Зошто бе @nevermet18 во право си за животот, но никој не вреди да се бори за тоа што тој е таков. ДА НАПРАВИШ БЕЛЕЗИ ПО РАЦЕТЕ? Немој те молам никој не вреди да се мачи за тоа што животот е таков. Што да правиме, тоа е.
Незнам за вас, ама на мене денес ми е роденден Тортата е спремна, ама немам свеќички за дување. голема сум не ми требаат
Седев сама и бев тажна. Како спомените да ме потиснуваат. Сакав да избегам, барем од реалноста. Зедов книга и си читав. Знаете што ме прекрати од читањето. Ѕвончето на домафонот. Слушнав само ако може да отвориш. Отварам често така. Си реков некој сосед. Не бев далеку од вистината. Пред неколку дена си дојде мојата омилена комшивка. Студира во Чешка- Прага. Седевме вчера цел ден. Ми кажуваше како било, кој запознала. Јадевме. Откако се докажав како добра во кујната. Ми вика, дека заборавила нешто. Се симна кај неа у стан. Дојде по некоја минута. Цел пакет. Значи ја обожавам Во пакетот имаше од свеќи до панкала, тетратки, привезоци, стаклени садови за чување на колачи. И други интересни работи. Кога ќе ми текне, дека таа е како дел од мене... а ќе си оди за 20 дена. Како еден дел од мене пополека да си оди love you.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН !!!!!!!!!!!!!!!! Биди најсреќна. Ти посакувам многу здравје и среќа. Се што посакуваш да ти се исполне. И немој никогаш да забораваш. Среќата е во малите работи. Уживај секој ден, посебно денес.
Не ми е јасно зошто некои луѓе упорно сами почнуваат да ти раскажуваат за луѓе за коишто претпоставуваат дека не би сакал да знаеш штом веќе години нананзад не се интересираш. Особено не некои вести за успех. Нејсе... Спојлер: долгичка прикаска, да не ви зафаќа простор дури скролате Не знам колку од вас во вашиот живот сте имале личности, коишто (иако не ве врзувале никакви позитивни емоции со нив, напротив) го разбудиле во вас жарчето за борба и волјата за станување подобар, а последично на тоа и сте станале подобри. Таква личност се појави во мојот живот некаде баш во најпогодниот и најнепогодниот момент (тешко за едно од двеве да се одлучам) за такво појавување. Кога почнував да се формирам како личност. Нормално не секогаш натпреварот меѓу мене и таа личност не личеше на натпревар меѓу две зрели личности, затоа што едно време тоа не ни бевме . Природно и очекувано за некоја возраст. Додуша и непосредно пред да ни` се разидат патиштата во животов, во таа личност се`уште имаше останато од тоа дете. Мојата нелојална конкуренција на којашто за секоја нејзина победа и` го спуштав тоа дека ако ги разгледаме супер моќите на располагање, дури и мојот пораз е повреден од победата на таков противник. А јас кога ќе победев... еее, тоа беше сеир. Не, не чувствував потреба во такви моменти да се расфрлам со чалам, туку баш бев поемпатична кон таа личност во тие мигови, така се чувствував. Тоа мојот ривал уште повеќе го лутеше. Kaко и да е, должни не си останувавме. Со разликата што, јас кога ќе победев (се` тоа беа некои ситни борби коишто се испоставија многу корисни во стремежот кон повисоки цели во иднина и во ситуации коишто немаат врска со тие конкретни моменти) бев многу фина со таа личност. Чудното беше во тоа што таа личност упорно искажуваше омраза кон мене и слични на неа негативни чувства и истите ги хранеше будалче. Душа намачена. Јас, освен некои моменти на слабост поради повредено его, друго немам почувствувано од оние негативните чувства. Дали дека таа личност беше навикната да и` молчат или да и` викаат „така е“ а зад грб да и` се чудат на паметот, не знам (е за тоа мислам, навистина имаше начекано од кого да го бара, работата више срече други пут ). Имаше и страшно збунувачки моменти, но се поттиснаа многу лесно од она што беше најчесто застапено. Сега не знам, дали всушност ме мразеше или го мразеше тоа што го предизвикувам кај неа, но однесувањето дефинитивно ја издаваше оваа личност дека во мене гледа закана, личност којашто може да успее. Без да сака, со однесувањето ми даваше комплименти, душичка. Се надевам дека оваа личност барем чувствува дека сум и` благодарна. Без да сака, имаше многу конструктивна улога во мојот живот. Придонес којшто ниту едно домашно воспитување или пак животна школа не можеше да го има. Патиштата ни` се разминаа, избраните професии уште толку, местата на живеење такоџе (иако никогаш не бевме у комшии де) и немаше денес воопшто да се сетам ниту да пишувам за оваа личност да не дознаев дека, по осум години никакво сретнување дури ни на улица, сега веќе некое време работи блиску до местото кадешто живеам. И на сето ова јас сакам да си гледам како на знак дека наскоро ќе почнам некаде со работа и ќе биде мошне конкурентна средина. И одеднаш, откако го изнапишав све ова, сфатив дека ми е драго што нашла убава работа. Сеа не е зор и на другите полиња да и` цвета у животов де... Уште да имавме иста или слична професија и да работевме во конкурентни фирми... тогаш од странство можеби сами ќе не` бараа нас, а не ние нив.
