Обично луѓето кои се секогаш најкомпетентни за длабока анализа и осудување на туѓите постапки, се токму оние истите кои максимално ќе ги искористат виугите за себеоправдување во ситуација ним да им се случи слична грешка која претходно кај друг ја осудиле. Oh, the irony...
За мене ќе ги замолам ваучер од Космо. Или ДМ, сеедно. Не за друго, си го собрав тенџерето од Тинекс и не ми треба уште едно, мала кујна имам. Не знам по кој пат легнав кога баш асално ме раздени и станав во темница. Силно светнал ден my ass. Единствено ми е жал што ги расипав плановите кои ги имав направено за денес, ама кога ќе подразмислам - можат да почекаат без проблем. Мајка ми, по обичај пред да оди на работа ми ѕирка во собата како крадец, ме погледнува и ми прави некоја лимунесто тажна експресија ( ), ми промрморува нешто во стилот „каков ти е тој биоритам“, си посакуваме убав ден и заминува. Се сеќавам кога ја замарав да ми кажува како и` било на факултет и никогаш нема да ја заборавам претставата која ја добив од нејзините сликовити раскажувања - некоја предебела книга од типот кривично право и минимум 4 празни (и обрнати, нормално ) филџани горко турско кафе во текот на ноќта, па и утрото. И кога денес ја потсетив на тоа дека и таа некогаш имала пореметен биоритам за време на сесија, ми рече дека низ годините заборавила колку и` било тешко... Нешто слично се случува со сите, во било кој смисол - се мачиш и вложуваш труд, губиш време, можеби и финансиски средства, па неретко и здравје. Можеби успеваш, можеби и не толку колку што си очекувал или пак воопшто, ама по некое време се сеќаваш на сето тоа како на сликовница. Ти минуваат низ глава сеќавања како стрип, но си станал отрпнат и тоа е, не ти е толку болно и не се потресуваш како што било случај порано. Така е и со животот и со сите оние кои ни минуваат попат низ него - ќе те жежат, ќе те здоболат нечии постапки и ќе помодриш од плачење, ќе си направиш рани во главата од корнење коса и по некое време ти е сеедно, до таа мера што веќе не си ги ни сфаќаш работите во врска со тоа толку сериозно и трагично како претходно. Па и не треба, јас се` уште се држам до тоа дека оние со кои го заслужиле моето присуство во нивниот живот никогаш нема да ме доведат до степен „плачење“, освен нели, ако во тоа плачење не се вклучени солзи радосници. ...среќно прво кафе на сите што го слават, се надевам дека моето прво утре ќе го испијам наутро, како што е редот, нели.
Не ги игнорирајте никогаш луѓето кои се грижат за вас и на било кој начин се трудат да се почувствувате убаво.
Се си мислам дека бев сретнала мислење за Шалтери, ама мислење дека премногу се чека, дека неуредно изгледаат како за таква работа и сл..... Утрово, си потфатив и јас по шалтери со татко ми, арно ама додека чекав од страна ја посматрав тетката од другата страна и стварно ми се извртеа секакви мисли а најпрво мрсната и неуредна коса за некој што работи во болница ( мисли како мисли , оди па контролирај ги во таква ситуација) . Иии стигнувам на ред, се подзаборавив што требаше да прашам дури, кога Госпоѓата ми даде таааааааааква насмевка абе не пауза туку стоп им направив на моиве мисли. Љубезноста уште толку ме направи да се навратам на добро кажаната "НЕ СУДИ ПО ИЗГЛЕД ". А само половина час пред тоа на друг шалтер -Госпоѓата која беше супер средена, на само едно прашање ми возврати со висок тон и 3 пати ми повтори како Нема интернет,ко божем јас бев виновна што снемало. ...
Немам дечко, немам другарки, немам другари, немам пари, немам сегашност, немам достоинство, немам гордост, немам самодоверба, немам ништо. Сама и осамена. Заборавив, имам болки, тага, срам, каење, пропаднати неискористени шанси, пропадната врска. А од мене не се откажаа само песните, книгите и тишината. И така. Тоа е мојот живот. До каде ќе продолжам вака не знам.
