Се опремивме со мали чоколатца, овошје, бонбони и ситни пари за дечињата сабајле. Иако ретко имаме коледари во зграда, затоа што ни е заклучена влезната врата, се надевам дека обезбедувањето ќе ги пушта. Многу им се радувам. Позабавниот дел ми бил отсекогаш навечер во Лешок, таму се оди вечерта пред Божиќ, тогаш е и огнот и сите се маскираат. Мали коледарчиња, плус маскирани. Се радувам како и јас да сум дете.
СКД ко те је*е бе пријателе... Кога цел свет сакаше љубов за тебе, ти незнаеше да ја дадеш, сеа ти го спопикаа па те здоболе? трпи трпи и трпи, и нека ти биде тешко, не планирам ни да се свртам да те погледнам.
Многу ми се интересни личности кои ќе ме дознаат овде и пресреќни онака у стилу: "ау, фала ти Боже, сеа ќе се пазам шо пишувам да не ме дознае и она мене." Всушност... јас нив од поодамна ги знам, само има една суштинска разлика, јас коа ќе пробуричкам низ нечии мислења и видам дека личноста открила "сочни" детали не се "ситам" напротив, сочувствувам. Зашто ничиј живот не е идеален, не е ни мојот. Мене така ме воспитале, природно ми доаѓа. Башка, стојам зад сè она што го имам напишано овде, у осталом каква сум овде, таква сум и надвор од форумов. Заминав да учам... Aaа... и уште нешто да ви соопштам, џабе ги криеме профиливе (јас мојов намерно пошо гледам личности не се снаоѓаат, па нека ги копка ) има многу едноставен начин сечии мислења да се читаат. Ни сте знали?
Tessie потполно си во право... Mile јас се извинувам ако некому одзимам надеж за врска. Работата е во тоа што ако некој има врска како што треба да се има, мојот пост ќе биде сосема незабележителен...... љубовта е слепа во поголем случај, а совршенството не постои. А тоа ми беше само момент на слабост, немојте, не е се така црно, има само лоши моменти и периоди кога е никакво ама се поминува. Ама таа е вистината, барем за мои години и за мој период такви се денешните врски, секако со мал исклучок. А тоа дека сум свесна за ова и се помирувам, не значи дека е се толку никакво. Таков ми е периодот, што да си правам. Моето искуство, искуствата на моите пријатели, на моите роднини, на мои други познаници се слични. Големиот дел за проблемите на љубовните приказни се тие. Луѓе кои не знаат што сакат, луѓе кои и покрај тоа што не знаат да лажат тие упорно ве лажат, луѓе кои се ограничуваат дека постои само единствена љубов а после се е залудно, луѓе кои немаат баш никаква цел во животот, луѓе кои не сакат да се потрудат, слепи луѓе кои само се вртат во круг, луѓе кои грешат а после се враќат.......ама на сето ова постои и спротивност. Изборот е сосема наш. Сите се различни, сите имаат свои приказни, сите имаат подеми и падови, сите ама баш сите имаат слаби страни, и сите грешат, и сето ова е нормално.
Коледе леде паднало греде утепало деде, деде се мачи баба го квачи за четири јајца, гускини паткини - КОЛЕДЕ. Не знам сега дали вака беше ама НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДЕНОТ. Среќа, убавини, се што си посакувам за себе Ви го посакувам и Вам. Оваа година топли прегратки, позитивни мисли, убава и достоинствена работа според образованието и секако поголема касичка со пари. Луѓто да ви доаѓаат во прегратки дури и кога вашите раце се празни. Да се врзат за вашата душа која ќе биде полна. За плодна година. АМИН.
Се сменија многу годишни времиња за да започнам повторно да верувам. Се сменија многу годишни времиња за да станам она што сум денес. Се сменија многу годишни времиња за да сфатам дека некои луѓе знаат за мене повеќе, отколку самата јас. Се сменија многу годишни времиња за да почнам да разликувам добро од лошо. Се сменија многу годишни времиња за да сфатам дека се е минливо и дека без секој се може. Сега се прашувам уште колку годишни времиња треба да пројдат за да сакам повторно?!
Тоа е тоа, кога се замарам, се замарам, но кога ќе решам да престанам да се замарам, е тогаш човек може на глава да оди, нема да го приметам.
Vo zivotot posakuvam samo zdravje i dusata da mi e srekna! Zivotot e mnogu kratok, i kako sto sum jas vecerva srekna vi posakuvam na site da bidete tolku srekni! GOSPOD E GOLEM I ZA MALITE LUGE! ZA MNOGU GODINI!
Да ви посакам добро утро, на овој прекрасен ден Христос се роди!!! Нека ни е за многу години празников, да ви донесе Бог многу здравје, среќа и многу успех на сите полиња во животот Се радувам дека ги дочекав и првите коледари утрово, пред да заминам на работа
Човековиот род, најнизок од сите други. Со дарба за психичко размислување и расудување... Со највисока желба за себеистакнување на сметка на другите. Понижување и омаловажување на противникот, се со цел себевеличење. А толку сме ниски и мали. Толку сме бездушни, колку зрно грашок. Се истакнуваме со вештина да го видиме грбот на другиот, не мислејќи дека некој го гледа и нашиот. Ароганција, иронија, цинизам, се на се болест. И да не ми заѕвонеа децата, утрински, на врата, ќе мислев дека се изгубила човечноста. Ама убаво е кога ќе се видат насмеани лица и покрај сето сивило во светот. Убаво е кога, ќе се разочараш од некој, друг да ти ја покаже светлата страна на човештвото. Среќни Божиќни празници! Нека ве исполнат со мир и благосостојба на душата, вас и на оние кои ве опкружуваат. Да ви даде, Бог, способност да спознете дека само она што го имате вреди. Она туѓото не е за вас. Да бидете исполнети со мислата дека сте помалку вредни од другите бидејќи само така вредите повеќе.
Освен што као највечи сталкер ви ги испопрочитав и исполајкав текстчињава, сакам да кажам дека вчера се направив летва. Ај што не знаев кај терам, врвот беше што на еден кутар човек кој на оганот беше кум му се трупнав како каца сосе чашата, му пружав рака и посакав Среќна Слава. Со зачуден поглед човекот само ми ја подаде раката, се заблагодари, и со неговата сопруга чудно ги проследија моите тромави чекори дур се одближував. Шта речи а не заплакати? Патем Среќен Бадник, саде бериќет на сите.
Исто, ама исто. Само што се мислев дали тука или во „На срце ми лежи“ да пишам. Што да речеме, нека се замараат после тие.
Dragi prijateli,neka praznicite nosat srekja, radost, mir i blagosostojba vo domovite,zosto vsusnost toa e nivnata cel... Neka Vi e za mnogu godini praznikot!
Сакам да кажам дека со нетрпение очекувам да се стемни и да вечераме. Го обожавам овој празник, има посебна магија, целото семејство е заедно на маса и владее пријатна и празнична атмосфера. Гравчето се вари, после мајка ми ќе прави погача и зелник, ќе пржиме риби, да биде се спремно за вечер. Си пијам турско кафе покрај прозорецот сместена во фотеља на топло, додека надвор вее снег.