Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Не помнам кога последен пат сум се чувствувала самоуверена во своја кожа. Кога ќе се погледнам гледам само суво и безживотно лице, ослабена сум неколку килограми и оние облини кои ги имав некако како да не изгледаат убаво.
    Вчера ја скратив косата прилично, голема промена. На некого се допадна, на некого не, а мене ми беше најважно само да направам промена со тоа и да се мотивирам да се средам.
    Утрово кога станав се дотерав иако знам дека цел ден ќе останам дома.
    Ги распоредив предметите за учење и полека правам план со што ќе почнам, како најлесно да се сконцентрирам на материјата, бидејќи книга немам фатено 2 години. Пред некое време почнав да читам, но некако ко да читав нешто со што никогаш не сум имала допир во животов.
    А и после толку време се измениле толку нешта што дури некои предмети ми рекоа дека воопшто ги нема.
    Ме фаќа страв, многу, премногу!
     
    На Candid, Divinebutterfly, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ако до вчера ми беше мило да присуствувам дома, сега баш и не ми е.
    Кога брат ми беше во тие тијнеџерски години постојано се караше со родителите, секојдневно поради било што. Тогаш бев мала и се чудев зошто се тие караници, расправии, зошто брат ми е таков, избувлив, нервозен.
    Сега сум јас во тие години. Сега јас учествувам во тие караници, јас сум онаа која ги предизвикува.
    Не дека не ги сакам моите родители, не дека не сакам да седам со нив или пак да разговарам, но ми треба малку мир, сакам да седам сама, да си уживам без никој да ми зборува над глава.
    Да ме прашате зошто сум нервозна, зошто се карам, нема да знам да ви дадам одговор. Ете така, одвнатре ме тера.
    :D
     
    На Dream-Girl и galapce им се допаѓа ова.
  3. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Дека надвор е многу ладно и немам поим што да облечам.
     
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Денес ми се вратија сеќавања од едно тажно далечно време.Неиздржливо болат и ако има само една лузна.
    Ми се чини дека болката постоела од секогаш , само јас вешто сум ја криела.
    Дел од мене ,некој ми го зема.
    Кој, како и зошто не знам.
    Едно, знам со сигурност.Мене тој дел секогаш ќе ми недостасува и секогаш ќе ме боли.
    Точно е дека вистината боли , но сомнежот боли многу , многу повеќе од тоа.

    Тие очиња полни живот ги видов само еден пат.Никогаш повеќе.
    Тие нежни рачиња, малечки а толку топли ...
    Зошто, зошто....чувствувам дека се уште се полни живот,дека некој друг го гледа сјајот и нивната убавина.

    Не можам да објаснам што точно се случи?
    Не ни знам друго,објаснување , освен дека денишниов ден е како еден обичен бел лист хартија на кој подоцна е напишан мојот живот.
    Секогаш се прашувам како би изгледала денес таа празнина ,која вечно ќе му недостасува на моето срце.
    Залудно те барам, кога тебе те нема, нема ....колку повеќе те барам повеќе ме боли.
    Времето не лечи се,ниту пак заборава,
    Времето е само надеж која никогаш не умира.
     
    На Safira26, Annath, eliesaab и 16 други им се допаѓа ова.
  5. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Конечно, после толку години имаме мал човек во фамилија, па се врати традицијата на подготвување пакетчиња :D:D Пошто не ги сакам купечките пакетчиња, изнакупивме еден куп чоколади, сокчиња, грицки, мастики, бомбони. Се враќам дома, едвај ги донесов, и ги фрлам на кревет отворени кесите. Си напраив детален попис. Морам да признаам 1 малечкo чоколадo и 2 крем банани си задржав за себе (прочитај одма ги смачкав) :lol::$ Мајка ми влегува и ме гледа со чоколадо отворено во рака. И викам нема место веќе, пополнети се сите врекички :rofl::rofl: И морав одма контра: A за мене пакетче за нова година? Може, ако идеш да се сликаш со дедо Мраз :rofl::rofl:
    Ок, нема проблем, доста ќе биде еден чоколаден дедо Мраз... :)

    п.с. Да не се лажеме, никогаш не си стар за новогодишно пакетче!
     
    Последна измена: 27 декември 2014
    На Candid, Annath, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Годинава периодов го поднесувам некако полесно. Дури и уживам во исчекувањето на празниците. Се помирив некако со зимата и студот, не можам да дозволам да имаат огромно влијание врз мојот живот како досега. Тоа е, зима е, ладно е, deal with it. Како што милува да ми каже маж ми кога ќе му се здосади од моите поплаки.
    И затоа сега си уживам, си правам топли напитоци кои ми се омилен дел од зимава, се пренесувам во друг свет преку книгите, или ќе се стуткаме со другарките со шолјите од кои испарува мирис на топло кафе.
    И така е полесно. Полесно се чека сонцето со неговите зраци.
     
    На Annath, Lella, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Нели, оние прегратки од зад грб од саканиот се најубави, те, нема ни 5 минути таква прегратка ми даде татко ми, ај што ме исплаши дека имам слушалки и ине го осетив :) ама таака ми дојде една топлина ....

    Друго, како мала сакав да бидам дел од новогодишните реклами на кока-кола, да се возам во првиот камион :!: :D:D
     
    На Candid, Teodora*, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Еве зима е, а топлина ми ја обвива душата.
    На времето овие денови беа возбуда ама од сегашна гледна точка само апатија чувствувам.
    Не знам зошто. Најверојатно тоа иде со годините ме зафаќа монотонија иако празници се ближат.
    Сепак не дозволувам духот да ме напушти, тој величествен дух кој ме обземал со целото свое срце и душа.
    Боже ти благодарам за сиве овие години, во добро и во зло поминати.
    Ти благодарам за животот и силата што ми ја даваш. Имам една мисија пред себе која што треба да ја завршам на најдобар можен начин, а тоа е благодетот на секоја мајка ДЕТЕТО.
    Боже дај ми сила да издржам, иако сиве овие години ме бодреше на најдобар можен начин сепак се надевам на твојата помош и понатаму.................................
    Речникот можеби ми е прост ама душата ми е полна за сите на овој свет.
     
    На Annath, SparkyAngel, vinozito1 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.348
    Сакам да кажам дека иако имам скоро 25 г. верувам во Дедо Мраз. Можеби не доаѓал секоја година, можеби не доаѓал кај мене но верувам дека таму некаде постои. А оваа година предвреме ми ја исполни новогодишната желба, таман за католичкиот Божиќ (можеби ме смешал зтоа што имам невообичаено име) . :lol::lol: :music:There is some magic on Christmas :music:
     
    На Annath, Captain-Omni, Teodora* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Денес се изненадив колку позитивна енергија можеш да пренесеш со само една насмевка на улица.
    Мајка ми вознемирена ме гледа сабајле како излегувам сум куп флаери за Го сакам ГТЦ, демек пази се дете, секакви луѓе има, знаат да мешаат политички партии, да истураат бес. Знаете, како сите мајки, загрижена за што и да правам.

    Ништо од тоа не се случи.
    Мислам дека на луѓето им фали малку позитивна енергија и насмеани лица околу себе. Ако му пристапиш на некој со насмевка, тешко дека ќе те одбие или ќе изреагира лошо.
    Срцето ми е полно, прекрасни луѓе, си изнаправив муабет со куп постари луѓе што пола живот си го поминале низ ГТЦ, со млади што делат мислење со мене, се договоривме да се видиме утре и заедно да го гушкаме. Ми го направија денот.
     
    На Annath, SparkyAngel, CrazyOne и 14 други им се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Нема поубава глетка од прегратката на човекот на твојот живот со неговата мини верзија :l:
     
    На Annath, SV1911, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    7.383
    ја мрзам оваа руска зима.освен телото што ми замрзна,ладно ми е внатре,душата ми е ладна.дали од студот,дали од осаменоста,не знам.
    годините минуваат а јас тешко се навикнувам.уште потешко заборавам.
    времето минува,а за мене како се да застанало.
     
    На Mama25, tessie, Teodora* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Плодна година е кога можеш да запишеш точно 12 повојници.
    За секој месец во годината по едно бебе!
    Машала, до година сите да ми се дуплирате!!!
     
    На Annath, SV1911, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    " Чекај брат, не од таму брат, дојди од тука брат, брат буткај брат оди брат, стој брат ... е овие (чевли) брат. А кажи брат шо се добри брат. Штиклава вришти брат, секси ептен брат."

    ...комуникација помеѓу две 13-14 годишни девојчиња.

    Не ти стојат брат, му реков на братот и излегов од продавницата |(
     
    На Candid, Annath, SparkyAngel и 14 други им се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    17.211
    Пол:
    Женски
    Последните неколку години не го сакам овој период од годината. Ме фатила некоја депресија, меланхолија - немам желба ни волја апсолутно за ништо. Не сакам неискрени лица и извештачени насмевки за Нова година, не сакам зима, студови и снегови, не ја сакам полупразната трпеза за празниците кои следуваат, не го сакам акцентот кој е ставен на површни материјални работи кои се всушност најнебитните работи во животот.

    Да се прашувам јас - би одбрала да сум мече, да хибернирам и да ја преспијам зимата надвор, а и зимата што ми е во душата, дури не пукне пролет!
     
    На Annath, SparkyAngel, CrazyOne и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Секоја година овој период, неизбежен дел од целата празнична домашна атмосфера ми е онаа посебна новогодишна вреќа со спомени, којашто ми е најголем доказ за предноста на она типично македонско чување работи... :lol:
    И без разлика на возраста, ќе ми предизвикува иста разлеана насмевка на лицето и чувство на топлина околу срцето, како и сите бајковидни снежни реклами што го одбележуваат почетокот на зимата.
    Разни украси, честитки испишани со внимателен ракопис, со истрошени батерии поради безмилосното повторување на мелодијата по цели денови... како материјализирана збирка флешбекови од сите празнични моменти од детството во вид на ситници со посебно значење кое не избледнува... ^_^

    Мислам, не велам дека и сега не сум си окезена од шестка до шестка уште еден месец пред новогодишната еуфорија, ама ми фалат тие обележја на овој период кои се се` поретки. Ниедна нотификација на фејсбук за порака напишана зад тастатура, не може да ја замени онаа возбуда при одењето накај сандаче со очекување на пристигнати честитки со внимателно испишан ракопис од кој зрачи љубов и искрени желби. :f:

    Anyway, eден од последните денови од 2014 пак традиционално си го поминав во купување честитки и пакување по некое поклонче за изненадување на драги личности.
    Студено сонце низ прозорецот во комбинација со украсните сијалички, новогодишни радио програми, топло чоколадо и вклучување на креативноста со цел изнудување нечија насмевка... има ли поубаво? :sun:

    [​IMG]
     
    На Candid, SparkyAngel, Mahidevranfan и 9 други им се допаѓа ова.
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека овие од Фемина хороскопов до точка ми погодуваат. :x:clap:
     
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Вредноста на подароците се мери според тоа со колку љубов и внимание е дадано и колку труд е вложено. А јас добив подарок со многу љубов и внимание, еден од највредните подароци што сум ги добила. Кога некој добро те познава, не е можно да ти го утре поклонот. Нема подобро од тоа, кога сум тажна да прочитам работи што ме прават среќна.
    Гледајќи во една личност заклучив дека е толку многу убава, не заради физичката и психичката убавина, туку заради нешто друго, што ја направи толку посебна, а таа само разговараше со мене.
    Почувствував како ме пушта да влезам во нејзиниот свет.
    По толку години влезе во мојата куќа. По толку години разговори, смешки, исто како порано. И се сеќавам на секоја приказна што ми ја кажа, за човекот со сината кутија. И денес, пак тие разговори, само што веќе и јас знам приказни.
     
    На SparkyAngel, Mahidevranfan, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Добро вие што носите силиконски прерамки навистина мислите дека ви се невидливи и се е океј ??? |(
     
    На Candid, Mahidevranfan, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    - Мамо, јас знам повеќе од тој што ја напишал „Море сокол пие“.
    - Зошто сине?
    - Па Вардар не е море, ние немаме море.
    - Да, но „море“ таму значи нешто друго.
    - А што значи?

    ... следува неколкучасовно објаснување (со паузи де :D )

    Не ми бегаа детали ни тогаш, :lol: а и на моите не им било лесно, ко на квиз да беа 24/7, како што си бев љубопитна.

    Ја слушнав песната, па ми текна.

    Ех детство... кога најголемиот проблем ми беше да дознаам кое е значењето на „море“ во песната.
    Сакам пак.
     
    На Candid, Buttterfly, Annath и 19 други им се допаѓа ова.