И тој што одвел многу жени дома, имал една што ја сакал. И таа што гордо поминала покрај многумина и ги одбила, паднала на еден на кој најмалку се надевала. И тој што кажал дека никогаш не пуштил солза, се нашол себеси во лага кога заплакал. И тој што може да ужива во изобилство, живее во конфузна ситуација кога дозволил финансиите да му бидат замена за емотивната исполнетост. И тој што се лишил себе си од моменти на среќа поради материјалната несигурност, не дозволил да осознае дека целината е убава кога има со кој да се сподели. Ако срцето е ладно, а душата празна, разумот нема значење. Убавото не е секогаш добро, но доброто секогаш е убаво. Храброста е доблест. Понекогаш пожелно е да се ризикува за да се погледне што има на другата страна. Можеби таму е исходот од нашиот копнеж.
Шта маи,Рукваш? Е одамна не сум шкртнала тука нешто својствено за мене,некоја моја интересна случка,нешто што ми лежи на душичкава,проблеми,смешки,глупости тешки... Епа еве искрено,немам што. Животов во моментов ми е паузиран. Али на баш прав момент сум нашла да го паузирам,алал ми вера Интересно нешто одамна не ми се случило,душава ко лежај во бордел ми стана,не само што цело време по неколку ко да лежат на неа,туку и ја кршат полека полека од кхмањето Проблеми реални не знам дали имам или немам,смешки и глупости колку ти душа сака,ама сите со тажна и иронична позадина Језда сум јас позитивен човек ама ете некогаш ме снајдуваат периоди кога сум ептен депримирана и се осеќам празно ко гајчите на Боки 13 дремам цел ден и единствената животна функција која сакам да ја извршувам е спиењето. Па дури и журки,алкохоли,мувања и дечки голи не ме враќаат во живот. Ми фали нешто,дефинитивно. За летвите во глава што ми недостигаат веќе си знам. Ама емоционалнава празнина луѓе...Не си иде! Летвите можам да ги заковам,ама нешто кое ќе ми ја намали промајава во душа не можам да најдам. А и баба ми знае,дека промајата убива нели Тапа ми е кога се осеќам вака. Не,најсериозно ептенски ми е тапа. Поготово бидејќи цел живот длабоко во душава не ми е гајле за ништо и не сум се тревожела за ствари слични на ова,и вакви чувства... не бе,не сум навикната!
...А дали се рачуна како знак за созревање кога од дома ќе ти побараат да се јавиш на информации/телефонски оператор/банка за некаква информација, и оттаму во разговорот те персираат?
И мене ме персираат бре,мене! Да,сум зборувала за информација кај телефонски оператор Сум се газела на сред разговор па колку години имам бе?
леле што ми се случи т.е. јас поттикнав да ми се случи дефинитивно луда му честитав нова година и Божик на една наша јавна личност и што ми е најчудно ми се јави 2 пати ама срам ми беше мајка ми веднаш ке праша кој е ке настане врева и му спуштив-леле кога ме фати една да не можам да престанам да се смеам инаку лани имав чест и задоволство да ја запознаам Верица Пандиловска во една наша фирма
Денеска му е роденден на стариот мој Ха стар, јас го имам најмладиот татко во цела генерација. Полни 40. Не дека ми е татко, ама многу е убав. Тој човек најверојатно го заслужува најдоброто на овој свет. И сеуште им се радува на подароците како мало дете. Голема желба му е парфем Антонио Бандерас. Е јас ќе му го купам. Ама од првата плата А за тоа ќе си почека По пат, среќен роденден ако има тука некој што е роден на овој датум и среќно и вечно име на сите што денес им е именден
@Someonespecial не, не се рачуна. Таква им е работата, разговорите се снимаат, мора да има почитување. Си пораснала тогаш кога во банка на шалтер ќе те персираат.
Комбинација на ачиња за добро однесување и алкохол. Ќе завршам како Мерлинка... А се ми падна како камен на срце. Кога пиеш почнуваш да се смешкаш,како налудничава ...а ако не пиеш ќе чмаеш и цмиздриш.Да си ја донаполнам чашава со вино и да го завршам денешниов „успех“...да ме дотепа.
Нема врска ако другарка ти е на другиот крај на градот, Скајп, вино кај мене,вино кај неа и муабетот си тече исто како кога сме една до друга.
