Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Пред едно десетина години да му речеше на некое 13/14 годишно девојче онака на шала "еј кој ти е дечко" тоа веднаш ќе се сцрвенеше од страм и ќе речеше немам дечко. Всушност и така беше, во тоа време деојчињата на таа возраст си играа со барбики, со мечиња, играа ластик не знаеа што е бакнеж,едноставно тоа беше најнормално на таа возраст сеуште се чувствуваа деца, всушност и тоа беа.:nod:

    Но времињата се сменија, поготово последниве неколку години состојбата е многу загрижувачка. Девојчиња кој имаат 13/14 години носат штикли повисоки од штиклите на нивните мајки, имаат по неколку бивши дечковци излегуваат до доцна навечер во град, пијат, пушат ја губат својата невиност со момци кој се поголеми од нив, во многу случаи и се продаваат за пари.(facepalm) Доволно е да им ги видиш сликите на нивните профили на фејсбук и се ќе ти стане јасно.Порано девојчињата на тие години пиеа сокче а сега на истата возраст пијат алхохол. Порано девојчињата на тие години играа надвор, скокаа на ластик а сега на истата таа возраст девојчињата скокаат но не на ластик туку во кревет или пак евентуално може во некое БМВ.:swear:Сеуште има и такви кој се скромни, воспитани знаат до каде им е границата, но за жал се помалку се, и често се цел на напади на омаложувања, бидејќи наводно живееле во некој друг свет, не биле во тек со времето, ова било модерно време, 21 век и не било ништо страшно ако се изгуби невиност на 13 години, најчесто се вадат со тоа дека тоа го сториле заради љубов.:tmi:
    Чекај која е таа љубов на 13 години ?? Па на тие години уште газето не знаат да си го избришат, а не да стапат во љубовна врска, па згора на тоа според нив толку голема, толку цврста, толку сигурна врска исполнета со многу љубов за која вреди и невиноста да се даде...|(
     
    На marama, QweenSM, SimonaTino и 25 други им се допаѓа ова.
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК .... се вратив на сајтот после долго време , ветувам дека ќе се дружиме почесто :* .
     
    На Lella, cresa-jagoda, Mahidevranfan и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Se sto mi treba vo momentov e avionska karta,za zaborav,nepovratna..
     
    На Umbrella22, Natali.3, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.614
    Пол:
    Женски
    А јас сакам во моментов да сум среде планина во една куќа, а внатре крцка оганчето сама и да подразмислам за сите работо кои сум ги сторила и во иднина ќе ги сторам.
     
    На Adina и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  5. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Празнициве си одат, не сум поминала не сум ви честитала ама од срце ви посакувам здравје и среќа, она другото ќе си дојде нели.
    Таман си помислив на добро ќе е годинава, и дека телефониве дома ни ѕрнкат само за честитки кога го видов ликот на татко ми :worried: и остана само да слуша. Прва мисла : НЕ ПАК.
    Добро е што ми остана десниот показалец во добра состојба додека чекав да исклучи ... И, веста : вујко ти и братучетките имале сообраќајка.....
    молкот во делот од секундата додека изговор " НО " ми се испревртија секакви слики .
    -Добро се сите, всушност имаат мали повреди но не е опасно.


    Удрил некој пијан во нив!!!! ]:)Зошто аман зошто кога прст пред око не гледаат се фаќаат за волан ?! Абе отспиј ако треба во кола спиј .......
     
    На QweenSM, Lella, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Креативноста доби ново име или лудоста. Кој од вас си го зема лап топот во купатило. си го става на машината за перење кога се капи и си пушта концерти во живо ? Хахахах добро што е поголемо купатилото, зошто немаше да преживее малото мое. Имајте добра вечер. јас си уживам :D
     
    На Lella, Monna.Monna и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Колку знае да го затопли срцето еден убав гест,да ти даде волја да продолжиш,да ти даде причина да се смешкаш,да се чувствуваш убаво. :f::f:
    Едноставно некои луѓе-знаат како со луѓето.
     
    На Giovanna, sia.bella, Elena69221 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Ме боли душата.
    Сакам да сум сама на планина, да викам, да врискам!
    Да ја снема болкава. Да замрзнат солзите на ова ладно време. Да ми замрзне и душата. Да не ме боли веќе. Да биде поладна од камен, послодобна од орел. Да се испразни. Да исчезне се`. Па дури и љубовта.
    А потоа, да ја изградам одново. Парче по парче да ја одмрзнувам. Парче по парче да ја направам радосна и желна за смеа и прегратки.
    Е тоа сакам!
     
