Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Само сакам да кажам дека се чувствувам прекрасно,среќна сум и здебелена малку...а тоа ме радува прееемногууу :D :D .
    И да кажам дека откако ги одбегнувам лошите мисли,караниците сум посреќна,учам како да бидам смирена и во тешки ситуации (бидејќи сум доста избувлива,не можам да трпам),вака е подобро имам мир и секој ден ми е прекрасен.Не се опишува колку е подобро ... :D :D :D :D

    Уживајте во остатокот од денот :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=SvbFsdWJLuo се потсетив на песнава,па слушнете ја и вие :D .
     
    На SparkyAngel, Someonespecial и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Абе се' ќе разберам, и душебрижници што се секираат за туѓите животи, за тоа кој што ручал денес, колку пати какал и дали прднал... Се' тоа разбирам, јасно ми е, си има луѓенца на кои едноставно животот им е празен колку и нивните глави, па мора да си го пополнат со занимливости од другите животи. Се' ми е јасно, АМА... Да земе некој да ми води ДЕТАЛНА сметка колку пари трошам и на што трошам?! И притоа да го коментира истото со други празноглави амеби? GET A FUC*ING LIFE!!! Моите финансии не се ваша работа!

    Мајка ми и татко ми не знаат колку плата земам што се вика, ниту пак ми се мешаат во финансиите, тие нашле да ми водат сметка еј! Не дај Боже да дојдеш на работа со нови штикли или било што ново. Ете ги одма шуш буш, оваа нови штикли има, леле којзнае од каде и' се, којзнае колку пари дала за нив, па гледам и нов капут има...

    Имам! Зошто ми се може! А се додека не си ми дала ти пари да го купам, не гледам како моите пари се твоја грижа! :swear: И што ги боли колку имам и колку трошам? Гарант нагаѓаат и колкава плата земам, до срж ги боли што не можат да дознаат. Значи, ми се повраќа од сељачизмот, празноглавоста и површноста на луѓево. Мене навистина ми е жал за нив, многу, зошто најлоша е опседнатоста со пари и со материјалното, најлошо од се' е да си површен исто како ланскиот снег. Има многу посуштински работи во животот, како бре им се трошат и тие малку мозочни клетки што ги имаат за замарање околу нечии туѓи животи, околу нечии туѓи ПАРИ?!

    Абе за инает ги буцкам, а они се палат како млади мајмунки :D Дневна занимација ми е :lol:
    Значи колку прости луѓе држи земјава, леле мори мајко. Да не видев со свои очи, немаше да верувам. Трагикомедии.

    Кој нема сопствен живот, тешко на тие околу него :x
     
    На simoncelicius, Trnche, senza.parole и 28 други им се допаѓа ова.
  3. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска се чувствувам одлично,изодев можеби 8 км,уживав во времето и природата,ах да ми е секој ден вака ;)
     
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Сакам да почнам да си ги контролирам емоциите! Неможе ова вака повеќе. Сакам да не ме интересира што другите мислат за мене и сакам да ми е едноставно кога некој ме озборува.Сакам да почнам да бидам поинаква од другите а не да се трудам да бидам како нив за да ме прифатат подобро.Сакам да научам дека не секој може да го прави она што јас го можам, и обратно.Сакам да бидам похрабра,поцврста.Сакам да не ми доаѓаат солзи на очите кога некој ќе ме навреди.
    сакам ама неможам да се променам :@ :@ :@ :@
     
    На Decapitated.Hanna, Insatiable13, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Живеам или само дишам? Многу одамна се прашувам тоа.

    Го користам ли мојот живот правило? Правам ли тоа што сакам?
    Мислам дека не. Секогаш гледам да угодам на другите, јас секогаш се оставам на последно место.
    Сега кога ќе размислам подобро.. Зошто го правам тоа? Знам дека животот е краток, можеби нема да имам време да ги исполнам моите цели, тогаш за џабе сум живеела.
    Сакам да направам нешто, и тогаш некој ќе ми каже дека не можам, или пак дека нема да успеам. Јас одма се откажувам, а не треба така.
    Зарем јас секогаш ќе постапувам така. Зошто секогаш правам тоа што ми го кажат другите?
    Сакам да си го следам срцето, не разумот. Добро, знам дека срцето греши и може да заврши повредено но ако правам нешто според разумот животот би ми бил досаден. Постојано истите досадни работи, без нови искуства, неизживеана. Не сакам така да завршам..
    Сакам да направам нешто, нешто да се брои. Нешто добро за мене, барем еднаш нешто добро за мене.
    Без размислување, само да го следам срцето.
    А како ќе завршам, не сакам да знам!
     