Некој кој ги има истите проблеми... http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/problemi-koi-samo-slabite-devojki-mozhat-da-gi-razberat/ 1. Непознати луѓе ве прашуваат дали јадете нешто и постојано добивате забелешки дека треба да јадете повеќе... итн, итн...
Кога ќе видам дека некој/а ги чита книгите „50 Нијанси сиво“ нивното IQ во мои очи паѓа најмалку за 10. Што се однесува до синдромот на „вечно дете“ е многу апсурдно да дискутира некој кој е главниот виновник за тоа. Регрутирај ги уште во средно, кажи им ја идеологијата на партијата што нема врска со дејствијата на истата, претрчај ги низ факултите, дај им книшка и остави го да се надеваат на работно место после секои избори, додека пијат кафиња по цели денови со пензиите од бабите и дедовците, нека собираат гласови и нека прави бесплатна реклама низ градот, на фб, по форуми, секаде... И секако по три деца да прават да се шири семето македонско, осуди ги тие што немаат пари да одгледаат дете и го абортираат. Прегледувај се со сите , оговарај и суди секому оти ти си светец, ти си патриот!
На сите ви посакувам од се срце пријатели како моите. Еднаш кажав, пак ќе кажам. Некои луѓе добро е што постојат, го прават светов милион пати подобар.
Dijamantot ostanuva dijamant i koga e izvalkan vo kal...Prashinata ostanuva prashina i koga se kreva do nebo!
Што ти значи исчистен ум, бел, светол, без темни облаци. Ами полн со облачиња, меки, убавки, сончево е, топло е, синило гледаш. Ме зачуди колку луѓево на моменти не се задоволни од сопствениот живот - дали од факултетот што го одбрале, од изгледот, од друштвото, од дечкото, од мал милион фактор. Без никаква причина, се' е таман а ништо не е таман. Познато ми е, многу чест синдром во државава. Како и да е, кога еднаш ќе научиш да ги тргаш олуите од умот, ниеден ветер не може да ти ги донесе назад. По година дена скоро, може и повеќе, па го видов улавиот. Не знам ни како да го кажам, нема назив тој човек за мене. Боже мој, колку се тресев порано кога ќе го видев, знаеше гадинката со што и како да те заплаши. Браво, да трауматизираш дете, па и сопствено, алал ти човеку, капа ти симињам, браво, животот ти е одличен сега, зар не? За жал или не, не почувствував ништо сега, ни страв, ни болка, ни лутина, за мене многу одамна одлета од сите делови на потсвеста, остана само некоја мала горчина и гадење. Го гледам, уште жив и здрав. Машала машала, снага има на него, а сигурна сум дека собира јадење од улица. Не е мој проблем тоа, шансите за успех биле давани и пропуштани. А тие што не осакатил, па ние најубаво си знаеме.... јас најлесно поминав, со две танки линии под очите, добиени па... знаеме кога ги стискаш најмногу очите.... и година во најтемната бездна. Другите години на работ не ги ни рачунам. Тие што се околу него, што не можат да се отарасаат од болниот мозок, си знаат. Очекувам секој ден да видам на вести дека будалата направил некоја драма. Барем најстарите се веќе таму каде што никој не може да ги ремети.... И не можам да речам дека не ми фалат на моменти. Некна им запалив свеќа. Ви викам, го гледам, мине, за некоја година би требало да почне и фазата кога си зборува сам на себе. Издрпан, скитник, со партали. Уште сто години самотија и беда нема да се доволни за таков како него. Ама...... едно големо ама! Не успеа да ми го расипе денот, не успеа да ме натера да се пикнам во такси и да се скријам дома, едино успеа да го погледнам додека ладнокрвно си шмркнав од кафето. Па после дури си продолжив и по продавници и по гости. Па после ова, откако надминав проблем од овој размер, зарем навистина, ама навистина очекуваат да мене нешто во животов може да ме допре и да ме изнервира? Хм, многу тешко, веќе сум премногу отрпната и реална па да не гледам од сите агли. Дури и од кучиња скитници веќе не бегам, мојата најголема мора, да ми се доближи какво и да е, да ме помириса, да ме допре.... проблемот се реши сам по себе откако елиминирав некои фактори на страв во животот. Сега ги фаќам, ги галам, навистина нема ништо страшно во нив. Се' ви е тоа, мили мои, пролазно. Мене може, и навистина ми е, убав животот после такви срања во боја, тогаш навистина, ама навистина, на секој може. Кога и да се изнервирам оти сум се здебелила, немам пари за нешто, треба да поминам петок вечер дома работно (наводно имам работа во моментов, ми се здосади читањето), некој ми кажал нешто, си викам, ој бре будалче, оди таму, извади си го осмехот и терај си по твое. Така така, а Господ е голем и се' гледа... Карма ис а бич.
