Јас сакам да замолам некој поштено да ми објасни што се тоа комплекси и тоа со пример?За кои луѓе велиме дека имаат комплекси и како ќе ги препознаеш?Другарка ми вели тоа е кога некој некого навредува за недостатог што и тој самиот го има но еве овде на форумот читам дека и Маријана Станојсковска имала комплекс бидејќи вежбала со шминка?Кент гет ит
Епа денес решив повторно да бидам активна на форумов Имам повеќе време и ќе си се дружам повторно со Фемина
Психолошки проблем, чувство на некаков недостаток што влијае негативно во однесувањето на човекот.Тоа е по дефиниција. Најчесто се работи за некој недостаок од задоволување на некоја потреба, па оттука, таквата неможност или неспособност да ја задоволат потребата, создава фрустрација кај личноста. На пример, дебел човек. Нему дебелината му е комплекс. За да се чусвтвува подобро, тој, наместо да ослаби, ќе ја заврти наопаку работата и ке каже дека слабите луѓе се злобни, дека од злоба не се дебелеат, или дека се сиромашни и немаат што да јадат, дека џабе се слаби кога се грди или душата им е раасипана. Тој човек е искомлексиран од сопствениот исглед и лечи фристрации со тоа што на другите им ја намалува вредноста за да се гледа себе си како некоја подобра фигура во споствениот живот. Некој кој не успеал да задржи девојка, другар, пријател, кој е избегнуван од сите, кој е мразен од сите, кој е лош другар, пати од комплекс на недоволно сакање од другите. Затоа ке рече дека не му треба никој и дека само овците одат во групи, а волците сами. Неговото его се задоволува на тој начин што тебе би те гледал како овца оти имаш друштво, а тој е над тебе емоционално оти можел сам. Иако дома плаче у перница за да има некој да го гушне понекогаш. Некој е искомплексиран заради тоа што не успеал во животот да создаде нешто свое, да има резултат од своја активоност или труд - не завршил средно, не завршил факултет, не се вработил, не си купил кола, не одел на пат, не одел на викенд, не одел да прошета, да се чекира некаде. Дури и да го правел тоа, било малку или бедно. Неговиот комплекс ке си го излечи со тоа што ке каже дека глупите трошат за одмори, дека нема фајде од лежење ко вол на плажа, и дека скијањето е за богаташи, а македончето требало да се санка на ридот. Најлошо се комплексите набиени у детство, кога мајката ќе му вика дека е глуп, дека е ист ко татко му, дека лозата им е пијаници и хоштаплери, дека сите се подобри од него. Е овој човек не се оправа. Во секој момент сака сите да ги понижи за да се чувствува убаво. Маријана, нема комплекс со тоа што става шминка, верувам дека е свесна за убавината што ја има. Напротив, девојка која не е сигурна во својата убавина ке рече за неа дека е толку грда, што и за вежбање мора да се шминка. Другарка ти е во право. А кога ќе наидеш на искомплесиран човек, пробај да со сфатиш, не му е лесно, Позади сите тие надмени зборови има огромна шуплина и тага, ама не е свесен дека ја покажува. Настрана ова СДК дека негативните луѓе со себе со влечат негативности. Ако во се гледаат лошо, нормално дека и лошо ке им се случува. Верувам во носење со себе негативна енергија. Никој не ви е крив што од оптимизам о немате и се ви пропаѓа.