    На Dog-lover и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Се молат некои личности од минатото да не се мешаат во сегашноста за да не и наштетат на иднината. :!:
     
    На kikav и fighter им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    34.017
    Пол:
    Женски
    Се моли господинот ЛУТКО,да престане да се луте за глупости. |(
     
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    2.452
    Вредностите во животот не се правилно ценети, се‘ е скриено позади убавиот изглед и длабокиот џеб. Луѓето никако да сфатат дека животот нема да им е поубав доколку најдат богат партнер и уживаат во неговото богатство. Тие никогаш нема да можат да ја сфатат љубовта меѓу двајца млади кои ги поврзува нешто што не може да се опише, нешто што би требало да се нарече љубов. На тие што вистински љубат, во прв план им е да се блиску до саканата личност, а другото како ќе се одвива во животот е споредно.
     
    На poenta и vitomir им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.462
    Дали се нажуркавте на афтеруорк,вие амбициозни и бизнис луѓе и дали престана да се збори за вагината на Сара Мејс (а според мене, вие сте поперверзни и повулгарни од верувам ненамерната грешка на жената. Зарем не и се тоа хулахопките и зарем не е можно да има друг веш освен црн на светов? Може и се месо боја бре, прости едни. Туку тоа сакате да видите, тоа сакате да зборите и тоа е! Онаа постојана македонштина да се продава морал каде што не треба,ама оти е јавно, а тоа каде се пикате и со кого и каде спиете, впрочем на колкумина раката в шлиц сте им ја пикнале, тоа не е важно, бидејќи не е јавно) ?
    Оу уејт, Лешоски и неговото болно егце продолжуваат да какаат на места каде што не е спомнат, ама самиот се пронаоѓа.
    Ау да, заборавив да ја спомнам битната Тамара и нејзиното не носење гаќи. Мене лично ми личеше на димена шунка и чао. Повеќе ми е интересна нејзината одеднаш голема популарност, откако почна да се движи во одредени друштва, па залапа неколку ПАРИЧНИ награди по фестивали и си живее убава живеачка. Случајност? Ај донт тинк соу! Од симпатична, во антипатична. А нејзиниот аутфит неутиќе се на мене, освен како што кажав, делува на димена свинска шунка.

    Ако може Македонија да ја снема од картата на светот и дупла вотка за мене!
     
    На Scar.Tissue, Mama25, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    Да вежбам или да не вежбам, прашањето е сега. Знам дека одговорот е секогаш да се вежба, ама тоа онака си го знам, горе негде во главата, а долу телото не му се мрда нешто многу.
    Пробав да излезам од мојата comfort zone, ама си се вратив трчајќи назад. Можеби па и не беше вредно за излегување. Хммм....
    Јас да ви кажам ич веќе не се замарам со други луѓе, си ги сакам тие околу мене, си имам секогаш поддршка, доволно ми е и супер ми е. И онака сум тешка за нови познанства, секогаш сум скептик, па не се замарам веќе со тоа. Многу ми е гајле ако маж ми ми вика дека сум била дива (зборов мислам. :wasntme: ) Или дека сум била арогантна. Не, не сум таква, само што не ме интересирате како да ви кажам. Пак пред некое време се изгорев и доволно ми е веќе.
    Од друга страна пак, ако сака некој да отворам уста доволно е да спомне дека чита книги, е тука после нема заќутување. :lol: Лелееее си ја читала таа? Кажи ама беше добра, а оваа? Не, да ја читаш, како си пропуштила... Лелеее :D
    Не мора да ја снема Македонија, доволно ќе биде мене да ме снема од неа. :rofl:
     
    На Elena69221, SparkyAngel и kala21 им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.462
    ^ А јас сум на истата дилема, да се вежба или не и сега сум во фаза, еј па касно е, направи си чај и пушти си филм, спиј си порано. :lol:

