Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Обожувам кога на толку студено, а толку топло петочно попладне кое мириса на снег, надеж и чаеви со мед и лимон, од некаде добивам огромен и мистичен наплив на опојна сексуална енергија заради која се чувствувам самоуверено, еротично и силно. Кога бар на момент се чувствувам како целиот свет да ме посакува.
    Нема поубав миг од оној исполнет со страст... Која ќе ја усмериш токму кон самиот себеси. :)
     
    На eliesaab, Captain-Omni, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    20.046
    Пол:
    Женски
    Ви имам кажано дека мразам ладно? Мислам дека слободно цела зима можам да си ја преспијам дома и да не излезам воопшто. Не ми се иде никаде на вакво време, освен тоа што морам да го направам.
    Деновиве си легнувам со кокошките во 10 и нормално ќе се разбудам во 6. И после цел ден кукам дека ми се спие.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Вистина...
    Посакував кариера како и секој што посакува да постигне нешто во животот.
    Но овие мои избледени години покиснати од многу поројни дождови, ми го покажале спротивното.
    Подобро вака, обичен човек.
    Некое жарче и понатаму тлее, но веќе се губи зад таа тишина на минатото.
    Денес... Нови звуци и нови хоризноти. Мојата нова кариера на животот.
    Тој.
    Да го воспитам него. Да го научам на мир и тишина, на послушание и соочувствителност, на губење на своето егоистично „јас’’... Само тоа го сакам и посакувам.
    Ова сивило, оваа ладна љубов која не’ опкружува, вистина е и што понекогаш толку ме плаши. Се прашувам во себе, дали ќе го постигнам тоа?!
    Дали ќе бидам добра мајка, онаква каква ќе биде пример за своето чедо?!
    Дали ќе вроди со плод мојата мајчина љубов?!
    Ме притиска таа мисла, како тежок камен на срцево. Но, знам.
    Ќе се борам за него.
    Само да биде добро момче. Тоа ќе биде мојата награда, мојата вистинска кариера и ништо друго не сакам од животецов.
     
    Последна измена: 26 декември 2014
    На Divinebutterfly, Annath, SparkyAngel и 34 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Слатка е одмаздата. Но само додека да загризеш длабоко. Чувството на сладост е прва и краткотрајна сензација. Колку да залаже, да замачка очи, да ти даде елан да одиш подлабоко. Ех, замката е токму таму. Кога не успеваш да одолееш се` додека на ја вкусиш горчливата реалност на одмаздата. Кога рушиш пред себе, не застануваш, кога го лишуваш непријателот од најубавото за коешто живее и се бори, oд некои од најубавите нешта...

    Со секое такво лишување, го правиш посилен, затоа што му ги тргаш слабостите. Koлку помалку слабости - толку посилен непријател, звучи логично, нели? Му ги даваш сопствените сила и оружје на твојот непријател и своеволно застануваш како негова мета. За да направиш противник многу поопасен од самиот тебе. И нешто, можеби за нас луѓето, помалку важно. Ти си виновен за двете чудовишта коишто ќе се создадат во тој маѓепсан круг.

    Скоро секогаш, на „ќе видиш ти“ се плаши погрешната личност. Иронијата е што не сме свесни дека повеќе треба да се плаши оној кој ги изговара трите магични зборови, отколку оној кому му се упатени.

    Немојте да се каете ако на таквите претходно искрено и понизно сте им побарале прошка. Радувајте се на таа среќна случајност. Истата ве направила многу посилни. :)
     
    Последна измена: 26 декември 2014
    На Annath, SparkyAngel, Barbie20 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Оригиналот:
    Со внесена интерпункција:
    Не еден, туку десет државни испити треба да полагате сите вие поборници и противници на воведувањето на државниот испити, кои прво и прво, не си го знаете сопствениот мајчин јазик и вечно си пишувате сватив наместо сфатив, кој за множина наместо кои, итн.
    Бадијала магистратури, бадијала докторати, бадијала лаење против воведување на државен испит и ширење пропаганди на социјалните мрежи колку било важно воведувањето на истиот!


    Затоа што твоето мислење се однесуваше на пишаната форма на нашиот јазик и нејзиното „осакатување“ од страна на студентите, имам прашање до тебе:
    А, со интерпункцијата што правиме? Зарем не е еднакво важна?

    Колку и да имаш (не)убаво составено мислење и истото да (не) ти држи вода, првиот дел човек треба 2-3 пати да го прочита за да ја долови твојата мисла, онака како што си сакала да ја претставиш. Ретко кој чита иста работа 2-3 пати без да изгуби интерес, ако текстот не му прави смисла.

    Истовремено, каде е „второ и второ“?
    Зашто, чинам, почна да набројуваш (прво и прво) за мааните за оние кои се бунат против државниот испит.

    Бадијала убави мисли без интерпункција, бадијала прво и прво без набројување.
    Поздрав. :)
     
    Последна измена: 26 декември 2014
    На eliesaab, SV1911, sparklie и 17 други им се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Цело Скопје блокирано. Твитер и ФБ горат. Вие за плетење и турски серии муабет си правите. После ништо не чини, па не чини, оти не реагирате дури не ви дојде на ваша глава.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе го спомнам Пабло Неруда во муабет и некој ќе ме праша: Еј, од која серија беше тој? :|
     
    На Annath, Captain-Omni, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Само еден Пабло од серии знам, си жареше и палеше момакот на екраните, дејчињава откај мене половината интимни романи со него испонапишаа (другата половина со Емануел). :lol:
    Mладешка љепота из ново столетие беше он. :D

    [​IMG]
     
    На Sesil, sparklie, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    А ти што направи освен што пиша во СДК?
     
