Си седам на креветот, пијам цедено сокче и јадам медењаци од вишна, а до мене си рче тивко дечко ми. Само што договоривме за утре седенка со драги колешки, мезе, вечера и многу ракија и вино, а у позадина Златна бубамара и облак од оговарањата ни. Се слушнав и со мајка ми, на гости се со татко ми, па ми се јавува таква целата бесна зошто сликата од апсолвентка не сум ја ставила на фејзбук?! Да ме виделе колку сум била убава и лична. Мајко смири се, не објавувам веќе се и сешто на фејзбук, не ми е истиот ум нит меракот и викам, и она нервозната ми вика: A од зајчето, мачињата и кучињата имаш милион слики од тебе најбитните ги немаш. Една е мајка! Ајде праќај у инбокс слики, за да може да заспијат нели сите мирно, оти ако не ме видат, нема да можат. Станав до вц да одам, и си го гледам кутрето оптегнато во новото креветче кое пред некој ден му го направив лично и сум многу горда на себеси :geek: ме гледа и одма опавчето и игра, не ја погалив пошто знам дека одма ќе стане да сака да влезе во нашата соба а нели тоа и е забрането од дечко ми, такозвани чика Хитлер. Поентата ми е дека у моментот сум на место на кое сакам секогаш да бидам, и да не се мрднам. Пресреќна сум, се фаќам на моменти кога самата се запрашувам со што ли го заслужив овој живот, оваа среќа, судбината моја да речеме. На факултет овие денови тешки теми паднаа за дискусија, луѓе со навистина жална и тажна судбина, за разлика од мојава, нашата. Немам зборови со кои можам да опишам колку сум благодарна што моето место е точно тука, на чело со овие најпрекрасни родители, и помеѓу сите овие луѓе кои сама си ги одбрав и ги имам, моето богатство не е во банка ами околу мене, секогаш присутно и можно да се допре и гушне, да се сака. И сум здрава и права, Господе фала ти! Животот ми е свила.
Врзи ја тоа банданата на глава да не ти дојдам и ја да ти ја врзам. http://www.youtube.com/watch?v=gFeZI1SlIe8 на Свит!
Можеби ги сакаш,бидејќи не знам,го пишуваш незнам. Прашај ти,ние ќе ти кажеме,за што сме ние тука,па за делење совети нормално.
Секогаш кога ми е тешко си ја читам приказнава (со голема надеш дека се ќе помини) Вреди да се прочита http://popara.mk/2014/kalabalak/pouchna ... -pominuva/ Убава вечер.
Ќе се борам за тоа што го сакам,и ќе успеам! Знам дека ќе успеам,не се откажувам по никоја цена,ништо нема да ме спречи и да ми застане на патот!
Многу убаво ми почна 2014 се надевам дека така и ќе продолжи. Поминав два прекрасни вечери во Штип со другарка ми што многу си ја сакам. Велат виното чуда прави хххаа. Досега никогаш така не сум се забавувала. А мислам дека и љубовниот живот ми се подобри. Ги гледам само позитивните работи. И падна и првата десетка на првиот испит. А колку ми беше страв да отидам. Се мислев да се откажам и да не одам на испит затоа што не знаев неколку лекции . Среќа ме праша се што знам и си поминав добро.
