Спојлер Ти и сите твои психички (не)стабилни пријателчиња, можете слободно да си се фатите за раце, и да паѓате во депресии, подалеку од мене!
сакам да кажам дека нема потреба да се прават лажни профили овде на форумов,знам дека по фб се прават ама овде,внимателно го прегледував еден профил и става слики од две различни девојки што ги знам од фб незнаеш која е дали личност број 1 или личност брј 2 има слики и од едната и од другата а може и сосем трета личност да испадне. сепак постапката не доликува. се мислев дали да го пишам името пошто кога постирала слика од нејзината коса имаше коментар дека тоа не е таа што се кажува ај да не должам ако има нешто лп.
Леле луѓе јас се опседнав со Ласт фм, мислам дека следните неколку месеци ќе седам дома со звучниците на најјако и ќе ги полудувам комшиите
Во животот сум поминала низ сешто, секакви работи кои не можете да ги замислете. Сум минала низ болки, плачења, врескања.. Проблеми еден куп, болести кај најблиските. Караници, од кои врескањето уште одѕвонува во ушите. И на мене некој да ми каже дека ми е лесно? Тоа нема да дозволам. Никој не знае како се чувствувам јас, никој не знае низ што минувам, никој не знае ништо за мене. Се знае само тоа што јас дозволувам, една четвртина.. Додека некој не изоди барем чекор во мои чевли нема да ме суди! А зборуваат, многу се зборува а малку се знае. Тоа боли. Кога некој те знае само на име и презиме а за тебе „знае“ сто и една работа и ги кажува гордо на сите. Што и да се направи ќе се зборува, ќе се оговара. Никогаш ништо не е добро за нив. А на крај кога ќе ме нема, ќе си кажат „ех, зошто не е тука до нас“. Поради таквите како вас, за тоа. Лош народ. Лошо размислување. Лошо сфаќање. Лошо време.
Meне чудна ми стана ова баба ми, и го поматиле умот Mи дава доручек, купечки јогурт, ручек, павлака, вечера, кисело млеко.Купечко бе луѓе.И си викам бабо шо ти е, некоја цигла да не паднала од небо.Ама ете што била работатааа, млекарот не дошол,па жената морала од продавница млеко да купува. А, бабичке да ти кажам само, има поинтересни работи од читање лектира, на пример дремење и присмевање во темата „симптоми of being a сељак“
И јас сакам да кажам нешто но незнам што ни како. Животот само така ми поминува јас тука а тој таму душата ми е празна.И само ке наидам на некои песни кои уште толку ке те скршат, но мислам дека нема повеке во мене за кршење се е на ситни парчуња искршено, кога се врати неколку дела во мене се соберат, но тоа не трае долго тој мора пак да замине и пак се кршат тие парченца во мене... тугино тугино тугино.....душата ми ја зема. Песнава ке ме убие http://www.youtube.com/watch?v=fOlR5mpmNkg http://www.youtube.com/watch?v=YQt2u99U59E
Си го видов внук ми значи го обожавам бее абе срце убаво колку пораснал,за неговите 3ипол годинки знае премногу многу е паметно па и роден е баш на мојот роденден а разлика сме 19 години Ме вика тете ,леле колку слатко го кажува тоа не дека сме во исти ден родени но да се пофалам дека и двајцата сме си многу паметни и убави (морав да се пофалам де ) Си се изнаигравме заедно исполнета сум убаво ми е ... опкружена сум со сите луѓе кои ме сакаат и ми значат се во животот. Фала богу моите се супер сите живи и здрави,лепотицата е презадоволна од роденденскиот подарок и на секој саат ми се јавува да ми се испофали каде се возела со велосипедот Љубениот го сакам најмногу секој ден се повеќе и повеќе ,кај него сум а тој е на работа а додека е таму денеска ми прати 2-3 пораки колку само ме радуваат и ме исполнуваат тие негови зборови... Нема ништо поубаво од тоа да си вистински заљубена,истовремено многу сакана,насмеана,среќна, весела, исполнета ,без никакви грижи,и полна со позитивни мисли во себе Уживајте во животот еден е, направете го секој момент да ви биде незаборавен и убав Ви посакувам на сите пријатно неделно попладне
Сакам да кажам дека одамна не сум била толку нервозна!!!!! Мислам дека ќе почнам да рушам се пред себе. Па згора и некоја криза за благо ме држи цел ден, што ми ја зголемува нервозата. Бидејќи немаше ништо дома, пола гајба портокали изедов. Ќе умрам. И не ми се учи. Сакам да дојде лето. Сакам и понеделник да дојде, колку и тоа да звучи невозможно.
