Потполно си во право. Во мојов случај тој некој знае за тоа дека постапките негови ме повредуваат, ама пак си тера по свое. Ама сама сум си крива кога сум дозволила некој да се однесува кон мене како јас да сум му лична сопственост, кукла што ќе седи како ќе ја оставиш, робот што ќе прави тоа што ќе му наредиш. Видел дека му се може, па побогу он е маШ нормално дека може, а ти седи и трпи. И кога си во право, не си. Кој како дробел, така ќе си срка, вели поговорката. Ама јас велам каде што има сила ( читај глупавост) таму нема правдина.
Сакам да кажам дека сите се во некаква депресија, кој од бес, кој од фрки некои и смачено ми е. На кафе со другарки, некоја дреме на телефон, друга ќути, трета се сожалува за глупости. Едноставно нема со кој да се насмееш и забавуваш, на сите нешто им фали, како мене па се да ми е совршено. Најдобро дома да се седи и гледа некој интересен филм, чита добра книга, зошто очигледно на никој не му е до муабет и уживање. Барем периодов сум опкружена со такви луѓе. Страшно!
Добро дали само мене ова ми се случува ама упорно налетувам на книги каде ликовите кои се шетаат низ страниците имаат слични имиња. Мајк, Марк, Марв ... е аман бе . Па овде има некој кој математика со имиња не му иде . Зашто вакви работи? Мислам стварно не ми е јасно кога веќе измислуваш лик, не можеш да ја уклучиш имагинацијата за доделување имиња со различни корени ... Па ако немаш друга работа, ти мисли си кој бил инспекторот, кој комшијата, кој братучедот! Ме лути тоа што ова не е прв пат да заглавам со ваква книга . Но веројатно не е ни последен, па сега откако се испукав, полесно ќе си легнам на брашното.. Спојлер: laku noc M,
Денес купив сирење пакувано во иднината од Carrefour. Нека им служи на чест, ќе ги пријавам за манипулации! СДК, не знам дали има ваква тема, па тука си кажав
СДК време е неколку луѓе што се во мојот живот да ги избришам со светлосна брзина. Никој нема право да си игра со моите чувства. Не заслужуваат ништо помалку од ова. Ете така, краток мрч мode оff сеа. Негооо... Девојки и дечки, ве има Католици на форумов? Ако ве има, нека ви е честит Божиќ и да имате ден исполнет со убави моменти и пријатни споделувања со блиските и саканите. Enjoy this day!
Na site moj Femina priateli od catolicka veroispovest, Vi gi cestitam praznicite i Vi pozeluvam magiata i ocekuvanjata od praznicite da ostanat so vas niz celata sledna godina.Merry Christmas.
Утрово ме болат сите загубени пријатели кои сум ги имал во животот, сите порази и неуспеси и сите неостварени желби, идеи и цели. Утрово сите икони ми го свртеле грбот за да ме потсетат дека од земја сме дојдени и во земја ќе заминеме. Сè помеѓу е илузија во која веруваме, лажни вредности, лажни богови, лажни пријатели, лажни банкноти... не постојат вистински, но одбираме во нив да веруваме и не се ни прашуваме зошто толку цврсто се држиме до нив, кога тие се само... езопови басни, личат на реалноста, а сепак се само свињи кои зборуваат. Вреди ли овој миг наречен живот да се посвети на илузии?
Колку ќе беше убаво да постое вистински Дедо Мраз. Јас никогаш не верував дека постои, и кога бев 4-5 години. Толку желби посакав Дедо Мраз ништо не ми исполни. Сакав барбика како помала ја фатив мама на дело кога ми ја купи една недела пред, ја скрила во кујната најгоре кај прозорот за никој да не ја најди, а јас тогаш ниска се качив на стол и ја грабнав ама не ја отворив си мислев за подарок нешто е, мирно девојче јас. И си легнувам уште пред 00 : 00 и другата година т.е утре сабалјето ставам и под елка истата барбика со розов долг фустан и плава коса ногу беше убава, фала мамо. Исти случај секоја година се го пред 3-4 години. И како после ова да веруваш во Дедо Мраз ? А оваа година желба ми е нов телефон - стариот е веќе стар. Оваа година нема да ми ја исполнат желбата, голема за поклон - мала за ајфон. E ајде де. Ама ае ќе се смилуват на мене и ќе ми купат дај боже или дај боже да постои Дедо Мраз.