НЕ ЧИТАЈТЕ АКО СТЕ ВО ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ, СЛЕДУВА ПМС ДЕПРЕСИВЕН МОНОЛОГ! Ме дрма страшно, дури срце ме боли.Некои измешани емоции ми избиваат на површина и ми се плаче, ма ми се одерува од плачење.Се нервирам и под стрес сум дека ми доцни, се покажа една цртка, ама мене пак ме фаќа паника...и така ме мава страшна депресија и ме тера да ја изедам целата кеса зачинета пченка. Него добив коментар(не комплимент зошто не знам дали треба да го сфатам така) дека личам на 18 годишна, може и помлада, а јас начукав 22.Дали беше во смисла дека сум младолика или пак ме помешале оти 18 годишните личат на 20 и кусур.Кој знае и така коментарот беше од самонаречен фраер што се натепал во класично сако на 15,16 колку што има и беснее како демек многу јака фаца.Мање битно. Надвор мириса на дожд во пролет и сакам да истури и да ми ги освежи ноздриве. А јас петочно дома.На моменти да ви кажам помислувам на мажачка поради тоа што тоа е единствен начин во вакви моменти да се стуткам до него и да спијам три дена додека не ми помине се и не се разбудам ведра. Животов ми удира шлаканици една по друга, а јас упорно го вртам другиот образ и си велам само уште година две ќе се наредат коцките.А велат човек на се ќе се навикне, е како кога некои работи не сакаш да ти станат навика. Живот је некад сив некад жут, ко што рече чика Џорџе... Кај мене моментално повеќе сив од што жут, али има предиспозиции да разелени. Лека ноќ или добро утро кој како ќе го стигне.
Де бре луѓе описменете се. Толку ли ве мачи Шифт и Алт да притиснете? Толку ли ве мачи запирка, точка, нов ред да ставите? Колку и да се трудам, некои мислења не можам да ги прочитам. Ма не ги ни читам ич!
Ја еве на пример познавам луѓе што на Линкд Ин си го имаат напишано просекот од : - Средно - Факултет - Мастер Ама потенцирам, СРЕДНО! Оф, оф... кад-тад у животот сите поминуваме низ факд ап период у животот. Дур не ни пукне период на збунетост, мал гнев (добро, некого и поголем го пука) према родителите, па онда помирување, па прифаќање, па сталожување... не созревавме. Ако не го поминеш тоа...никад нема да созрееш бре, никад! Некому доаѓа на 15 години, некому на 25, а некому на 35, 35 или 55 е веќе овие последниве се најзаебани... Е овие со просеците по линкд ин таму некаде ќе ги затрефи тоа. Сега за сега се златните мајкини деца. Освен мајка ти душо, на никого не му е важен твојот просек... Јас на пример од оценки по дома им земав пари за частенка. Ох леле... збудалев. Требаше да се насочам кон човечки ресурси (a како се местат работиве...нема да се изненадам ) више кога Мијалков не ме прима кај него во тим. Пфффф....
Зашто секогаш мора да се случи нешто во посленден момент зашто целиот свет кој си го имам замислено, кога минути ме делат од остварување на сонот да ми се сруши за еден миг ....
Се пуштам сабајлево на фејзбук и гледам понуда за пријателство од детето,на кое што му бев прва љубов. Кај ме препознал бе сега ваква,он си е ист,али јас не бре,сега сум бајаги подебела,па и сменета сум во фацата. Ама приказната,помеѓу нас е комична. Бевме во градинка,април беше,последната година од градинка,јас имав 5,а тој 6 години и за крај од ,,животот‘‘ во градинка,подготвувавме претстава,јас и он се паднавме да бидеме пар играорци,дека слични бевме со висината,двајцата плави,па не ставија ајде. И мене многу ме нервираше детево,затоа што неколку пати му имаше течено крв од нос,па си викав во себе,ту кај се паднав со овој. Се подготвуваме и нормално треба за раце да се држиме и цело време,додека игравме,овој ми ја стиска раката,а мене ми доаѓа да му ја врзам една. И седнавме на клупа,друг пар играше и му шепнав,бидејќи имаше гласна музика,ништо не се слушаше,што ми ја стискаш раката,ненормален еден?! Неговиот одговор е легендарен,ни два,ни три,ко од пушка,сакаш ли да ми бидеш девојка? Јас мислев,мислев и на крај му реков не. Детево цело се засрами,ќе паднеше во несвест,не беше научен да му кажуваат не,бидејќи,неговите родители се сопственици на еден многу познат ноќен клуб во Македонија.Можеби и најпознат,сепак не ми е гајле за тоа. Дојдов дома и одма се дерам,тато тргни се ти,сакам на мама нешто,насамо да и кажам! Џабе му кажав,се направи дека излезе,а тој не прислушкувал. И кажувам,вака и вака,и ми вика,а што му одговори?И јас па нормално НЕ. Ми вика мама,паметно ќерко,паметно. Е помина тоа време,кога се и кажував на мама,сега видов на фб,тој имал и девојка,ајде бе на 13 години,ама добро сепак,фраер се прави,јас сум тој и тој,разбрирам,се ми е јасно. Многу добро се сеќавам на случкава,можеби и ми е еден најголем спомен од тие години,ако не од тие,од градинка ми е дефинитивно,најдобар спомен. П.С За инает не го прифаќам на фејзбук.
