Ne sakam licemerie.Pogotovo koga e bez potreba.Onaka za da ispadneme navodno kulturni.Ma se primetuva se sto e prozirno.Zosto preteruvanje i na ova pole? Zarem pritoa se cuvstvuva zadovolstvo? Sto ima vredno vo seto toa licemerno udvaranje? Zarem toa ne cini povredni? Ma ne.Toa samo ne zakopuva vo jamite sto sami gi kopame za drugi. Podobro negativec vo necii oci otkolku plitko licemerie da ja true mojata dusa.
Не ги можам веќе муабетиве , секој пат , на секое место , во секое време и без разлика дали се млади или стари , све е едно исто .... Без разлика со кој сум секогаш почнуваат муабетите рандом и на крај завршува со политика , како владата ова , како владата она , како мијалко или уште 100 други правеле ова она , врвот е кога вмровците ќе почнат со такви муабети , кај бевте кога беше гласањето , после гласање нема каење , или чек таа фраза за друго беше..... напочетокот ми беше ок , ќе се преправам дека сум на остров со две девојки и пијан пират кој свири на клавир и чекам да се искажат тие 30-50 мин за вмро и после можеме да си продолжиме со други теми , ама сеа веќе напорно станува , све едно исто па исто слушам , а џабе е .... луѓето имаа шанса , 400 илјади кажаа сакаме ваква влада и готово , џабе е сега да се збори и збори , а културен сум и неможам да им кажам мрш со темата и морам да ги слушам и да климам со главата ......
Муабетите започнуваат со Каде за н.год ,каде беше за н.год ,со кого беше ,како беше , каде за 1ви мај ,со кого ,како беше ,од кога на одмор,каде на одмор,времево да се погодело , леле залади времево , помина летото (готово крај на светот е ) , нема снег, па зошто е толку ладно ,ни се смачи од снегов ајде нека дојде пролет ,алерии леле ,и пак ... И СЕ така во круг си се врти . Небитни луѓе ,небитни муабети секаде СЕКОГАШ
Надвор пролет, а дома новогодишна атмосфера Викендов ја направив и втората тура честитки Вкупно од годинава имам 12, само не сум ги пребројала заедно со оние што ги правев изминатите неколку години. Веќе немам каде да ги наредам Моиве дома ме прашуваат што ќе им правам на толку честитки, а другаркиве ми даваат предлози да си отворам група на фејсбук, па да почнам да правам по порачка. Си мислам, доцна е веќе за тоа, можеби наредната година. А тие: Абе Валентајн иде, па 8ми март, родендени има, можеш за различни пригоди да правиш, плус можеш и украси. Искрено ме замислија, само не знам дали воопшто некој би купил Јас за своја душа ги правам, се релаксирам максимално кога работам такво нешто. Единствено мачно ми е средувањето отпосле, а богами голем неред правам. Во трпезарија цел тепих е со светкавци Кога сме веќе кај тоа, правосмукалката ме чека...
Сакам да го кажам најстрашниот сон што го сонував вечерва. Често имам морничави, темни сништа, ама ова бешеее... врв! Обичен досаден ден е. Седам дома и тропа некој на врата. Одам да отворам и го гледам брат ми пијан дамла одвај на нозе стој... Излегват од дома и баба ми и татко ми и таму пред врата го придржват го караат демек зошто толку пиеш, срамота од комшиите итн итн класика муабети. И едно време како што се караат, сите прекинуваат и брат ми како наеднаш се отрезнува гледајќи се во небото. И татко ми и баба ми се вртат кон таа страна, која јас не можам да ја видам бидејќи стојам на рамката од вратата. За момент стојам таму и излегувам и јас погледнувајќи се во небото. На небото облаците се движат во некоја забрзана верзија и стануваат со секоја секунда се потемни и потемни... Уплашена јас, се враќам внатре и баш до вратата застанувам и следната случка се случува во 1 секунда и помалце. Се слуша голем удар, огромен. Ми зуе во ушите ужасно и желудникот ми се превртува... Станува се потемно и потемно и во еден момент ми е јасно дека е крај! Дека е крај на светот. Чувствувам необјаснива безнадежност и страв. Се крстам еднаш, и ме обзема крајот. Физички чувствувам како престанувам да постојам и јас, а и се што веќе постои.... И наеднаш само празнина. Темнина. Ништо друго, немам мисли ни чувсвста- не постојам. Се разбудив многу уплашена, за среќа бев во прегратките на саканиот.
