Направи му некого услуга и сноси се со последиците. Чувството кога некој ќе е зафркне ... добро познато ? Не сум јас сменета, се смениле тие што ги познавам. Со кој почнаа да се дружат и да излегуваат, со кој ли пијат кафе... Ми фалат некои моменти во минатото кои ги поминував со пријателите, но ете може да кажам дека јас немам вистински пријатели. Не ти е пријател тој што ти завидува на палтото, на чизмите, на ташната, не ти е пријател тој што само сака да те искористи ниту па тој што наеднаш го снемува после некоја случка. Многу ми е криво што вака испаѓаат работите. Само знам дека кога ќе помине се повторно ќе барате мој совет, ама јас овај пат немам намера да бидам рамото за плачење. 2015 година се надевам дека ќе ми биде година во која сите лажни пријатели ќе престанат да постојат во мојот живот. Имајте добра вечер
Уште 15 минути и Нова година . 2015 will start for 15 min jejejejjej. Девојки, денес го направив мојот прв мазник. И по традиција со паре беше. Тато и цеца мислеа дека мама го направи па даваа критики како и секогаш, но позитивни. Мама потоа им соопшти дека јас го направив. Ух летам од среќа, мојот прв мазник и тоа со паре. На мама и се падна парето, да не заборавам да спомнам. Се надевам дека баба ми ме гледа од горе некаде и дека е среќна и горда на мене што направив толку вкусен мазник. Иако мазникот на баба ми е незаменлив и жал ми е што не ме научи да правам.А бевме договорени ова лето кое доаѓа да ме научи. Нека ви е среќна Новата година и се најубаво!
Епа мили мои, сите овде на фемина, сакам да ве поздравам за последен пат месецов. И тоа јавно, што значи ама сите до еден ве поздравувам. Ви посакувам се` најдобро оваа година, да ви се исполнат долго посакуваните желби и да сте ми среќни и весели секогаш. Од мене едно чао за одреден период... Решив да се откажам од витруалнив живот, барем на кратко. Така да, твитер, фемина, фејсбук и сите други страници ги откажувам. Само со братче Јутуб ќе се дружиме. Всушност, тој ќе ми пее, јас ќе си молчам. Така се договоривме. Немам нешто баш и да ви кажам.... Па, се читкаме за неколку недели. Гушки до сите.
Која иронија е животов, пред малку безврска на рандом муабет запознав еден дечко постар од мене 2 години кој мегу другото ми кажа дека сум имала премногу самодоверба, и дека тоа многу убаво ми стоело. Фин дечко! Морам да признаам дека ме изненади, ненамерно не му обрнав нешто посебно внимание, најискрено не ни очекував дека некој ќе запознаам излегов колку да не седам дома. И у меѓувреме мислев на еден дечко со кој очигледно никогаш нема да имам никаква иднина... Кога би знаел сиротиот, предходниот каков хаос ми направи, и таа самодоверба што ја имав ја уништи. Ама изгледа добро знам да глумам и да прикривам емоции. Браво за мене! *СарказамИнДиЕир*
Ах ми се плаче за некои личности кои се желни за внимание... Се ќе направат да бидат посакувани и "ценети"... А нај јаки ми се оние што те ставаат во црна листа абе ако подржаваш некој кој веќе е на црната листа ти си под него одма,копаат за тебе рошкаат да најдат да се нахранат да подржат др кој тебе те мрази епа така иде непријателот на мојот непријател е мој пријател...
На бившиот мој две деца му се изродија, јас уште не можам да се одлучам која блуза да ја облечам сабајле за на факултет.
Аххх....уопште не поуживав у месецов...скоро цел месец ваква сум, ради тие пусти испити...\ Ама ако, ко ќе завршам, има одма да фатам торта да праам за брдеј....и потоа да пивнем..ми треба тоа
Не ретко се случува многу повеќе да научиме за некоја личност според нејзините движења, погледот, ставот на телото, изразот на лицето и многу други карактеристики кои не вклучуваат вербална комуникација. Некогаш дури, доволно е да поминеме со некого само 5 минути и да дознаеме многу работи за него, а кои воопшто ги нема изустено. Некогаш може да сме со некој со години, а да не знаеме со кој го поминуваме животот. Способноста да препознаеме нечии чувства и на некој начин да предвидиме нечие однесување сериозно може да влијае на нашиот живот и на начинот на кој ќе реагираме на случувањата околу нас. Врските со пријателите и семејството, однесувањето кон сите останати е базирано на нашите емоционални способности. Колку повеќе ги разбираме емоциите и препознаваме како останатите околу нас се чувствуваат, толку полесно ќе можеме да го извлечете максимумот од секоја ситуација, што укажува на добра емоционална комуникација. Таа е подлога за секоја врска која ја имаме оформено или ја оформуваме да биде најдобра што може, не губејќи време на непотребни сплетки, пречки и проблеми. Ние ќе се чувствуваме убаво, а луѓето околу нас ќе бидат сфатени. Се е поприфатливо кога постои разбирање и познавање на соговорникот. Волјата е подлога што не одржува во процесот на емоционалната свест.
