СДК ... Следната 2015 година ќе биде полна опции. Патишта чекаат .... Далечини повикуваат ... Мислам дека ќе биде посебно исполнета година со позитива на секое поле. Едвај чекам!
2015 се одложува , поради доцнење со проектот Скопје 2014 ! Само што јавија директно од Сител ,следуваат казни за прослави и веселби
Некои луѓе едноставно си одат со некои луѓе и крај. А некои луѓе се исто како во Ламбурџини да ставиш миљенца од баба ти. Не одат бре!!! Исти си наоѓаат исти... и или за исто се радуваат или од исто си патат, еден од друг и нивните глави. Хехе...многу сум патетично љубавна последниве недели. Таква ми е годинава... емотивна!
Толку многу работи се случија за многу кратко време, што почнав да верувам во тоа дека кога една врата се затвора, друга се отвора и дека се` се случува со причина и кога најмалку очекуваш. Претходниве неколку дена ми се укажа шанса за исполнување на она што го посакувам веќе долго време, но баш во истиот тој момент, како желбата да згасна и како да не бев сигурна дали навистина го сакам тоа. Се навикнав на постојана монотонија. А ужасно многу сакам да променам нешто. Но, никако не можам да се прилагодам на промената. Како да не сум тоа јас. Како да живеам живот по некои правила. Недела е ден кој си го посветувам на себе. Ден кога се одморам од напорната работна недела и лудиот викенд и собирам сили за почеток на уште една недела. Долга, топла и релаксирачка бања, па третман на цело тело, средување и типичен завршеток на денот со чај од нане и многу лимон.
Жени, жива ненаспана сум, спијам макс.2 часа навечер и исто толку преку ден. Немам време ни да јадам а камо ли за долга, топла и релаксирачка бања и третман на цело тело. уф ти завидувам...
Многу девојки и жени ги усреќува купувањето облека и модни додатоци. Тоа е типична женска пасија што не се надминува. Во состојба се да го превртат градот, да посетат друга локација или уште подалеку, да отпатуваат во некоја соседна земја само за да го задоволат свој хир. Кога ќе го пронајдат посакуваниот производ, го купуваат и тоа ги прави неизмерно среќни. Не можам да го разберам купувањето како извор на среќа до степен на лудило. Знам дека и јас сум несфатлива за оние што поинаку ја дефинираат и доживуваат среќата. Не сум била опседната со некое модно парче кое толку ќе ме обземе што ќе ми зададе чувство на немир се додека не го сместам во мојот плакар. Не дека не знам да се радувам на нова облека, само не чувствувам потреба од таква необична еуфорија за талкање по нешто замислено што ќе придонесе да бидам бескрајно среќна. Можеби моите размислувања се несфатливи за жените кои опсесивно настојуваат да го имаат тоа што го посакуваат. Или тие претеруваат во потрагата по модни парчиња или јас сум претерано скромна, па не умеам да уживам во тоа што можам да си го дозволам. Пријатно е чувството кога ни причинува задоволство новата наметка штотуку облечена, се додека купувањето е умерено изразено за да не поминат многу работи незабележани. И покрај тоа што секој од нас се труди да прави нешта што го радуваат, сепак имам чувство дека пропуштаме многу мигови што би можеле да ни донесат радост. Чиста и искрена, како онаа којашто децата ја доживуваат секојдневно, а на која ние заборавивме. Штета што грижите придонесоа возрасните да се изгубат во материјалниот свет, да го потиснат детското во себе и да ја заборават детската радост. Со повеќе радости, животот ќе беше многу полесен и поубав. Иако сите не мачат животни прашања, треба да направиме простор во мислите и да допуштиме да ги видиме и доживееме малите убави нешта околу себе. Тие се составен дел од животот што вреди да го доживееме, а се друго поминува низ времето.
Jas sum vesela koga e toj vesel. Jas sum zdrava koga e toj zdrav. Jas se smeam koga toj se smee. Jas sum zadovolna koga go gledam kako e on zadovolen. Jas sum tuka za ti da bides srejken,a toa me pravi uste posrejkna. Ubav den e denes ubava vest za mm a uste poubava e taa vest za mene Ubavo ni trgna kraj godina,poslednite meseci od ova godina se nesto ubavo ni se slucuva,radosti Novite cekori na nasata cerka ne pravat srejkni. Koga gi gledam niv kako se dobro i veseli jas sum uspolneta,najsrejkna na svet Ubav den dragi
Твитер денес пријателно ме изненади #ShortGirlAppreciationDay <-- I am short. Друго почнав да бројам калории од вчера зошто до сега никогаш не сум броела и дефинитивно ми е крајно криво зошто лабораторијата не е украсена како лани. Слика од лабораторијата лани (или подобро да речев „Божиќната елка“): И последно треба да учам, иста приказна од вчера ама веќе кога иди вака крајот, некако неможам ... зошто неможеше месец порано да се средат оценките и Декември да се оставеше на празничната атмосфера и релаксацијата?!
Да. И никој не ми е крив. Самата си ја започнав играта колку долго ќе издржите без кафе демек карактерно да се челичам. A таман се израдував, енергија отсабајле, домашни обврски ко од шала се завршија. Кафеџиката без кафе мислим. Нцки. Тоа може да е паузата за реклами, но не и филмот. Божем решив да терам инает и понатаму и да си сварам зелен чај. Баш да видам колку ќе ми успее таа замисла.
