Чувство на немир, гнев и обвинување .Насобран песимизам и разочараност во денов.Но ако,сигурно е јојо ефек(от) после добро помината саботна вечер и црвеното вино .Важи онаа изрека дека после дождот иде сонце или обратно беше ? Некоја празнина во мене ,шуплина што само јас ја гледам и чувствувам ,а зошто незнам .Обидувајки се да останам приземен,разумен и искрен се губам во мисли и намери,се обвинувам за ништо,сакам да инвестирам во скромност максимално но подоцна како да се каам Недела нај омразениот ден што јас го сакам ,штета не успеав да стигнам да го искористам максимално убавово време ...
Сакам да сум на планина. Во колиба. Да искршам се` што има внатре. Со нож да си направам белези по рацете. Да излезам надвор. Да седам на снегот, да плачам, да врискам, да го проколнувам овој веќе проколнат живот, да вдишам силно. Потоа да легнам и да затворам очи. А кога ќе се разбудам да бидам во друг универзум.
Кој театар човече!! Славење, пијанчење, глупирање, купување. Не дека јас не сум славела и не сум пиела ама мене душата ми е полна и славам секој ден. Иначе јас сакав да избегам негде, само да не бидам во гужва, да бидам малце сама и со човекот што го сакам. Сакав да имаме некој камин и да пиеме вино и да се гушкаме. Ама не бидна, и на крај пак отидовме во кафич и се прибрав во 5 сабајле и не можев да се опоравам утредента.. Да се пофалам дека имам цветче на десното колено, значи јас не сум Candid ако не се лизнам и не искршам нешто, годинава поминав лесно.. И тоа е некој успех Среќна нова година феминки, се надевам ви беше добра но посакувам и за мене и за сите вас да биде уште подобра. А сега што да се прави а да не мислам дека утре е понеделник и дека ми заврши одморот??!!
Ти пак мене сакаш да ми ги крениш нервите, до немај каде ??? Сфати девојко дека има луѓе кои се грижат за тебее!!! Знаеш колку ми е неубаво, кога читам вакви твои мислења ? Знаеш колку ме нервираш кога зборуваш вака? Ако оние околу тебе не се грижат, јас се грижам и ми е многу тешко кога вака зборуваш. Знам колку ти е тежок и измешан животот, но и ти знаеш дека овие денови за мене се пеколни. И знај дека јас сум секогаш тука за тебе. Кога ќе ти треба помош пиши или на фемина во ЛП или на ФБ или титни ми јас ќе ти ѕвонам. Знај дека сум тука за тебе!
СДК Преку глава ми е од војнички филмови. Јес да само вчера и денес му текна на господиноФ да гледа, ама не ги можамммм. Пукање, крвиштаа, аман. Да не се знаело друго нешто да се гледа. Освен фудбал, вести и вакви срања. Ајд у пи*ку материну.
Не постои нешто поодбивно од неконтолирано женско однесување. Седам со 3 другарки во кафич и се однесуваат како да се сами. Пискотници, врискотници. Никој не сака да знае како се бакнувал твојот бивши или како мајка ти ти го загорела јадењето. Друг случај, со истите другарки. Глумење сексуален однос. На што личи ? Цел час очи превртував и се прашував што барам таму. Втора одбивна работа е женско пијанчење и потоа однесувањето. Самиот чин пиење е за момците. Не за џабе не нарекуваат понежен пол. Не за џабе сме споредувани со елеганција, мода, култура. А кога ќе видам пијано девојче како игра, повраќа, се губи таму, останувам без зборови. Одбивно, едноставно неможам да го гледам тоа. Во ред е да пиеш ти, две-три, четири пијачки, ама сето тоа нека има граница. Конторла. Само-контролата е многу моќно оружје.
Она кога случајно ќе слушнеш некоја добра песна од постарине на радио/ТВ и пошо го знаеш рефренот а не го знаеш насловот точно решаваш за максимум 15-ина минути да почнеш да ја бараш на нет и да си ја пуштиш ... и после ... и после се блокираш до таа мера што ни мелодиската линија веќе не ти е у памет, не па еден единствен збор. Све ова у 10 минути. Damn.
Денес го научив внук ми кога си лежи во креветче да се врти кон телевизорот штом му го спомнам зборот каде е Гарфилд срце на тета, Гарфилд му стана омилен цртан после го кренав , и седнав на земја и го зедов во скут , му ги бакнував рачињата и главчето и си уживавме во друштво на Гарфилдко
Нема нешто што ќе ме предомисли да не тврдам дека: секогаш, сами сме криви за се`. Премногу комбинации, притисок од сите страни, емоции.... И зошто? Преголема тортура кога се` е пролазно. Па дури и ние.
Топла постела... Топло кафе... Топол џемпер... Топла прегратка... Топла насмевка... Топло ми е и во душата после подолго време... Нека потрае...
Драга...... На темава пишувам само чувства, бар до сега, пишувам кога нешто ќе предизвика некакви чувства во мене, или ништо ќе предизвика некакви чувства во мене, но ќе предизвика, а јас велам, интелегентниот човек не наседнува на провокации, и моите чувства се интелегентни, не наседнуваат на провокациите коишто ги предизвикало нештото, ниту пак провокациите коишто ги предизвикало ништото, молчат, ќе се насмевнат и нема да возвратат, нема да возвратат ни насмевка, ни лутина, ќе останат ладнокрвни, ладнокрвноста е најголем возврат за нив, а најголем убиец за тебе. Интелегентни ?! Дали ?! За нештата во животот не треба да возвратиш, тие се нешта и вреди да им се даде шанса, а за ништата, тие се ништа и како успеале да предизвикаат во тебе нешто?! Сите нешта во животот биле ништа, а не сите ништа во животот ќе станат нешта.
