Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Ами само празници :D а тек сеа за нова година, па натака, ехеее, јадење, пиење :D арно велам ако не, цела година, само празници и нормално одмори од празници :D уствари од јадење де :D Некогаш ми изгледа како едвај да ги чекаме празнициве :D
     
    На ozbilnazena и tessie им се допаѓа ова.
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Еве една брилијатна бизнис идеја-Создади некои грицки и наречи ги Цицки:D
     
    На Anabelle.Amorette, Sanjichka007, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Гледано назад, од последниве седум дена, четири дена пијам вино... Нешто прославувам, нешто без повод. Повеќе пијам вино неголи вода во последно време, мајка му стара. Дури и ми стана послатко од млекце. Со нешто мрсничко како легнува, мх мх мх.... Па и со нешто посно де, со се' почна да ми легнува. Црвенко со мевце, белко со нешто похованко. Си лизга баче, мака си нема. И на само си лизга, и во друштво, во кафана, во кафич, па па па....

    После ќе цедам мандарини да ми влезе газот во фустани, ама ајде. Поисплатливо ќе ми беше новото хоби да ми беше сркање сладолед од кутија, поевтино ќе минев и помалце во газот ќе ми одеше. Бат ениуеј, на кој му е гајле.:D Порано обожавав текили, сега не можам да пијам евтин ацетон, винце бре, како госпожа. ^_^

    Само на арно да е, живелиииии!8)
     
    На Annath, Barbie20, Anabelle.Amorette и 28 други им се допаѓа ова.
  4. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    609
    И не , не можеш да натераш некој да те сака затоа што ти го сакаш повеќе од што треба се ќе остане само желба да смениш нешто ... Само желба
     
    На Barbie20, girl-miri, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Секогаш за овој празник сум тажна.Ме потсетува на едно време пред многу години ,кога бевме млади,вљубени,дружељубиви ...и кога во нашето друштвенце си имавме еден другар.Некогаш и тој другар не имаше нас...а денес имаме само спомени и по некоја црно бела фотографија и по некоја во боја.Спомени на еден другар со најдоброто срце и најубавите очи,кој во нашите срце ќе остане млад а ние имаме веќе изградени животи.За него времето е застанато на неговите 17 години а нашиве одлетаа.
    Ќе наминам денес да запалам свеќа.
    Душа...:l:
     
    На Buttterfly, cheetah.girl, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.161
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш кулинарството беше ценета вештина за готвење храна, денес се повеќе го губи приматот на секојдневна домашна обврска. Готвењето повеќе не е “ин”.Топлиот и тазе домашен оброк се замени со изборот на гумени готови кифлички за кои сме свесни дека не можат да се споредат со вкусот на подготвените специјалитети од сопствените раце.
    Недозволиво е штотуку направената фризура да замириса на некој кујнски зачин.
    На жените некогаш не им било ништо поприоритетно од подготовките на семејната трпеза, за разлика од денешната динамика кога се смета за луксуз да се најде време за семеен собир. Па, и оние малку минути што ќе успееме да ги издејствуваме си ги посветуваме на личниот изглед. Тој е на цена во спредба со полниот стомак. Поголемиот дел од нас, денот го поминуваат со храна “од нога” или готова храна подготвена од нечии туѓи прсти.
    Меѓу останатите доблести што некој ги поседува, кулинарството можеби е најпотценетиот квалитет на модерното време. Се друго е побитно и попривлечно, ама грижата и посветеноста на кујнските работи звучи смешно и потценувачки. Зарем некој така би го трошел скапоценото време кое се помалку го има?
    Покрај вештината што е предност да се поседува, рутината и трпението во кујната се пресудни за да се постигне посакуваниот квалитет. Вљубениците во добриот залак подобро се упатени во изборот на некое ресторантско мени, отколку во кујнските алатки. Побрза е варијантата нешто да се порача, наместо да се земе лажица во рака и да се приготви омиленото јадење кое останува само во мислите затоа што реализацијата е еднаква на научна фантастика.
    Припаѓам на малцинската група жени кои со задоволство уживаат во кујнскиот простор. Не сакам ничија асистенција во тој дел и умеам да си го организирам времето. Расположена сум да разменувам искуства со оние што се уште размислуваат што ќе принесат на трпезата за ручек. За сметка на тоа, не се вклопувам во разговорите за салоните за маникир затоа што не знам кои се и каде се наоѓаат. И лакот за нокти добро си ја врши функцијата за која е неменет се додека уживам во благодетите на природата.
    Понесена од мирисот и вкусот на домашната храна, се водам од идеите низ страниците на македонските кулинарски рецепти.
    За добар апетит.
     