    На SV1911, Teodora*, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски

    Барби и јас така се чувствувам... Во последно време немам ни со кој да одам на кафе. Една другарка си имав секогаш што беше расположена за дружење муабети и забавување, ама се мажи и сега е во друга држава. Не сакам да одам на кафе со колеги зошто не зборуваат за ништо друго освен за учење, а ако немаш нешто положено е тогаш тортура ти прават. Како не положи, зошто така ? Е така.... Ако си љубител на анимирани филмови гледај го Arthur Christmas, да се расположиш малку.
    Брзо поминува денот кога повотруваш за колоквиум... (waiting):|
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Немогуча мисија ти е да спомнеш дома за било каков проблем со компјутерот и притоа да не добиеш совет од некој од домашните во стил „исклучи го (евентуално и од струја :!:) и вклучи го пак“... :lol:
     
    На Dvolicen, Sunshine.Sunshine, Snow-Star и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Eх да можев да си ја направам меморијава селективна...
    Еден тон запамтени беспотребни датуми.
    Кога ќе погледнам во календар датумот обавезно ми асоцира на нешто. Некогаш, ако не ми текне одма, ме измачува додека да сфатам зашто ми озурпирал памет, некогаш ме измачува баш од кога ќе ми текне причината зашто ми се укотвил датумот у глава, а некогаш едноставно иритира со беспоентноста на меморирањето. Еве на пример денес има роденден еден бивши на колешка од факултет :^). Подолго време не сум во контакт со него, ни па другаркава е и сеа кој фактор информацијава?! Си седам и му се чудам на паметов, во буквална смисла. Ај што ме прогонува моето минато, па сеа на товар ги носам и грешките на другарките.. :tmi:



    Уживајте во последниот викенд од оваа година! :d:
    Не би ме чудело ако ви е досадна песнава, ама мене независно од тоа колку е комерцијализирана ме потсеќа на убавинки од далечнатото минато кога како дете сум се утепување од играње кореографии на неа. :lol:



    Ваша М, :makeup:
     
    На Annath, Captain-Omni, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Важи, ќе го погледнам доколку го немам гледано. Ретко кој ти е вистински пријател денес и ретко на кој можеш на веруваш. Некако сите си тераат свој филм, си гледаат само за себе и затоа ние останатите се чувствуваме вака.:hug::inlove:
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.403
    Пол:
    Женски
    ...Доколку сакате да му простите на некого, простете му, но не затоа што заслужува да му простите, туку затоа што заслужувате мир... :)
     
    На nevermet18, Barbie20, Anabelle.Amorette и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    nevermet мила , ти го читам мислењево и се задржав да кликнам "ми се допаѓа" ама некако ... не ми штима МиСеДопаѓа кога мене ме натажи ... знам и знаеш дека не си единствена што поминала така, но, ти си храбра и продолжи така! Би ти рекла да не гледаш назад, ама знам и како е, кога минатото боли и едноставно не се заборава.......
    [​IMG] :hug:
     
  16. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Ех, сум трчала јас по авиони, бродови, возови кои секогаш кога сакам да ги избркам се точни како што никогаш не биле претходно. И сум се нарекувала себеси со сите лоши имиња кои ми паѓале на памет зашто мразам станици, аеродроми, пристаништа и моето време поминато таму. Тоа се места кои постојат за пристигнување и заминување и, има нешто неубаво и тажно во тоа да останеш сам, заглавен на транзит станица или аеродром бидејќи си го испуштил летот. Сум тргнала ама не сум стигнала, си заминав, ама не отидов, не сум ни ваму, ни таму, ни онаму. Сите околу мене се движат, а јас заглавена во замрзнато време.
     
    На Trnche, Barbie20, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Се надевам дека барем со 2-3 читање ја долови мислата, небаре читаш пасус од ,,Квантна физика'', а на обично мислење на форум;)

    Прво и прво, мислам дека повеќе ти боди очи делот околу воведувањето на државниот испит, отколку отсуството на интерпункциски знаци во моето мислење. Второ и второ, кога си толку описменет до степен да се јавуваш во улога на нечиј коректор кога се станува збор за интерпункцијата, мислам дека нема потреба да се грижиш дали ќе го поминеш државниот испит.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Човек ќе помисли, иде 2015та, луѓето се шетаат низ вселената, има лек за скоро секоја болест, за неколку саати се поминуваат илјадници километри, луѓево се опаметиле. Да?
    НЕ!

    Можеби е во мене проблемот, можеби сум непоправлив романтичар, го гледам само доброто во луѓето, немам предрасуди и затоа сум толку шокирана од затворени умови. Не знам, ама ширење омраза ми е некако многу средновековен начин на справување со проблеми. Па уште кога ќе видам вреѓање, повикување на насилство, ми доаѓа да си повратам малку.

    Разликите меѓу луѓето се прекрасна работа, да бевме сите исти, светов ќе беше предосадно место за живеење.
     
    На SV1911, sparklie, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.166
    Допаѓања:
    329.425
    Пол:
    Женски
    Конечнооо снеггг ,убавини.
     
    На Barbie20, Lella и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Колку ти чини насмевката,ме прашуваш додека брзам во денот,а прстите ми горат од чајот со многу лимон и мед.
    Неколку насмевки и парче харија ти велам.Ќе ја купиш?
    Секое утро.
    Понекогаш ги гасам светлата и ги палам свеќите.Ти зарем немаш други светови зад трепките?
    Имам илјада.


    Што е староста?се прашувам додека го гледам човекот чии раце се тресат додека се држи за седиштето до мене во авобусот.
    Испишана книга.
    Испеани стихови.

    Го сакам овој град,а секое ново утро ни ги труе душите.
    Зад аголот има книжарница,влези некогаш,пркоси и на реалноста,со малку пари купи откинати стихови од нечија душа.
     
    На Annath, tea4e, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.