    Патем, од себе си не можеш да избегаш бре. Народов е таков, државава си е арна, не ја заслужуваме како територија. Погани сме, затворени, себични, злобни, мрзливи. :( Што да одиме да труеме туѓи држави од сопствената неспособност. :( Ненаучени да живееме како што треба,па така по белиот свет расштркани, не сме концентрирани толку во една точка да делуваме толку деструктивно, ама ако фатиме сите да бегаме, светот ќе исчезне... :(
     
    На Rubiii, SnowWhite8 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.146
    Допаѓања:
    67.348
    Пол:
    Женски
    ^ Па не сакам од себе да бегам, немам таква потреба Фала Богу, само од државава.
    Ееее па и ти сега, оди повежбај малку, да ти се разбистри главата од црниве мисли. Во светот божем малку злоба има, нашата е само капка во морето.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто ли стомакот олку лаже, зошто ми дава сигнали дека ми се јаде, а кога се напив вода се осетив прејадено? :D А таман си смислив што да јадам, сега ќе ми остане тоа в ум и ќе морам да си го каснам :talk:
    Не ми е јасна ни главоболка ме следи деновиве, до времето ли е, до неспиењето ли е, до што е?
    И многу ме нервираат луѓево околу мене во последно време, зш мораше да е забрането фино да си истепаш некого?

    И каков новчаник треба да купам, каква картичка да извадам за да ми стојат парите повеќе време? :D Гледам ништо не сум купила, а ги нема. Не ми текнало па да видам да не ми ги јаде некој паразит :D

    Сега ќе фрлам порака во шише, ќе оставам адреса, можеби некој ќе фрли некоја девиза кога ќе ја најде :D
     
    На lana.del-rey и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Често знаеме да си поиграме со нашиот живот. Правиме грешки и упорно ги повторуваме истите.
    Можеби несвесно, не знам. Затоа треба да сме упорни, да се бориме за подобро утре, ако нешто не чини барем да се обидиме да го промениме.
    Никогаш нема да речам за себе дека сум безгрешна. И јас сум од таквите кои упорно прават грешки, но дали тоа значи дека не сум добра личност?

    Убаво рекле дека човекот учи додека е жив, а и тоа како учи од сопствените грешки.

    Некако не сум повеќе активна на фемина месецов. Влијае позитивно сонцево на мене кое полека го снемува, па максимално го користам денот за шетање.

    И да ви се пофалам за прв пат отидов во новиот театар кој ми се допадна премногу.
    Веќе резервирав карта за нареден пат. :)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СДК незнам што ми е понеделниците повеќе од саботите и неделите ги сакам....
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Вчера случајно на фејсбуков заегедав една слика, а на сликата што да видам!!! Скриените масонски симболи во спомениците од проектот Скопје 2014! Па и книга напишала некоја будала за тоа! Со кој ум бре човеку? Со кој ум? Кој ѓавол те натерал да напишеш такво нешто?! Кој е масон? Никола Гуевски или можеби Александар III бил масон? Кој ги ставил тие симболи во спомениците? Абре кој нормален може да помисли такво нешто? Кој нормален би го примил Никола во некоја масонска ложа? Кој? Зошто луѓево од ништо прават нешто? Му ја креваат цената на тој беден, мизерен и никаков проект! Се што сакаат е да привлечат внимание не само од нашите, туку и од странските медиуми, а се што прават е добиваат исмејување на нивна сметка! Секој интелектуалец, па и не мора да е интелектуалец, секој човек со 2 фрама здрав разум во главата би сватил какви мучки прават за да ги исперт г*мната што ги направија зад себе! Значи во оваа наша држава се е можно, секој што има малку повеќе девизи на сметката, 10ина кредитни картички и голем круг на имотни и влијателни пријатели може да прави штоо сака, а оние сиромашните и чесни граѓани, кои со маки го заработуваат лебот се тероризираат. Само не сакам да пишувам уште, а уште многу има за кажување, но да го оставиме тоа за некој друг пат, за во некое друго време кога македонската нација нема да биде стадо овци! Поздрави и добра ноќ на сите. :*
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Што уште треба да се направи за да луѓето бидат задоволни?
    Зошто сите сакаме другите да бидат совршени?Треба да се запрашаме дали ние сме добрите,а потоа да зборуваме за другите..
    Но,доаѓа момент кога ви е преку глава велејки дека треба прво да се смениме себе,а после да мислиме за другите.Доаѓа момент кога..сте сменети ,но никој не приметува.
    Кога ви недостига некој...но пак никој не приметува..
    Кога ви е преку глава од ставање ги другите на прво место...и пак никој не приметува
    Некогаш се прашувам дали сум проѕирна :|
     