    На DELFIN-15, Annath, Barbie20 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.866
    Допаѓања:
    142.596
    Не знам што готви комшикава, ама вообичаено многу смрди. Посебно денеска. Од сабајле ми се повраќа, ми се гади од помислата за храна, во кујна не влегувам за да не го видам фрижидерот оти ке повратам, и наеднаш реа од сите ѕидови на манџите на комшиката.

    Тоа е кога живееш во зграда, ќе знаеш кој колку го бива у кујна. Да живеев во куќа па, ќе ми смрдеа алишатата на ќумбиња. Нема аир. И сега, се воздржувам да не повратам, палам миризливи свеќи, па од нив ми е потешко, не можам прозорец да отворам оти и од таму ке смрди на некоја друга манџа, и у моментов мачкам креми на рацете за колку - толку да се убие мирисот.

    Сакав да правам кременадли за ручек, ама постои реална можност да повратам кога ќе го видам месото, и подобро е да не готвам денеска. Бљак ми се вакви денови.

    И што дојдов да кажам? А да. Добра изолација ми треба и на станов, а и од некои луѓе во животов.
     
    На Candid, Anabelle.Amorette, Captain-Omni и 5 други им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Da mi je muski mozak bar na mesec dana, da se odmorim ko covek..(hollest)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Точно едно година откако ми умре моето папагалче, но исто како вчера да беше, премногу тажни емоции имам во себе, ме боли самата помисла дека него веќе го нема, премногу ми недостига, за мене тоа беше посебно, не беше како сите останати. Имаше во себе премногу љубов кон мене, знам и дека кога го карав, тоа сепак ме сакаше. Можев се да му кажам, да му се доверам, без страв дека некој друг може да дознае, знам дека ме разбираше, ми недостига да ги споделувам со него и среќните и тажните моменти од мојот живот. ;( ;( ;(
    Некој можеби ќе реќе, па тоа е само еден обичен папагал, но некој што чувал некое животинче, без разлика што и да е (папагал, мачка, куче.......) и го сакал онака искрено и од срце, знае точно како ми е сега во душата и во срцето, бидејќи животните се единствените ВИСТИНСКИ пријатели кои човекот може да ги има, животните се оние кои никогаш не му го вртат грбот на пријателот-човекот, се додека човекот прв не им го сврти грбот. ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На Barbie20, Anabelle.Amorette, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна како се избрукав на хемија пред некој ден. :D

    Пишувавме план за бинарни соединенија наречени хидриди и професорката вика таков е амонијакот и јас не сум јас ако не истрескам нешто...и се уфрлам а манијакот?!
    Сите се смеат и ја почнав да се смеам, иако во тој момент сакав што побрзо да заврши часот. :)
    И по 5мин ѕвонеше и ме зезаа после цело време со манијакот... :lol:
     
    На Anabelle.Amorette, Someonespecial, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали над мене живее болна педантерија или сериски убиец. Знаете еден звук што го прават машините кога се на центрифуга, особено ако се постари многу се слуша во зграда. Епа оваа над мене жената секој ден пери по 5 пати на ден. Не сум сигурна дали има деца, најверојатно ама тешко на тој струја што плаќа.
    Сабота и Недела се денови за на ручек. Одиш јадеш и си доаѓаш дома. Ти доаѓа да си заспиеш, но мораш да учиш за колоквиум. Тежок живот студентски. Само нека помине, ништо друго не сакам.
    За Нова Година каде ? Па уште еднаш ако ме прашаш во затвор. Никаде не одам, ќе си излезам денски на кафе, двата дена пред Новата ќе ги поминам во гледање со пријателите и блиските. После тоа сесија.
    Има живот после сесија ? Хммм....
    Останува да се радуваме на празниците на славите, на луѓето, но во никој не гледам среќа, радост или расположение... го нема тој мирис во воздухот кој потсеќа на празници, како кога бев дете. Луѓето се намуртени, мислат само на тоа колку пари ќе им избегаат за празниците. :)
     
