Животот е книга на мистерии, никогаш не знаеш која страница носи добар пресврт во приказната, затоа продолжи со читање, бидејќи, среќата доаѓа кога е најнеочекувана.
Знаете ли какви личности ме нервираат? Тие што уште на првата препрека се откажуваат,а знам дека можат. Секогаш гледам да го дадам својот максимум,но и да не сум го дала , барем сум се подрудила.Не се откажувам толку лесно!
По еден месец на диета ги симнав тие 4,5 кг што ме вадеа од такт. Вечерва решив да си дозволам пола чоколадо и чашка, две (а можеби и повеќе ) црно вино. Од утре продолжувам режим со црн леб и без благо и алкохол. Ветувам.
Она кога си во клуб на роденден, а ти седиш од страна со тој единствен познаник и ги "озборуваш" другите. И арам да му на тој срамот значи песните како ме провоцираа да станам и да им заиграм на тие шо се фрцкаа со миничите без врска, невидено нешто. Ее Махи и друг пат да си седиш така Зар еден роденден бил вака досадно поминат, па сега за овој да му се грижам Туку, вие не бидете смотани како мене, бидете ми умни и имајте убава вечер којзнае колку нови познанства ќе имав да не беше тој срам
За Алиса во земјата на чудата, знаев...знаев и за Дамбо... ама и Дедо Мраз ли беее! .me. confused : http://www.ajourneycalledlife.org/2014/12/blog-post_19.html#
Некои празнини никогаш не се пополнуваат. Со што и да било, со кој и да било. Секој си има свое место, секое парче откинато месо боли на свој начин. Среќните спомени највеќе болат...
Се чувствувам како претепана со камшик кој е држен од страна на личноста која најмногу ја сакав и и верував,и кога истото на неа и се случи таа рече „Не ми се верува дека таа ми го стори тоа“. А сега,мила? Може да се запише дека научно е докажано дека оние личности кои не највеќе повредуваат никогаш не се нашите непријатели.
Пролечно у мојој косии цвече... Нека пркоси на зимава, кога веќе грлото и крајниците не можат... шо да речам... Лека ноќ.
Го гледаш бившиот по кој си корнела коси си плачела до зори,како дели сочни бакнежи и е среќно заљубен во друга. А ти гледаш и не чувствуваш ништо.Ја осеќаш само раката која цврсто те држи,и мирисот на едно тело,што е тука до тебе.и не би те заменило за ништо на светот. На тој што сум само негова,а тој е само мој. Тој што ми покажа како е кога човек љуби вистински и од се срце.
Дека веќе полека полека ми се намалуваат заокружените денови на календарчето до 27 Декември едвај чекав да дојде и ете само уште неколку дена конечно .....
Колку е убаво чувството, кога ќе го сретнеш бившиот а тој не може да тргне поглед од тебе. Поминале десеттина години, сме створиле семејства и имаме деца.... Ама сепак го обожаваш моментот кога тој упорно те гледа во очи а ти се трудиш да не се воодушевиш.
И така, одамна се чувствуваше мирисот на крајот. И престанавме. Сите престанавме да се преправаме. Нашата игра 'семејство' конечно заврши. На прашањето дали сум тажна или среќна, не знам што би одговорила. Премногу сум збунета. А тој човек, не знам дали ми недостасува.. Рамнодушна. Ете, конечно сум. А пак на светов не постои ни една единствена личност која проклето добро би ме разбрала!