ОООФ! Ако не пишевте на фб дека е Божиќ и дека Христос се родил абе стварно немаше ние другите да знаеме.Фала шуќур што ни кажавте ние од марс паднавме! А и знаете колку ни е гајле на нас ако пишете кај е паричката.ЕПТЕН НИ Е ГАЈЛЕ! нели среќата со пари не се купуе! П.С Имајте среќни празници
Ми се насобрале преку 300 коментари да читам од темава. Што убаво ми дојде ретроспективава од секакви чкртки. Сум фатила од предоновогодишните еуфории, честитки, желби, надежи.... и некој рандом непразничен коментар. Пример овој: Пуу толку точен, а толку мава од земја. Си отпивам од пивово и си се насмеав. Ај што нема што да се каже, нема ни што да се помисли.. Мислите ми отидоа кон зајдисонцава кои ни шараат небо периодов. Ги обожавам. Сте приметиле ли какви се убави? И да споделам уште ова, пред некоја минута добив неочекувана порака: Христос се роди, на која вратив: Ти ова озбилно? Па заслужено си добив: Жено, сакав само да ти пишам. Олабави се. - Чудно е таква порака да пише агностик на агностик, но скептицизмот не е оправдување да расипуваме поводи за дружба. Ќе напишам на глас, како апел од мене: не комплицирајте го едноставното луѓенца, just go with the flow . Убави празници. Ваша М,
Хиер ај ем..исто место,исти ден -БОЖИЌ И МОЈОТ РОДЕНДЕН ! Традиција ми стана овие убави денови,и најважните во мојов живот да си ги споделувам со вас- моето мало семејсто овде на фемина.И знаете што- многу ми е мило поради тоа. Епа ајде да ви посакам на сите среќен празник,да ве прати многу здравје и среќа и да бидете сегогаш исполнети со љубов. Јас денот планирам да си го поминам во домашна атмосфера,нема славење више како до сега..отиде 18чето сеа нели треба памет да ми дојде да се уозбилам па така драги мои и сфатив дека е најважно околу мене да ги имам оние кои најмногу ми значат,тоа е она што најмногу ме исполнува.Не сум најсреќна поради 19кава (оти нели некако сум сеа постара за 1 година , а баш ми пријаа 18тите (младост лудост бре ) Океј океј не се жалам више,си имам и желбички замислено , офкорс и на прво место ми е да положам се што треба на факс ,почнувајќи од најтешкиот сега на 16ти (виш ми лак ! ) и понатаму се разбира имам уште доста други и реков оваа 2015 ќе работам на тоа да си ги остварам И ајде ве чекам на торта
И годинава, традиционално, како и секоја друга, паричката не се падна кај мене. Честит Божиќ,Христос се роди!
Мир Божји,Христос се роди! Денес е ден за опростување.Денес простете на сите,не затоа што тие го заслужиле тоа опростување,туку затоа што сите вие заслужувате мир.Денес е ден на заборавање.Заборавете се ружно,да има место за убавото што доаѓа.Смирете се со оние со кои што сте се скарале.Поубаво ќе се осекате. Денес е ден на љубовта.Сакајте денес.Утре.Секој ден.. Возвраќајте ја љубовта. Мажи,понашајте се спрема жените така како што доликува.Тие вас ве родиле,и тие ќе ви родат А, жени исто така ценете ја љубовта која ви се дава. Ангелите нека се спуштат од небото и нека ве водат вас низ животот.Љубовта нека царува и срцето нека се радува.Секој ден нека ви биде среќен! Да живеете онака како што сакате.Да бидете полни со љубов и среќа,бидејќи сите вие заслужувате.Ви посакувам од срце.Амин!
Драги мои Фемина пријателчиња дојдов да ви кажам како што е редот Среќен Божиќ,да ви посакам прво многу здравје,среќа а потоа и се останато што си посакувате
Се чувствувам мирно. Божиќниот компот се крчка. Јаболка, портокал, лимон, каранфилче, ванила и цимет. На двојка. Може и сливи, кој сака. Верувам, само во Љубов. Среќни празници.
Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
Денес опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи... ХРИСТОС СЕ РОДИ ИИ СРЕЌЕН РОДЕНДЕН Jinxx
Сакам да кажам вчера јас го месев зелникот, можеби не испадна најубаво на изглед ама многу беше вкусен, не остана ич за денес а и друго нешто, се сеќавате на оваа песна: Тивка јануарска ноќ...дури сега знам зошто е тивка, по кршењето на лепчето и по вечерата ( пошто нели дома се седи) тато си легна да одмори, мама на компјутер јас пред тв, никој со никого не прави муабет... се чека Христос да се роди
Среќен Божиќ на сите ! Нека ми е среќен 21-от роденден. Најблагодарна сум на тие што ми се јавија на телефон, па тие што ми честитаа на фб. Да бидеме живи и здрави и сведоци на најубавите моменти во животот. Само среќа да не прати !
Успех во се’ што умееме, Среќа во се’ што не зависи од нас и Остварување на се’ за што мечтаеме!! Мир Божји,Христос се роди!!!
христос се роди ! да сте ми зиви и здрави сите,мн среќа,здравје ,мир и се најубаво да ве прати во зивотот.
И во најдобрите намери се наоѓа повод за упатување отровни стрели. Ама, како рекле, зависи од кого доаѓа ~ толку и вреди.
Христос се роди Среќен Божиќ на сите ! Празници кои го зближуваат семејството,насмевки,убавини,честитки на сите страни - уживам !!! Посебно уживам кога си ги преслушувам Божиќните песни и се присетувам на годините кои изминале,ми доаѓаат слики од минатото,моменти кои никогаш не се забораваат. Каде и да си за Божиќ дома да си ,и баш така е Смејте се уживајте,бидете среќни,сакајте ги вашите најмили и почитувајте ги тие се најголемото богатство. Воздржете се од хејтање барем на вакви денови,што е грешно ако сите пишуваат и споделуваат исти работи? Не бидете лоши и не се замарајте што и како направиле другите. Мирот и спокојството на душата се најубавото нешто затоа не се оптеретувајте со работи кои се најмалку важни
***Христос се роди!*** Убав период на празници, сите досега убаво си ги поминав - и новогодишната ноќ и втората вечер, вчера Коледе и Бадник, еве денес Божиќ...деновите во меѓувреме исто исполнети...понатаму ми следи и именденот месецов и така... го сакам јануари. Плус и паричката вчера кај мене се падна и оваа година (втора година по ред) - нека донесе многу здравје, среќа, радости, успеси... нека 2015 биде уште побериќетна! На факултет положив се што имав, па од крајот на декември наваму се до почетокот на февруари сум слободна. И баш си поминувам убаво месецов - расположена и релаксирана. Уживање, одмарање, излегување, ќе одиме и на зимување ние двајца...има време за се. Се чувствувам задоволно и исполнето. Баш сум среќна. Среќни новогодишни и божиќни празници!
Навратив само да ви го честитам празников и да ви посакам среќа,мир и се`најдобро. Нека празничнава магија ве следи и усреќува.Уживајте во неа,бидејќи не` спојува со најблиските и ни ги исполнува и топли душите. Среќен Божиќ,Христос се роди!