Сдк да ве чува Бог од мажи ко жени. Да ми е здрав и жив комшијава Од почетокот до крајот на улицава го знае секој чекор на жениве. Која рикнала, која пукнала, која ноге дигнала Само мене не можел да ми влезе во траг... кај одам и што правам. Комшике, каде си три дена те немам видено Е комши, на Швалерација чисто за информација ... Мама вели, не си нормална има да те однесе до Сува Гора. Е видиш, ама ич не ми чуе, моја авлија негова капија...
Такви таленти и изроди како комшијата твој се честа појава во општеството има на секој ќош по барем еден таков.....Еден добар игнор е лекот за таквите сиромашни души.
Богами баш Бог да чува од такви мажи. Во секое маало по еден таков, всушност се повеќе и повеќе ги има . Бетер од жени се тие, жените појма немаат за оговарање колку они
Моја Песна : Училишни денови Училишните денови се најдобри нели барем секој постар така вели Но зарем заборавија толку брзо дека за учење и нив ги фаќало мрза. :geek: И кога Рацин ја пишувал "Денови " сигурно мислел на нашите маки големи стани си утре порано легни си вечер подоцна aј пуст да е пуст да остане фејзбукот Септември со душа го чекаме ама веднаш почнуваме да крекаме домашни,испрашувања,тестови и секако без поткажувања,шепкања и добри гестови. И се така до јуни паѓаш,се тетравиш и буниш се додека не сватиш дека крајно време е книга да фатиш. Но како и да е наставниците наши мили си ги собираат крајните сили да попуштаат,но секогаш велат до година држете се ќе ве мелам!
Истите вие,господа професори,што не учите да не ги судиме луѓето по надворешен изглед,истите вие ги терате машките до долга коса да се шишаат. Pull yourselves together.
Баш така. И така треба ич да не ти чуе, ко нема друга работа тој, нека си се занимава човекот со тоа па може професија му е , радозналост за која, што правела...
Никад не развив способност за ефикасно пакување. Ама мастерот на кратките пакувања ми даде добар хинт - оди во дм купи шампони, гелови и млеко за тело во мали пакувања (добро ова го знам, ама не сакав да го применувам,живеев во негација Не знам еве која ми е потребата да влечкам големи пакувања барем од една работа ) и оди во аптека земи си тестери од крема!!! Епа никад немаше да ми текне дека тестери може да послужат за такво нешто. Епа БОГИЊА МИ Е! Бо-ги-ња! Само што правиме со кондуриве и чизмиве...да си купам бебешки па да ги оставам да ртат еден саат? Ах...за некои работи сум многу глупа! Ама нешто да ви кажам...соништа се исполнувале и не знам по кој пат ова го дрнкам!!! И убаво си сонував. Плажи, мориња, убајни... Ќе се случуваат некои екстра убави работи!!!
Леле кога ќе видам намуртена жена (продавачка) во бутик ми се Па алоо не ти се луѓето криви ти ако си нервозна и нерасположена со таа твојата фаца луѓето ги бркаш од пред излог а не па внатре да влезе некој да разгледува ... Се изнашетав важно, незнам колку пати реков здраво,пријатно,чаоо и ништо не си купив... уствари купив нешто но тоа што барав не . Па и цените бе 3800кошула,6700 панталони ,јас луѓе разбирам брендирани биле,марка биле ,од Италија ... абе ретко кој може такво парче облека да си дозволи па тоа е премногуу Има многу луѓе што ги напаѓаат овие Пренди и Певекс што имаат многу ефтина роба но барем луѓето можат да си купуваат а има и избор,еве и јас не се срамам да кажам дека си купувам по нешто т.е имам повеќе блуски од Певекс што има врска дали е 100 и 220 денари битно е дека ми се допаѓа и ми одговара , шо кога ќе ја облечам таа од 3800 кошулата на неа ќе пишува од кај е и колку пари е ? пф глупости. Важно е да одговара и да се чуствувам пријатно во неа и секако ќе си купувам од тоа што ми дозволува џебот Да ви кажам дека уживаам исполнета сум целосно,батериите ми се наполнети,насмевката не ја тргам од лице,го чекам љубениот да се врати од работа а за тоа време одам да ја поставам масата за касниот ручек Ви посакувам сите да сте среќни и насмеани уживајте во викендот максимално Ве сакам сите
После доооооооолго време, одвоив 3 часа од времето и заминав во театар. Неможам да ви опишам колку пријатно се изненадив. Толпа луѓе чекаа за да влезат. Културни, дотерани, елегантни, смирени и нормални. Навистина мислев дека театарот ретко кој го посетува, но се излажав. Ако, мило ми е, тие глумци што беа вчера заслужуваат да бидат видени и да им` се посвети внимание. Се согласувам дека картите се малку скапи, ама не се оди секој ден, еднаш во месецот можеме да им простиме на тие 300 ден. Се израдував уште еднаш и бев горда на тие малку глумци што останаа во театарот и кој беспрекорно глумат и глумеле, покрај сите бариери на условите во кои работат. Се изначитав разни вистини и невистини околу тоа под кои се` не услови ги изведувале пробите... Бев среќна што видов млади и нови глумци, кои имаат прекрасни учители од кои можат многу да научат. Морам да кажам дека со синхронизацијава на турскиве серии, глумците како да го изгубија идентитетот. Го гледам Дац и ми текнува на Демир, или пак не знаев еден од глумците како се вика, ама затоа знаев кој лик го синхронизира Им симнувам капа на Драган- Дац и Зоран Љутков, ме воодушевија во нивната глума и со тоа колку се имаа внесено во улогата која ја толкуваа. Така да, луѓе одете во театар. Чуството е многу поразлично во споредба со киното. Тоа Ви е како да читате книга и гледате филм. Книгата и театарот многу повеќе ќе ви го задржат вниманието и ќе ве држат во љубопитност. Ќе сакате уште и уште.
