Да се пофалам си добив пакетче од краш од сестра ми. Мислам дека посреќна од мене нема денес. Иако одамна не сум мала за пакетчиња, пријатно бев изненадена. Денес убава прошетка имав, пола град го прошетав, и на крај си седнав на кафе на трач муабети. Чудно ми е иако сум најголем снегомразач, ладното денес не ми сметаше. И на крај да се пожалам дека ми се спие.Добро никој не ме тераше во 6,30 да станам сабајле.
Вчера и денес смрзнував поради слабо парно од страна на БЕГ, морав да пуштам греалка, а вечерва од што е жешко парното, морам прозор да отворам. Во еден миг помислив дека имам температура, а тоа да ти били жешкото парно. Ех БЕГ ни се терате ни се водите.
Понекогаш е многу подобро да не го добиеш тоа што го посакуваш! Денес заминав. Гордо ја носев својата болка, како и штиклите. Го погледнав немо, и продолжив. Му се насмеав на минатото, и одмарширав кон иднината. Па, да наздравиме во негово име..Cheers!
Ме гледа мајка ми и ми вика: Ех, што ти значи младост... На твои години со татко ти по какви снегови и ветрови сме планинареле. Ама сега да ми платиш бре не одам во тој мразарник! Надвор ведро небо, сонце сјае, ама термометарот покажува -16. Ма што ми е гајле, ќе си правам снешко! И направив, и тоа два Немав морков за нос, ама најдов некои стари пенкала во разни бои. Немав ни соодветни реквизити за уста и очи, ама сепак сите тие дрангулии што упорно ги чуваме по фиоки, некогаш стварно ќе се најдат На таа температура ти смрзнува цело тело, освен срцето. Тоа ти е топло, кога за миг ќе погледнеш барем дел од она што те опкружува.
Сите изневеруваат, сите имаат резерви, некој знае да излаже и скрие, а некој не..... Зошто се сите толку сурови?
Веројатно затвореност во комуникација, предрасуди и стеги, од една страна, еднострани напори на сметка на друга лежерна страна и калкулации и нецелосно предавање, од друга страна. Едниот вид на појави влијае врз другиот. Пак ќе речам, најверојатно. Постојат среќници коишто успеале да го надминат ова без да ја прекршат моногамијата во бракот. За жал, се` поголем е бројот на оние коишто ги искусуваат состојбите од погорниов пасус. И мислам дека на нив и треба да се поработи. Не е доволно да се спречат последиците, треба да се уништат и победат причините. Аналгетик не лечи инфекција, само ублажува симптоми.
Го пропуштив рокот за предавање на семинарска за три минути. Се срамам и се чувствувам како идиот. Се чувствувам како да сум квадрирала година, се чувствувам како да студирам десет години, се чувствувам како да ги предадов моите. Сепак фала ти животе, ќе научам да не ги одложувам работите повеќе.
Kрајот „Затоа што сум маж.“ си кажа се`. Вистински мажи, уште од мали нозе и доволно умни да се свесни за тоа. Thanks for sharing и мене ме орасположија.
Во нашето маало секогаш на овој ден пред Коледе се пали оган. Кумот од предходната година спрема се, ама и останатите комшиии. Аманте бре луѓе како да не сте виделе јадење, земете и повлечете се, ама за вас шведската маса е поим тоа ти е*** простотлукот. Додека има да се јаде како да нема утре. Да ви е*** ненаситните и бедни души се давате за малку грав, посна пита и по некој сок. Разочарување се повеќе и повеќе. Да бесна сум, никој не е страден ама дај шта даш ако е за џабе.................. Силен народ (на збор) Силна Државааааааааааааааа........ Тхе Енд на приказнава И ова е важно петарди од различни димензии се пукаат.
Ја разбирам потребата на луѓето да ја почитуваат традицијата. Има некоја убавина во палењето на бадниковиот оган,џагорот кој се слуша во маалото,насмеаните лица, заедништвото и позитивната енергија која се чувствува. Никогаш не сум присуствувала на маалското прославување, бидејќи таму не сум се пронаоѓала себе си, но сепак ја почитувам желбата на мнозинството оваа вечер да ја помине покрај огнот со храна и ракија. Тоа што не можам да го разберам и веќе 3 часа се прашувам е каква е поврзаноста на петардите со Бога и славењето на неговото раѓање. Се прашувам ако ги фрлаат возрасни какво задоволство им причинува тоа и каква порака му праќаат на Бога,а ако ги фрлаат деца (кои на Бога му се најмили) како немаат свест дека во секој момент може да се случи некаква трагедија . Колку што можам да слушнам од мојот дом ова што се случува надвор не е славење,ова личи на борбено поле. Се прашувам дали вистинските верници се внатре во своите домови и се спремаат за Божиќ или надвор со петардите во рака????
Јас се извинувам што најверојатно ти се случило некое непријатно искуство во врска со оваа тема меѓутоа тој муабет сите вараат сите мажи/жени се исти не мора да се прави Сепак мора да има малце надеж за оние што сакаат да се/што се во врска (меѓу кои и јас) Фала
Животов...шамар по шамар, толку се навикнав на грди работи, срања, што тешко дека постои нешто што можи да ме изненади или да ме запрепасти, се мразам што го пишувам ова, не сакам да го предизвикувам, па да стани уште полошо...Само се надевам дека Новата година ќе донеси поубави работи, тоа нема да биди многу тешко да се постигни... Среќна Нова на сите Ви посакувам само да сте здрави и живи, друго ништо не е битно и доволно е за да бидиме најсреќни!
Коледарските огнови ме вратија во детството. И раскажав на ќерка ми како јас и брат ми му се радувавме на Коледе. Мојот дедо не носеше на планината во близина на нашето место на живеење. Ни сечеше по една мала смрека и ги врзуваше за коноп. Потоа јас и брат ми пресреќни ги влечевме смреките до дома. Вечерта ни ги палеше во дворот па ние двајцата имавме наш мал „приватен“ коледарски оган околу кој пеевме песнички и се вртевме. И така секоја година... сеуште му се восхитувам и му благодарам на дедо ми за таквите доживувања.
Видеото е за деца во вистинска смисла на зборот. Ова на што бев сведок вечерва е реална состојба До каде одат децава, а каде се родителите.Тука се во близина ама се прават слепи при очи.
Ne e nisto zagubeno. Odi zamoli, ke zavrsis rabota. Tri minuti ne se greda, ajde odi i zamoli. Moze na sekogo da mu se sluci. I tie se luge imaat razbiranje. Slusaj postar, jas dva fakulteta imam zavrseno. Ne e nisto zavrseno, odi zamoli i zablagodarise. So sreka.