Зарем уште се замараш? Најнавредливото нешто е да му ја кажеш вистината на човек, а лагата на другите и да ги подбуцнуваш. Гревче
Сдк дека сеуште постојат добри несебични луѓе и среќна сум што се дел од мојот живот. Убаво е чувството кога знаеш дека некој те сака и би направил се за тебе безразлика дали е личност од спротивниот пол или роднина,пријател.. Направете некого среќен, вреди ви ветувам
Ако 5 од 5 слики во редот на инстаграм ја содржат твојата фаца, имаш проблем, психолошки проблем, ти самозаљубен егоманијаку. А и не си нешто посебно да ти кажам. Да се потсетиме. http://www.independent.co.uk/life-s...er-what-we-can-learn-from-a-hoax-9243442.html Сериозно не ви ја разбирам фасцинираноста со себе си, физичката фасцинираност од себе си... Можеби не можете да ја поднесете својата внатрешност па се фиксирате на физичка фасцинација од себе, еве не знам. Сериозно сте луѓе со проблем. Сабајлево седнав и анфреднав не знам колку луѓе на фб и анфолоунав исто така не знам колку луѓе на инстаграм со овој проблем. Со репче, без репче, пеглана, виткана, со црвен кармин, со капче, со наочари, нуд, нозе, бутови, хехе со пресмешна фаца хехехе... и така натака... Дечко поинаку се фаќа, туку ајде. Колку лајкови се потребни да се прифатите како некакви какви што сакате те посакувате да бидете?
Јас немам ништо против голотија, ниту покажување на сопствената сексуалност. Сериозно, мислам дека може да биде дури и позитивна работа. Ама ми се повраќа кога ќе видам 15-16 годишно девојче во некој очаен обид со своето тело и уличарско однесување да "заведе" некого. И пресмешно е. Може да не сум толку постара генерациски, ама пред 5-6 години кога бев на таа возраст, ни на крај на памет немаше да ми текне однесување ко што видов пред некоја вечер на излегување. Две девојчиња, се кладам дека немаа повеќе од 16 години, се облекле во облека што обично се носи на плажа (оние rompers, комбинизони, никогаш не научив како се викаат на нашиов јазик), со гол грб и цели нозе голи, на нозе штикли 15ка, а облеката цветна и тенка. Другата девојка crop top и панталони што не беа ни со висок струк и нормално, штикли на нозе, иако изгледа како Бамби кога проодуваше додека оди во нив. А надвор -10 степени, целиот нормален свет се тресе во џемпер и чизми, ама неее, мора да се трпи за "убавина". И така дотерани, фатиле сепаре со друштвото во Маракана, што ми беше најчудно, затоа што во Маракана сите одат најопуштено облечени и не е ни место за дотерување. Ама не да седат ко нормални луѓе на сепарето, како тоа? Тие си се качиле на масичката меѓу сепарињата. И за да изгледаат уште посекси, застанале двете со раширени нозе, и пробуваат некои секси пози да прават, па се смеат гласно и вештачки, па гледаат дали некој ги гледа. Некој таков став, ние сме bad bitches, никој не може со нас. Не знаете, пресмешно беше. Врвот беше кога земаа и почнаа да си ги прскаат сите машки во друштвото со сечена вотка што ја пиеја. Не знам каков родител дозволува детето такво да му излезе од дома. И јас сум правела глупости на 16 години, ама многу сум среќна што сум била до толку разумна за да не изгледам така.
Не можа да се изначуда колку прости луѓе постојат. Имам другарка така со поголеми облини , пример вчера гледам застанале 2 ца и се пулат в газ и се смешкаат, после почнаа да се притуркуваат па почнаа да ја потфајќаат абе свашта! Човек да се плаши на секој чекор да не го силуваат
Иронијата е што често баш тие си имаат комплекси во врска со физичкиот изглед и мислат дека така можат да си ги излечат. Леле, имам кујзнае колку лајкови на инстаграм, значи не сум толку грд/а ...
Абе какви се овие поени на форумов од трофеи? Можам со нив од некој маркет да си земам тенџере подарок? Еве отворив кај членови на форумот, па и се забезекнав дека во членови на тимот останале само Михајло и Рејн. Ниту Билката ја има... а где је Билка??? Мислам дека заслужуваме објаснување, тро ми недостига женчето. Како за жена со жени арно си се држеше. А гледам некои поени од трофеи имам, па да видам може во Тинекс ми следи нешто. Овој Михајло ми се чини и да треба да добијам некад награда за нешто (макар била и во негативен контекст за најголем мрчач на форумот) за инает нема да ми ја даде, ќе ресетира и сетинзи и избори и критериуми и све, ете толку ми е ифрид лут со особена мржња, до душе и Билката си кажа пред едно две години, си има човекот аверзија. Нејсе, за бодовиве сакам да се издејствува тенџерето за варење шпагети од Тинекс, ми фалат и онака купончиња, да ми се урачунаат овие некои си бодови од трофеи, ќе заврши работа ептен!Фала! И барам Билката да се врати!
Како што кажав во темата стара нова година, овде ќе кажам само дел од таму. Среќна стара нова година, и среќен именден на тие што си го слават. Да ви се исполнат сите желби.