    На Dog-lover, LittlePinky, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Навистина не знам што ми се случува деновиве,неделава како и да е.
    Се чувстувам пореметено,се губам во простор и во време.
    Некои работи не можам воопшто да си ги разјаснам.Полудувам.Не знам дали да се грижам,дали има воопшто потреба од грижа во моментов.Сакам да си разјаснам некои работи,да ми олесни на душава.Но просто за некои работи не можам никако да дознаам,не стигнува до мене ниту една проклета информација.
    Се чувстувам отфрлено,заборавено,здодевно и уште што ли не.
    Ахх едвај чекам да помине овој грд,проклет период.
    Реков бар да знам што се случува,а вака останува само да чекам и чекам и сеуште да чекам..........и јас ми се чини само чекам.Не сум храбра онака дирекно да прашам за што се работи?Едноставно што еее??
    Како цела вечност да ја чувстувам оваа болка,а цело време си молчам,од мене ни збор не излегува.
    Се надевам брзо ќе помине,повторно ќе го почувстувам спокојството.Само тоа ми треба во моментов.
    Да ги тргнам овие негативни,чудни мисли од глава.Но,кога си така неинформиран и како да си спокоен?Како да не размислуваш на се и сешто?!
    Јас само чекам.......... :sweat: :sweat: :sweat: :worried: :doh: :| :?: :( |(
    Се надевам дека нешто ќе ме израдува во теков на ноќта.
    Колку ги сакам само тие добри неочекувани работи!Тогаш кога насмевката не можам да си ја сокријам од лицето.Колку прекрасно чувство,но ми се чини оддамна не почувстувано.
    Боже,аман помогни ми!За мене едноставно нема спас.Секој пат едни исти случувања,па веќе преку глава ми е дефинитивно.Да се сменеше бар нешто,просто да ме израдуваше бар нешто,но попусто!
    Расположениево ми е крш!
    Се ќе помине,мора да помине,еден убав ден!
     
  19. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Оваа 2014 година е преубава година!
    На темава почнав само да се фалам,еве сега пак ќе почнам. :D
    Денес си ги купив картите,се е средено,онака наеднаш јас одлучив дека ќе одам на концертот на овие од икс фактор. :rofl: Едвај чекам. :rofl:
    Ќе го видам Даниел во живо. :$

    Друго,не знам што ми текна,решив да се шишам.А сигурна сум дека ќе бидам разочарана одкога ќе ја скратам долгава коса која премногу ја сакам,ама ете сакам некоја промена.Само не знам кај ми текна косата да ја шишам,до пред некоја недела викав дека вo наредните неколку години не ја скратувам.Во дилема сум луѓе,што да правам? :D

    Иии уште ова,почнав да јадам ајвар!Чудо,чудо,чудо. :D

    Пријатна вечер,поздрав. :*
     
    На lana.del-rey и Golden им се допаѓа ова.
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Една од најтешките ситуации во животот е да не знаеш што да очекуваш. Да не знаеш на што си!!!

    E така драги мои. Јас се наоѓам во таква ситуација моментално, и ќе си пукнам од мака.
    Некогашниот ми најдобар пријател, пред малку едвај едно здраво ми рече. Потоа помина покрај мене и сврте глава како да не ме познава. Е од такви си патам јас!
    И? Дали да се надевам сеуште, дека е таков со сите, па по одреден период ќе ме побара да се видиме како никогаш ништо да не било? Или пак да ја свртам таа страница од животот и да си продолжам понатаму како никогаш да немало некој А кој што ми бил пријател...Или не, повеќе од пријател..........најдобар пријател!!! Во огромна дилема сум, и не знам дали да превземам нешто. Да го прашам зошто? Да го прашам дали сеуште ме смета за другарка? Или едноставно да си се повлечам, да не го барам и да не настојувам веќе за ништо?

    Многу прашања, но без одговор.
    Лошо ми е. Многу.
     
    На Dog-lover и lana.del-rey им се допаѓа ова.