За почеток сакам да кажам - Среќни Божиќни празници, Христор се роди! И следно сакам да кажам дека морам денес некако да застанам некаде и да не мрдам зошто во рок од еден час скршив веќе две работи ..
Нека ми е среќен роденденот Мојата професорка по географија кога е роденден на некого од соучениците и ние сите му честитаме таа велеше „Зошто му честитате?Зашто старее ли?Па се слави ли кога човек остарува.“ - На шега нормално,но сепак е во право Да почестам: :
Сори вака што ќе те цитирам, дека муабетите ни се поврзуваат еден со друг. Океј си е, нека сервираат, нека им сервира друг, нека споделуваат...што сакаат нека прават ако тоа нешто ги исполнува и/или им ја подига самодовербата што им е очајно потребна. Не пречи тоа, туку лажното пласирање себеси ко светец и совршен, а другите фино, лепо, ќе ги направиме гниди со мудрост од Семе Синапово. Ама бре, лепото дадина, не е џабе она дека одењето (ваљда по ново и сликањето) во црква те прави јак верник исто ко што и стоењето во гаража те прави автомобил. Џабе телото го испоснуваш кога душата ти е гнила, мислите неубави, а добрите дела непостоечки...освен нели, гладните од Африка што ги сподели да ги чува Богородица. Мене ми е смешно па да го замислам чинот на сликање причест. Доказ од црква > Доказ од Цеца! - Чек, попе, де раката малце погоре, да се види и да светне миросаното на чело...ај, ај ти мааалце главата поднаведни ја да изгледаш попокорно. Океј, ајде попе сега пафни со гранчето да фатиме некоја капка вода во лет. Де таму запалете ја свеќата во позадина да огрее Господ. Или веќе чекаат со спремни апарати/телефони и само штракаат ко папараци кога ќе дојде моментот. Не знам, нисам паметна, што вика Милева.
Најпрво, ви посакувам Среќни празници на сите Се прашувам како да го најдам уживањето во оваа никаква зима земаш да пиеш чај да се стоплиш - се лади одма после првата голтка, зашто замисли зима е и ладно е многу. Секое излегување се каам што сум излегла зашто сум измрзнала, а да не кажувам што се немам облечено на мене Мраз насекаде, ми се смачи од одење како на јајца секој ден, џабе е да му се радуваш на снегот кога до следниот ден и самиот снег мрзни Опседната сум со гледање прогнози, ми се запира здивот кога мислам дека почеток е ова само, тек до март ќе има зима. Јас навистина не знам кој може да ужива во ова Да не зборувам за тоа и колку само работници работаат без никакво греење. Друго што сакав да кажам е дека постојат 2 типа на селфи. Првиот тип е дак фејс селфи. А вториот тип е селфи со зачудена фаца која може да биде протолкувана како селфи сликачот зачудено се прашува кај е копчето за сликање/ како функционира ова/ дали стегнав кај што треба итн итн И да, катастрофа ни се телевизииве.
Ништо мор, еден скафандер ќе облечеш и спремна си за надвор најтопло ќе ти биде, ништо нема да осетиш.Кимке, смачено или не, ќе одиш така, како што одам ко пингвин, оти едно залетување и ко ќе ти летнат нозете, ќе се чудиш што те снашло нема брзање и да се брзаш ќе одиш кроце, полека, па кој те чека, ќе дочека Има да се изначекаме додека се стопли, до тогаш ќе сме ко во фрижидер.Е тоа не знам Кимке кој ужива у ладно, да се тресе цело време, да не си раат.Јака им душа на работниците. Катастрофа се Кимке телевизииве, ништо немат, затоа не ни гледам тв.
Dozу како детално да го опиша моето минато работно место.Самите сме си криви до некаде,затоа јас го пријавив, го напуштив работното место и во очи му реков дека не сме ничии робови па да работиме за џабе.Секој празник на работа и тоа не платена Затоа на инспекторот му реков дека дури и во затвор има награда за добро однесување и пуштаат за празници.А на газдата му посакав да се увери на дело .
