Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.401
    Денес е Бадник.Од сите празници што ги славеме Бадник ми е омилен.Има некоја неопислива магија во Бадник.Прекрасната трпеза,смеење,традицијата и секако Бога.Никогаш сум немала некоја голема желба во мене да се падне паричката.Секогаш сум била повлечено и мирно дете.Местенки само еднаш или двапати имало.Сакам со семејството да седам на трпеза.Оваа година имав лоши односи со дедо ми.Се обидов да го толерирам,но и јас имам крај.Оваа година се помолив да се смирам со него.Социјалните мрежи се нешто што не можам да го разберам.“Кај мене се падна паричкатаа“.Мене лично не ме интересира дали ти се паднала или не.Тоа е за тебе,а не за фејсбук.Уживајте во празниците што следат :)
     
    На crazylady, Mahidevranfan, Kala22 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    @Hipica Паре се врти на Василица затоа што Св. Василиј кога сиромашните требало да плаќаат даноци велел дека тој ќе им ги плати, а исто како низ магла се сеќавам, имам читано дека кога им давал лепчиња на сиромашните во нив криел и парички кои тие подоцна ги наоѓале. Инаку на Василица паре вртат во Битола, Прилеп и Охрид колку што знам јас, а сите останати на Бадник.
    Како и да е...За многу години да ни е празникот на сите :)
     
    На Annath, bittersweet, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  3. the-Anya

    the-Anya Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2014
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    293
    Не е важно кај кого се паднала паричката, кое маало имало најголем оган вчера, каде била најбогата божиќна трпеза. Битно е се да е од љубов и почит кон верата. Да се поминат миговите со луѓе кои ви значат нешто во животот. Не заборавајте да ја носите во срце магијата. Не заборавајте да сочувствувате со другите и да помагате кога е потребно.
    И за крај една што одговара перфектно на оваа вечер, преработка на еден од моите најомилени :)

    :angel:

    Уживајте!




    [​IMG]

    Со :l:,

    А
     
    На Mahidevranfan, Hipica, Kala22 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Понекогаш си многу посреќен кога ќе си премолчиш и нема да је споделиш среќата, макар мала макар голема. Поготово големата, колку е поголема толку повеќе ќе ти ја уништат. Има такви луѓе многу, ти завидуват, и пробуват да те убедат да не се радуваш многу и ќе си најдат некоја измислена причина да не се радуваш, декек за наше добро е. Ма ајде не ме замарај, јас си знам како ми е. Овие денови нема да дозволам никој да ми ја скрате среќата.:)
    Ааа, иначе паричката како и лани се падна кај мене, оваа година без местење, чесно е. Навистина нема да дозволам никој да ми ја скрате среќата и цела година ќе си се радувам.:lol:

    Па, и вас драги феминки ви посакувам голема среќа и среќни празници.. :l::*
     
    На Mahidevranfan, eliesaab, Kala22 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Изминатите десет години иако имавме полна трпеза, на бадниковата вечера фалеше само татко ми, и неговото отцуство навистина се чувствуваше..
    За овој бадник по мое и инсистирање на брат ми, дојде и татко ми, конечно после 10 години го гледав целото семјство на масата и бев пресраќна :D.
    Како најстар тој го сврте лепчето, подели на сите и на неочекувано паричето беше во моето парче :) после скоро 5 години..
    Брат ми ме благослови
    - ајде сестро нека ти е последен бадник во овој дом, следната година да биде во домот на твојот сопруг
    - Ајде братче нека биде така:d: на моето место нека седне снаата :angel::lol:

    Вам нека ви е честит празникот, нека ви биде годината полна со успеси, љубов и здравје..:hug:
    П.С Не заборавајте утре да си замислите желба - велат прв ден Божиќ, желбите најмногу се остваруваат :)

    [​IMG]

     
    На anichka94, crazylady, Barbie20 и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Како и секоја година, па така и оваа и помогнав на мајка ми околу празничната трпеза. Но, овој пат дадов најголем придонес од било кога. Речиси 3-4 часа не седнавме да одмориме, направи ова, направи она.
    Задоволна сум од тоа што го направив, не очекував дека знам да готвам до толку. :D
    Го месев и лепчето со паричката и мајка ми ме остави да го направам до крај сама и погодете што.
    Ставив премногу брашно (facepalm).
    Годинава паричката не се падна кај мене, ама тоа не значи дека нема да бидам среќна.