    На Flower27, eliesaab, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Денес открив нешто што ми ги смени хоризонтите на една тема.
    Не многу често, ама јас ветувам. Ќе им ветам на моите дека ќе си дојдам порано, и си дојдам пет минути порано од вообичаено, ќе му ветам на некој да се видиме, и го поместам закажаното, ѝ ветам на сестра ми дека заедно ќе гледаме серија, сама си ја изгледам, ветам дека ќе го чувам помалиот братучед, појавам се кај нив два пати, им ветам на другарките дека ќе излезам, „нешто се случи“ и јас не излезам. А под нешто се случи мислам, дремам дома како мисир.
    Па денес ветив дека ќе излезам со другарките во чаршија и дека ќе се видиме. Пред чаршија гледавме филм со една другарка и таа рече дека не излегува, ме предомисли и мене и така и скротувањето на мојата огромна коса отиде во вода, а и ветувањето на другите другарки. И ми се јавува друга другарка и не можам да опишам колку разочарано звучеше од мене. Затоа што им ветив на останатите другарки. Жими се, се чувствував како безвредно парче ѓубре.
    И тогаш нешто ми светна во тиквата. Како јас сакам да почнам еден нов живот, како добра личност ако кршам ветувања? Од сега или нема да ветувам или тоа што ќе го ветам ќе го исполнам по ѓаволите. И излегов и се видов со останатите другарки. И си дојдов порано, затоа што им ветив на моите.
     
    На Sunshine.Sunshine, Kala22, MiaNmaR и 5 други им се допаѓа ова.
  10. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Се трудам да ја задржам насмевката на лицето и да им глумам на сите совршен живот, само незнам до кога. Се' се распаѓа, а не можам ништо да направам... Од оној што очекував најмногу поддршка ми ги руши сите соништа. Гледа дека тонам и уште ме турка надоле. Како може човек да биде задоволен со лошото што ќе им го направи на блиските? Каков човек е тој ? Не се издржува ова повеќе и свесна сум дека попуштам, нема уште долго да оди вака. Нешто ќе се случи... сигурна сум во тоа
     
    На Teodora* и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.952
    Допаѓања:
    164.206
    По кој знае кој пат стоиме во преполна просторија, на настан од ист тип, каде што треба да си пристоен, да се смешкаш, да правиш учтиви разговори.... не знаеме кој каде пристигнал, во колку часот и оп... се препознаваме. Си правиме живели од далеку и се спојуваме и најмалку очекуваната личност урнебесно се дере - ЛЕЛЕ КАКОВ ПАР БИ БИЛЕ ВИЕ, и тоа е најнекултурната според некој критериум личност во просторијата.
    Се стискаме за рака и си намигнуваме... си заминуваме заедно... молкум...
    Оти?
    Оти така ТРЕБИТ!!!
    Ме стиска, ми вика, твој сум.... зошто душава не ми дава да му кажам на светов чија сум и чиј е?
    А тој е, еден, што би го сакала засекогаш!!!
     
    На marama, Hipster, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. miley21

    miley21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    44
    СКД среќна сум многу.....а немам ни една посебна причина.. се чуствувам толку исполнето, среќно, задоволно....
     
    На moon1, SV1911 и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Секојпат кога ке дојдам на форумот рацете ми се се повеќе и повеќе спрени за да пишат долг реферат.Не знам од каде ке почнам па ке почнам од тоа лошото што ми лежи да душата.Премногу размислувам.Имам „способност“ 2 саати да лежам на кревет и да размислувам за еден проблем и никако нема да ми олесни.Другарките велат дека постојано си измислувам проблеми од мали ситуации.Често ми се случува на роденден,на прослава да се замислам.Некогаш ми се случува одеднаш да избувнам и солзите да ми појдат...всушност почесто почнува да ми се случува тоа.Овој период ми се случуваат многу убави работи.Исполнета сум со страв дека господ ми го средува животот затоа што ме припрема за нешто лошо.
    Од друга страна сум пресреќна.Моите другарки ме изненадија денеска т.е. вчера со подарок за мојот роденден.И мајка ми била соучесник :D Јас толку бев збунета што чудно реагирав и сега цел ден ги мислам да не ги навредив *она што го пишував на почеткот на текстот* Ме израдуваа до безкрај и многу ги сакам можеби и премногу. :D
    Друго нешто што сфатив денеска е дека не треба на секого да му се кажува „те сакам“.Не затоа што не секој заслужува туку бидејќи со тоа се губи длабочината на овој збор...не е многу лесен збор.

    Поздрав до родителите кои многу ги гајле за нивните деца-што прават,како се однесуваат...сретнав многу такви денеска.

    Лека ви ноќта,феминки :)
     
    На Golden, SV1911, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Си зацртав оваа година да не избрзувам како секогаш со одлуки.
    Јас сум од оние луѓе што не размислуваат многу многу што ќе направат или што ќе кажат...

