Некои се дрецкаат од земја зашто се скарале со дечкото. Некои солат памет и дискриминираат на велико. Некои хистеризираат зашто линијата од тушот не испаднала убаво. Други затоа што водата од чешма не е поволна за нивната коса, не и‘ дава волумен; на одмор од морето поубава им била. ... Некои само се борат за живот.
Ја оставаш куќата на 10-тина дена, се враќаш и имаш чувство дека сака да те убие Не знам што е работата, мене ич не ми е ладно, ама шампоните ми измрзнале, овошјето во соба ми измрзнало... кога го вклучив болјерот испушташе чудни звуци, греењето во бањата исто... Оваа изгледа се одмаздува зашто остана сама тука... Амаа гледатее, прв ден си доаѓам дома и се уклучувам на форумов... значи сепак сум ве сакала Инаку, ве поздравувам од 2014-та, вие што си влеговте во 2015, ви честитам, јас се договорив сама со себе дека останувам во претходната . Сериозно, ќе ми фали, зашто многу екстра работи ми се случија и останаа незавршени, сето тоа брзо се одвиваше, онака ми летна пред очи и цела 2014-та ми е некако недоречена... Оваа новава година којзнае што мустра ќе биде, иако после неколку изминати дена ми изгледа дека ќе биде сосема ок, ама тоа дури откако ќе ми ги покаже своите „чари“ и бенефити (ако ги покаже) ќе признаам дека постоела, ако не, едноставно ќе ја прерипаме, исто како да не била... и така, лесно е. Ама се некои знаци ми велат дека ќе нема потреба од тоа. Па, да видиме.
...нема ништо полошо од тоа да ја изгубите најмилата личност од вашиот живот. Личност која ви била се во животот,со која сте споделувале и добро и лошо , личност за која ви се врзани сите спомени. Се будите утрото и брзате да и посакате добро утро и сфаќате дека таа повеќе не е во вашиот живот. Секој ден е полош од предходниот, ви фали ужасно, но немоќни сте да направите нешто. Дење сте среќни или барем така глумите пред другите, но кога ќе дојде ноќта и кога отидете в кревет тогаш мислите дека цел свет ви се распаѓа, мислите ве убиваат,се обвинувате и се преколнувате,сакате да сте мртви затоа што животот повеќе ви нема смисла. Утрото се будите сакате некому да му раскажете како се чувствате, но сфаќате дека нема кому да кажете затоа што никому не му е грижа за вашите проблеми. И така продолжувате да глумите среќна додека длабоко во себе се распаѓате.Гледате како другите уживаат во животот додека вашиот свет се распаѓа. Останувате да живеете со желбата дека еден ден ќе се разбудете и се ќе биде како порано. Така е тоа во животот за најмалите грешки плаќаме најскапо, но животот не доаѓа со упатство за да знаеме што да правиме.
Зошто постојат фрустрирани членови кои се кријат зад маска и мораат да пишат ЛП за некој мој пост м? Крајно сум револтирана, што некој се дрзна да ми коментира во порака зошто сум напишала пост за Турскиот глумец Енгин Акјурек , Македонка сум била а сум сакала да се фукам со Турците цитирам ох моја чудесна земја , па и не бев обрврзана да му враќам на ЛП на феминот ама ајде ох , со овие стеги и пранги , очи ќе ископаме на букви , а рачунајте каква нетолерантност би била и е во реалниот свет, каде секој има право на слобода и избор на говор,
Токму тој , хаха што не ми изнапиша , не е вреден веќе, па јас ќе го бранам од Атеистот , тешко мене ( нека се гони у три лепе ) закочен е во времето , подобро да е атеист него да биде расист и да вреѓа се живо и диво .. море само банирање за него тешка психа отелотворена во ник кој уште помалку го заслужува , жално !!
Најголема неблагодарност е да обвинуваш други за сопствените неуспеси, а од друга страна воспевајќи се себе си само за големите победи. Победник, вистински е оној кој со крената глава знае да признае кога греши и да превземе одговорност без разлика на тоа колку голема глупост или грешка сторил. 13ке спротивстави се на прерасудите дека си малер. Биди мојот спасител, ако ништо друго биди ми блага утеха дека не е се загубено... Баш она битерсвит чувство, ем горчи ем го чуваш во себе, да те потсеќа стално дека не може се да е мед и млеко...
