Сакам да кажам дека ме иритираат луѓе од типот 'Вашиот совет ми е најпотребен',а притоа истиот не го применуваат или барем во предвид да го земаат. И упорно си продолжуваат со глава кроз ѕид. Да да,те сака најмногу на свет,еве морам да ти кажам затоа што ти само тоа сакаш да го слушнеш. И слатки ти сни во заблудата. Ајде сеа те тапшам по рамо
Моментот кога конечно после извесно врема, имаш нова работа, задоволителна плата, имаш позиција, работиш по струката....и сабота си дома.... А вчера цел ден по навика- си мислам дека е недела...така и активностите си ги распоредив. Кога само недела тие слободен ден, има да се збоднеш од работа низ куќи...а всушност и недела дома плус, па цел ден за уживање...А маж ми....станувам утрово, измил садовите од синоќа, направил кафе и ме пречекува.... Што уште да побарам.... Само добро здравје и сите да сме на број Амин
Се наоѓам на голема крстосница во животот. Што да правам, кој пат да го фатам? Се уште се двоумам, само мислам и премислувам цело време. Што ако згрешам? Која одлука да ја донесам? А времето е се пократко, деновите си минуваат. Ќе ми беше многу полесно доколку некој друг за мене одлучеше. А реално, имаше таква шанса. Така барем немаше да се каам за ништо. Ама не - животот сака да си поигрува со нас, со нашите чувства, планови и намери... Ми треба искрен совет, мислење од страна, некој збор што ќе ми помогне да одлучам.
Тмурен ден и тоа премногу тмурен. Ги неќам ваквите денови, ама ич. Посебно ги неќам кога се паѓаат во Недела. Море никако ги неќам. Ептен ми се глупави, смотани и глупави. Незнам оти ама секогаш на вакво време се чувствувам отепано, изморено, мрзеливо и тажно. Да тажно. Не ми се прави ништо, само ми се лежи и спие. Ретко, многу ретко се случува на ваков ден да имам енергија за било шо. Сега незнам дали е до мене или па до времево......
Сакам да кажам за сите девојки, независно од тоа дали е грда, убава, слаба, дебела, висока, ниска, црна, плава. Смачено ми е од таква дискриминација . Смачено ми е поради нив, поради денешното општество да се казнувам самата себе и да си набивам комплекси за тоа каква сум и што сум. Кои сте вие да ме оценувате мене? Сте се виделе ли самите себе ? Прво, кажете ми дали знаете колку можат вашите усрани зборови да повредат некого? Не? Одлично . Тогаш подобро преќути, никогаш не можеш да знаеш што се случува во нечиј живот . Никогаш не знаеш какви проблеми имаат некои луѓе, колку им е тешко и без тие ваши навреди. Никогаш не знаеш колку добро знае да глуми некој човек дека е среќен, без разлика дали неговата причина за несреќа е љубовта, проблемите дома, пари или нешто друго. Едноставно престанете да ги оценувате луѓето без да ги знаете!!!
Конечно почнува работната недела (не се шегувам)! Знаете ли што значи тоа? Физика ги испрашува оние што имаат единици т.е пола клас, а тоа значи дека ќе има смешки. Потоа, ќе има слободни активност по англиски после школо, а тоа е најинтересното нешто во врска со училиштето. Па потоа на карате, утре, во вторник или во четврток ќе добијам нов појас. Едвај чекам!!! Чудно, нели? Обично во недела навечер сум во тешка депресија, пуштам плејлиста од тажни песни и јадам кашкавал. Па што? Раскинувам со викендот во тоа време декоја недела.