денес ме фати носталгија за минатото.Деновите кога едвај чекав да дојде петок, не дека можев да излезам, или да се пијанчам(всушност во тоа време ни знаев како изгледа тоа) туку едвај чекав да помине дванаесет пополноќ и скришум да уклучиме ТВ и да гледаме цела вечер филмски маратон со сестрами. Телевизорот пуштен на тивко за да не слушнат мама и тато , а јас и сестрами ко халонирани. Пресрекни ако дадат некој нов филм, паа ако е хорор ...знаеш дека пола од филмот ке бидеш под кебе, од самата музика ке те лазат морници. А утредента пола ден ке бегаш од нешто , и самата нема да знаеш од што. Навечер ке проверуваш под креветот да не има некој -Важно цел филм ке го изгледаш.Освен ако не не фатила мама па го исклучила телевизорот. Зошто денес нема филмски маратон Понекогаш ми фали старата технологија.
Па баш тоа не знам дури и не знам---незнам,го пишувам. Сум се штракнал по малку..Ова школово цел живот ми го врти наопаку
Да пишувам пак, се` од почеток, искрено ме мрзи, доволен ќе биде претходниов пост. Јас сум на коњ! Дик, коњче, диик, дииик коњче. Само што овој пат бев со друга компанија. Да ги гледаш сите, кој од кој послаб. Триесет кила со се` кревет и јорганче. Запнале козји патеки. Толку ли до сега не сфативте, дека јас на прав пат, се сопнав неколку пати. Не сум коза, по козји патеки да одам. А неколку пати претходно им потенцирав: - Јааааас. Пооооо. Козји. Патеки... Не одам! Дури ако поверувате, солзи на очи почнаа да ми излегуваат. Не сакам после на вести да ме даваат, не сакам да бидам до толку фејмос. Замислете наслов, на вести: - Едно девојче, коешто не се знае дали е девојче или е некое животно или пак некој трупец, почна да се тркала низ падините на Водно. До душа колку и да умреш, ќе се спасиш, ама стварно смрт ми се тие кравјине патеки. Ги гледам сите километри пред мене (добро сега, не до толку ) - Еленаааа! Можеш тиии. Ајде доста одмораш. Не се предавај. А бре лесно ви е на вас, а јас олкава краветина? Малку фалеше да и` го шибнам мобилниот на една во глава, од што ме изнервира. Ма да, не сум до толку прецизна, башка цвиките ми се замаглија, :geek: па немаше теоретски шанси да ја погодам. Јас не се откажувам! Само што ми треба време и вреееееме и вреееемеее, док да се одморам. Гледам од минатиот пост, за три ипол саати сум се качила. А сега само за два! Си се дивам, остајте ме. Битно кога се вратив, изедов се` што имаше дома. Поука: На Водно, се оди само со тие што сте тука некаде со килажа! Јас тука закржлавена, се влечам, они земале се тркаат. Мислам, браво. Ми кажуваа совети: - Оди наназад, свртена со грбот, полесно е. Оди со рацете на половина, полесно е. Џабе е, џабе! Сум седела по канти за отпадоци, буквално на се` што ќе ми се испречи пред патот. Па демек гледам колку е саат, па да ѕвонам кај некого, за привремена пауза. Они замислете ги неколку метри пред мене, јас позади нив. Јас застанувам, они застануваат. Јас се одморам. Ќе тргнам до кај нив, додека да стигнам до кај нив, ќе се уморам. И така се` до крајот. А знаете што ми беше најтешко? Облеков некои стари патики, изнаносени. Со такви коцкички/баклавички на петата. И буквално при секој чекор, јас чувствував како ме напаѓаат баклави. Плус тоа, паднав на лева нога, сега десно колено ме боли. Мајка ми ми вика, реума да не ми било или да не не се сеќавам кога сум паднала. А колку што приметив, само јас бев со кратки ракави, сите други со јакнички. Па добро бе, како не им е топло? Ама озбилно. Јас препотена, со жар црвени обравчиња, они со јакни. Молим? Кој го препознал трупецов (мене)... Па што да кажам? Најс. Лажам, не е најс. И реков дека нема да го повторувам постот, а видете што се` не напишав. Иначе уште ми се јаде. Ама лижавче ќе си лижам. Лајк а бос.... или можеби чајлд.
По ѓаволите со овој глуп лаптоп!!!! Оној, мојот, на кој работам секој ден „малку“ почна да прегрејува па ќе го носиме на сервис. Затоа јас сега работам на овој, малиот. Ме уби!!! Од утре има да го наместам оном големиот од детската соба овде, инаку ќе умрам.ќ Всушност, или компјутерот доаѓа овде, или јас одам во детската. Нема трето. На овој работам 1о минути и веќе ме нервира. Канта!
Значи отсекогаш ми било мистерија како ставаш толку смајлиња во еден пост, кога мене ми вика дека максималниот број дозволен е 10? ..дури неможам да ти го цитирам цело мислење од истата причина. Иначе да си се надоврзам на тоа што сакав да кажам... Едно од најголемите достигнувања е кога ќе го изгубиш стравот од останување сам. Потоа си добри 50% помалку ограничен во однос на се'.
Actually....I DO BELIEVE and I CAN! I know that there,up there is THE ONE PERSON that is looking for us..... need our love,hug and support. I DO believe in GOD!
Мислите се како црв... Копа,не вознемирува,ја опседнува нашата психа. Ни го нарушува сонот и јавето. Дежурен потсетник во нашиот живот од кој не можеме да побегнеме. Колку не разјадува совеста зависи од нашата свест.