Вчера пуштам МК вест и ете во 18:00 часот се погоди канал 5. Всушност сакав да слушнам за настанот во Париз. АРНО АМА почнаа вестите и до 18:15 слушав за паричката,за Вељановски,зс премиерот,за државниот испит....на крај сменив и пуштив BBC. Па добро бе мајка му стара,загинаа 12 лица, карикатуристи и полицајци,светот е во шок, а ние се занмаваме сотемата дали кај боркица или кај ивана на вељановск се паднала паричката.....неверојано.
Јас само навратив, киднав од другата тема на кратко да ви ги посакам најсреќни празници на сите. На кој му е ладно слободно нека дојде кај мене, деновиве е пекол топло. Не ми текнува која форумџика прва ја постираше тука песнава ама од кога ја пуштив син ми е фасциниран, со песната ли, со спотот ли, 1000 пати во денот ја пуштам и пак му е малку на Константин, цел ден ја пее, Јааааааааааа илезиии Гургоооооооооо. www.youtube.com/watch?v=12pu3mmZD_A
Од кога почнаа празнициве не бев излезена надвор. Бев ама до маалото малку кога имаше снег убав мек. Вчера излеговме ајде вечерта да прошетаме на гости со моите и буквално се движев најбавно како тешко товарно возило, а јас секогаш сум брза во одење. И така ајде тие по мене викаат јас зад нив оди, носето лицето цела замрзната од ладното. Денеска пак излегов имав нешто работа. Абе не се стапнува да не знаеш каде да се движиш, кај да одиш. Не се исчистени тротоариве сето е подмрзнато, згазнувам и пцујам и ми се пули еден дедичко, ама да јас ај млада сум ама има луѓе стари треба тоа се да се исчисти зошто се оние од комунално. А овие од дома пред врата што не си го чистат пак мразот кого чекаат да му го исчистат. И така одам како пингвинине се влечкам со рацеве премрзната и внимавам на да не паднам. Па до некна немаше ниту улици исчистено главни па не овие другиве, кај мене в маало повеќето не се исчистени, само оваа главната на која излегуваме. Кога се враќав така пополека поминувам кај едно целото како ски- центар беше замрзнато. Да си ставам лизгалки наместо чизми од сега кога ќе излегувам од дома.
Знам дека треба нешто сама да напишам, ама пак зошто да се мачам кога веќе е напишано исто како јас да сум го пишувала.
Отсекогаш ме инспирирало организирано биро, со пенкала во разни бои, со белешки, со тетратки, ми дава мотивација за учење. Па, затоа денеска си го средив бирото, го организирав, за да почнам да учам повеќе.
Сочувствувам со @k.i.m за времево. Излегувам со три пара хулахопки и два пара чорапи, боди, маица по кратки, блуза по долги, џемпер, шал, капа, ракавици и the ultimate зимска опрема - чизми за на снег Со капутот до колена, цела замаскирана, една постара сосетка не ме препозна пред некој ден. Мислам дека moves like penguin ги усовршив максимално, ама гледам да јадам повеќе деновиве, да ми порасне задникот: ако паѓам - на меко да паднам Ај да си сонуваме за некои потопли времиња
Со мало задоцнување, и јас да ви го честитам Божиќ. Ваквите денови нека ни бидат поттик за да станеме подобри луѓе. И, ви посакувам само многу здравје на вас и вашите најблиски, без тоа сме ништо, се' останато ќе си дојде само или сами ќе си го земете. Вчерашниот ден го поминав прекрасно, како што и доликува на таков голем празник, а утре свечено ја отвараме зимската сезона и барем на кратко фаќаме магла од нашево Скопје. Се читаме за неколку дена.
Koлку сте магнет за awkward моменти на скала од 1 до искусување на ситуација од типот: сретнуваш рандом особа која мафта и поздравува, и иако не ја познаваш според eye contact заклучуваш дека поздравот е насочен накај тебе, претпоставувајќи дека е некој што одамна не си го видела и во моментот не го препознаваш... за на крај да сфатиш дека всушност е наменет за некој позади тебе..? Оh, well...
Сакам да кажам дека поубаво чувство нема од тоа кога тоа мало ангелче со најубави езерски сини очиња ќе те погледне и ќе ти рече ДАДА и ти подава раце за да го кренеш од креветот! Најсреќна сум на светов! „Ојј дада“
Чувството кога се трудите да бидете блиску до успехот, а таа скала што ве дели од можноста е лизгава за вас е исто како да гледате висококатница и да посакате да го скинете цветот на последниот балкон.