da mine i da se zavrsi seto ova za da mozam malku da pouzivam vo praznicite -.-
Многу сакам да се селам од еден во друг град, да шатам насекаде по светот.. ако треба нека се и само 80 дена. Да направам еден пат околу светот.. За нова година требаше да сменам воздух да одам во Србија. Поточно Белград. Ама ништо, наместо воздух сменив план, за жал. Сега тука во Македонија и тоа ни градот не го променувам. Здравје другата година, можеби и Египет ќе го фатам, да сменам малку хахах.. (шала е) Нема врска, и овде ќе биде супер, тука е друштвото и тука е забавата. Другата година, моето друштво ќе го изнесам на прав пат за Србија. И тиа сакаат.
Тешко е да се биде убав. Ми стануваат во автобус, ми отвораат врати, се вртат на улица, жените те зјапаат како да си им штрапнал на мал прст. Одиш ти се смешкаат, ти скратуваат од цена на кафе, немал ситно, па не е проблем за вас. Продавачите се поуслужливи, на пешачки ако верувате ниеднаш не чекав денес. Штета што малце пудра и појаки контури и бои ги тера луѓето да го прават тоа - да бидат љубезни кон мене. Тоа е само боја, ќе ја измијам сега и ќе падне. Не значи ако сум убава дека и душата ми е убава. Јас и утре со подочњаци до колена ќе бидам пак истата, згора на се' и фина, а вие? Каков интересен социјален експеримент.