Некој би помислил дека мртвилото доаѓа со судниот ден, но за волја на темната вистина поимите добиваат нелогично значењe. Мртвило ги обзема луѓето чиниш секој на секому му сторил нешто. Мрачни чувства се распослани наоколу, зајадливи погледи и гневни зборови како лава се истураат врз човечката силуета. Кормилото го врти неподнослива апатија исполнета со илузична надеж за светли утра. Се чувствуваат динамични движења низ турбулентното секојдневие инфицирано од синдромот на аверзични обиди за себепронаоѓање. Убиена е секоја радост, иницијатива, ентузијазам. Умираат и радоста и тагата. Прославите со здравица и музички декор на амбиентот ги изгубија вистинската вредност и значење. Стереотипот се повеќе е избор преку кој се прави моментално бегство од агонија. Не дека некој сака да се расположи од среќа, туку од можност да се покрие другата страна на чувствата. Некогаш бев на мнение дека луѓето ги кријат емоциите и се контролираат. Но, се повеќе се потврдува констатацијата дека воопшто немаат емоции за да ги притаат. Отапени сетила до степен на лудило го кршат личното его. Не гушат депримирани и безживотни лица како растение на кое му е потребна вода. А човекот со својот гнилеж успева да се уништи и таму каде што има услови за добра вегетација. Неподносливо болно, а толку сурово реално. Не постои убав крај.
http://a1on.mk/wordpress/archives/432248 Луѓето ги бркаат од работа не можат да се прехранат дури чекаат бебе, тие кампања трето дете ќе ми трубат на секој 5 минути или избери живот. Абортирај го таму, оваа земја не заслужува повеќе чеда.
Искреност... Неколку букви кои очигледно останаа само да бидат напишани на лист хартија. Жалосна е нашата сурова денешница. Ја засакавме повеќе лагата, а неа... Неа ја оставивме зад себе.
Животот е убав како да го живееш знаеш, затоа земи се што животот ти дава. Среќата е убава и вреди да се живее за неа, но не барај премногу ќе имаш се.
@Doozy nevospitanite volovi koi ne pocituvaat nisto pred sebe,nisto nema da gi smeni motikata na niva. Ke ja izedat motikata od sto nema da mozat da docekat da go izvadat lebot.Nema da znaat kako.. Prosti sto te tagnav samo sakav da se nadovrzam. Toj sto se naucil cel svet da mu e kriv za sopstveniot neuspoeh i problem ne go menuva nitu izolacija od coveckiot rod.I tamu ke najde kogo da napadne. Epa nema uspeh ako ne si go ispotis zadnikot ili mozokot. Eventualno moze da te spasi vuijko vladika amna sto koga vladikata ke go nema? Ako vozrasen,stom e vol e vozrasen neli,ne naucil do sega da se snosi so zivotot na plekite bez cukanje vo prazni gradi i po tugi glavi nikogas nema da se nauci.
Што е со девојчињава облечени како Јети? Ситни,мали по градба облекле огромни крзна. Во една варијанта природни што е жално и ужасно само по себе. Да закачиш крзно на тебе мене ми е еднакво на тоа да се гордееш со убиство. И грозно е и точка. А,овие другиве со вештачките искубани крзна,како мечки потопени во штиркач ми делуваат. Ме нервира ваквото општо прифаќање на тренд. Иако има девојчиња што убаво ги комбинираат овие вештачките крзна ,а и тие самите иако вештачки делуваат фино. Ама овие се ретки.
Го гушкам него, а сказалките споени и разделени веќе четири дена. Како нас... Си ја потпевнуваш песната додека го пакуваш куферот за 31ви. И по неколку дена стоиш на раскрсница и ја фаќаш левата страна, да си го донесеш дома или барем да му ги видиш очите за да го добиеш мирот. 2015 ќе остварува желби и ќе брише солзи. Секако ќе ги остварува ако тргнете по нив, а вака... потешко. Си тргнав, си го земав новогодишниот подарок сама, и за промена, НИТУ ЕДНАШ НЕ РАЗМИСЛУВАВ ОКОЛУ ТОА ДАЛИ ТРЕБА ИЛИ НЕ. Плачев и се смеев во исто време, а бога ми и тој. Западно од сонцето, Северно до Скопје на една болна точка на универзумов. Константно се бркам сама со себе, дури и осамено по автопати со педалата стисната до 160. И не разбирам луѓе што се натпреваруваат со други и уништуваат туѓи животи, наместо да се натпреваруваат со себе. Има ли поубава конкуренција од сам на себе? Те знае како дланката кога и по порака фејсбуковска пред да ти го чуе гласот ќе ти ги постави овие прашања и констатации - Сега стана? Кој те налути? Јадеш нешто во моментов така? Во овулација си? Не си наспана доволно... Те чувствувам, тешко ти е... Базичните прашања на постоењето...ете тоа. И да ти добаци нешто шовинистичко за долгите нокти и потоа можете да се докажете на неколку начини или што би рекле на народните приказни - да се тркалате во ливаѓе. Да сте сте нечија прва новогодишна честитка и тој да е ваша, ете тоа ви посакувам во новата година за идната нова година. Си го посакавме најубавиот подарок оваа година... оди по порачка и е прснл мејд. Другарките ифрид лути, за мое добро, а јас лебдам... и се држам за срцево само, еве...