Ако одеднаш откриете дека сте голи и се обидувате да се покриете Ќе се чувствувате ранливи. Ќе паднете во искушение да имате „забранета“ љубовна авантура, но ќе ја потиснувате таа желба. Како ми почнува едно саботно утро. Станувам и си читам хороскоп, си пијам какао и јадам наполитанки. Сонував нешто и се вознемирив. Потиснувам многу па и таа љубовна авантура Се чувствувам вознемирено уште од минатата Сабота, кога го видов НЕГО( мистер јас ти раскинав за една погрда од тебе). Не го гледав во лицето, како да гледав низ него. Помина до другарка ми и се поздрави со неа, јас само си гледав напред и си поминав. Толку гневно не сум се почувствувала од не знам кога... Поминаа околу шест месеци од кога се скаравме, не сакам повтроно да имам измешани емоции
Нова химна! http://www.youtube.com/watch?v=M-D_2WsJL_Y Idi dok si mlad dok imas vremena za more promena za let i za pad, za sutra ili sad ma idi dok si mlad Иди док си млад! Добро утро.
Не ми е јасно како можете да бидете толку негативни? Наместо одма да паѓате во депресија,излезете надвор ..не е важно дали во друштво или не.Значи нема да го спомнувам името на оваа форумџика ,сигурно ке се пронајде.И прочитав едно мислење ,па потоа сите и ги прочитав ЛУЃЕ абе едно позитивно мислење да имаше ке се зачудев.Несакам да ве навредам ,но на овој форум има толку позитивни форумџики Elennaa,Papillon-papi,Cvetetto,Femina777... кои едноставно ке ти го разубават денот. Поентата ми е дека Животот е краток,а негативноста уште повеќе ви го скратува ... Поздрав
Не дека немам што да кажам, напротив баш, имам 1001 мисла која ме мачи и притиска, ама на ова не можев да одолеам а да не се насмеам. Денот ми го направија... Колачиња бе, наместо колачиња за појадок Многу подобра причина за пост него било која друга безвезална замараниција во животецов... http://youtube.com/watch?v=1w--HHuBKH4
А бе таа врата...заради вратата јас ке си јадам ќотек,а брат ми ја искрши,ама јас секогаш крива.Да знаев да ја направам пред да си дојде татко ми.Ама не можам.........Доста ми беше еден ќотек,сега и ова... Не ми се верува.Брат ми за 100 ден. ке ме убиеше,а јас трчам него да му помогнам и да го спасувам...
Искрено чуствувам дека се се враќа во нормала.Се надевам не се лажам. Мило ми е што веќе почнав да ги поправам оценките.А,сум во тесно само тогаш мозокот ми работи. Него луѓенца јас мислам се заљубив. Е сега дали ми се допаѓа само или нешто повеќе времето ќе покаже..Па кога поправив биoлогија и ми честиташе и ми направи да пукне бе. Се стопив.. Да не ве замарам за ова љубовта.. Денес сум на роденден ама ич не ми се оди,ич.Ептен сум мрзоволна Последниов период ми се случија доста убави работи.И така доста ви се распричавам имајте убав ден!