Сите нервози за љубов, сите стресови за испити на факултет, стануваат банални кога ќе ги ставите на кантар со сопственото или здравјето на најблиските. Тогаш сите желби се спојуваат во една - да биде сé во ред. Тогаш не ви е важно дали шефот ви се развикал, дали сте се скарале со дечкото или другарката, дали сте го паднале испитот или сте пропуштиле некаков рок за упис. А јас денес се чувствувам особено горда што издржав 14минутен преглед на магнет - апарат кој е хорор за клаустрофобични како мене, затоа што внатре се чувствувате како во ковчег! Мислам дека ми ги дадоа сите удобности за полесно да ми помине прегледот - слушалки на уши за да не го слушам иритирачкото брчење на апаратот, огледалце над очите за да гледам што се случува надвор од него и едно апаратче во рака кое требаше да го притиснам во случај на паника (наместо да изрипам сама од внатре како минатиот пат ). Се тресев од страв кога легнав и почнаа да ми ги ставаат сите тие ужасни додатоци на главата од кои не можев да мрднам. Затворив очи и си ветив дека нема да ги отворам, зашто дел од секунда е доволна да ми отиде паметот на тоа каде се наоѓам. И така, почнав да си мислам само на убави работи. Го превртев филмот за летниот одмор од лани. Ги замислував сите тиркизни нијанси на морето, палмите и светкавиот песок, мирисот на зимзелената шума. Кога стапнав на островот, прво нешто што си помислив беше тоа дека никогаш не сум видела толку дрвја со маслинки и лимони на исто место. Се потсетив на сите прошетки низ малите улички, на крстарењата каде впивав убавини, на галебите кои од рака ми земаа лепче, на школките и морските ѕвезди, на врелиот песок под нозете... Заборавив на сите црни мисли кои ме опседнаа периодов, не мислев ниту на резултатите од прегледот. А откако излегов на воздух, сфатив дека не е толку тешко да ги контролираш сопствените стравови. Само треба да им се спротивставиш со убави мисли. Овојпат тие беа посилни
Си купивме пита. Си ја поделивме. Кај мене се падна паричката. Поминаа два саати, прашувам дома, абе остана од питата? Моите ми викаат да, остана уште едно парченце од тоа на господ, ние каснавме уште нешто пак и другото на баба ти и го однесовме. Седнувам да го јадам и ова малце, 10 на 5 сантими... и оп уште една паричка! ДА МИ СЕ ОБЈАСНИ ОВА СЕГА!!!
Му фали боја на светов. А и смрди на промени. Љубете! Никаде не е лошо место за живеење, душите го зачинуваат воздухот, го прават да биде неподнослив. Овде има премногу зборови а малку дела, чинам, луѓето стануваат задоволни само од збор.. Сочувствувајте се со раката на просјакот и не вртете глава смеејќи се подмукло штом видиш некој менално заостанат. Ладно е, бледо е...
"Ти нема да се сеќаваш како ги држев твоите малечки стапала во моите раце, замислувајќи си дека еден ден ќе пораснат поголеми и од моите стапала и дека ќе треба да те пуштам да си одиш. Ти нема да се сеќаваш, но јас ќе се сеќавам... и ќе ги чувам тие спомени во моето срце и за двајцата." Ова е извадок од една статија на фемина , дел од текст кој го напишала некоја Мајка некаде во светот пред раѓањето на ДЕТЕТО ... Не сум Мајка , ама ме трогна и разнежни ова ...
Сакам да кажам... Годината ја почнав толку убаво и нема да дозволам негативности.Сакам да ги снемА негативните луге од мојот живот и зашто секогаш се вракаат ???
Денес бев вредна. Ги засукав ракавите и како што е редот замесив зелник, мазник, колпита, по мое комад (за кого како, 300 имиња има) со париче. Ова ми е трет пат да правам и тоа по пауза од година и пол. Првите два пати не беше нешто, ама сепак се изеде Ама денеска супер ми се погоди. Туку се изморив. И јас без мерка стави вода, брашно, кога испаднаа 16 дела. Па два саати тегни, па печи, па садови. Ама со мерак го правев и не остана ниедно парче. Туку ај за арно, за убаво. ПС Паричето се падна кај мене.
И така веќе 30 мин се обидувам да заспијам ама неможам никако во улицава позади од куќава запалиле оган музика корне и хистерично смеење...дефинитивно го утнале датумов .... Оди ѕвездо моја како некој да ми пее под прозор е не и не нема спас ... Хммм а ми се спие ми се плаче ...