Маглата и сланата тихо наѕираат спуштајќи се по плеќите на градов. Наспроти сите ѕрнѕалки, сијалички и ѕвончиња, мора да признаете дека тие додаваат некој посебен зимски шмек. И не, не е меланхоличен сјајот, не за оние како мене лутале кои по падините и ги береле последните плодови дур бурата камшикувала безмилосно. Иако знам дека маглата и не е баш за восхит, но ако ништо друго му е одлична пријателка на зимското утро. Секое негово доаѓање го поздравува и исполнува со белина! Кој не би посакал така верен другар близу себе кој и кога гуши е спремен за прегратка? Инаку за денес имам смислено еден супер план... Решив да поканам неколку драги личности со кои поради некакви си банални обврски не сме стасале да се видиме изминативе неколку недели, месеци години... Онака без посебен повод. Да се налееме во духот на празниците, и онака неуредно да прошараме низ системскиот шаблон кој го креирале нашите подвизи во минатото. Бар за момент споменте да ги воскренеме, оживееме. Да, денес е денот! Се радувам како мало детенце на кое во минатото ова му беше една од омилените реченици, особено тогаш кога сум сакала да поминам убаво на нечиј роденден, прослава, или да одам на летување. Но, не и овојпат! Денов за многумина ќе мине безначајно... Веројатно веќе го имате сварено првото кафе, и итате по работните обврски. Но, јас ќе го посветам на рестарвација на залутаните ми прашалници низ коридорите на мојот ум. Време е да се отвори Пандорината кутија за да се отстранат сите досега искористени маски, и се ослободат порите на душата. Време е за воздух!
Убаво е на да имаш некој до тебе што во се ќе ве подржува. Една е сестра! Иако е сеуште малетко, но се разбира што ќе и кажам, и во се ме подржува. Понекогаш им се спротиставува и на мајка и татко, само за да ме одбрани мене. Мало, мало.. ама жилаво!
Во студените зимски денови нема ништо поубаво од тоа, вратот да ни го грее дебел плетен шал, на нозете да носиме удобни кожни чизми, а грбот да ни го прекрие долг чоен капут. Изработен во разни верзии, бои, димензии и квалитет, шалот е хит во секоја зимска сезона. Безвременски моден додаток што треба да го имаме во зимската колекција. Не топли и не разубавува. Има моќ да и даде впечатлив изглед на облеката што ја носиме и да го привлече окото на минувачот. Многуте начини на кои може да се врзува се можност да оформиме феноменален стил со кој ќе бидеме маркантни меѓу толпата. Создава комплетна слика на зимскиот изглед и говори за нас како личност. И кога на сето тоа како задолжителен декор ќе ја додадеме нашата насмевка, сме ја избрале добитната комбинација за да ги победиме ниските температури и тмурните денови. Затоа, никаде не одете без шал. Се е во деталите. Зима е. Стоплете се и бидете модерни при секое појавување во јавност. Подгответе си лично сценарио во кое главната модна улога ќе измами воздишки кај останатите. Начинот на носење е се или ништо!
Пијам кафе и ццкам, чекам снег и едвај чекам да фатам фитиљ. До вчера коментираа како сексот продава, сексот е манипулативна алатка, сексот е тој што ги врти малоумните и им го привлекува вниманието, денес - импресионирани од градите на Тамара... Ставот треба да го менуваме во согласно со вистините, ама ова како што гледам не е научно истражување, туку сериозно - пар гради кои буквално треба да продадат нешто. Непостојаност од секогаш ме вадела од контакт. Не знаеш како со овие луѓе, не знаеш каков ќе им биде денот...а со тоа и ставот. Некогаш ќе ги увредиш, а некогаш и комплимент ќе им дадеш.