    Решив ако барем едно нешто менувам кај себе си, да биде ова.
    Да не ми биде побрз јазикот од паметот. :tmi:
     
    На EMoonlight, Ivy89, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    20.042
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Добро утро народе.
    Не знам за Вас, ама јас повеќе ги сакам работните денови, отколку викендот. Од секогаш сум била наопаку,сите сакаат едно, јас другото.
    П.с и на ладново доста му е, нека си оди. Знам време му е да е ладно, ама не го сакам
     
    На EMoonlight, Teodora*, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    СДК луѓе кои што се дружат со тебе само да си потполнат време
    кои кога се дискутира се слушаат само себе,
    кои секогаш сакаат да се разговара само за нив
    Е од такви си патиме во последно време, таквите под итно да се елиминираат од своја близина.
     
    На SV1911, EMoonlight, Teodora* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Стигнав на ниво да ги избегнувам сопствените другарки, па макар и за празници, собиранки и слично само за да не се искарам иако долго ги немам видено. Морам да кажам луѓе ако имате притисок од дома да се мажите тоа не е е мој проблем!!! И немојте мене да ми го наметнувате тоа прашање! Ни празник видов ни одмор видов глава не можам да кренам од учење, а тие ми посакуваат свадби и мажачки па дури и на дечко ми кога му честитале за Нова година му посакале годинава зет да бидел. Ако тие дипломираа и ќе дипломираат уште еден семестар и ги притискаат од дома за мажачка тоа не е мој проблем. Ама нејќеле да бидат први, некоја друга да го скршела мразот. Нека го скрши која сака, јас во наредните 5 години не планирам да се мажам немам ни пари. Многу сум пребирала, што сум сакала да заработам пари и да патувам и да најдам работа каква што сакам, да си го донаучам знаетот и топлотно да го изолираме местото каде би живееле и да го реновираме и не сакам со свекрва да живеам. Кој ќе ме земел откога ќе сум наполнела 25 годни? Како којзнае од која рурална средина да излегле девојкиве, а не од најградскиот град во Македонија. Кога им спомнав за финансии, ами кредит ќе земеле, со парите од гостите ќе си ја плателе свадбата, немале никаква заштеда досега,битно фешта да се направи и да се омажат што порано оти таква била модата(како 1930та да сме да му се сневиди, а не 2015). Не им било проблем да живеат со свекрва. А што е најтрагично немаат помали браќа и сестри и никогаш за никого друг освен за себе не се грижеле, а трчаат за мажи(повеќе би рекла за дечишта) да се грижат. Со кој памет трчаат да се омажат уште недипломирани, уште работа не најдена? Од каде знаат дека нивните дечковци се вистинските? Колку мали амбиции имале... Се разочарав. А демек поарни многу од мене тие, со стипендии, со просеци, што навреме ќе ги завршат факултетите. Секогаш кога ме споредвале со нив, сум изгледала како тешка пропалица. За тоа колку тешко се наоѓа работа без партиска поддршка со такви тра-ла-ла факултети и да не правам муабет. Се потурив цела со крстена вода и ги избегнувам ко црни мачки. Ако им е до мажачка нека им е со среќа ќе им однесам поклон, па макар и во плик колку што можам да си дозволам и нека не не бараат за кумови, девери мене и дечко ми оти уште сме студенти и не сме финансиски моќни. Алапачи, алапачи...Влегле и тие во шаблонот на 22 години. Му туриле к.. што викаат некои на животот.
     
    Последна измена: 9 јануари 2015
    На marama, Mahidevranfan, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.614
    Пол:
    Женски
    СДК од денес имаме околу 11 сетина дена до почетокот на второто полугодие и од тогаш ветувам дека уште малку ќе поднаучвам уште малу ми фали иако ми се сите петки, па затоа на зимскиов одмор повтотувам по сите предмати а најмногу биологија за натпреварот, германски и англиски јазиците. Многу сум среќна што сум дел од големиот ФЕМИНА ФОРУМ, малку полугодието ќе ве оставам на мира без мене се до летниот распуст тогаш ви ветувам дека ќе надохнадам се.
    Поздрав мои феминчиња а најмногу ти е најдрагите пд чат.
     
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Зошто не ми кажавте? :o
    Кога требаше да дознаам?

    Оф малечко мое, се надевам дека се` ќе биде во ред. :l:(waiting)
     
    На Mahidevranfan и MiaNmaR им се допаѓа ова.
  20. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Си пуштив парно во мојата соба, чекам да ми се стопли и ќе идам да спијам. Морам да одморам од гужви, мисли, буквално од се на неколку саати. |-) Да заспијам со моето плишано мече и да си го одморам мозокот и душата.:hug: После здравје ќе си читам книга во соба со топло чајче, да бидам малку сама и да се релаксирам.
    Човек мора да најде малку време за себе, инаку ќе полуди во овој излуден свет.
     
    На EMoonlight, eliesaab, Mahidevranfan и 2 други им се допаѓа ова.