Драги девојки, жени, госпоѓици млади, тинејџерки, малку постари и позрели и оние кои сеуште се заробени во тинејџерството а со годините одамна го одминале, дали имате сопствени интереси или стрикно ги копирате од вашите партнери? Очигледно сум живеела во некоја илузија, гето или не знам што дека дечко се привлекув стрикно со копирање и интересирање кон интерестите на партнерот или потенцијалниот партнер. Он ја слушал Лана дел Реј, мојата плеј листа мора да биде преокупирана со нејзините песни. Ама морало, нит под точка разно да не се создаде место за критика. Копале по лајковите во интерестц на социјалнана мрежа за да имаат за што да зборуваат со него. Зини земјо голтни ме. Да беше шокот поголем, ова доаѓа од 23 годишна девојка која мислев дека е изузетно паметна и споснобна, своја пред се. Па уште и коментар, оуф колку е лесно сега видиш што сака на фејсбук и удираш да читаш книги што ги прочитал, музика што ја слуша, филмови што ги гледа. Имаме ли ние сопствено јас и сопствен карактер, или сме само една паус хартија, индиго, на која се прекопира лесно од оригиналот? Паровите биле составени од двајца, ама имало еден карактер, една душа. Точно тие се две кои се спојуваат во едно, ама по која цена треба да се откажеш од своето јас за да бидеш тоа едно? И зашто некој мора од нешто да се откажува, по секоја цена да биде нешто што не е, само за да припаѓа? Се почесто гледам паметни девојки и дечковци, кои кога се во пар не се свои. Криза на идентитет, што ли е не знам, ама не можам да го разберам ниту оправдам во ни еден момент. И кој е тука оригиналот а кој е копијата со текот на времето се губи границата и линијата, останува еднолична унија на непрепознатлива извештаченост. Не ли ви се допаѓа кога некој може да ви се спротивстави на вашиот став, издржано да ви ја долови другата страна на приказната, па да западнетe во долга и неисцрпна дебата па макар тоа да би било тоа за филм или книга, да не збориме за прашања од животно значење. Не ве заболува глава од климање ли и само повтарање како расипана плоча? Најубаво од се е кога со некој имаш доволно заеднички интереси и допаѓања, ама она вистински без лаги и пренамагања, без создавање на непотребна илузија дека сте неверојатно согласни сродни души. Или пак јас гаам некоја илузија во која ќе ме сака и покрај тоа што не можам да го смислам неговиот омилен фудбалски тим Лузерпул и сепак ќе изгледа за моја љубов натпревар со Милан?
Така пријатно ми започна денот..со една неочекувана вест.Убаво си се облеков и си отидов на проба,ја завршивме кореографијата ХИП ХИП ХУРЕЈ . Сега го прочитав мислењето на Viktorijaa5 и ми текна дека не сум го видела внучето 2 месеца.. Последниот пат отидовме кај него,леле луѓе колку се само израдува..Па си играше со мама,па со мене абе смешки.Неможе да каже тато ,а знае да го каже моето име..Си игра со колите,мечињата..А јас секој пат му купувам нова облека и кола .Не ми дава ни до тоалет да одам,ако отидам тој од надвор наместо да вика тетооо..тој дадее со тоа нежно ,слатко гласче . Ах колку ми недостига...
Треба вечер да искачам ама ептен ме мрзи да се спремам (што е ретко кај мене ама ете- период изгледа), да се пресоблекувам 2389298392 пати додека не бидам блиску до одлуката што уствари да облечам. Ама ми е гајле, тренерки и патики и терам. Нема кафе, нема нигде, дома кај саканиот и можеби на прошетка ако не ме мрзи.
Зошто сите луѓе копнеат за мир,а не придонесуваат ништо? Во последно време станав зависна да ширам позитивна енергија. Почнав да им кажувам на луѓето што е добро,а што лошо. Сите ми кажуваат дека сум сменета,и дека блескам во ликот. Сите ми кажаа дека оваа личност е подобра од претходната. Им порачувам на сите да се сакаат. Зошто ги осудувате луѓето уште пред да ги запознаете? Зошто имате предрасуди пред да го запознаете човекот? Сакав да кажам дека ме исполнува убавото време,музиката и некои прекрасни личности поред мене. Ме исполнува кога сум спокојна и среќна. Ме исполнува кога конечно после долго време се чуствувам добро. Немам такви грижи и нервози како што ги имав. Мило ми е што некои работи завршија,а некои работи започнаа. Единствено сега што ми останува е да се молам на Бог,да се молам да не ме разочарат. И да верувам,да имам надеж дека нема да ме напуштат како претходните личности,овој пат по сите лекции во животот мислам дека научив да ги проценувам луѓето по нивните постапки. И почнав да им верувам,поклонувам доверба нешто што ретко го има во денешницата,а тие ќе одлучат дали ќе ја злоупотребат или не. Понекогаш мислам дека сум премногу добра кон сите,и премногу добра кон личности што многу ми згрешиле. Но таква сум,можеби и затоа страдам,но сепак верувам во луѓето и имам верба дека еден ден можеби ќе се променат. Сакам да правам добри дела,ситниците ме исполнуваат. Ме исполнува кога на некој постар човек ќе му помогнам,и кога на бабами ќе и помогнам,а таа ќе ме благослови да имам долг и среќен живот,и ќе ми подари една искрена и благодарна насмевка. Во овој денешен лош свет сепак постојат добри луѓе,ама ретки се. A вие поставете си прашање на себеси,какви личности сте? И што можете да направите за да го промените светот и да се промените себеси? Пријатен ден девојки.
Црвена коса до половина.Смоуки ајс и бордо кармин.Искинати фармерки и кожен корсет.Или пак кожни панталони и Мегадет маица.Мартинс со црвени врвки.Слушалки на уши,без грижа за светот.Полно срце.Пријатели,мили луѓе.Тој.Специјални денови.Без железниот крал.Без лузни.Без крв. Јак парфем и брз чекот.Со доза префинетост. Самодоверба. Од утре сум нова.
СДК... Креативноста е начин на изразување. Таа не може да се научи. Или извира од вас или сте непрепознатливи...
Моментот кога ќе помислиш на некоја драга личност со која одамна не си бил во контакт, и истиот ден истата таа личност ти се појавува пред врата, и тоа со пријатно изненадување и убава вест... А со блиски луѓе со кои имаш флуид, брзо летаат часовите, особено задоволство причинува она кога после долго време се гледаш со некого, и се насобрало многу пријатен муабет за кажување. Мade my day...