kolku mi se glupi onie sceni koga "toj" kleknuva na kolena pred "nea" za da ja pobara za zena kao demek nikogas ne bile zaedno i nikogas ne razgovarale na taa tema a mozebi bile vo vrska godini i godini
^ На тема тој муабет... зошто сум под постојан притисок за мажачки, од подалечните другарки имам и омажени (оттаму и подалечни...порано мажени, потешко се одржува врска), поблиски - ниту една, допрва почнуваат и се ежкам, па се почесто ја слушам темава. Морало да ја изненади... Како тоа е изненадување после 100 години врска и зошто паѓање во несвест? Онда да не се вреѓаме на сите оние шовинистички шеги. Има многу околу темава... А не знам што има лошо во тоа да се направи отворен разговор каде што ќе се постигне разумен компромис што би рекол Ѓорѓе Иванов. Посозреано ми е него ли потребата од помпа макар во интима која потоа се раскажува и раскажува. Јас лично би се чувствувала многу глупо, ако не и во заседа. Ако си сто години заедно, сте го правеле разговорот, па дури и сопствените деца сте ги замислувале чии очи ќе има и сега уау, изнанадување. Не фала. Чка молим те, јас пак си го пакувам куферот за во Банско и нејќум да се санкам на рид!!! Во ред е човек да се заебава и на своја сметка, исто така и летно време си го пакувам за кај јужниот сосед за викенд? Д бигр пикчр пипл, д бигр пикрч, сарказам енд ол дет шит... е сега чекинзите, потешко, нека, друг пат. Исто така и во однос на луѓето, ќе го гледаш тоа што сакаш да го видиш, затоа што ти имаш такви вредности и верувања, тоа ти одговара да го видиш, а можеш да видиш друго, ако сакаш, ама не сакаш. Не сакаш затоа што не ти одговара од свои причини кои се типични на сликата со санта мраз - малку на површината, многу под површината. Дефинирањето на комплекси е мач со две острици и треба да се прави многу вешто, оти лесно ќе те втурне и самиот во дефиницијата (што од друга страна, клинички за среќа и не е баш најточна, подоле ќе објаснам зошто). Храбро, навистина храбро, симнувам капа... На крајот на краиштата секогаш се запрашувам, зошто е погрешно да си геј, а Маријана Станојковска е во ред да го објективизира женското тело кое само по себе не е достигнување, туку природа и среќа? И отскокнува од вообичаеното - обичните девојки одат со самурајски пунџи и без шминка во теретана, Маријана не, што е чудно да се пробува да се дефинира различното од вообичаеното? Не е така? На крајот на краиштата нејзината згодноќа не се ни доведува под знак прашање, ама затоа ликот е ствар на вкус, мене лично не ми се допаѓа, но тоа не значи дека јас имам комплекси, туку само имам свое некое си мерило за убавина како и сите останати луѓе (сите мериме по нешто, во спротивно сите би јаделе макарони и не би бирале помеѓу макарони и шпагети, иако се едно та исто, сепак некои преферираат едно повеќе од друго,оди па објасни зошто). Исто така можеби и јас некому не му се допаѓам и дали јас треба да го дефинирам тоа - пушти, искомплексирана, баш сум си убавка, а и по некој универзален критериум на грдоќа сум грда? Според мене физичката убавина не би требало да биде кантар за ништо, ама никој не е надчовек за да го осозрееме тоа и човештвото да продолжи понатака. Објективизирањето на жената на Колинда и направи прилично многу непријатности... а Маријана ужива во истото, па може да изведеме други дискусии по други мерила кој до каде е... Клинички комплексите баш и не се дефинираат така и најчесто не се изразуваат со критики на одреден субјект/објект, повеќе се внатрешен конфликт кој се изразува на критика кон себе си и се манифестира и на многу учтиви начини према останатите, но тие не се зимаат за зло бидејќи на другите им годи кога им одиш, народски кажано - по газот.
Имам пријател голем манипулатор! Море, манипулатор е мал збор, манипулаториште се чини најсоодветен! Значи, немате претстава колку само човекот умее ситуацијата да ја заврти за 360 степени, во своја корист... Така прееска седиме друштво во кафуле и од ''голем'' наплив теми за муабет фанавме да се договараме каде на летување оваа година. Малце промашивме сезона за преговори али небитно. Битното е дека поголемиот дел запнаа да се оди во Струга. Разврзаа муабети од типот колку било ефтино за смештај, колку кул места имало за излагање и сл. ствари што идат у паќет со тие преговори. Одеднаш се убацува овој манипулаторов, и бум магијата се случува! Дали ќе верувате дека за неполни две минути преку сила успеа да ги разубеди како било боље у Тут Куманово на Чардалија, место кое се наоѓа зад седум планини и долини? Значи, иако станува збор за уџум провинцијалско селце кое едвај ќе го најдете на мапата, овој онака бавно, лежерно, дипломатски успеа да ги разубеди! Па така сите опиени од неговите прикази ака пејсажи на дугачко и широко, да се согласат иако претходно тврдеа дека ни под разно не би отишле ''In the middle of nowhere''. Па, како го правиш тоа човеку? Дај, научи ме, му реков... За ни две ни три да ми одговори ''Техника бе бате, шо те чуди?'' Пазете, типов дури и знаеше за што му зборувам, еј! После одговоров сериозно почнав да се запрашувам да не почнал да развива телепатски способности, пошто друго објаснение осим ова вон нормалата немам. Уствари, што ме чуди, кога подобро ќе размислам? Арно велат, умешноста железни врати отвара! Уствари чекај, ова важеше за зборот... Ма сосем небитно, битно мене Чардалија не ми бега. Изолирано местенце каде ни туш ни бутур има. Така да, ако преку лето исчезнам, да знаете каде да ме барате ако ви требам.