Бевме како Бони и Клајд(така се викаа?),сега сме како север и далечен југ,простувам јас ама ако животот и тебе ќе ти даде лекција.Нема везе пубертет секого ќе вати,па и тебе веќе е во офанзива.А така.И ти!Да и за тебе да кажам нешто.Замарај се ти со мене,сликај си селфиња 24/7,па повеќе и од Обама работиш, трошејќи го врапчешкиот мозок на тоа како,што,зошто,вака,така,онака правам јас.Зезај се ти,ама има некој кој знае еден ден многу убаво да те зезне.Јас ќе молчам,не сум невоспитана да се дерам како орангутан пред парење.Ти си таков,па што да ти правам? Во овој мој монолог да си искажам дека се чувствувам пингвински,како од фрижидер извадена,со милка капа на мојата глава....да баш така.А и уште една работа да надополнам....како дојде времено и децата од 13-14 години ги гледам со ајфони,самсунгзи,не знам какви тачој во рака,а студентите со 50 ден в џеб.Некои дечиња уште отсега се прават теткици.Пазете да не ви дојдам на мекици. Знам дека многу си пишувам....не чини толку филмови гледање,ајде да се префлам на книги читање со топло чајче во придружба
Времето е показател за тоа дали некои работи биле онакви, какви што се, дали некој бил во право или не, за што и да било.Никогаш не сум се трудела да откривам луѓе, нит сум се мешала онаму каде не ми е работа, а секогаш времето работело, се уште работи на моја сметка за да ми покаже што и како е, а сомнежот секогаш точен.Благодарана сум за тоа.
Еве ме и мене Среќна Нова 2015, нека годината ви биде исполнета со прекрасни мигови покрај саканите личности, нека ви биде пребогата со здравје, љубов, насмевки и пари.. Јас само што го испратив либето уф како се навикнав на него пет дена, сега ми е ептен празно, не помина ни половина саат а веќе ми фали.. Нова година, нови планови, нови желби.. само да ни се исполнат.. имаме уште 360 дена на располагање..
Еми.... како да ви кажам. Новава година не ми е некое возбудливо доживување. На Божик повеќе му се радувам зашто татко ми спрема топла ракија од сабајле, а мене ме фаќа од една, па сега вие видете Старата ја испратив скоро без струја, паднат далековод, замрзната улица и изјава на љубов добиена од погрешна личност. Новата ја дочекав со евтини додворувања (дете, јас на мраз не паднав, не пак на муабет) и веќе раскашкан снег. Лигавејнците од социјалните мрежи не можам веќе да ги поднесам. Арно тука никој не познавам, може и вас ќе ве хејтав И арно што во мојата омилена џезерска дупка не ме прашуваат зошто не пијам алкохол кога порачувам Швепс, а потоа не ме прашуваат што ме премислило кога се префрлувам на Скопско. И арно што и во новава година знам каде има добро кафе Амин. Отидов јас во некои потопли краишта.
На било што од 2014 се сеќавам ко низ магла. Така и треба. Не беше некоја посебна година за раскажување. Од средата, 2015, сум како подновена, а ништо немам сменето освен што ја скратив косата и тоа 2-3 центиметри. Ајде дај боже ваква да останам цела година. А и си прочитав хороскоп да видам баш што и како ќе се случува и добра е, вели HА РАКОВИТЕ OВAA ГОДИНA ЌЕ ВИ ДОНЕСИ ПРОМЕНИ, не баш со овие зборови, ама тоа е тоа, иднината неможе се смене.
@kolovoz на зимски одмор бевме, малце треба и ние да здивнеме инаку и ние од многу трудење трудни ќе останеме, после тек што ќе биде... од денес натаму имаш термини, можеш да ни закажеш. И таман да не бидам оф топик, ќе ја искористам да им честитам Нова година на сите феминки, се што не ви се оствари во 2014-та, да го доживеете во оваа 2015. Cheers!
Не сакам да изгубам надеж. Годината многу лошо ми почна. Само сакам животот да ми покаже една причина да не отерам се по ѓаволите и да не се откажам. Една причина? Еднаш си ветив дека нема повторно да дозволам да бидам скршена. И на никој не дозволив да ме скрши. Освен на самата себе. Не дозволив друг да ме скрши, ама затоа сама се испокршив. Ама давам се од себе да ги усреќам другите. Се од себе. И ќе успеам во тоа. Затоа што знам како е да си во лоша состојба, а на никој да не му е гајле за тебе. Затоа ми е грижа за секој. За секој. И од таа причина сум премногу емоционална. И од таа причина не покажувам ни една емоција.
Само што ми стигна известување дека сум наградена со трофеј за мојата прва годишнина на овој форум, Една година...се чуствувам како со години да сум на Фемина и навистина иако не пишувам често,нема ден да не ми помине без да отворам и да прочитам што е актуелно и модерно во 21 век,нели п.с Во продолжение поздрав до сите со песната-Толку сум среќна што те имам,Ти Благодараааам...
Често ја потпирам главата на прозорот.Многу често.Поготово наутро кога ќе се разбудам.Да,кога ќе се разбудам наутро,али еве често се будам и на пладне Него,нема везе.На некој начин тоа ми стана ритуаал.Веројатно затоа што прозорот ми е тука,над глава.Често ќе се замислам.Овој прозор мора да има некаква моќ.Ќе се замислам подобро.Помислувам на деновите пред тоа,кои што поминале.На грешките кои сум ги направила.Да не ги направам пофторно.Не размислувам само на нив,туку на којзнае уште што..Ни јас сама незнам.Знам само дека со тој прозор,се исклучувам од стварностите и одам,ни сама незнам каде. Чуден прозор,секој од нас имаа ваков.Чуден.