Само да се најавам. Ќе го зграпчам денов! Ете тоа сакав да ви кажам. Се решив да се смеам и покрај тоа што моментално најмногу посакувам да можев да заплачам. Денов ќе биде само мој! Можеби ќе бидам малку себична, но морам да ја побарам сопствената среќа. Така да, станување рано, музика која ми ги крши коските, ладната нечиста соба и можам да почнам. Прво, осветлување на собава. Потоа, ќе го средам хаосов од собава. Ќе се истуширам набрзина и не со врела вода. Ќе се облечам како да ќе одам на теретана, иако не одам. Ќе вклучам јутуб и ќе се обидам да медитирам. А откако ќе ги завршам сите овие обврски, ќе ви кажам како се чувствувам. Имајте убав ден.
Не има како цицачи (луѓе)... А за оние кои се согласуваат со секој пред мене мој, пред тебе твој збор...Што да кажаме. Така е, во право си, вистина, аха, да... имај жено став и плесни во лице кога не е така. Било мене или на тој пред тебе. Ми се лоши од климачи со глава, од лижи газовци, од пред тебе едни по тебе други. Од такви како овие погоре. Дали да ги жалиш или да ги опееш... Постов ич не е позитивен но многу реален. Пазете се од ваквите. Инспирана од тип на луѓе (нелуѓе).
Се сложувам со она „трпение спасение“. До некаде се сложувам, до одредена граница, ама немој да си играш игри без граници не е добро за тебе, а не за мене. Да бев многу трпелива ќе ме нарекле Трпана, ама и Трпана има праг на толеранција. Епа луѓе мои оние што ме познавате знаете дека не смеете да ми стапнета на жуљ, затоа што последиците се далекусежни по вас. Навистина отровот се чува во мало пакување, ама и во поголемите пакувања знае да има отров во помали количини кои знаат да бидат фатални. Едит: За малку лајк ќе стиснев на меилот на шефицата, сум забегала начисто.
Изненадувачки е да се чувствувате убаво во услови на формално неубаво опкружување. Кога ве демнат остри погледи, закитете се со насмевка, опремете се со индиферентност и манифестирајте игнорантност. И кога слушате, потрудете се да не слушате. Дозволете зборовите да поминат покрај вас без да ве допрат и да останат во етерот... Се е полесно прифатливо кога ќе ги вклучите мудроста и тактиката за бегство од разгневената џунгла. Тоа што лази по нервите на другите, полезно е за лично добро.
So od rabotno so od licno privatno iskustvo,nauciv da ne se plasam od luge sto se zakanuvaat.Toa ne go pravat za da ne predupredat oti se polni dobrina pa ni davaat vtora sansa. Koga se zakanuvaat vo niv vladee tolkava nesigurnost i vnatresen nemir pa mora nekako i nekade da go istirat. Poprvo bi bila pretpazliva od nekoja neocekuvana reakcija.Toj sto mudro molci e sekogas poopasen.Prviot koj veke go opisav moze da si nasteti samo na samiot sebe.
Не верував дека на овие години толку интензивна тема ќе биде моето мажење... Притисок од сите страни...моите искулирани, фала им. Не замислував дека ќе ми викаат - абе што има врска, остани бремена...?!? Пак се најде со истиот после 200 години, оној кој не сакаше да го видиш, не па да го збориш? ДА! Епа супер! Можеш сега да се омажиш! Ете затоа го кријам од мнозинството и светот, дека си го имам, затоа што ова следи од уште повеќе луѓе. Годините ти се...што мислиш? Да беше од баба ми... да разберев, ама и баба ми вика - здравје, умна на баба. И тоа од многу луѓе. МНОГУ луѓе, како да немам контрола над сопствениот живот. А покрив над глава, а плата? А зрелост? На среде во расправање со себе си сум, та брак ми дошол на ред... Ве молам луѓе, ОСТАВЕТЕ МЕ!!! Не сакам да се мажам, не знаете што ми е во душата, не знаете ниту него. Не знаете што поминавме и што одболуваме, простуваме. Сериозно, ништо не знаете. Ми оди да вриштам!!! Чувството ми е буквално како со чизма некој да ми го тиска срцето во гради, ми ја зема слободата!!! Како да ви се отворам кога сте такви бесчувствителни ритуалисти, кога не знаете што значи да се воздржуваш, да патиш, да имаш секогаш љубов во себе и да бидеш среќен со неа иако плачеш многу, не разбирате како е тоа возможно. И да, благодарна сум. Мислам дека благодарноста направи секогаш и засекогаш да имам