Адекватен пример ти е Маријана. Таа има супер тело ама истото не може да се каже и за нејзиното лице. Комплекс и е да го покаже во вистинско светло, затоа не ја вади шминката и живее со неа. А и другарка ти е во право. И тоа се комплекси, и пострашни се од примерот на Маријана.
Еј да? Ни ја скратија серијата, памтам на крај последните епизоди беа со хорор елементи ) И флешбек ми доага на имињата Мег и Бен... хахахаха ееј детство
Зошто кога ќе направиш 1000 добрини на некој , тоа го заборава многу лесно ? само еднаш откажи за друштво или не одговори на телефонски повик , веднаш ти не чиниш , ти си лошата ,а тие оние арните , се се случува да не се расположени да те ислушаат , а ти мораш нив , ма ајде гонете се , и успат да кажам она најдолното нешто што ти го прави пријател кој бил до тебе цел живот е , кога за кратко ви се делат патиштата и тој веднаш ве заменува со нови "колеги" и "пријатели ".. aма ако ќе се вратите кај мене со подвиткана опашка вие !!
Зошто раскинавте ?? Го гледав јас него нон стоп со Raffaello .. - Ама јас Агро блок сакав .. Нека се живи и здрави комшииве, за се' се информирани.
Им посакувам добро утро на сите. И да им честитам на сите што им е именден денес. На тие кои што тргнуваат денес на училиште, во кои спаѓам и јас, им посакувам многу успех оваа година. А на останатите им посакувам да имаа добар старт на работнава недела. Се најдобро.
Кога денот го завршува своето издание се поздравувам со светлината од уличната сијалица што ми го осветлува патот до мојот дом и знам дека на сцена стапува неговиот антоним. Ноќ... препознатлива по црната боја, темна, мистериозна, непозната, далечна, спротивно од бојата на мојата душа. Тивка и бесчујна, слуша, а не зборува, шепнува до степен на убиствено чувство кое ме приковува да останам во нејзино друштво се до изутрина. Посегнувам по најудобното парче облека, ги исклучувам сетилата, ги прегрнувам мислите, го сместувам телото во хоризонтала и длабоко издишувам. Ги склопувам очите и тука некаде почнува сонот... До оној миг кога случувањата потсвесно водат битка за превласт која содржина е подоминантна за да ми го раскрши спокојот на парчиња. Секогаш некоја зазема водечко место и нетрпеливо копка. Но, ниедна не е суштински толку нерешлива колку што е немирно моќна за да стигне до целта. Одлучно ги игнорирам сите обиди да не ме совлада свеста, рамнодушно ги отфрлам зборовите што одекнуваат околу мене, им вртам грб на сеќавањата и му се препуштам на слаткото задоволство со надеж дека за се нешто да се случи е потребен момент условен од многу фактори. Има ноќи кога сонувам будна. Ги гледам сеќавањата како ми прелетуваат пред вид и се губат низ прозорецот. Понекогаш радоста знае да ме облее и да ја оттргне својата маска на разочараност. Ми ја праќа нежноста да ме разгали и милува на перница. Збир од недоречени ситуации... Невозможноста да се ослободам од разиграните мисли ја компензирам со оптимистички баланс за да не ме нападне заморот. Сама се уверувам дека конецот на потезите е во мои раце. А плановите оставам трпеливо да ја дочекаат светлината на денот, бидејќи ноќта е најтемна пред изгрејсонце.
Скоро секој пат кога во филмовите ќе заѕвони мобилниот на некој од актерите, мислам дека е мојот мобилен... Сега пред малку така се бумнав.