Никогаш не верував во љубов на прв поглед, се додека не ми се случи тоа... Тоа чувство кога за прв пат го погледнав, а истовремено и тој мене е навистина посебно. Да, јас, онаа која не веруваше во тоа се заљубив, толку многу што си помислив дека цел свет е само мој и негов... И после поминато време со него, знаеме да седнеме и да раскажуваме за тоа, за тоа би раскажувала со денови. И од тој миг си реков ќе верувам до крај во се, дури и ако не се исполни јас ќе верувам, бидејќи некогаш кога немам ништо ја имам вербата во себе и тоа ме прави многу посилна и похрабра да пројдам низ сите лоши мигови, кои за жал се почести од оние среќните. Но, ќе верувам во себе !
Ми треба едно off копче за она што го чувствувам моментално. Али онака, ефектот да е траен бе! Не сум се возел на ролеркостери досега, но што ќе ми, кога моментално тоа ми се случува во главава...
Сум спомнала дека не го сакам ич снегов нели? Откако падна внимавав кај одам да не се истресам некаде.И до денес тоа добро ми идеше. Се додека не дојдов до улица каде што немав каде да стапнам освен на мраз.И погодувате што се случи нели? Паднав, ама среќа ништо не ми е. Туку неделава убаво ми тргна по гости идење. Се надевам Марфи нема дс се јави, барем нека е добра. Јас идам кафе да си ставам. Која е за?
Не знам зошто се' уште се чудам на луѓе кои се возрасни по години, а целосно незрели во паметот. Имам сретнато вакви луѓе еден куп, а се' уште останувам ваква кога ќе им ги слушнам размислувањата. Бре, полошо од голем маж со размислувања како 15 годишно момче - НЕМА. Уште па кога истиот тој ќе си најде иста таква слика - прилика од понежниот пол, само земи си пуканки и гледај пародии. ...а ние си ветивме дека еден ден ќе имаме наша дрвена куќичка. Во некое мало градче, каде што заради минималната светлина од градчето, сите ѕвезди се гледаат кристално јасно и како да ти се над главата. Па имаш чувство дека можеш само да ја подигнеш раката и да си набереш колку сакаш.
Сабајле се разбудив и видов дека блогот ми има 5000 views. Може не звучи многу, ама имам 4 поста на него, и не знаете колку се радував. И ветив на другарка ми дека кога ќе стигнам до 10 000, ќе го направам .com ама мислев дека тоа ќе биде за година-две, изгледа ќе треба да накачам на 20 000
Сакам да кажам дека во темава ми го избришаа мислењето, поздрав до модераторите. По втор пат ми се случува ова, првиот пат ќе разберев некако. Тотално сум разочаран. Да нема човек слобода на мислење.
Се зачленив денес, нова сум тука . Се надевам дека барем овде ќе најдам некој што ќе го дели моето мислење и ќе ме разбере.
Во Делчево објавија дека персонал од гимназијата, чистач поточно, 47 години, ставил телефон во женската соблекувална и снимал девојчиња на 14,15,16,17 години, а исто му нашле видеа и од соблекувалната од градскиот базен каде јас летово бев. Да, заслужуваат таквите смртна казна и тоа како. Си мислиш го праќаш детето во школо, на безбедно е, а некој го снима и тие снимки ги праќа на сајтови за детска порнографија. Тие силувачи, педофили, психопати, сите заслужуваат електрична столица. Никој не може да ми каже доволно добра причина за уништување нечиј живот засекогаш, нечија психа, тоа е траума која никогаш нема да се излечи.