Ме насмеа ај тоа или пак само мелодијата ти се врти во глава, си пееш, ама не можеш да ја најдеш, зш само на музиката ти текнува, но не и на текстот и се распрашаш ради мелодијата, па објаснуваш каква е, а освен да ја отсвириш, друго чаре у тој случај, нема
Кој вели дека светот не се врти околу парите? Епа не сте во право. Не велам дека се може да се купи со пари, далеку од тоа. Но нематеријалното, она духовното во луѓето, што не може да се купи со пари, денес е реткост. И се повеќе, и повеќе ја губи својата вредност. Денес, парите се единствениот извор за животот, за добриот живот. Зборувам за луѓето кои имаат пари и кои можат да им обезбедат се на своите деца. Па дури и она кое не го заслужуваат. Со тоа тие стануваат се по размазени, и сето тоа што се прави за нив не го вреднуваат. Не го ценат тоа што го имаат, затоа што тие и не знаат што имаат. Не знаат што сакаат. Не се потрудиле ништо во животот да направат сами. Никогаш не вложиле сила и труд во нешто што им е важно и што посакаат да им се оствари од дното на нивната душа. Но сите тие успеваат во животот. Без разлика на тоа, дали тоа ќе го направат нивните родители со помош на врски или пак со помош на своите пари, сепак тие успеваат. Затоа што тие го имаат сето она што некој друг го нема. Тие ги имаат сите можности што ги немаат многу од оние кои сакаат да ги имаат, но не ги вреднуваат. А не ги ни заслужуваат. Има и исклучоци, но тие се во многу мал број. Затоа што ова станува наше секојдневие, и е дел од суровата реалност. А што е со оние кои ги немаат сите тие можности кои ги имаат децата кои се погоре споменати, а им требаат? Што е со оние кои без разлика на тоа колку се трудат, ги немаат условите кои им се потребни за да си ги остварат своите сништа? Со оние кои, без разлика на тоа колку се способни и талентирани не можат да успеат затоа што немаат доолно финансиски средства? Со децата, чии родители се трудат да има обезбедат се што им е неопходно, и што работат од утро до мрак за да си ги прехранат своите семејства, но не можат да им дадат и обезбедат ништо повеќе од тоа? Не дека не сакаат, туку дека не можат. А? Што е со нив? Не дека се жалам од нешто. Задоволна сум со тоа што го имам, затоа што не секој го има и тоа. Но боли кога гледаш дека некој што е паразит(во буквална смисла на зборот, без навреда), добива се, ама не го заслужува и не вложил ниту трошка труд за истото. Боли, затоа што ти си многу подобар од него, но не и побогат. Знам дека некои сништа, никогаш нема да ми се остварат. Никогаш нема да се запишам на Кембрич или Оксфорд, никогаш нема да играм во NBA. Но не по моја вина. Ниту пак по чија било вина. Едноставно тоа е така, и не може да се смени. Така налагаат условите. Па ни останува единственото решение. А тоа е да се помириме со судбината. Секој има свој живот и свои сништа. Некој може да го живее животот кој го посакува и да ги оствари сите сништа затоа што ги има сите услови и фактори за да го направи тоа, а некој се соочува со реалноста во која живее и се труди да успее во тоа што може да успее, во тоа што му го дозволуваат условите и тоа што му го нуди животот. За крај, сите ќе го правиме она што можеме да го направиме. А тоа што не можеме, можеме да се надеваме дека пак некој ден можеби ќе ни се оствари. Дали тоа е праведно или не, нема врска. Затоа што, живот е тоа. И тој така ни налага.
Лелее мене тоа коа ќе ми се случеше и онака имаш ситуација, буљам у темана „Барам песна“ после си викам шо фајде, не ќе им кажувам со кој инструмент почнува.
Ќе ме задавиш мор од смеа обично кога ќе прашам, оваа и почнувам да објаснувам и на крај ми викаат „ не знам “ и си останувам во прашалници, ај викам, ќе се снајдам, ќе ми светне како беше А за во таа тема, ко ќе ми текне така, па не ни прашувам, се обидувам некако да ја најдам по нетот и светот
Во некои ноќи, низ обидите да заспиеш неизбежно се проткајува онаа слика на замислени идилични моменти - совршени ситуации и исполнети цели, детално насликани со најубавите бои на фантазијата кои колку и да ти изгледаат невозможни, ти предизвикуваат насмевка на лицето... Добра ви ноќ!
Незнам зошто вака се чувствувам. Како да не можам да се пронајдам самата себеси каде сум. Како целиот свет да е против мене, а личностите кои тука биле покрај мене во вакви моменти, сега се далеку. Како сите да се среќни на најмалите ситници кои им се случуваат во животот, а јас да тапкам в место. Немам ни некоја голема мотивација да учам за престојниот колоквиум. Како нешто да ме мачи и кочи за се што ќе направам. Времето денес беше баш како пролет, дополнително се разочарав копнеејќи по пролетните денови. Денови кога сум најсреќна, лебди оној мирис на среќа во воздухот помешан со расцутените растенија... Ехх, ќе ги чекам тие денови, а тогаш нема да има посреќна од мене! Мора да се мотивирам, да пронајдам утеха и да се вратам старата јас... Добра ноќ!