    Среќни празници. :)
     
    На crazylady, Mahidevranfan, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Некако секогаш ме гледале како прилично романтична девојка, а јас некако ко да бегам од романтики. Иако како поминуваат годините ми недостигаат такви моменти, па почнувам да се потсетувам на одредени моменти со некои момци кои всушност не ми биле ни дечковци.
    Пред 6,7 години, уште клинка овај де јас така си мислам дека сум била клинка :D излегов со еден дечко со кој многу си се допаѓавме, но поради одредени причини времето за да бидеме заедно ни се разминуваше. Надвор навеа снег преку ноќ, а ние не ни помислувавме да откажеме излегување. Чајче, па накај парк. И она филмско мавање со снег, ваљање низ снег, правење ангели и по некој случаен бакнеж. Премрзнати и мокри се разделивме на автобуска со договор дека најверојатно нема пак да се сретнеме, иако се среќававме секој ден после тоа, но главите ги вртевме на друга страна. И не ми е воопшто криво за тоа, беше преубав момент и ден денес со задоволство се сеќавам на тој ден.
    И деновиве цело време некако во разговори за поезија ми се врти еден тип кој сакаше да бидеме заедно, без да се пољубиме, зошто така би ја уништиле магијата на првиот бакнеж во врска. Но, секојдневно ми читаше поезија, ми праќаше песни и обавезно на средби ми свиреше на гитара.
    И никој од нив не ми рекол дека сум убава, згодна, секси и не знам што. И да бидам искрена во последно време почнувам да се смејам на вакви коментари и се надевам на некое вака фино детенце на кое ќе му биде битно да направи фин гест, место да ми каже дека сум згодна. Да ме штипне за образ, без да гледам дека едвај чека да ме шлапне за задник.
    Можеби и јас сум се променила, но некако ми недостига романтиката. Можда сепак имало нешто романтично и во мене :wasntme:
     
    На crazylady, Barbie20, LittleChili и 21 други им се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк- темава ми беше една од омилените и тука оставив среќни и тажни моменти.
    Сдк беше мој дневен дневник.
    Но, ете влегов во опозицискана:Dонаа за нас вечно млади и помало луди:$ и како да ја подзаборавив:)
    Паричката падна кај домаќинкава:)
    Остај тоа, децава ми залепија и по некоја паричка:D :angel::inlove:
    Среќно и бериќетно нека ви е на сите што ви паднала паричката, а и на вашето семејство
    Многу среќа, здравје и љубов :d:
     
    На Annath, Ivy89, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... Празнициве ги минав неисфорсирано. Едвај чекам да си замине зимата. Празниците се само енергија која секој треба да ја прими ... Мир, милост, емоција, радост ... Ама од година во година веќе мене ми е ова извештачено со тоа што се придава важност на материјалните задоволства. Како и да е ...
    Да спомнам и поправам, паричка во лепче се става на Св. Василиј, а не како што народ измислил на Бадник. Читајте ја легендата за него и ќе сфатите.Ама овде се е е можно ... |(

    Нека ви е среќен и радосен утрешниот ден, Божиќ! Нека ви донесе мир, благодети во секој сегмент и љубов! Без неа сме ништо!
    :l:
     
    Последна измена: 6 јануари 2015
    На Annath, Hipica, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.220
    Добро, ги испосликавте ги испостиравте сармите, гравот и рибите, демек мир во вашиот дом, а другите денови здраво не си викате и на трпеза еднаш во неделата не седнувате сите да се видите како сте и што сте.
    Не, сериозно, дали сте нормални? Што е поентата?

    Чудесии, махери за извитоперување и ненаучување на лекции. Кога ќе се замислам државен испит по човечанство и духовност треба, не за образование.
     
    На Annath, Ivy89, Mahidevranfan и 10 други им се допаѓа ова.
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Убава и топла атмосфера се чувствува во мојот дом. Го сакам овој ден, поминат само со моите најблиски, ми дава чувство на љубов, топлина, разбирање. Смеата и среќните лица на моите ми го исполнуваат срцето, сакам секогаш да ги гледам така насмеани, сакам таа слика, додека вечераме да се замрзне и засекогаш така да остане.
    Меѓутоа, секоја година како изминува, како растам, се' повеќе и повеќе го чувствувам отсуството на татко ми. Додека вечераме на празничната трпеза, покрај сета таа среќа, чувствувам грутка во грлото која никако да си замине. Длабоко во себе верувам дека е тој тука некаде, до нас, не' чува.
    Луѓе, сакајте си ги и почитувајте си ги родителите. Нема поголем благослов од тоа двајцата родители да бидат до вас. Не се карајте со нив, прегрнувајте ги секој ден и покажувајте им колку ги сакате. Верувајте ужасно е чувството, а болката преголема и покрај изминати години да го чувствувате отсуството на родителот.

    Патем, не знам зошто, но некако станав рамнодушна за премногу работи. Повеќе не се замарам за ситници, за глупости, за кавги и расправии. Има многу поубави нешта за кои вреди да се живее.
    Оние пак кои трагаат по материјалното, слободно нека ми земат се'. Ништо не ми е потребно, тоа мене не ме прави среќна. Се надевам дека барем нив малку ќе ги успокои.
    А тоа што ми е во душата, е тоа што тие никогаш не можат да го имаат и никогаш нема да можат да ми го земат.