    На Anabelle.Amorette, sweet-cherry, Teodora* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е о дискриминации. И смачено ми за домашните секогаш ја да сум одговорна за работи кои ми се случуваат кои не зависат од мене. Сепак сабота е нема да си дозволам ништо да ми го доуништи денот. Ми треба одмор.
     
    На Barbie20, Anabelle.Amorette, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Какви ли се овие денови... Скриени од светот, само ние лебдиме и си ги бакнуваме раните...
    Никој не знае, никој ништо не знае, кој каде го игра последното танго во денот и кој зошто ги прави глупостите што ги прави. Ние си опростуваме. Си викам, зошто сум таков гад, зошто така правам и во следниот момент ќе ме скрши како кукла од порцелан и сум пеколно лута до моментот кога ќе ми го бакне врвот на носот со влажните од солзи усни.
    И сега мешаме црно и сино... тага и вечност.
    Ми вика смешно - душата ти има грб на бек во рагби...
    И колку ми нема... а не смеам да сум кревка. Навикната сум да боли, па ако не ме боли и пече се чудам и не ми е добро, тој не е... и тешко ми е. И стојам цврста, демек.
    Илјадници пати го вртам грбот или па душата,штознам и одам во насока спротивна од неговата, исто така и тој, ама изгледа патов кој го одиме е круг.

    Новогодишна елка, божиќна песна, ширум отворен прозорец и студ во коски, се покриваме со поларни ќебенца и си ветуваме - засекогаш, засекогаш... со четири до нас, четири пара очиња како зрзорчиња, огледала на оваа лудост, глупост и љубов.
    И љубовта никогаш не боли, љубовта е ти го исполнува стомакот. Мир е кога ќе се вдомам на неговите гради и никој, никој не знае...добро, може комшиите, кога ќе ми е скубне косата додека ги провлекува прстите низ неа па... знам да подвикнам и да го искарам, па ми паѓа жал... што е едно скинато влакно за неговата љубов? Их...

    Љубов облечена во пижами на риги, црни и сини.
     
    На Candid, Annath, Barbie20 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Најолеснувачко и најдолго очекувано чувство после долг ден надвор од дома е кога ќе си дојдам, и одма ги вадам обетките, ланчето, марамата, прслукот и панталоните... Мајко мила, како преродена се чувствувам. :tmi: Ги ставам на столчето (the chair што верувам дека сите го имаме во нашите соби :D) и се облекувам удобно во широки меки тренерки и дебели чорапи до колена. Мал рај.
    [​IMG]

    А столот, или во мојот случај фотелјата, е редовно пренатрупана со алишта, се средува исто редовно и незнам како успевам секој 3 ден да ја натрупам буквално како на сликата, доволни ми се две испаѓања од дома и вуала.

    Друго, сакав да кажам дека кога пазарам во маркет ми е право уживање и релаксација, си разгледувам, си прерачунувам разни варијанти, па некоја акција ќе ме израдува, па нешто вкусно ќе намирисам што се готве па ќе си се почастам и ќе дојде ред да се плати, стоеш на каса, и пред тебе има муштерија, ама секој втор пат ми се погодуваат вакви, да ми ја кренат сафрата, зошто чекаат прво се да им искуцат, па во ќеса си редат, онака ноншалантно, лабаво и флегматично, а веќе 2 минути се знае цената која треба да ја платат, и они откако 2 минути редат у ќеси, па следува бавно барање на новчаник низ ташна или џепови/јакна, па полека пребројување, па ситни железни точно проверува, или па картичката му ја нема, значи у пм и релаксирање и се у маркет, косата ми се крева од ваквите флегматични суштества, како би ги кубела на лице место. :headbang: Одма ми се крева притисокот.