љубов, да сакам и да ме сакаат. Искрено! Дури и кога сум била сама, никогаш не сум била, секогаш се наоѓал некој љубезен дечко кој ќе ми го понуди своето срце кое уште пољубезно сум го одбивала, ама било надеж и благодарам. Последниве две години... влегов во својата школка. Дозволив да ми ја исцрпат инспирацијата, дозволив да ме затворат во себе, дозволив да ме повлечат во себе, дозволив многу пати да не се сакам заради туѓата неодговорност, избегав јас од својата - љубов кон себе си. Цело време кој е виновен - ТИ ЛИЛИТ СИ ВИНОВНА, ТИ СИ ВИНОВНА ЗА СНЕГОТ, ЗА НЕДОСТИГОТ НА КАФЕ, ЗА ПОГРЕШНАТА ИНФОРМАЦИЈА, ЗА ПОГРЕШНИТЕ ЛУЃЕ... за се... Многу е важно да научите кога е ваша одговорност, а кога туѓа. Јас не умеев да идентификувам. Лесно примав се на своја душа и го влечкав, тешко еден тон. Престанав да дискутирам, престанав интелектуално да стимулирам, престанав да се замарам со впечатокот на светот... копав, по минатото, своето и на моите. Душата ми доживеа илјадници хируршки интервенции, како да ми била болна од тешка и непозната болест и ете - оздравела. Попознато била болна од - непростување и тага. Непростување кон себе си и останатите, длабоко, тешко, кое те тера да се оддалечуваш од тоа кој суштински си ти. И така, дозволив да бидам аморфна маса додека се занимавав со сета болка и горчина. Таа сум што си бев, истата, ама сега полесна. Личниот раст и развој не е неболен и едноставен. Боли како операција на живо, како изваден заб на живо. Се гледаш голо - кој сум јас? Не ти се допаѓа речиси ништо, ако не и се. И викаш, ако, ова ќе го направиме нешто кое може да се сака до бесконечноста. Сега мислите ми ги буди потсвеста со едно спонтано - те сакам и денот продолжува. До некаде прифатив и се уште прифаќам дека смртта е својсвен дел од животот, и јас ќе умрам еден ден. Сфаќаш дека болката од загубата на блиска личност е шокантна, пече, тешко ти е да прифатиш во прв момент, но потоа времето си го прави своето. Ама болката на душата на некажаните работи, болката на незадоволството со себе заради тоа што твојот штит и критериум за туѓите глупости, толерантноста на туѓите какви такви навреди, секој ден се повеќе и повеќе те ништат од внатре и станува неподносливо. Јас знам да дадам, не знам да земам, а уште помалку да си побарам нешто... ама тоа мора да се промени. Порано... се случувало да побарам или земам и од другата страна да ме начека колец со урнебесни захтеви, урлања, обвинувања, некоја огромна навреденост и сум си викала - да, има право, барам... јас не знам, јас можам само да дадам, може и незаслужувам, без да разберам дека другата страна има проблем со себе си давањето, а не дека јас не заслужувам тоа што го барам - разбирање како наједноставно барање. И така... уште чистиме од старата година, впрочем уште не е ни започната нашата, ако и се потпреме и на науката, биологијата и кибернетиката, а не религијата... Тоа ми се случува. И почнав да барам... и се чувствувам чисто и лесно, фер енд сквер. Би пишувала многу за животните лекции...ама предолга сум и онака... Само почнуваат страшно да ме иритираат луѓе кои не растат духовно и не се свртени кон личен раст и развој, не академски или кариерен, туку тие самите со себе... и тука сфаќам дека всушност од таквите не можеш да очекуваш искрени пријателства, ниту особена интелигенција. Просто ги интересира само - како ќе се облечат, што ќе се намачкаат, што ќе купат, како ќе ги видат, што ќе мислат за нив...
"Да, јас, онаа која никогаш...", "Токму јас, девојката која.. " и следуваат тука невообичаени де нели случувања, работи за кои" Јас" никогаш не би ги направила и се толку не типични за мене ама сепак сум ги направила, односно ми се случиле. Толку ми се клише реченициве, а нонстоп ги сретнувам.. како да сакаат да се воздигнат, да се издвојат од толпата, да не бидат исти како другите, како да патат за внимание, како да кажале нешто толку драматично, а само им се случило некое чувство повеќе, што знам.. можеби и до мене е, па јас сето тоа на погрешен начин го перцепирам. Читајте книги девојки.