    Да не биде ептен со негативна енергија постов, ви посакувам среќен празник, здравје, љубов, насмевки милион, убави моменти.Бидете среќни :D
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Mahidevranfan и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Вчера посно гравче тавче, денес гравче незапржено. Епа има се, може се :D
    Туку на овој ден и покрај тоа што е посно, се прејадувам, од се мора да се проба а од гравчето бидејќи е главен рецепт, по два пати се става. Мислам дека пастрмката ме докрајчи ама најдов сили за едно колаче, мандарина и уште едно колаче.
    Сега имам револуција во стомакот, постојано менувам положби во фотелјава, чувствувам дека ќе профитирам ако вечерва отворам плинара. Епа има се, може се.

    Од што изгладнев јако и едвај чекав да јадеме, немав време за фотосесија.
    Ако ептен треба да споделам утисак, па да го сликнам мешево. Уште кафе му фали.

    Честит Божиќ на сите, само со здравје, добрина и радости да Ви ја исполни годинава и животот.
    ХРИСТОС СЕ РОДИ.
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan, Captain-Omni и 14 други им се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    И ние што не постиравме слики на фб од вечерашнава трпеза, не останавме гладни..|(

    Паричката, како и лани, се падна кај брат ми.
    Му посакувам бесконечна среќа, само насмевки и радости, причини за добро расположение еден тон, здравјето секогаш да го служи, љубовта да му оди од рака и да има пари колку што му се потребни за да е среќен.

    Ако тој е среќен, јас сум уште повеќе.
    Тој е мојата душа. Моето се!
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan, Teodora* и 8 други им се допаѓа ова.
  14. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    7.365
    И овој Бадник далеку од дома.Секоја година се повеќе ме боли.Ми недостасува мирисот дома кога се подготвува трпезата.ми фалат и моите.
    голема жртвување е ова.се надевам дека еден ден ке се исплати.
     
    На Mahidevranfan, Doozy, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Чуда се случуваат, лично се уверив во тоа, а 2014 ќе ја паметам додека сум жива. Ми се исполни најголемата желба, конечно го добив работното место што го чекав со години и во моментот кога ми се виде најнедостижно, го добив тој телефонски повик, кој го решава животното прашање и она чувство на радост и среќа со скокање до плафон...сите скокавме и јас и најмилите и мојот 15 месечен син скокаше со нас, иако ништо не му беше јасно. Олеснување на душата...
    Реализирав неколку хуманитарни акции, не знам колку успеав да им го избојам сивилото на тие несреќни семејства, но знам дека успеав да им влеам зрак светлина низ тмурните декемвриски облаци и грам топлина во јануарската голомразица која не ветува повторно раѓање, но не ја гаси надежта дека пролетта набргу ќе дојде.
    Јас...арна :) Одвреме навреме, се потштипнувам плашејќи се да не сонувам. И љубам...искрено, цврсто, понекогаш дивјачки нежно, суптилно, ненаметливо, а сепак невино, онака детски...Некогаш љубам пригушено, како да не сакам да му покажам колку ми значи, како да сакам таа емоција да ја задржам единствено за себе, себично да ја злоставувам во мојата фантазија, а некогаш ја отварам душата, со сета своја ширинаи му го нудам секој дел што дише со мене, секоја воздишка што се откинува додека со поглед го милува неговото постоење. Колку само поминавме заедно, годинава јубилеј од судбоносното да! Никогаш одвоени не чекоревме во снегот, оставивме трагови зад нас, а душата на свеќа ја греевме. Нашите лица имаа приказна, додека ја допиравме бојата на цветовите, во шаренилото на безграничниот простор.
    Инспирација пред полноќ, додека сказалките на часовникот имаат предигра, пред да се гушнат цврсто и силно, пред да ги разбудат духовите на минатото, сегашноста и иднината, во ова Божиќно предвечерие!
     
    На joy1, galapce, Buttterfly и 38 други им се допаѓа ова.
  16. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    каде си? штом не си дома ?
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    7.365
    во Москва живеам
     
  18. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Јас би летал од радост таму да живеам..ама сепак те разбирам..Дома си е дома :)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Христос се роди.
    Вајстина се роди. :)

    Meне ме немаше денес, многу динамичен ден. И гостинка и домаќинка. Сто во еден. :D Така ќе биде и утре веројатно. Ќе ми фалите, ама ќе крадам секоја слободна минутка да ве читам...

    Бидете ми живи, здрави, користете го максимално разумот кога е максимално неопходно, а во меѓувреме чувствувајте го животот со сите негови нелогичности и убавини.
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Dobri dome Bozic stize, dragom Bogu da smo blize, da te greje vatra sveta, da ti sreca kucom cveta, da krst casni kolo vodi, i neka se Hristos rodi!
     
    На Anabelle.Amorette и tessie им се допаѓа ова.