Најголема желба ми е да ги направам моите родителите горди! Сакам да успеам во животот, да завршам факултет, да заминам во странство, да ги исполнам сите мои желби, а и желбите на моите родители. Светот не е розов, знам дека е тешко, ама ќе се трудам, ќе се борам да ги остварам своите идеали. Сакам да израснам во стабилна личност, цврста, непоколеблива, одлучна, самоуверена. Сакам да си обезбедам се', сама, без помош од моите родители, едноставни и мали нешта да не ми бидат секојдневни проблеми. Сакам да ги направам горди, горди затоа што успеале да израснат и да воспитат таква ќерка. Што знам, уште милион други работи посакувам, ќе се трудам со сите сили да ги реализирам, а колку е возможно, тоа времето ќе го покаже.
https://www.facebook.com/majkatiita...11758086731/10152567027196732/?type=1&theater Да нема човек свој став, одма у туѓа уста се пика. Ако ништо друго, барем за 24 саати сликава на групава има над 2400 лајкови и 240 споделувања, па ме теши само помислата дека некоја од принцезиве, ке ме послушаат и место гаќи, ќе купат книга на некого за Нова година, А и за себе. оти не гледам некоја желба за книгите што ке ги читаат во 2015, ама од земја се маваат за тоа што ке облечеле, и молим ти се, какви ке им биле ноктите за НГ: Како солзите на мајка ти да ти ги плати, а ти седиш дома и кецови носиш. Ете такви ке ти бидат ноктите. И облечи жити се црвени гаќи. Онака за среќа, пошто памет секако немаш
Старите хитови не се забораваат. Оние кои навистина имаат значење. Оние кои ги знаеш на памет иако поима немаш на кој јазик се испеани. Е тие, тие песни вредат.
СДК... Народната "Ским си такав си" е една гооооолема вистина! Колку и да си поинаков, колку и да се настојуваш да бидеш поинаков, да не станеш дел од "толпата" (во мојот случај четиричлената група), да ги убедуваш другите и да се бориш на крајот сепак тие ќе успеат да те асимилираат, да те претопат. Законот на мнозинството. Мнозинството, масовниот дух, насекаде преовладува и го уништува квалитетот. Ете ме... после 6 години борба, се фаќам како давеник за сламка, за надежта дека нема да станам (ако веќе не сум) дел од мнозинството, за кое секој втор збор e "Не можам" / "Не сакам". Очајот е уште поголем, кога ќе сфатам дека сепак одново, и одново, се давам, а надежта постепено ми умира. Би сакала, да ја нема веќе таа пуста надеж, да се препуштам на давењето. Зошто велат дека подобро е еднаш да се умре, отколку полека, одново и одново, секој пат кога ќе помислиш дека си се спасил...
Сега се е само празнина, се ќе остане едно добро сеќавање, ти беше тука во моментите кога ми беше најтешко, и во добро и во зло, во радост и тага, единствениот другар на кој можев да му верувам. Почивај во мир компјутеру драг
Сакам да кажам дека јас сум најголемиот баскуз на целиот свет. Секогаш настинувам кога имам битен настап. И ај што настинувам ама знае и да потрае да потрае и да потрае.. Ама не се откажувам, Уште оваа недела ќе помине и после ќе се лечам ќе одмарам
Не за друго,не ти ја украле целата мисла,барем асално ископирано Барем ние тука знаеме дека ти си оригиналот,кога го видов твитот,одма ми текна на тебе,мада мислам дека и порано ти го украдоа,треба copyright да праиш. Таков си е народот,кога нема свои,се краси со туѓи перја..
Откако влегов во гимназија, отсекогаш сум имала 4 по физика, иако поседувам поголемо знаење во однос на повеќето. Зошто? Имам забележано дека не само што професорите бараат учење на памет, туку и воопшто не им е важна редовноста на час. Уствари што ми беше муабетот... Иако во класот има ученици со 5ка, а не ги разбираат лекциите и не слушаат на час, не ми е мака што јас имам помала оценка од нив. Гледајќи реално, си добивам тоа што сум го заслужила. Обожавам да учам нови работи, да си го надополнувам знаењето, но воопшто не сакам тоа да биде форсирано, така што, кога доаѓа време за тест, не ги учам лекциите како што се во учебник, туку учам за да можам да разберам. Или, поточно кажано: Е, сега, не велам дека сите сo 5ки учат на памет, напротив, познавам многумина кои имаат големо знаење, но факт е дека постојат и многу вакви.
Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Не се црта програм со лакирани нокти !!! Ај може ќе ми дојде паметот
Не можам да ги сфатам луѓето што се паничат за Нова Година и точка. Не можев ни како помала, ниту пак сега. Не била обична вечер...Море бе! Каква е? Се извинувам ако некој/а се пронајди и навреди, ама мене умот што си го имам во тиквето некако не ми дозволува да фрлам 50 евра за три меса во кафана, една торта и 5-6 ракии измешани со вода... И то... Иначе ги сакам празниците, ама криво ми е што на убав празник како на пример Божиќ не му се дава доволно значење, ама затоа НГ НЕ Е ОБИЧНА ВЕЧЕР!
Е има злобни луѓе да. Ама ова ја прелеа секоја чаша. Ми пишува "фала богу еднаш падна на испит". И од мене има само сеен. И тоа ти е многу. Немој да мислиш дека си ме закопала, сама си се закопала. Ох, си пишав статус па што ако сум паднала, имам нови сенки за кои ти можеш само да сонуваш.
Доволни ми се неколку колекции слики од разни dream places да се задлабочам во фантазирање и сценарија, летање со паметот на различни локации и сонување за секакви ситници... За она познатото, throw a dart at a map and travel to wherever it lands. За собирање минијатурни верзии на познати знаменитости, магнети за фрижидер и разни сувенири. Заменување на обичните обврски со куп книги за неброени странски јазици за кои имаш желба да ги научиш и користење на мозокот со нешто што со задоволство би се занимавала. И за спомени, преточени во твои лични фотографии од тие дестинации за кои сонуваш... И да ми објасни некој како вакви daydreaming (добро де, night у ситуацијава али важно со отворени очи) моменти, ме пуцаат при егзактна обврска што треба да ме разбуди? Ајт, ариведерчи...
Ариведерчи Спешлке, убаво да спаваш и да си реализираш она што посакуваш, да тркнеш до кај соседине, знаеш каде и да парлаш ко нив ај адиос
Искрено деновиве немам време за ништо, си ги завршив сите заостанати работи кои ги одложував со месеци, посветив внимание на сите луѓе во мојот живот кои го заслужуваат моето внимание. Се чувствувам прекрасно, и со нови сили за новата година се спремам да ја започнам турбо, и да го искориснам секој нов ден.
Минатата вечер мистериозно исчезнаа 3милиони од мојата тајна сметка во Швајцарија и плус ме известија дека годишниот приход од моите холдинзи низ Северна Америка нема да надмине 50милиони како што очекував. За да биде уште поинтересно, еве сега само што ми јавија дека неколку шлепери со дијаманти од Јоханесбург се претумбале и моите бродови на Карибите биле нападнати од пирати кои го заплениле целиот висококвалитетен рум и поголемиот дел од пурите. Според најновите анализи, ќе доживеам пад од цели 7 места на Форбс листата за највлијателни бизнис жени за 2014та година, а според мојот психијатар, јас сум на прагот да доживеам нервен слом. И ајде сега ти кажи ми, како да не се нервирам?
Невозможно е во број да го изразам процентот на луѓе кои за обична работа, некогаш и безначајна, неколкупати ќе се заблагодарат. Тоа е онаа ендемска група која го зачувала човечкото во себе и чувствува потреба да возврати со културен гест. Додека на мнозинството може и парче од својата душа да им дадеме, тие не умеат да го ценат тоа. Луѓето се претворија во нечовечко битие, ги закопаа убавите зборови, ја изгасија насмевката и посегнаа по алчност. Сурова е денешницата кога не демне лицемерие од секој агол. Зајадливоста е изразена во толкава мера што и во воздухот циркулира човечкиот немир. Како што ветерот му е непријател на малиот пламен од кибритчето, така доброто му пркоси на злото. Работите се одвиваат по нарушен биоритам необичен за оние што имаат поставено граница на афинитетите. На прагот на новата година посакувам секој од нас да му даде предност на доброто, барем за миг да ги ослободиме мислите од секојдневната тортура изразена во планови и броеви, иако “Доброто со добро се враќа” е одамна банална фраза. Ако секој влее надеж за да го победи ветерот и дозволи пламенот да гори и да му го затопли срцето, благодарноста ќе заживее и ќе растрепери нечија душа. Потребно е само секој да го запали своето огниште за да го срушиме светот каде себичноста е на цена, а добрите дела од утопија да ги вратиме во реална замисла остварлива како некогаш. П.С. Се е возможно кога ќе им дадеме шанса на добрите дела.