Ништо не е важно во животот, кога ке го погледанеш наназад. Ќе ги заборавиш сите колеги, пријатели и непријатели, случајни луѓе и нелуѓе, ќе заборавиш што си облекол, кај си се соблеков, кој те повредил и кој те гушнал. Ама никогаш нема да го заборавиш човекот кој си го сакал, со која си стапил во брак, нема да го заборавиш моментот кога ке имаш дете, кога ке тргне на школо, кога ке има прва љубов, кога ќе се разболиш, а твојот сакан е до тебе и те храни со супа. Тоа не се заборава. И на 90 години е го паметиш тоа. Никогаш телефонот, никогаш фризурата, никогаш хулахопките, никогаш другарките во дискотеките. Сите ке имаат свое семејство, а вие ваше. Се се заборава...Освен семејството. 2015 ке ми биде година која ке ја посветам на семејството, а се друго ке биде пролазно. Оти луѓето кои вистински ги сакам ги имам дома. А со сите други ке бидам само фина и пристојна. Си посакувам сите да се живи и здрави, да го сакам како и секогаш, да ме сака како и секогаш, и да честитаме НГ другата година со еден повеќе.
Hola chicas ! Седнав со првото утринско црно, накај горко турско да поуживам и да ве прочитам. Сакам да ви кажам I feel good, не знаете колку му се радувам на ова чувство. Ова беше една мачна и лоша година, би сакала да можам целосно да ја прешкртам од годините на моето постоење, но тоа е што е, излегувам посилна личност од неа барем тоа е сигурно. Од срце посакувам да биде единствената ваква во наредните кои што следуваат, да биде повеќе радост за мене и моите најмили. Се сметам за личност со многу силна интуиција, па дај Боже ова убаво чувство кое што ме разбуди и ми прави да ми претка нешто во стомакот, да биде знак на убава година и исполнување на барем дел од моите амбиции. Сакам на сите да ви посакам здравје и среќа, да читаме само убави постови годинава за многу нови бебиња, среќни љубови, успеси во кариера за сите па и за мене, нема да речам не. Убав помин вечерва на сите кои што ќе слават поофицијално, а оние како мене останатите се надевам ќе го направите вистинскиот избор на пижами. Cheers!
СДК слики со снегот, дедо мраз, елките, подароци, чекирање кој каде е каде ќе оди со кого ќе се забавува, се знаеме за секого. Што не прават ова социјалните мрежи. Само да го видиме резултатот на крајот, Како си поминавте?? пааа добро беше.. А порано ако не прашаш некого лично појма немаш кај ќе слави, па ќе се собиравме уште на средина на ноември список да правиме за нова година, што да се купи. Сокче тортички кифлички леблебија банани некое кебапче па до нова година половина ќе изедевме собирајќи се. Дента на нова година ќе се соберевме да украсуваме во собата во која ќе славиме и правиме салати а мајките обавезно се врткаа околу нас задоволни сакајќи да ни угодат. Вечерта обавезно сукни ќе облечевме фустанче ова она, касетофонот овде касетите пред нас и почнува журката. Ни алкохол ни ништо, колку добро се забавувавме колку среќни и исполнети ни беа лицата, па уште и на серенада кога ќе дојдеше некој. Вечерта се сликавме а утрето право одиме да го однесиме апаратот да ни ги извадат сликите оти нели во фото студио мораше (недај боже да е осветлен филмот или да не бил добро наместен ). Едвај ќе чекавме да ги видиме и после со месеци имавме што да си раскажуваме... А сега, сега ни е се исто, и вечер ќе ни биде како и секоја друга и сигурно ќе нема што да си раскажеме, освен тоа дека некој се испијанчил, некој се скарал многу било ладно и толку. Ех времињата ли беа такви или младоста ни беше таква...Како и да е убаво беше... Среќна Нова година на сите ви посакувам, да сте здрави живи и весели, и секогаш исполнети само со убави моменти за паметење...
Си го читам хороскопов на фемина и искрено секогаш ми го погаѓа Па ај да видиме вечерва дали ќе биде точно Девојки сакам да ви посакам најубав помин било каде и да сте вечерваа, само среќни и весели да бидете! ОВЕН (21. III – 19. IV) Среда, 31 Декември 2014 Во последниот ден од 2014 година, Месечината ќе патува низ вашата куќа на самодовербата, луксузот и сензуалноста. Каде и да се појавите, ќе ги заробувате туѓите погледи. Со самоувереното држење ќе покажувате колку се цените себеси, а тоа ќе ги поттикне и другите да се однесуваат со голема почит кон вас. Копнежот за софистицираност ќе ве однесе на забави кои ќе ги скокоткаат вашите сетила. Ќе целите кон гламурозен изглед, а комплиментите нема да изостанат.
Денес, случајно или не, првата мисла што ми падна на памет откако се разбудив беше песната "The lazy song" од Бруно Марс. „Today I don't feel like not doing anything. I just wanna lay in my bed..." И така е, ама кога ќе се сетам што се’ имам за работа денес, и да не сакам, морам да станам. Можеби досадна станувам, ама морам декаде да се искажам. Треба да си ја средам собата, значи да пресмукам, да избришам прашина, да им најдам место на цела облека расфрлана, како и онаа на the chair... Потоа треба да направам колачиња и да испукам пуканки за вечер, потоа да се избањам, да си ја направам косата, да се нашминкам малку, секако да го напишам последното мислење на фемина за оваа година, и да одам кај другарка ми, за да се вратам дома дури следната година. А помеѓу сето ова, и тетка ми ќе биде кај нас, значи денес ќе правам се’, ама да лежам дефинитивно нема. И така, дојдов само да се „потпишам“, да се расонам малку, па да си фатам патче. Имајте убав последен ден од 2014, а за вечерта и најубави желби, покасно ќе ви пишам.
Некое лудо време дојде. Во коешто домашното (не)воспитание се става на исто рамниште со (не)искреноста.
Се разбудив околу 10,не не сакав да станам да се оделам од местото каде што се чуствувам убаво заштитено и топло мн.детски од мене нели?ама така се чуствувам...Утрово сум меланхолична помалку тажна,за прв пат новата година ќе ја дочекам дома сама,не не сакам да се дружам ни со моите сакам да бидам сама,ќе се гушниме со компјутерот и ќе се почастам со чаша вино 1 2 3 бог знај колку чаши добар старт на годината нели?ахам да...А можев да бирам од неколку понудени опции за славење,но незнам зошто не се пронаоѓам на ниту едно од тие места затоа решив да останам дома... Би сакала да се заглавам во теретаната и негативната енергија да ја убивам внатре дури сите надвор слават,послем тоа мн добро се чуствувам да но ни таа нема да работи затоа јбг... Ова е за мене уште еден обичен регуларен ден како сите и така и ќе го поминам,така подобро ќе се чуствувам отколку да се форсирам да глумам среќа и лудило... Го нема бившиот fuck off на овај последен ден од оваја година,го нема ни сегашниот онака со него опуштено е све де,нема никој друг и сите што ме наполнаја со негативна енергија и ми нанесоја болка ќе бидат избришани од мојата листа на постоечки личности...ДА... Оваа година имам зацртано цели и планови кој ќе се борам со цела сила да ги отстварам со божја воља оваа година ќе се посветам на самата себе,да се дооформам како личност да ги дозавршам започнатите работи кои ме исполнуват оваа година фак оф на сите САМО ЈАС СУМ ВАЖНА И НА ПРВО МЕСТО оваа година ДУБАИ ЧЕКАЈ МЕ ДОАЃАМ,славењето можи да почни ЖИВЕЛИ НА СИТЕ....
Дојде конечно и оваа ден. Дома ги симнавме календарите од 2014 и ги ставивме новите за новата 2015. Дома имаме секакви календари, лански, оломнаниски, скинати, џебни, верски.. Календара отвориме. Е, верски е само еден, и мама и баба го сакат па мораше едната да го зима, а тоа е баба како постара. И има една лоша вест - ненемарно, од брзање или од ладното си ги избричив престето со бричот. Мораше ли баш денеска. Остави ја дента, едвај чекам да дојде најлудата вечер, се изнакупиме, се имаме - само уште умот во главата. Убаво да си помините сите, најубав помин до сега на сите.. и умот во главата и вие..
И кога во последните денови од годината малку повеќе размислуваме за тоа што сме направиле последните 12 месеци, предлагам да ги памтиме само убавите работи. А лошите? Нека послужат како лекција. Новата година е полна со настани што треба да се случат, затоа треба да уживаме во секој момент! Решив оваа година на сите луѓе да им посакам љубов, разбирање, храброст, истрајност и верба во себе. Се друго се постигнува со овие работи!
Вечер каде и да одите, памет во глава (посебно за помаливе важи), алкохол во граници и максимално расположени. Се читаме во 2015, а за тогаш ви посакувам само здравје и што повеќе секс (за малите не важи ова, затнете уши ). Да ве поздравам со ова прекрасно дело, што барем мене ме прави горда Македонка...
Сакам да кажам дека поим немам што ќе носам вечер, ниту каква фризура и ме фаќа смеа. Не се замарам, има време до вечер. Ова е последниот ден од старата година и го поминувам онака лабаво, со кафенце и фемина. Сите лоши нешта и лоши спомени ќе ги оставам во оваа година во заборавав. Новата 2015 ќе ја започнам здравје со смеење, пиење, јадење, играње вечер во кафана. Ќе направам простор за убави и нови нешта, нови искуства, дружење, повеќе забава и шетање. А денес, не сакам да мислам на ништо, само чекам да се стемни да се дотерам и излезам да се забавувам. Демек не сакам да мислам на ништо, па плава сум, а тоа значи и да сакам да мислам не можам.
Дефинитивно, читањето низа прекрасни редови исполнети со убави желби на темава ми станува неизбежен дел од празничното расположение при секој посебен повод... Па еве и јас во благо еуфорично расположение, правејќи ги последните подготовки за вечер (уствари ај да не се лажеме околу потресувањето, тука моментално повеќе подразбирам по некоја кифличка и руска салата као психичка подготовка за тој аспект од атмосферата наредниве денови ), дојдов да шкртнам нешто пред одјавување и најава дека ќе се читкаме догодина. Знаете, јас сум си особа која за сметка на таа позитивна енергија и радост за сите ситници што ги прават празнициве што уште пред еден месец ме зафаќа како мало дете, она реалното потресување и растрчаност околу вечерното лудило ми е сведено на минимум. Празничната еуфорија - присутна, пријатно друштво за атмосфера по мерка - тука... and that's all I need. И така драги мои... препуштете се целосно на новогодишната магија што го прави овој период од годината толку посебен, и не дозволувајте ништо да ви ја расипе празничната еуфорија. За миг заборавете на сите секојдневни грижи и почуствувајте ја среќата во сите мали нешта... Дозволете звуците на весела новогодишна песна да ви разлеат насмевка на лицето. Заменете ја онаа растрчаност со цел се` да биде совршено, со вистинска позитивна енергија предизвикана од секоја ситница. Одвојте време посветено со љубов за изненадување на драга личност, со резултат - широка насмевка која ќе ви се врати како бумеранг и на вас и ќе ве стопли во овие студени денови... Ви посакувам највесели празнични денови, каде и да славите - одбележете ги првите редови од новата година со незаборавни моменти поминати со саканите. Сите лоши моменти и негативни чувства оставете ги зад себе, од сите грешки и падови нека остане само лекција и дополнителна мотивација за исполнување на се` што сте замислиле... А книгата со наслов 2015, нека ви биде испишана од првата до последната корица со многу здравје, љубов, среќни моменти и успеси, преточување во реалност на секоја најситна точка од новогодишните планови и резолуции! 2015 - a new book with 365 blank pages... Let's write a bestseller! Среќни новогодишни празници драги мои феминки и феминци!