Утрата отсекогаш се чудни нешта. Помагаат во пребродувањето на незгодите од минатиот ден, минатата ноќ, на грешките и учењето од нив....Сепак, посакав да немам вакво утро никогаш повторно....
Проклето нека е,и Нова Година,и празници,и психа,и апчиња,и психијатри,и луѓе,и се по список! До кога!?
Колку не се благодарни луѓето, тоа е чудо, секоја чест на исклучоци, но други, како да се изгубило чуството на благодарност веќе недела дена се чудам, не дека не ми е познато, ама за некои работи, се изненадувам, иако ми се веќе познати
Толку ли лоша музика се слуша кај нас што по стоти пат ни ја носат Цеца? Ми се оди на концерт, ми се игра, ми се скока.
Не плачам. Не денес. Немам чувство на самосожалување, ниту болка. Сето тоа го претворив во омраза. Срце кое живее само за денот на одмаздата. Но... знам дека утре нема да биде вака. Повторно ќе се соберат солзи, повторно ќе отидам на таванот, ќе седнам наземи и ќе посакам никогаш да не сум се родила. Секогаш е така. Еден ден отфрлање на себеси, а потоа следуваат месеци солзи и осаменост.
Сонував сон ноќеска.Се гледам во огледало а од таму ме гледаат три кои личат на мене,а ниедна не сум јас.Не можам да се прифатам дека сум таму,зашто ниедна не го носи она што јас го имам.Ниедна од нив немаше лузна,направена од тешки одлуки,пресечувања,бегање,туѓа површност која бара да се објасни необјаснивото.Затоа аглите на усните секогаш ми се извиткани кловновски нагоре за да не се види разликата меѓу вистинската и онаа другата насмевка.
Малее сеа ја сватих дек многу пијаници на форумо се собраале... @Daleron пијаници, не пијавици Тук, не ме маче мене тоа, ме маче кај ја да се клаам да еб...Не сум ни за група А: Вишњовка, ни за група Б: Виски. У случај некоj друг да се наe, вака каа мен , може ли група Ц да има- Ц: Вино ,...па е на В де ...??? Спојлер: потрудих се Резултат од моето утринско дружење со кавадарчани и струмичани. А морав и малку да а сменам утринската депресија која ве фатила. За секој погрешен збор не сум јас крива . Исто како гугал траслејшан сум де... потрудих се, потрудих и на крајот трудна останах....Коа од вие докторките има слободен термин за на ехо да се обратам @Lovely93 или @buba4e89
Note to self: Кога ти доаѓа прегу глава од сè, кога немаш мотивација и желба за работа и кога си на работ од тотално откажување и баталување, вети си ____________ (тука може да стои било што). Јас си ветив дека ќе се почастам со омилениот парфем кој гледам дека ми го намалиле, иако имам доволно количина за цело лето - тоа моментално не е тема на муабет, од многу глава не боли. И веднаш во истиот момент откако си го залепив ливчето со „мислава“ на паното во соба, денот е поубав. Кога сум веќе кај „убавите“ работи - утрово додека бев уште нерасонета и се освестував под млазот студена вода, се гледам така во огледало и некако се чувствувам чудно. Си велам, матно ми е зашто сум жива ненаспана, што е тука нејасно, сигурно преку ноќ нема да ми се смени личниот опис. Успеав да се нашминкам и да заличам на човек, ама дури и откако ги ставив очилата ситуацијата беше иста, ко да сум дрмала шотови цела вечер. Збрлавев од очиве и еве ме сега со ливчето и новогодишниот подарок од очно - нов диоптер. Сега мајка ми е на ред да збрлави кога ќе ја известам, а претходно ветениот парфем и не е така добра идеја, кога ти требаат пари и за нови рамки за наочарите. Што ќе ми се нови очила, повеќе си се допаѓам со сфумато-резолуција, затоа сум си делувала некако посвежо сабајлето.