Се уклучувам на фејсбук и гледам дека мртов човек ми коментирал на слика. Луѓе МРТОВ ЧОВЕК! Колку треба да си идиот за да се уклучиш од профилот на некој што починал и да оставаш коментари наоколу. Замислете како им е на неговите најблиски кога го виделе тоа. Социјалните мрежи како да го оглупавуваат народот, не знам што да кажам.
Има еден човек кој ме познава и чувствува подобро од сите други кои ги познавам и ми се во било каква средина. Секогаш кога ми се случува нешто се појавува од нигде никаде да ме насмее и расположи и не бара ништо за возврат. Само таа личност има таков поглед насочен кон мене и ништо друго не е важно во моментот освен да се смејам. И иако никогаш не би биле заедно знам дека секогаш можам да се потпрам на него, како и тој на мене иако многу пати сум го разочарала со тоа што сум била кучка. Ама па од друга страна ми е благодарен што на моменти го свестувам да не прави грешки за кои ќе се кае подоцна. Со минус 10 килограми се ужаснувам од погледот во огледало. Кога ќе облечам нешто изгледа како да е на закачалка, а дланкиве ми изгледаат како на старица. Денес прв пат после долго време се напив апче за смирување, после долг муабет со личноста за која верував дека може да ми биде многу и ми беше многу, премногу, а всушност излезе дека е ништо. Знаете, како стареете обидете се видите каде се и вашите грешки, не ги препишувајте само на другите. Знам каде сум згрешила ама многу ми е криво што на негови години не гледа дека не сум само јас онаа што згрешила, дека има и тој грешки кои и те како влијаеле на нашиот однос. И кога негого ќе избркате од вас, не му пререкувајте за тоа што прави, со кого излегува и како се облекува. Да, криво ми е што нашиот простор сега го исполнува таа жена, но што можам јас со тоа? Не очекувам јас ништо повеќе од него во однос на нас, не знам зошто тој сеуште очекува јас да се променам?
Сама на себе не можам да си поверувам колку една случка дозволив да ми влијае на расположениево. Ваквиве негативни денови ако можат да ми се избришат од календаров, ќе сум многу благодарна.
Од саботата почнав да вежбам орбитрек и да пешачам. Вчера и денес се возев со автобус, затоа што сегде идев со кола, дури и до продавница и се здебелив. Денес цел ден пешачев и нозете премногу ме болат, ама мора да се движам за да не се претворам во кит. Поднесов документи за постдипломски студии и се надевам ќе ме примат. Интересен ми беше денов, брзо ми помина. Сега си пијам кафе со татко ми и одоколу му правам муабет како денес сум потрошила многу пари за да сфати дека треба да ми даде некој денар, иако тој веќе знае што и е филмот на Барби и си се смешка под брк.
А, бе, јасно ми е мене дека има користољубиви луѓе. Ни се бунам да ги снема, ни па мислам дека човечкиот род пропаѓа ради нив, бла бла, не ги перцепирам воглавно. Навистина не ми е проблем да му завршам на некој услуга, впрочем, многу често се нудам да помогнам. Зошто да не, ако можам и ако знам, стојам на располагање. Проблем е кога некој не знае да го цени истото. Трпението ми е навистина речиси неограничено. Обично сум трпелива кога некој ме масира, а не викам дека не ме масираат, кога ми ѕвонат по 20 пати во денот, па и во ноќта да ви кажам, од сабајле рано, па до вечер, најчесто без осет. Зошто таква потреба осеќаат луѓево, не знам. Како мајката кокошка да сум со малите пиленца. Ај што некогаш им дробиш да сфатат. Некогаш им го правиш попара, топло и меко, ајде де. Некогаш па и да голтнат не знаат бе мајка му. АЈДЕ ОК, не е мој проблем. Ама некогаш стварно се прашувам, оти бе мајка му стара, кога веќе ме користите, а мислите дека не знам, барем не го скриете тоа со доза на лицемерие и не ме прашате како сум, што сум, што има ново, добра ли сум.... Чисто муабет од култура. Нит сум глупа нит сум слепа, нит па утре кафе ќе пиеме заедно па да мора да ми глумите 2 саата. Е тие некултурните ми сметаат, да ви кажам право. Ама сега старо-нова финта имам. Телефонот на сајлент, па главата раат. Кога ќе видам, тогаш.
More razbiram i koristoljubivi i bezosetni ama samobendisani i luge bez obraz nemozam da razberam. Zarem tolku im se dopaga gonot koj go namestile mesto obraz?