На прагот сме на новата година. Тоа е можност да се потсетиме на успесите што сме ги постигнале, предизвиците со кои сме се соочиле, но и да бидеме благодарни за нештата со кои сме дарувани. Љубовта на нашите најблиски. Топлината на нашите домови. Нека нареднава година ви биде посреќна и поубава од било која до сега. Среќни празници феминки.
СДК дека овој ден го чекав со нетрпение последнава недела дена. СДК дека луѓево на фб многу го тупат со статусите од типот "New Year, New Me", и "Замисли да ми се јави во 00:00, и да ми рече..". Па што ако е нова година, тоа не значи дека треба нов живот да се почне, се е исто, и луѓето, и местата, и навиките. Ако сакаш да се откажеш од нешто, или да направиш некоја промена, можеш да го направиш тоа било кој ден од годината, не мора за Нова Година. А женските што толку сакаат да им се јави некој и да им каже нешто убаво, а знаат дека нема да се јави, туку само замислуваат, зашто да не се јават они? Па што ако си женско, и ти можеш да се јавиш прва, да честиташ НГ, колку да го слушнеш, не мора да му кажуваш дека го сакаш и дека чекаше да ти се јави. Ајде доста го тупам со моиве фрустрации хахах СДК: Феминки убаво да си поминете вечерва, нека биде незаборавно.. Have Fun, ly!
СДК дека оваа година ми беше дефинитвно најужасна и се надевам дека веќе никогаш нема да ми се повтори. Се надевам дека 2015 година ќе биде многу поубава и без толку разочарувања како што беше оваа. Само бар овој последен ден од оваа година да помине убаво и нека заврши На сите феминки и феминици им ја честитам новата година многу здравје љубов и среќа најубаво да си поминете вечер кај и да одите и без многу пијанчење Среќна нова година !
Сакам да кажам дека сакам се ова за Нова Година и неколку дена после тоа да помини онака брзо и „безболно“. Покрај тоа, сакам да ви честитам на сите Нова Година од сега, зошто не сум тип што памети кога е време да честита било што, па подобро пред време него воопшто. Нека новата година ви е исполнета со многу среќа, љубов, со најмилите покрај вас, со снешковци по дворовите, со вреќа полна здравје и ајде, пари. Среќна Нова Година Друго (кога сум останала на едно), сакам да кажам дека во глобала сум имала доста добра и интересна година. Дали сакам уште една таква? Не. Мислам, сакам да кажам, не сакам кога истите работи се повторуваат Сакам нешто ново, интересно, неочекувано. Сакам да кажам дека и сега оваа 2015та, што јас веќе од пред два месеци ја крстив 2016, сум матурантка и сериозно сакам да идам Биологија да учам во Скопје, па со Господ напред, нели нови искуства и желби. Ако не ќе сакам искусен психопа--психолог. И ете, стигнавме пак на последната страница. Доказ дека секој крај е нов почеток.
СДК дека конечно ја почвствував новогодишната еуфорија и се запрашав зошто. Иако денов не е посебен од останатите, Земјата само што ќе го заокружи патот околу Сонцето. но мислам дека нештото кое највеќе ме возбудува(верувам и останатите) се работите кои овој ден лажно ги ветува. Со други зборови се надеваме дека нештата ќе тргнат на поарно, дека до година ќе бидам повеќе од она што сум, со тоа добиваме уште една фиктивна причина за нов живот. Сега дали нештата ќе станат подобри, некои работи зависат од нас нескои не, можеби оваа година да ни биде понесреќна од минатата или посреќна. Мислам дека овој ден ни овозможува да се проектираме во иднината во подобро светло