    И за крај сакав да кажам чекав, чекав (waiting) награда од ДМ, како и сите, што и да е, и од 10 денари да беше, ќе ме израдуваше нормално, како и секој човек што се радува на поклон, и не добив, ама затоа па си порачав и си купив на попуст маски и креми за лице (mooning). Еееее така, да се разбериме, јас уште ќе чекам, со надеж дека ќе си добијам, не дека не можиме да си ги купиме сами, бар производите од Балеа се достапни за сечиј џеб, ама послатко ќе ми е ако ми е поклон. :P
    (y) за ДМ и за иницијативата, која дефинитивно отскокнува поради успешната реализација и е право освежување на форумот, со мал гест израдувавте многу девојки и жени на кои форумот им е нивното слатко секојдневие.
     
    На mirandaa, Candid, Annath и 27 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.547
    Допаѓања:
    184.496
    Пол:
    Женски
    Конечно дома. Не ми се враќаше назад, еве да бидам искрена...
    *Белград, тој, јас, михаилова и скадарлија, кафани и барови, пријатели стари а и куп нови, мадленианум, топлини и пољубци, поезии, тозовац... и на крајот пак тој... на секој крај..тој!
    Квалитетно потрошени денови вгнездена во неговите прегратки...во најбезбедното, најтоплото, најпрекрасното место на светот!! ..за сеа да ми фали.. што ми иде да врескам колку што ме држи глас...па ќе гризнам јазик и автосугестивно ќе се повлечам во себе... *аааајде престани! ќе го видиш пак!! -ќе си речам.. и демек треба да ми е подобро...ама не е... овие година дена сфатив колку далечината знае да боли...
    Ми фали тоа што не го здогледувам него кога се будам.. ми фалат неговите брзи полузаспани пољупци сред ноќ пред да ме стутка во неговите раце..ми фали да го чувствувам неговото дишење додека спие а јас будна треперам и се топам секогаш кога ќе ме допре.. и среќна за сите мигови што ги троши на мене и што го имам само за мене...
    Од понеделник.. нови избори, нови авантури, нови приказни за преживување, за раскажување...а јас.. јас го имам него во секоја..
     
    На Candid, Annath, Barbie20 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Денес 2х ме направија бремена низ град :headbang: не дека изгледам ко слонче со некое стомаче туку затоа што убаво ми мирисаше на битпазар кога поминав покрај овошјето и си кажав дека мириса убаво + банани си купив и овие одма трудна сум била (facepalm) а ја душичка уште средно учам :P
     
    На tessie и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Кога сум болна не сакам никој воопшто да е во моја близина, а уште помалку да ме праќа некаде. Сакам да сум сама со лесна книга што брзо се чита, пижами, нешто за пиење, и тишина.
    Толку. Што не е јасно? :D

    Во понеделник не знам како ќе одам во школо и како воопшто да им зборувам на „другарките“ со оглед на тоа што ми го направија вчера. Ама не ми се зборува за тоа.
    Мутаво ми е денес, да не си мачкаме очи. :smirk:
     
    На Anabelle.Amorette, tessie и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Последна вечер во мојот кревет ама не и на мојата перница.....ја земам со себе;)дечко ми вика ти луда си,оставија од другиден ќе си ја земеш,па мајками купи специјално за тебе,ама не,не се делам од нејзе,дормео е:D
     
    На Melita-te-saka, Viktorijaaa5, Barbie20 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Sega bas?na kraj godina koga se ubavo ni odi...
    Se nadevam ponedelnik ke bide jagotkata na slag,se molam za ubava vest za mm i mene,za nas i naseto semejstvo,ubava vest za kraj godina...
    Povazno od zdravjeto nema,se molam da bide se vo red.
     
    На Barbie20 и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    :worried:
    а јас после 3 години празен кафез, откако или летна или мојата персиска мачка го изеде ( се надевам 2во не, зошто беше надвор и само мало невнимание од моите, таа го искористила) вчера си зедов ново папагалче, не е како првото, ама ќе се спитоми и ова.
    Црешке, пополни си ја празнината која ти недостига. :hug:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.