Неделно попладне, сама дома, после милион завршени обврски си седнувам лезетски на тросед. Пуканки во раце, нозете во вис и Хари Потер пуштен на сараунд. Доаѓа мајка ми после некое време, го гледа Voldemort и ми вика: Овој е лошиот? Се смешкам и ѝ викам: Да мамо, овој е лошиот. Кога бевме деца, поделбата на добри и лоши се чинеше толку лесна. Лошиот во цртаните и филмовите беше мошне лесно забележлив. Најчесто лошите беа грди, или ако ништо друго, веднаш можевме да ги забележиме според нивните постапки. И секако, на крајот добрите секогаш победуваа, а лошите го добиваа она што го заслужуваат. А никој не нé научи дека лошите можат да изиграваат добри сé додека не ја добијат првата можност да си го покажат своето вистинско лице. Никој не нé научи дека некогаш толку добро можат да глумат, што наивно ќе им поверуваме. Ќе ја заслужат нашата доверба, за на крај да ни го забијат ножот во грб. И не - не секогаш на крајот победуваат добрите. И не секогаш на крајот секој го добива она што го заслужува.
Мислев дека кога ќе „пораснам“ ќе знам што сакам и како треба да ги направам нештата и само ќе треба да ги правам. Ама не било толку едноставно. Еве денес пак се фатив себе залутана и изгубена во нештата што ги правам. И покрај годинките што ги имам. Сега барем ми станува се појасно дека тоа нема да престане.
Колку се радувам кога ми е куќата полна со луѓе и има јадење и пиење колку ти душа сака. Обожавам да сум меѓу народ, да се забавуваме. Денес роденден славевме на сестра ми. Конечно наполни 24, јас 8 години помала од неа сум. Прејадена сум од торта. Ама убаво ми е.. А утре прва смена сум, тест правиме, ама не е битно. Побитно ми е да ми биде убаво, а за да ти е убаво не треба да се замараш со глупости нели? Убава музика, убаво друштво, убава храна и пиење.. Постои нешто друго што фали за уживанција?
Не можеш едноставно да кажеш ''еј го заборавив телефонот''.. Туку мора ''еј го заборавив мојот ајфон 5s, 16 гига меморија со маска од сваровски''
А кои ги сметате за будали? Искрено, може некој да ми одговори? Јас мислам дека за будали ги сметате тие што не се однесуваат така како што на вас ви одговара. Бев навреда и не ме сфаќајте грешка не сакам да се карам.
Eпа во последно време оние попаметните кои можат да се истакнат,кои се истакнуваат во интелектуалн работи се „досадни,вакави-такви“.А оние кои три чисти немаат се прават ова она.Тие вака тие онака. Страните на светот не ги знај,а за мене коментира. *Не беше за вас ова наменето.
Дали ме фаќа предпонеделничко расположение, не знам. Обично не ми влијае тоа на психа ама моментално некои досеганеприсутни мисли ми го заведоа паметот.... Којзнае каде ќе одлутаат пред заспивање..
Cvetteto, кога ти точно ќе напишеш некој збор и кога точно ќе користиш интерпукциски знаци ќе дискутираме за таа тема. Вака иронично ми е.. Не те нарекувам будала, баш напротив. Но кога зборуваш за интелектуалност барем точно пиши зборовите.
Сакам да си ја лупнам главата од ѕид кога некоја што од вчера оди на фитнес и скришно јаде сендвичи и пици на парче ќе ми кажува како се вежба и за здрава исхрана.Па дури и на сите им се фали дека почнала со фитнес и кажете ми како може да се ослабе 6 кила за 3 дена,а да си јадеш се што сакаш.Мислам,цела населба,школо и таму кај што бевме на систематски разбраа дека оди на фитнес. Една моја соученичка па,само заради тоа што симпатијата сакал некој фудбалер она од утре ќе се облакала како неговата девојка и ќе објавува од него слики на фејсбук 24/7,и незнам зашто цело време има потеба да не лаже дека и се јавувал и му било криво дека не искочил со неа или дека се договориле за нешто.Епа тоа е луѓе,мене па ни фитнеси,ни дечковци не ме занимаат јас правам математика тест а врска немам.
Како можеш ти со твои 13 години да кажеш кој владе со светот? Со што ги проценуваш дека се будали? Со тоа што ти ја земале гумата за бришење,а не те прашале?