Најдобрите твитови пак ми објавиле мој твит, да си кажам нешто на темава. Очигледно дека планови и очекувања за новата година не успеваат. 90 посто од замислите што сум ги имала, и плановите за новите години, никогаш не се случиле. Затоа, почнувам денес со сите промени што планирам да ги направам во животот. Не од 2015та. Не од почетокот на месецот. Не од понеделник. Не утре. Денес. Затоа што само тогаш знаеш дека ќе успееш. И патем, се сликав денес. Да го изненадам блогот со слики, зашто бев страшно неодговорна многу долго време.
Da ne znaee covek prosto prosirena recenica da povrzi na denesno vreme,se mu e djabe. I djipot i visokokatnica,redoven pedikir pa duri i parafinska rakavica. Djabe se i genite koga voopsto na niv ne se raboti. Moze vo niv lezi zajakot ama djabe koga nekoj legnal vrz niv i gi zaboravil.
Имаат култура луѓето, почит, едноставно па и да не им е како домашно воспитување, секако ради тоа што им е кажано така да се однесуваат.А, иначе Спешлке, знаеш што мислам за тебе, не морам да ти одговорам така да, не е тоа џабе така што ти се обратиле
Не сум сигурна колку пати го земав телефонот во рака за да се јавам кај некого и да си ја олеснам душава и исто толку пати и го оставив... Батали си викам никој не е должен да те слуша,никој не сака да му го расипуваш денот... секој има свои проблеми. Седнав на фемина не можев ниту да читам,ниту да пишувам... го исклучив компјутерот........ се натерав да го гледам филмот кој го гледаше ќерка ми,не знам дали гледав во телевизорот или во сликата која се наоѓа над него....ја земав книгата ама само ја држев во раката, мислите ми лутаа,главниот лик во приказната овој пат бев јас бескрајно тажна и скршена на најситни парчиња. Повторно го вклучив компјутерот и седнав да ги излеам своите емоции на белово квадратче... тука никој не мора да ме чита,никој не се оптоварува дека треба да ми пружи утеха.... Денес повторно еден дел од мене се откина, замина во неповрат .... Повторно ја почувствував големата болка која ја распарува душата,со нож го сече срцето...можеби и уште посилно.... ако се земе во предвид состојбата на свесноста... тогаш и сега. Со месеци одложував да ја ставам неговата слика на белиот камен и не се прашував зошто,не сакав да размислувам... можеби затоа што не можев да се соочам со болната вистина, со неговиот лик таму, со моментот кога ќе го видам,а нема да ми прозбори. Па, тоа е мојата прва љубов,човекот со кој делев се 20 години,таткото на моето дете,неговиот лик е дома не тука... Но времето минува се јавуваат ''душебрижници'' кои постојано прашуваат зошто не си ставила??? А како да им објасниш??? Мудрите не прашуваат,тие знаат,на другите нема потреба да им објаснуваш и онака нема да разберат. Се јавуваат и оние кои те советуваат дека '' до годината треба да е направено се'' ...Така требало.... Па се е направено велам јас... А сликата ??? Е па денес конечно оваа жена која скоро една година живее,а не живее, собра сили и отиде да го направи и последното кое '' треба,мора''. Сама,налик на зомби со една сликичка од новчаникот која ја носи со себе повеќе од 10 години... со молба до луѓето таму да и ја вратат.... таа и буди спомени кои и значат се...затоа и секогаш ја носи со себе... Сега повеќе никој ништо нема да прашува... Ако случајно поминат некогаш таму ќе можат да ја видат сликата за да се потсетат кај кого поминале... Но,таа сега повторно и повторно и со појак интензитет ќе ја чувствува болката бидејќи секогаш кога ќе отиде ќе ја гледа сликата и ќе се соочува со грдата реалност,од која се обидува да побегне. Вечерва не можам да ги контролирам мислите и емоциите... Вечерва тие господарат со мене.... Најтешко е што немам со кого да ги поделам... Среќна сум што ќерка ми спие,па не мора да се докажувам во своите актерски способности.... Ми преостанува само да се надевам дека емоциите ќе се стишаат и ќе преовладува разумот .