Site zboruvaat deka vnatresnata ubavina e povazna od nadvoresnata,ama vo svetot vo koj ziveeme navistina ne e taka... Realno,nikogas ne davame sansa nekoj da ja pokazit svojata vnatresna ubavina,ako veke ne e ubav odnadvor...
Дали и кога некои луѓе ќе научат да почитуваат туѓо мислење освен своето? Не мора ни да почитуваат, само да ислушаат?! Не барам да се прифати моето гледиште како едно и единствено, ама дека има и многу други освен вашето зацртано. Ако можам јас да кажам - "Да, го сфаќам твоето, но моето се разликува и еве зошто . . . " зошто мислиш дека е во ред да кажеш "Не, тоа твоето не е нормално". А одиш наоколу докажувајќи дека си отворена личност, а сите останати затворени и гледаат само пред себе. И не е само моето и твоето гледиште, став. Колку луѓе - толку гледишта, не те убедувам дека моето е исправно, ама ни твоето не е единствено. Докажување со вакви луѓе - само ако сакате да си ги тренирате живците и границата на трпеливост - не вреди, чао!
Драги млади девојчиња, Пред две години добив понуда да работам за компанија која нема тука преставништво. Секако од дома. Ми дојде супер, со оглед на тоа што тука немав други алтернативи и немав редовна работа, а заработувачката беше далеку над нашата просечна плата за кои уредно си плаќав персонален данок. Од први јануари, веќе не можам да го работам тоа затоа што компанијата не се согласува со нашите нови законски регулативи кај нас и затоа што никој не гарантира дека нема да се случи нешто непосакувано. Додека го работиме заедничкото решение на проблемот, работата ќе стагнира можеби и многу долго, паралелно се разгледува и можноста да одам јас таму, но заради една работа во процедура се доведува во прашање моето зимање на работна виза. Да, јас имам работа, но исто така останувам и без приходи далеку, далеку повисоки примања дури и од мојата работа која повеќе ја доживувам како хоби. Ама да, со истата можеше комотно да опстојува четиричлено семејство под услов да живеат во сопствен дом, сосема удобно со намирени сите потреби. Сакам уште еднаш да прашам, дали вие ја гласавте оваа влада која мене, а верувам и на многумина им го ускрати правото да работат и да бидат ценети за она што ги бива? Државата остана и без данокот кој го плаќав само затоа што сакаше 35 посто од мојата заработувачка за некакви си давачки кои не ги користам и никогаш не би сакала да ги користам. Компанијата сака да ги покрие, но не и е јасно затоа што се судира со нејзините закони, а од друга страна барале аутсорсинг работници заради избегнување на друг тип на давачки во нивната држава, што исто така си е регуларно и сосема ок. Кажете ми што има погрешно во тоа да сакаш да работиш, да можеш, да си способен и да заработуваш? И секако да си го плаќаш данокот? Што е лошо тука? Дали ви е јасно каде живееме? Јас ќе се снајдам. Си ги разгледувам своите алтернативи и веќе наоѓам решение за дополнителна работа и добро оди, не се жалам. Кој знае ќе најде пак и нема да им игра по ќејфот, но ме прави далеку од конкурентна на пазарот со оглед на погоренаведените причини - поскапа работна сила, што е спротивно на идејата на оваа влада која упорно ја потпикнува во јавноста. И еве јас да не се викам онака како што се викам ако не биде и денес прва вест на нашите провладини канали - ПРЕМИЕРОТ НА ФОРУМОТ ВО ИНДИЈА...како што е од саботата навака... Да ве потсетам само, странските фирми кои ги убедуваат да дојдат во оваа држава НЕ ПЛАЌААТ ДАНОК и се ослободени од секакви давачки, вработуваат луѓе со минимална плата, кажете ми како тогаш тие се патриоти и кој е бенефитот на оваа држава од тие толку фамозни странски инвестиции? И да посочам - добрата позиција на странските компании се одразува на нивните матични економии, А НЕ на нашата! Вестите ни одат по формула каде што психотично се повторуваат термини кои обичниот граѓанин не ги разбира и секако формулата е - голема цифра + раст + финансии... каде што на прво слушање звучи во било кој контекст уау, нешто огромно. Сакам да кажам ПРЕКУ КУР МИ Е ОД ДРЖАВАВА! Сакам да знам како јас сум лош граѓанин кога сакам вредно да работам и совесно да си го плаќам данокот!!! Можам да набројам неколку феминки, поданички на актуелната власт како ќе се обрадуваат на овој пост со мисла - ако и е, само да знаете - утре, вие со свој камен по глава, ја жалам вашата неспособност. Јас ќе се снајдам, ама вие засекогаш ќе зависите од вашите бедни 30.000 и милоста на гласачкото тело. Само затоа што вие сте неспособни ќе правите се за да способните не добијат, до таму е дојдена работава. Ама ако, кога-тогаш се доаѓа во својот баланс и место. Кој знае пак ќе знае, додека останатите ќе се јадосуваат од завист. Молим лепо!