Постојат градови кои изгледаат како да се излезени од бајките Среќна сум што имам шанса да ја почуствувам божиќната магија во овој прекрасен град Се чувстувам како да сум влезена во некоја божиќна приказна Rothenburg ob der Tauber, Germany
Бидете упорни, дури и кога шансите дека ќе успеете ви се мали, затоа што ако еднаш, два пати....., не успеете, нема да значи дека следниот пат кога ќе пробате да стигнете до зацртаната цел повторно нема да успеете, не знае никој во кој обид ќе му се насмее среќата. Знајте дека упорноста секогаш се исплати.
Денес е најдолгата ноќ, ама не се притискајте што утре е работен ден, па искористете ја за љубов. Може за крај годинава ќе почне да финишира фантастично.
Имам една голема желба, сосема е обична, не е нешто посебно т.е. за мене е, не е нешто невозможно и неостварливо, а ми ја тресе душава и прави да се чувствувам дека посакувам нешто нереално. Реално е, мора да ми се исполни, секоја ноќ заспивам молејќи се да ми се оствари желбата. Побогу не е потребна магија или чудо за да ми се оствари, потребно е само малку повеќе среќа. Боже, може ли?
sakam da kazam deka ubavo e posle dolg naporen den so obvrski ucenje cistenje pomaganje i se i svasta se so si planiral da ispadne onaka kako sakas i treba i nakraj da si napravis edno neskafe i da si gledas serija , vredi posle naporna rabota da s epocsatis so odmor onakov kako sto ti go sakas
СДК ... често кога сум без волја, без мотив и желба да излезам нели во ноќна шема, секогаш се случува спротивното. Се случуваат ситуации интересни ... Си седиш со женското друштво, и одеднаш стигаат пијачки за тебе ... Настанува интересна ситуација, барем смеење на туѓа сметка. Хм, само целта која ја имаше дотичниот не му се исполни. Стојам така искулирано, си се расположувам со друштвото ... а за возврат и јас почастив тура со добра и ладна вода, за да дотичниот се отрезни и олади. Момциве не сфаќаат дека под појавата и изгледот како и таа харизма на една девојка се крие посебен капацитет. Како и да е никој не останал рамнодушен ...
Креативец си ти велам,а тебе ти се смеат очите можеби ти се зелени,темно кафени или во бојата на пролетното небо,неважно.Запишувај мисли и цртај по своето тело,разиграј ја душата своја. Таванот на мојата соба,ќе ви откријам е ѕвездено небо. Стави ја раката на левата страна,денес љуби.Слушаш.Се уште бие,ритамот на душата. Тогаш сфаќам,мојата соба нема таван,широк прозорец кон светот.Боите на небото. И во наредниот живот би те избрала тебе,и некаде пак би се будела со врело кафе без шеќер,со ново платно за сликање со нови стихови за пишување,но пак ти. Можеби душава би ми имала друга боја,можеби би слушала џез или опера сеедно.Верувам,би копнеела и по неколку минати века да го заклучам мирисот на старите книги од некоја локална библиотека од дрво во скриениот дел до градот,во мене,во душава.И секоја ноќ би заспивала со тебе,и нова исткаена приказна. И по илјада години,во мене ќе гори жарот за сите скриени светови за сите испишани страни за сите потрошени пера.Би имала полици,дрвени вдлабнатини. Би раскажала приказни за сенките на градот,за сите улици низ кои некогаш сум минала,за сите љубови врежени во вечноста. Има заборавени книги,јас би ја тргнала правта од нив.
Ова дојде неочекувано. Си го сменив аватарот. Сакам некоја промена и во вистинскиот живот, нешто со косата можеби, нокти вештачки не можам, ќе ме тераат да ги корнам кога ќе пораснат до половина, а пак да се шатирам ?! Сакам нешто интересно да се случи. Се е монотоно од пред една и пол година од Август. Сакам да си одам дома, да си ја видам елката, новото куче. Сакам да пијам кафе во омиленото кафуле и сакам да ми дојде роденденот. Успех е да си роден на Божиќ, а да не се викаш Христина. Хахах се зафркавам, убаво си е името. Мора да ја пофалам АнаКаренина за честитките. Ме расположи и ме потсети дека и покрај тоа што ќе биде сесија не значи дека не треба да си бидам добро расположена и да си ги сакам празниците.