Да немав попаметна работа за правење ќе купев еден хамер и еден црн маркер и ќе напишев „ВИЕ ги гласавте! Сега трпете до наредни избори!(ако има наредни) “ и ќе одев на протестот на хонорарците. Студенти, хонорарци, кои се следни...?! Не биле на гласање никој не го заслужувал нивниот глас или ја гласале сегашната власт оти имале роднини во администрација вработени. Па добро, сега роднините нека ви плаќаат 35% данок, роднините нека им го полагаат и платат државниот испит на вашето дете... И научете веќе еднаш засекогаш можеби не секогаш имате и ќе имате опции кои заслужуваат вие да гласате ЗА нив, но секогаш имате опција да гласате ПРОТИВ некои.
Сакам да кажам дека ме нервираат луѓе кои се материјалисти,одбивни ми се. Што бараат да трчаат само по пари? Денес ги има,утре ги нема. Денес си богат,а веќе утре тркалото се врти и паѓаш на дното,без скршен денар. Во ова време ,на сите ни е познато,секому му требаат пари,но лично за мене,поважно е да има почит и љубов меѓу членовите на семејството и вистинско пријателство,бидејќи тоа е она што е најважно во животот. За мене луѓето на кои животот им поминува во лакомост за пари и слава,не се луѓе.Човек без чувства не е човек,а многу често се такви и материјалистите.Тажна ми е глетката кога ќе видам луѓе уште од тинејџерските години затрчани само по богатсво,бараат да се дружат само со богати,ги потценуваат посиромашните.Дај бе уживајте во вистинските вредности на животот,парите не вредат ни приближно исто колку љубовта и среќата на саканите.За мене,само една мала искрена насмевка значи многу. Кога моите сакани се среќни,и јас сум среќна.
Веројатно поради предновогодишнава атмосфера ме фаќа по малку креативност. Па само смислувам некои идеи,смислувам подароци,како да се накити дома кај него (само нешто ново ми текнува). На него му спремив честитка без повод.Сакам денес да го изненадам,едноставно да му заблагодарам што ја имам неговата подршка за се,особено во овие тешки времиња за мене... Ако во нешто многу верувам тоа е во нашата љубов... Било што и да ни се случи во животот нашата љубов ќе продолжи да трае како и изминативе години... Ми дава сила во животот...затоа и заслужува пријатно да го изненадувам А за останатите драги личности на кои им спремам мали новогодишни изненадувања,веќе знам како ќе ги спакувам,само уште да смислам што ќе им подарам.
Сдк... Муабетот на мм, кој убаво ми кажува, ама колку разбирам. - Ако си ти искрена, не се сите како тебе!!! Во право си е човекот. Ама белки таа искреност ќе донесе и кај другиот плод, иако ја злоупотребува истата. Се надевам...
Во период на сарми , слави и еден куп празници каде што има масовно пиење и јадење нашле диета да држат .... Сите овие грешници треба да бидат казнети , плус сега се ближи испитна сесија , и така никој ништо не учел и ќе се нервира и ќе јаде повеќе и повеќе , али нема везе , нашите партнерки и партнери ќе не сакаат за нашиот карактер, психички а не физички така ? ..... така??
ја порано ке запалев свека у соборна и ако сум пред тежок испит ке остаев шише зејтин (кристал-најевтиниот) и така се гураше некако ја сум кафехоличар не пијам многу ама сум зависник од турско имам правено експерименти со издржување без кафе арно ама секад на крајот морам да се напијам највеке до сеа имам издржано месец дена дека незнаев дека тахикардијата ми е предизвикана на психичка база од една женска што ме флерташе додека не успеа да ме врзе а после се однесуваше како да непостојам (една убава вечер кога бев пијан ја отерав убаво од кај што е дојдена и со нејзе си отиде тахикардијата) иначе ако редовно пиеш турковача и наеднаш прекинеш 4-5 дена после прекинот можеш да добиеш мекана столица (тако звана фотеља) од лично искуство
^ Па и ја не пијам нешто многу количински (тоа повеќе додека студирав, тогаш се труев и со по пет дневно, почесто четири), ама без две шољи, ништо од муабетот. Инаку турковача, да, друго не ни можам. Евентуално ако сум во кафич, од чисто социјални причини дека е поефтино од сок. И не влегува во мојата дневна пресметка за внес на кафе пошо не го ни сметам за кафе. Фала на предупредувањето во секој случај. Имав неколку епизоди на откажување од кафе од коишто најдолго сум издржала без кафе пет дена и првото кафе по таков период, мислам дека цело маало слушна дека го правам. А бе треска лажицата по ѓезвето, лута на цел свет додека да се свари. И така.
ја пијам мегу 1 и 3 кафиња толку пиев и лани (кога немав дипломирано) ваљда има нешо у турковачата што намалува фрустрации/напнатост ми текиња еднаш кога непиев незнам колку време и после тоа додека го пиев првото кафе осетив како ми се опушта главата и ми клапнаа рамениците надолу (не ни знаев дека ми се напнати)