E ne si samo ti so takva slucka. Edni poznanici na sala kazuvaat. Mazot mi ja sakase mojata cimerka, sto delevme soba vo Goce. Veli ona jas se trudev da pomognam duri cela godina. Rabotata ne ja bivase i eden den mu vikam, aj ako nejke ona pa jas sakam. Denes imaat 3 vozrasni deca, super si ziveat. Cimerkata im e kuma. Za eden e receno za drug e peceno. Zdravje.Ako si mu se dopagala tolku ne bi otisol. Treba da si reces, fala bogu otide. Good Lack
Мувите се едноставни организми кои немаат големи амбиции во животот. Како такви се неодоливо привлечени од вмброофци.
Не сум единстевна што го превртува новово видео на Maroon 5 нели ? Нели? А ова Lilit , те читам и вртам глава само , а некако, незнам зошто, секоја ваква изјава не ме изненадува ич. ама ич, оти државава прави се само Добро не. Како се тера, има да си чукаме глава од ѕид. Жално и вистинито е каков живот тераме, и како што спомна кој само може да се побуни дека се е ок со државичката наша и живеењето во неа, се согласувам......
Не ги сфаќам оние кои мислат дека се' е до физичката сила. Мислат дека се најсилните луѓе на светов ако подигнале тег од 100 килограми или па физички се пресметувале со некого. Тоа не ги прави најинтелигентни суштества на светов.Само умот е најмоќното оружје на светов,што може умот ништо друго не може.Неограничен е.Штета што некои не го користат како што треба,мислат дека ce' се постигнува со викање,тепање.Што повеќе да се каже...
Е денешниов ден... веќе почнува да заличува на Јануари што јас го знам. Конечно нешто што долго врме ме мачеше го ставив во процедура, каде што ќе нема веќе одлагања, ниту дистракции. Доста беше, нема депресии и саможалувања, ако сам човек не се освети џабе е се, си се враќам старата јас. Ако јас не си го ценам моето време, смешно е да очекувам дека некој друг ќе ме цени! Инаку друго ново е, што пак сум невработена веќе не сум ни хонорарка. Во меѓувреме се крчка мастерот... Периодов некако тречав и бев преокопирана со многу небитни работи па го запоставив. Ми требаше малку повеќе време ама добро е, се свестив. Значи одиме нов почеток...
Ами сакам да кажам дека си седам јас така фино лепо во кафич со другарками си пивнуваме од кафенцето прајме некој банален муабет јас цела поспана си климам со главата само,и така фино лепо влегва внатре едно типиште како некој ураган малклу отповеќе убаво граден,малку отповеќе личен, скоцкан си го држам кафенцето го рака го гледам и чекај чекај,и додека буквално сите женски погледи му годеа што го следеа типот така преполн со самодоверба си ја намести кркмата вака некако ни го сврти газот и така со некое јако движење на телото си се качи на 2 спрат а јас дури тогаш си се разбудив,и друграками де бре де бре затворија устата абе не дека сакав јас така ми дојде,ами одамна никој ми немаше остаено така впечеток на бегање исто така си замавна чоекот си ја намести пак кркмата намерно нормално и си замина тоа е
Kako mozi nekoi licnosti da si go potrosat polovina zivot pisuvaki na forum preku cel den ?Imate obrski nekavi vo zivotot ,se banjate li?
Сакам да кажам дека навистина не можам да ги разберам луѓето.Те сретнуваат во аптека и првиот коментар после вообичаеното здраво им е лелееее ама си се здебелила . Не не се тоа обични познајници,комшии на мајка ти,на пријателката,тоа се ваши пријатели??? кои не те виделе месец или два. Не те погледнуваат во очи, даваат оценка за остатокот од твојот изглед кој е скриен под дебелиот зимски капут. Под капутот тешко дека и нешто може да се види,ама ако те погледнат во очи ќе видат болка и тага, безброј непроспиени ноќи, грижа и страв. Но најверојатно тоа не сакаат да го видат.Можеби се плашат да те погледнат бидејќи ќе го видат она за кое што после нема што да се зборува,не може да се подели со останатите. Толку ли е тешко да се праша како сте, да се понуди ајде дојдете сега на кафе, дојдете ќе направиме заедно вечера, на крај на краевите да се праша да не не сте добри бидејќи те сретнувам во аптека. Затоа што таму не се средуваат нокти,не се пие кафе, не се купуваат шминки и парфеми,секој нормален знае која им е намената. Не сакам да генерализирам,ама се изгуби човечкото кај луѓето.Се изгубија вистинските вредности. Ретки се вистинските пријателства.Звучи грубо,но реалноста секој ден ми докажува дека сум проклето многу во право. Жално е.......... стана поважен физичкиот изглед од чувствата на човекот, од неговото срце, ум, од борбите кои ги води, неизвесноста со која се соочува, од неговата сила и истрајност. И повторно бев доследна самата на себе си и своите човечки вредности. Премолчев, прашав добри ли сте, ги поканив на кафе и дружба,се насмевнав и тивко изговорив вишокот килограми за час ќе ги снема (тоа зависи од мене и можам да го направам), ама тоа што го изгубив никогаш нема да можам да го вратам,што и да направам. Се прашувам дали тивките и културно изговорени зборови допираат до луѓето кои попатно во животот ги изгубиле основните вредности на едно човечко битие .
Дека сум идиотка , си ветив дека ќе бидам на диета после нова година , а јас си се опуштив и јадам како мече барам феминска поддршка да си знаете
Гени ! Отсекогаш ми било фасцинантно кога гледам родители со своите деца - малии копии од себе . Спојлер Сликава ме потсети: