Вчера се обидував да и го објаснам празникот на ќерка ми (5год.). И реков дека во наредните три дена ќе го славиме роденденот на Дедо Боже, а коледарите со својата песна го најавуваат неговото раѓање. Денес додека бев во кујна иде ќерка ми и ми вели: - „Погледни мамо, му нацртав честитка на Дедо Боже за роденденот“. Што да кажам, ме направи пресреќна па морав да го споделам тоа со вас. Инаку, во градинка кога му е роденден на некое другарче сите му цртаат по една честитка, па од таму и е идејата
Кој спие нека стане нека меси колачиња ако нема колачиња нека спреми паричиња ако нема паричиња ќе му кршам прозорчиња Вака јас си исколедав од мама и тато преубави штиклички Среќни празници на сите па да се пофалиме вечер, утре со паричката
Баба ми е од оние баби што ставаат по три парички во лебот, по една за сите внуци. И секојпат се паѓаат на некој друг рандом од фамилијата
Мислам дека живеам за оваа вечер во годината,толку сум среќна на овој ден,имам мир во душата и сите дома се весели,среќни.Има хармонија во домот и секоја година посакувам секој ден да е како овој. Ви посакувам среќни празници и секогаш да бидете многу многу многу среќни,како што јас сум секоја година на овој ден.Посакувам најубаво да ја поминете вечерва со своето семејство,да се чувствувате прекрасно и да си пробате од се што дал Бог на трпезата,се што направиле нашите мајки,баби. *
-„Што ќе се пофалиш друго?/Што ќе кажеш друго?“ сорта на луѓе не ми требаат во близина. Патем, среќни празници.
Бидете добар и искрен човек, но не го трошете залудно сопственото време за да го докажете тоа. Оние на кои вистински им значите ќе знаат да го препознаат истото и никогаш нема да бараат доказ плус.
Ехх, колку би сакала да се врати сега времето назад кога коледувавме. Цело маало се собиравме, торбите по 3-4 пати ги истуравме дома од што беа преполни од колачиња, бомбончиња. Носето црвено како пиперка, но мора да се коледува. Со мајка ми денес не сме наспани добро, но сепак тоа вреди. Коледарчињата ми ја исполнија душата со нивните песнички уште рано сабајле. Воедно, среќни празници мили мои!
Пред да започнете со топлите бадникови и божиќни честитки запрашајте се колку ви е вам топло во срцето и колку вие чувствувате топлина и љубов према луѓето. Од утрово под нагон на повраќање сум од честитките од луѓе кои се олицетворение на злото и сомнителниот морал. Патем, бидете среќни, имаме снежни нова година и Божиќ што не се десило во последниве 10 години. И тоа е остварена желба - и лепче за макотрпниот земјоделец, како и за сите нас. Не бидете верници на погрешната страна и давајте без очекувања дека ќе добиете за возврат, само така вистински сте дале, во спротивно купувате.
Имам приметено, кога им кажуваш на луѓето нешто, директно, без никакво камуфлирање на она што сакаш да кажеш, особено во моментот кога сметаш дека треба да им ја затвориш устата или испаруваат од местото каде што се или паничат.
Не знам дали сум една од ретките, но навистина не посакувам да ми се падне паричката. Кога бев мала дедо ми постојано ја местеше за мене иако тврдеше дека сама се паднала. Сега почна сама да се паѓа кај мене ама навистина не ми носи среќа, па се надевам дека годинава ќе ме помине. Нека се падне кај другиве ама нека им донесе среќа. Неколку години купувавме нешто за дома на денов ама се назад ни одеше, па годинава и тоа промашивме ај можеби на поарно ќе биде.
Брат ми направил листа со не знам колку точки, демек „зошто паричката треба да се падне кај дада“ и цел ден не` отекува по дома, на памет ги научивме сите точки. Па дури почнува некои дипломатски муабети, вади некои факти за мене, во секој момент очекувам да залепи хамер на телевизорот со графици и проценти, за да бидеме на јасно нели. А јас се чувствувам како на (наместени) парламентарни избори, кога сите од нигде никаде излегуваат и уфрлаат факти зошто треба напатениот народ да гласа за нивната партија. Ни малку не е исто, ама кога ќе го видиш таков сериозен, со листот во рака и кренати веѓи ... сешто ќе помислиш. Понекогаш навистина се прашувам што ли се` му минува низ глава, а понекогаш не ни имам време да се запрашам, затоа што толку е слободен со мене, па си кажува што на ум, тоа на друм. Интересно ми е, затоа што низ времето од него не добивав ништо друго (освен ќотек ) и неизбежните аугментативни и вокативни форми од моето име, ама што сме знаеле тогаш - па и јас до пред некоја година уште летав во облаци и живеев во изолиран Балонград. Сегашната ситуација не може да се спореди, не ни треба да се споредува, инаку сигурно би требало да се запрашаме што не е во ред со нас. Убедена сум дека малиот ќе биде поопасен и од мене, уште од сега ја негира мајка ми со издржани факти, со кои јас на тогашни години не знаев да играм, бев многу наивно дете. Барем среќна сум што сфатил дека наивноста во денешно време не е дар и дека очите секогаш треба да ти бидат отворени. Неретко си муабетиме и се кикотиме до никое време, мајка ми ни стои на врата кришум и се крсти, а татко ми се смее злобно како да сака да и` каже - ти реков ! ... кога се навраќам така низ годините, мислам дека никогаш не сме биле толку блиски, никогаш како сега. Па и не сме мала разлика воопшто, ама фала Богу, 15 години на светов му беа доволни за да сфати колку голем благослов е да имаш некој до тебе, еве во случајов - сестра. ... и да разбере како ми било мене, цели 7 години без него. Нејсе, јас годинава мислам дека не бев послушна за да ми падне паричката и нека оди кај него, зашто годинава здравје, баш ќе му требаат и среќа и нерви - не е лесно од септември да бидеш и средношколец и пубертетлија. А јас ќе бидам среќна исто како да ми се случило мене.
Ние оваа година по рано прејдовме на лебчето. Како и да е, оваа година очекував паричката да се падне кај мене, сепак се падна кај господ. Ако. Оваа година господ повеќе да не штити од лоши работи. Да владее мир и спокој во нашиот дом како и до сега, и да бидeме уште по весели и среќни. Среќни празници.
Ги обожавам деновиве празнични!Колку е убаво дс станеш од спиење и да мириса на домашно лепче.Па и зелникот на баба мх мх...Ги сакам деновиве затоа што бар на кратко се забораваат поблемите!Ви посакувам пријатна вечер и денови исполнети со среќа и радост!